[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Discussion in 'Кафе-муабети' started by Wild.Child, Oct 26, 2011.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Joined:
    Nov 4, 2011
    Messages:
    2,095
    Likes Received:
    3,629
    Сдк да небев јас,сигурно ке беше некој друг,некој мора да биде прв.
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Joined:
    Mar 6, 2012
    Messages:
    2,475
    Likes Received:
    48,842
    Gender:
    Female
    Имено седнувам пред 10тина мин на фејсбук и на хоум пејџ од небитен портал ми излегува наслов "Ќе ти најдам сопруга за 230 евра" - крушевчанец се богател лажејќи селани .

    Во кратки црти содржината на четивото беше дека некој по мои претпоставки неспособен неМаж решил преку стројник од странство да си најде невеста бидејки очигледно нашата ни земја има дефицит од млади девојки и невести.

    И така читајки го текстот се навракам на еден муабет со мој познаник од пред некое време кој низ шала низ заебанција рече-Што ке се замарам со тукашните девојки ,па уште и ке ги мислам дали ги збори пола град какви се што се ,кога можам од албанија да си донесам невеста за ефтини пари недопрена?!?
    Видно увредена и навредена од ваквиов начин на размислување на македончето,со прстот на чело се замислив.Зарем е можно до таму да стигна човечката глупост на македончето,па да почнавме покрај другите работи што ги увезуваме да увезуваме и Луге? Зарем е можно да сме толку прост и плиток народ и да го омаловажуваме нашето ,а поише да го цениме тугото?
    Ми се гади од Нас.Ми се гади од нашето размислување,од нашиот лажен морал,од нашата лажна етика од нашата лажна човечност. Одвратни сме и прости. Се пукаме у гради дека сме напред,дека ке ја фураме Европа,дека сме современи луге,космополити ,а всушност од носот подалеку не гледаме. Колку и да негираме сеуште живееме во 15 век.Ако не сите барем дел. Секоја чест на останатите.

    Во контекст на муабетов ке си се поздравам со стиховите од песнава.
    Купи ми мајкот топ,купи ми мајко топ, да убијем свог Драгана што ме селог век вара купи ми мајкот топ.
    Купи ми мајко нож , купи ми мајко нож да исечем све мушкарце на резанце ,све мушкарче на резанце купи ми мајко нож .
    :D :D :D :D :D
    http://www.youtube.com/watch?v=ZHKRtM8UlRU
     
    AwesomeGirl, kravce and lunicka like this.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    6,191
    Likes Received:
    23,256
    Gender:
    Female
    Вечерта си легнав да спијам, но не можев да заспијам, но пак како и секоја претходна вечер перницата беше мокра, жива вода.
    Си плачам така од време на време, многу работи ме мачат овај период, откои очекував, имав надеж дека ќе биди подобро, но ситуацијата останва иста, менвање нема.
    Имам чувство дека не му сум важна на никој, не знам зошто но така си осеќам, имам недоволно посветено внимание од него, како и секој нормален дечко, одамна ми нема речено некој сладок збор, заради кој шо ќе не можам да заспијам. Се надевам само дека се ќе биди добро.
    Денес ја осетив она еуфоријата од факултет која беше на почетокот на годината, беше полн, и едноставно многу ми недостигаат колешките и колегите, и одвај чекам да почниме. Јас официјално останав со уште 1 колоквиум од првиот семестар, кој се надевам дека успешно ќе биди положен.
    Ме фаќа некоја настинка или грип не знам шо е ама од петици ме треси, и измрзнувам.
    Нејќам да се разболам пред роденденот, нејќамммм :doh:

    Имајте убав ден :*
     
    lovely91 and Ilusionist like this.
  4. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Joined:
    Jun 14, 2012
    Messages:
    1,207
    Likes Received:
    893
    Gender:
    Female
    Денес ми е родендеееен :D :party: :party:
     

    Attached Files:

  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,392
    Likes Received:
    17,613
    Gender:
    Female
    ^^ Среќен роденден prettyliar :*

    Е што нема да прочита човек. И како да ги наречам сега јас моите сандали на штикла богати? Ахх ненси денси, убаво викаат, знаењето е сила знаењето е моќ :lol:
     
    pamelche and prettyliar like this.
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Joined:
    Feb 17, 2011
    Messages:
    2,717
    Likes Received:
    5,491
    Gender:
    Female
    Свесно се дистанцирам од нив, незнам дали грешам, само го правам тоа со кое се чуствувам најубаво.
    Ме гуши монотонијата, потценувањето за секој во околината, анализата на нивнвите животи, делењето бош совети- небаре сте со среден живот |(
    Едноставно ме гуши таа едноликост и малограѓанштина, немањето можност да чуеш и видиш нешто ново, запознаеш некој, а највеќе тој нивен фејк однос...

    Се мислам каде пукна тиквата, што беше пресудното за да оладам и одвикнам од вас и вашата дружба?
    И не, не е тоа грев или грешка, возрасни сме веќе, секој трага и цели кон нешто, а во тој круг нема некој таков, и нема можност кон нови хоризонти и врати...

    Времето ги формира луѓето...Обликува...Филува...Тестира...

    Штета е да гледаш млади луѓе заробени под школка, кои исто како да немаат свој став и мислење, па дозволуваат да ги води личност која била рандом фаца, и најстрашно што нема две чисти во главата ниту за сама себе, и притоа трула вишња во душата, која сее лицимерие во тони!

    Се се врти и се се враќа, секој кад тад си го добива заслуженото, а некои ни криви ни должни ќе сфатат колку пропуштиле и изгубиле.
     
    kravce, Sara123 and julie77 like this.
  7. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Joined:
    May 3, 2012
    Messages:
    356
    Likes Received:
    362
    Често на форум, Facebook,на клупа,на кафе,во раговор се употребува зборот ЉУБОВ па ја и јас да кажам нешто околу тоа.
    Созреаната/целосната љубов е интегрирање/спојување под услов на задржување на сопствениот интегритет, на сопствената индивидуалност/посебност. Љубовта е движечка сила на човекот, сила што ги пробива ѕидовите кои го сепарират човекот од неговите блиски, но сепак сила која го соединува со другите.
    Љубовта му помага да го надмине чувството на осаменост и одвоеност, а сепак му овозможува/дозволува да е свој, да си го зачува интегритетот. Во љубовта се случува нај-парадоксалното нешто две одвоени/засебни личности да станат едно, а сепак да останат двајца.
    Ова го има кажано Ерик Фром
    Зарем постои нешто што е поубаво од љубовта. Не, не постои. Љубовта таа активна сила што ја движи божествената енергија присутна во секој од нас. Секој човек ја почувствувал на својата кожа љубовта. Иако за секој човек таа претставува различна. Како различна?
    За некој од нас љубовта претставува чувство на заљубеност, романтика емоционално врзување за друга личност, занесеност, мечта. За друг секс, страст, авантура, афера, мамење. За трет давање и земање љубов, пријателство, партнерство. За четврт комуникација, вербално комуницирање, божественост. За пети моќ, сила, енергија и како ли уште не што ли уште не. Секоја индивидуа си ја поима различно.
    Како и повеќето апстрактни поими така и љубовта не можеме едноставно да ја објасниме со неколку реченици бидејќи најчесто јазикот е ограничен и немаме доволно зборови за да ја опишеме онаква каква што е. Нема непостојат зборови што можат да ја опишат во целост, ниту пак имало некогаш во било кое време или во било која култура такви зборови кој што би ја опишале и приближно на она што е.
    За сите оние коишто љубовта ја сметаат за прекрасно чувство на заљубеност, на занес, романтичност морам да ги разочарам дека не ја познаваат ни првата буква Љ, од љубовта.
    А такво е мислењето на скоро секој човек денес во капиталистичкото општество. Ете ви го одговорот на сите разводи, прекинувањето на една врска, барањето на совршен партнер, касното стапување во брак, љубомората, неверствата и што ли уште не во денешното деградирано општество. Ние не знаеме што е љубовта.
    А како можеме да бидеме среќни и да ја имаме кога не знаеме што е.
    Во која книга од нашиот образовен систем можеме да прочитаме за тоа што е љубов? Во ниту една.
    Дали е потребно знаење за љубовта? И повеќе од потребно. Каде го добиваме ние нашето знаење за љубовта?
    На улица, во кафич, во диско, учиме од нашето искуство и од искуството на нашите пријатели.
    Но најдобар начин за да научиме се секако преку книгите.
    Постои прекрасна книга на Ерик Фром и тоа Уметноста на љубовта искрено ја препорачувам на секој којшто сака да научи за љубовта ( штета што некој турски/индиски/шпански продукции немаат снимено сапуница по таа книга )
    Бидејќи сите ние сме само почетници во љубовта.
    Љубовта е нешто повеќе од заљубеност во една личност. Таа е поголема од физикусот/материјалните нешта на овој свет затоа што таа не е физичка/материјална појава туку таа е духовна водилка на/низ животот.
    Фром вели дека љубовта е активност а не чувство. Љубовта се учи исто како што се учиш да читаш, да пишуваш. Таа се учи но само доколку сакаш да ја научиш.
    Учиш постепено чекор по чекор, години по години. Навистина е жалосно само колку луѓе го завршиле својот живот и тоа секојдневно се случува без да ја знаат љубовта. Тажно е да не се знае да се љуби, да се сака.

    Љубовта е кога ќе ги сакаш сите луѓе околу тебе како што се сакаш себе си. Некој кој не се сака себе си тој не може да љуби. Не можеш да ја имаш љубовта доколку не научиш да се сакаш себе си. Но не можеш да ја имаш љубовта ако не научиш да ги сакаш сите луѓе како што се сакаш себе си.
    Се сакам себе си, ги сакам моите родители, ги сакам пријателите, ги сакам сите луѓе, тоа веќе е љубовта. Но и не само тоа го сакам секое живо суштество, ја сакам пеперугата, тревата, водата, планината, кафето,чоколадата целата убавина околу мене, тоа е љубовта. Нема остапки нема чекор назад го сакаш животот што го живееш. Уживаш во животот го сакаш секој миг, секоја случка, секој настан, секоја личност, секоја секунда.
    Ете баш тоа е светот на Љубовта.
    Доколку сакаш/љубиш една личност а притоа не се почитуваш и сакаш себе си.Тоа не е љубов тоа е само еден дел од љубовта којашто ти ја нарекуваш љубов и ја перципираш како љубов. Но тоа е љубов која е осудена на пропаст. Колку и да е убава, паметна и прекрасна таа личност тоа нема врска со љубовта бидејќи ти не знаеш што е љубовта.
    Тоа води само кон обожавање и ставање на пиедестал на таа личност, идеализирање на таа личност, опсесивност, заљубеност, зависност и секако дека ќе биде невозвратена љубов. Сите овие видови на љубов се патолошки видови на љубов: невозвратената, зависната, идеализираната, садистичката, мазохистичката,изгубената,пропаднатата.
    Тоа не е љубов. Ние ги сакаме и сме длабоко во некоја од нив мислејќи дека тоа е љубов.
    Но не е тоа љубов. Зошто го правиме тоа повторно бидејќи не ја знаеме уметноста на љубовта, не ја познаваме љубовта.
    Љубовта кога се сакаат само двајцата заљубени, се сакаат само тие, не комуницираат скоро со никој друг не се дружаат повеќе со другарите нивни, не сакаат да излегуваат со други, сами секаде лудо заљубени еден во друг. И тоа не е љубовта овие двајца се толку многу сакаат себе си но не ја знаат љубовта тие се егоистични се сакаат само тие а го мразаат и игнорираат сиот останат свет. Тоа не е љубов, тоа е само луда љубов и луда заљубеност на двајца.
    Љубов е кога ги сакаш сите.
    Кога си активен и комуникативен со секој. Кога другарувате со другари/ки. Кога каде и да погледнете околувас се наоѓаат пријатели. Кога ги сакаш и респектираш сите околу вас а во исто време ве сакаат и почитуваат и луѓето околу вас без разлика на пол,сталеж,национална,верска припадност.
    Љубовта е поврзана со целиот свет не е изолирано и експлузивно чувство само за една личност во вашиот живот. Сите луѓе, сите живи суштества и целиот свет се споени со протокот на една иста универзална енергија.
    Затоа љубовта е нашата духовна суштина на нештата. Затоа љубовта е кога ги сакаш сите живи суштества, целиот свет. Секој од нас е дел од универзалната енергија.
    Секој од нас како дел од севкупното, влијае на се околу нас. Затоа љубовта е кога сакаш се. Ја сакаш целата универзална енергија. Токму таа универзална енергија, енергија од којашто е составено се што постои како на оваа нашата планета, така и на милијардите други планети и светови ние сме дел од неа, токму таа енергија луѓето ја нарекувале со различни имиња: Бог, Алах, Тао и уште како ли не.
    Но токму со помошта на љубовта можеме да го спознаеме Бог а и да се спознаеме ние како дел од Бог. Затоа што ние сме дел од Бог, ние и се што постои и материјалните и духовните светови заедно претставуваме универзалната енергија присутна во се, се околу нас и зрното песок,капката роса,најмалиот молекул на кислород,најголемата планина и во луѓето и во животните, ние сме дел од Бога и Бог го создаваме сите ние.
    Затоа треба да се љубиме сите еден со друг, затоа треба да го сакаме животот, затоа треба да ја сакаме и смртта, затоа треба да бидеме самосвесни битија што љубиме и сакаме се.
    Љубовта е АКТИВНОСТ а не пасивност !!
    Луѓето премногу му обрнуваат внимание на фактот како да бидеш сакан, да бидеш вреден за да некој те сака. Мажите сакат да стекнат богатство, моќ, повисок ранг на работа за да бидат попривлечни кај жените. Жените посветуваат поголемо внимание на своето тело, на облекувањето на прикажувањето на нивната физичка убавина.
    Луѓето љубовта ја сваќаат како проблем на објектот. Тешко ми е да ја најдам саканата личност а мислиме дека ќе биде лесно потоа само да го најдеме објектот. Аха мисли си ти!!
    Тоа е како сликарот да не слика секој ден туку да чека да ја види најубавата природа и после Ќе ја насликал совршено добро сликата, ахам ако претходно не сликал ќе ја наслика добро сликата. Лесно било да сакаш.
    Сме станале производи, уште да почнат да не изложуваат во супер маркетите.
    Продавачот да вели: еве згоден маж, доктор, на 26 години, добро ситуиран купете си го производот и право дома. Уште тоа ни недостига да почнеме да се продаваме во супермаркетите. Затоа што сме станале производи. Но не може секој да го купи овој маж. И купувачката мора да има слични квалитети, да биде млада, згодна девојка, со витко тело и други атрибути.
    Тоа е кога денес сме заинтересирани за објектот а не се интересираме за да ја развиеме способноста.
    А љубовта е способноста, умеењето. Исто како што се учи медицината, сликарството, музиката, наука, така треба да се учи и љубовта.
    Активниот карактер на љубовта може да се изрази со тоа што љубовта е давање. Не давање на материјални производи на саканата иако и тоа не е лошо. Давањето на своите радости, својот хумор, знаења, разбирањето, интереси, желби и споделување со саканата личност.
    Љубовта ги содржи основните елементи: грижата, одговорноста, респектот и знаењето. Како и безусловната љубов на мајката што се грижи за своето дете. Така и секој од нас треба да се грижи но не само грижа за саканата личност туку грижа за животните, за цвеќињата, за водата, за планината.
    Љубовта е активна преокупираност со животот и со растењето на тоа што го сакаме. Човекот го сака она околу кое што се труди и се труди околу она што го сака. Одговорноста и значаен елемент на љубовта но одговорноста и кон другите луге. Да се разберат психичките потреби на другата личност.
    Респектот претставува грижа за другата личност да расте и да се развива таква каква што е. Да ја сакаме саканата личност таква каква што е, а да не се трудиме да ја менуваме и прилагодуваме на наште желби и потреби.
    И секако е потребно да сакаме некого добро да го познаваме.
    За да ја осознаеме уметноста на љубовта потребно е да созрееме како личности. Само здраво созреаната личност, психички и физички зрелата личност може да даде љубов и да ја почувствува љубовта.

    А можеби ќе беше многу подобро да си напишев некој клише муабет или рандом цитат од некоја мрежа шо пократко/попросто тоа поубаво, плитки умови со плитки сваќања на тоа паѓаат.
     
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Joined:
    Dec 19, 2010
    Messages:
    1,228
    Likes Received:
    2,579
    Eве кај лежи зајакот.
    Никоја девојка не сака да се омажи на село, ако мисли дека има подобра иднина во град.
    И полесно е таа да се омажи во град, отколку маж селанец да го земат домазет во град.
    Тој можеби е супер дечко,паметен, знае.. ама да живееш во заедница каде секој ден ти прегледуваат дали и бил на младата невеста изметен дворот..незнам колку е добра одлука.
     
  9. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Joined:
    May 3, 2012
    Messages:
    356
    Likes Received:
    362
    Чувај ме боже од покондурчен ОПИНОК.
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Joined:
    Mar 6, 2012
    Messages:
    2,475
    Likes Received:
    48,842
    Gender:
    Female
    ^Ashling да не се лажеме дека по македонските села нема девојки за мажачка ,па до таму да е дојдена работата да мора да се увезува од странство.Не сите девојки се отидени да живеат во град па по селата да има само мажи.
     
    anichka94 likes this.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,849
    Likes Received:
    101,566
    Gender:
    Female
    Знам дека не сум убавица.
    И знам да бидам болно духовита.
    И што со тоа?
    И дали треба да се извинувам за секој мој успех или неуспех,и за се што правам???
    О,умеам јас да бидам несреќна и тоа како!
    Умеам да се затворам во 4 ѕида,да си одржам предавање да се скарам со сите,да летаат слики,кинат писма,летаат тањири,летаат пердуви,ама кога се ќе се стиши ...останувам сама со себе,и тогаш сум си самата на себе најдобра ,најубава на свет.
    Како да живеам ако на себе си забодам нож во грб,
    И што ќе сум ви таква несреќници едни!
    Не можам да се споредувам со лошите,јас сакам да се угледам на подобрите.
    Кој мене со камен ,јас него со прачка.
    Нема некоја голема филозофија.
    Ете така :!: се издував :talk:
     
  12. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Joined:
    May 18, 2012
    Messages:
    1,823
    Likes Received:
    7,048
    Ако видиш да те бара некој што не ти се јавил повеќе од 1 месец,
    НЕ КРЕВАЈ!!! - за услуга е 100% !!! :D
    Некако како да се изопачија луѓево :fubar:
     
    Elennaa, Lepaaa, Elichka and 4 others like this.
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Joined:
    Dec 19, 2010
    Messages:
    1,228
    Likes Received:
    2,579
    Не, се отидени,ама повеќето од нив ако би требало да бираат дали да се мажат во село просечен живот или во град просечен живот, би одбрале град.
    Логично зошто селата се во изумирање, за жал.
     
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Joined:
    Sep 1, 2012
    Messages:
    2,141
    Likes Received:
    2,753
    Сета моја младост брГо ми мина
    во далечина....
    ама само в срце верно ја носам мојата љубена
    ...Ајде сега моја мачна душо развеселисе
    дека сега прв пат искрено љубам да не изгувам...
    ТУГИНОООООООООО.....ЈаБАНАНООООООО
    Што ми направи, од мојто прво верно либе ти ме раздели
    http://www.youtube.com/watch?v=txbatumyNFI
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,369
    Likes Received:
    14,826
    СДК баш е фино кога ќе си ги оближеш замрсените усни по превкусен ручек!
     
    Elichka and anichka94 like this.
  16. Spell

    Spell Популарен член

    Joined:
    May 31, 2011
    Messages:
    550
    Likes Received:
    400
    Gender:
    Female
    Си го трошиме времето на глупи зборови и песни напишани тоа е тоа. Луѓето се менуваат времето само си лета. Како и да е денес сакам да си се облечам убаво, се чувствувам и така.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,263
    Likes Received:
    67,828
    Gender:
    Female
    А можеби ќе беше најубаво да кажеш нешто свое, а не да ни сервираш тука мислења од нечиј блог и да се китиш со туѓи перја. ;)

    Сум станала зависник од кафе. Ме боли глава ако не се напијам кафе, се осеќам како да ми фали нешто, нешто да ме раздвижи. Јас уште одамна си го знам ова, ама некако почна посилно да се манифестира. Или веќе ми влегло во психа дека ако не се напијам кафе ме боли глава.
    Како и да е...
    [​IMG]
    Наздравје кафето. :)
     
    anuskaNESTLE, Gordana10 and MandyLane like this.
  18. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Joined:
    May 3, 2012
    Messages:
    356
    Likes Received:
    362
    мхм мхм
    Левово 6 ребро изгледа ми е шинатооооооо многу ме чеша, сега пијам чај многу ми е убаво
    ( рандом сликичка од било каде )
    Бог ве сака, исус ве пази ( преголема мудрост)
    Сега само што јадев ајвар и сирење ммммммм боженствен вкус најубавото јадење.
    Може да го видам блогот ?
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,263
    Likes Received:
    67,828
    Gender:
    Female
    http://milevski.blog.mk/2009/09/11/
    Ако нешто ти фатило око и сакаш да го постираш има теми каде што можеш да го направиш тоа, без да се обидеш да направиш да изгледа како да е твое. ;) :)
     
    Gordana10 and DebbieLegg like this.
  20. imorena

    imorena Популарен член

    Joined:
    Oct 29, 2010
    Messages:
    452
    Likes Received:
    3,650
    Gender:
    Female
    Сакам да кажам нешто за Перо...
    Тоа е детенце со Даунов синдром и сега има околу 3 и пол годинки. Јас го запознав кога престојуваше во центарот за рехабилитација пред две години...
    Се сеќавам точно на мојата прва средба со детенцето - темната соба ја осветлуваше слабата светлина која доаѓаше од ходникот и јас одев со бавен чекор покрај креветчињата каде беа заспани децата сместени во домот. Од едно креветче се кренаа две прекрасни рачиња и побрзав до тоа креветче. Го зедов во прегратка за да можи полесно да заспие и тогаш го видов неговиот лик...Прекрасно детско лице, разиграни очиња и голема насмевка. Внимателно го следев секој негов израз и секоја гримаса - тогаш сфатив, детето е среќно.
    Зошто ми се израдува, помислив. Обично домските деца се недоверливи и треба повеќе време да се навикнат на ново лице, ама не и Перо. Срцето ми се стегна, солзите веќе не можев да ги запрам.
    Перо го ценеше моето присуство и уживаше во мојата прегратка. Таа ноќ, ми кажа сестрата, спиел многу мирно и не заплакал ниту еднаш.
    Така почна моето пријателство со Перо, и секогаш кога имав прилика наминував во домот да го видам мојот другар.
    Тој беше омилен меѓу децата, секогаш насмеан, ведар и расположен. Ширеше една топла и позитивна енергија околу себе. Беше посебен, единствен.
    Перо не сакаше да седи на абе, ама имаше добар апетит. Сонце малечко, па тие две работи не одат една без друга кога си на таа возраст.
    Сакаше да ми седи во скут, а кога заминував го креваше рачето и замавнуваше силно и енергично. Тоа беше нашиот поздрав. А знаеше и бакнеж да ми прати.
    Сега Перо е во дом - семејство, не знам во кој град. Не знам дали ќе го видам пак, ама се сеќавам секогаш на тоа дете.
    Се надевам дека ќе добива бескрајна љубов, дека старателите ќе бидат трпеливи, доследни и ќе му овозможат соодветно образование за да можи да напредува. Се надевам и дека ќе имаат сила да вложат максимален труд и нема да се обесхрабруваат.
    На Перо му посакувам да биди среќен, весел и безгрижен. Сакам да израсне во прекрасна личност. И знам дека ќе биде - Перо е вистински голем херој!
     
    Elennaa, Buttterfly, Lux and 23 others like this.
Thread Status:
Not open for further replies.