[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    362
    Ете така, да сум го читала сум го изменила во делови каде што сум мислела дека треба да се измени.
    Но ете барем нешто повеќе сум прочитала од семе синапово фб статус или нешто слично.
    Убаво си напишав јас на крајот дека требаше нешто плитко кратко и едноставно.
    А можам да ти најдам не само на темава туку и на цел форум реферати каде што “ паметните сите ги убедуваат дека тоа се нивни текстови “ :rofl:
    -Ма немој да ме јебеш бре, плагијат во денешно време најлесно се открива( како сакаш смени го колку сакаш маскирај го ) како и шаблонските мисли кој постојано се провлекуваат насекаде од фб до форум па и на клупа како што напишав предходно.
    Копи пасте не не прави попаметни ниту помудри тоа само кажува дека само знаеме да коритиме гугл или евентуално каѓува дека имаме фб па некој пријате споделил некоја мисла која ни се гледа паметна и премудра.
    И кога копираш копирај нешто квалитетно, и во плагијаторството биди малку од малку свој гледај да ги изнесува твојте ставови и гледишта, не копирај моментално општо прифатени мисли за кој незнаеш ни од кого потекнуваат.
    :*
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Oh, where the good girls/men go ... ?? :?:

    СДК ... односно... Сакам да добијам одговор добрите, коректни ... фини, фер ... реални луѓе дали го добиваат она што го заслужуваат денес?? Дали сеуште важи девизата биди добар за да ти се врати со добро, а другите да те почитуваат и сакаат?! Немате одговор?? Јас па ич! Има, знам има и ќе има такви луѓе, но нема да има и такви времиња повеќе. Денес колку што можеме да слушнеме, да видиме, да дознаеме они кои се користат со најподлите и најзлобните средства денес добиваат многу, дури и се наградувани и ги ставаат на пиедестал. Тоа сепак не е нивна вина туку на оние кои слепо, глупаво им веруваат или барем им се лигават мислејќи дека и ним ќе им биде доделен ордeн за послушност. Оние ај да не речам злобните туку мултиплите личности, полни фрустрации успеваат само на сметка на овие другиве слепци и плитки мате**ци. Но, верувам барем се докажало или пак јас поврзувам ... нешто секако има, дека сепак се им се удира од глава порано или многу подоцна ама си ја добиваат вистинската "награда" на крај.
    А другите, луѓето со душа се жртви секогаш ... патат, веројатно ним им е предодреден оној животен пат кој го имал Исус. Негде сепак длабоко во себе не верувам, но се надевам дека на крајот од денот си го добиваат заслуженото.

    Eхх кога би имало праведен свет и Калимеро не би имал таква тажна фацичка ...
     
    На kravce, Jagoda123, thelittle17 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.406
    Допаѓања:
    82.111
    Пол:
    Женски
    Ова за самоутеха си го напиша ? :^)
     
    На mims-89 и pamelche им се допаѓа ова.
  4. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    362
    МХМ МХМ се само утешувам дека барем понекогаш читам нето друго освен трачеви и фб статуси :) :*
    Сеуште има надеж за мене, сеуште не сум влезена во шаблонот :D
     
  5. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Сакам лето,сакам :sun: ..Не сакам зима.... :(
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    10.429
    Пол:
    Женски
    Темата е СДК, овде секој има право да си каже што му лежи на срце, како му поминал денот, какви мисли му се вртат во моментот, да си ги напише стравовите и слично.
    Не е поентата да се напише некој 'длабокоумен' пост и да се збира лајкови.Има доста други теми на форумот кадешто може да се развива дискусија и да се покаже кој колку има познавање. ;)
     
    На Katerinceee и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Не се ни надевав дека ке се случи нешто од кафето-што не ни бидна :D
    типот доцнеше-му се расипало возилото, а тоа што под чест му е да дошол со автобус тоа е друга работа-како тоа да доагал со автобус, а има свој автомобил :x а кога го видов не ми се допадна воопшто-не кола, не пари, дијаманти да ми покажеше ЏАБЕ а тоа што имаше уши исто ко Дамбо тоа е друго-не е смешно, мајка природа ама за тоа постои пластичната хирургија а него парите не му се проблем ама очигледно дека во неговата глава е проблемот :!: и на крај побегна од мене-божем ке го изедам :fubar:
    не верувам дека повторно ке го сретнам во животот-не било пишано па секој си продолжува по својот пат :)
     
  8. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    СДК сериозно ги гледате сите оние турски серии :o Е стварно незнам како успевате да постигнете, ви се чудам. Туку колку што мразам станување за прва смена на работа не мразам ништо друго толку. Убава ми е смената, и слободна сум после тоа цел ден, ама кога ќе ми текне на станувањето, спремна сум да се жртвувам и да одам втора смена, да скапам цел ден на работа :D
     
    На Cacy и Ann.94 им се допаѓа ова.
  9. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Денес ветер ме дуваше 3 часа. Од дома до банка да уплатам за испити, до пошта, до факултет... Таму, згрешени уплатници, непотребни трошоци, или како што јас милувам да кажам културно крадење од студенти... Позајмување пари од дечко ми оти немав доволно во мене, па пак банка, пошта факултет. Пак нешто треба да се уплати бидејќи заборавиле да ми кажат првиот пат, и пак дома. А еден ветер, три напред две назад... :@

    Наравоучение: Освен ако не мислете да се запишувате на приватен факултет, или ако се запишувате само за да им угодите на родителите да се каже дека студирате ради реда(како мене), НЕ СЕ ЗАПИШУВАЈТЕ ФАКУЛТЕТ. Една контра-кампања на владата. Не дозволувајте да ве ебат во здрав мозок, не си ги тенчете живците, ќе ви требат за понатаму. За овие 3-4 години имам 80 000 платено на факултетот од кои само 36 000 се партиципација а останатите се се МАЧКИНА КАШЛИЦА. Ветер и магла. На секој список за изгубени уплатници и грешка во системот ме има мене. Страв ми е веќе да гледам по соопштенија и списоци. Јас најбудала ли бе да плаќам за се и сешто. А гледај иронија- На веб страната на универзитетот се вели дека во просек студирањето би чинело 250 денари на месец. К*РАЦ!

    И зашто се ова? За една мочена диплома и пак да седам дома? А? Ебете се сите, аир да не видите, огин да ве изгори апаши!!! .!. Само затоа што сум ептен при крај, да имав малку повеќе памет, ќе завршев за фризерка во Скопје и ќе правев пари сега ЕееееЕ!!
     
    На kravce, happygirl, Ann.94 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Денов иако тмурен со облаци и дожд мене ми беше убав.Се ослободив од мачнината која што ја имав, од онаа нервоза која што беше околу мене минатите денови полека изминува до кога не знам. Причина беше прошетката со моите драги пријателки иако беше некако на брзина се и одма помина денот сепак мене ми беше мноогу убавко.Ми требаат повеќе такви средби кои што за миг прават да заборавам на сите проблеми и искрена насмевка да има на моето лице заедно со нив-најголемото богатство што човек може да го посака.Тука е и љубовта знам клише е дека таа е единствениот двигател во животот итни.итн. ама луѓе ако нема љубов ако исчезне и таа и вербата дека постои онаа вистинската ,искрената тогаш што ќе остане од нас? Ќе не завземе уште повеќе злобата,алчноста,користољубивоста?До душа не дека не е така туку сеуште верувам дека уште има надеж за нас луѓето.Јас сум ви непоправлив оптимист и романтичар,знам :D .
    А,да :!: јас полека но сигурно станувам пазарџивка на годината :wasntme: .Моите ми рекоа да купам јајца и се решив да ги прошетам низ корзото,доста само на пазар седат на едно место и тие се греотичка :worried: и така сум јајчарка на денот со историските јајца кои што се изнашетаа денес :rofl:.Ова беше глупа реченица ама мене ми е смешно па ај и вас малку да ве насмеам иако можи на повеќето ќе им биде глупаво тоа :D.
    Со него се средија малце работите,далечината не убива и двајцата па и сега непредвидливата ситуација не дотолчи ама што е е тука е не се предаваме ние сме јаки :muscle: :D .Ќе издржиме уште малку знам,мораме да издржиме за нас,за нашата иднина.
    Бебушот е многу подобро,за 3,4 дена ќе биде надвор од инкубатор,па ако се е во ред наскоро ќе си биди домче со мама,тато и бато :clap: :party:.Тоа дополнително ми го разубави денот,нема ништо поубаво од тоа да знаете дека една мала душа ќе почне нов живот,ќе дише,зборува,радува,оди,дека во нечиј дом ќе внесува секојдневна неопислива радост.
    Ахх животот е убав нели?
     
    На Moira, kravce, Jagoda123 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Мразам кога ќе дојде некој типичен сељак у теретана и ке почне да треска по справите со слушалки на уши и се надвикува со сите и нема осет колку се дере (небаре кој знае која тежина ја крева). Ау колку ме вади од кожа :@ Што убаво го немаше одреден период. Мир беше. |(
     
  12. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Ова беше денот на револуција.
    Се собравме три другарки и се утепавме од зборење, од жалење, од радување, од смеење. И оддамна не ме сослушал така некој, не сум сослушала.

    Моментално ми е многу тешко на мешето. Се замислев за нешто што ми ја мачи душата, и мислејќи сум бутала, бутала од тоа макароните без осет, и сега имам нагони на повраќање. Слично како кај мачките. :puke:

    И некако немам желба ни волја за ништо. Една другарка ми купи книга, чиј наслов за некоја иронија се поклопува со мојот моментален живот, ама модерно-љубовни приказни, каде што главните ликови поминуваат низ тешки „маки“ и на крај завршуваат хепили евер афтер, ми е преку глава.
    Во првите педесет страни модерниве автори натрупуваат информации за ликовите за во наредните 50 страни да образложи колку еден со друг се сакаат. |(
    И обавезно за да изгледа badass книгата, на некои именки мора да има придавка од типот „проклетиот“ „посраниот“ ..
    И обавезно типот е исто така badass ама својата девојка која патем ја знае само три дена, мора да ја вика „ангелу“ „среќо“ „љубов моја“.

    Незнам дали сум најнепатетичната женска личност во светот, или само мразам романтика. :^)
    Едно од нив ќе да е.
    Сета онаа љубов која си ја покажуваат со такви изрази, ми е некако ( да се изразам на модерен начин) посрана, мене не ми треба да ми каже некој дека ме сака, и дека сум му ангел.
    Нека ми го пкаже тоа, стоејќи до мене додека ми е тешко, справувајќи се со мојте и неговите проблеми заедно, сослушувајќи ме..

    Сите оние лигавења, мазења се некако старовековски обиди да се заведе ќерката на градоначалникот кој има замок, и е најбогатиот маж во градот. А таа размазена девојка, мора да е поткупувана со разни поклони и рози, и ефтини зборови за да ја освои, бидејќи таа освен од црнецот со ладалото со неа, не знае за „маж“ и очекува дека некој цел живот ќе ја ланча.
    Com' on. Get real. |(
     
    На Moira, kravce, Trendafilka и 13 други им се допаѓа ова.
  13. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Немам ни инспирација да пишам освен да се глупирам и разни глупости да пишам и да правам она шо другите ми го правеле мене..Ништо друго незнам..Сите велат прави коако што сакаш другите да ти го прават!! НЕ ТОА НЕ Е ТОЧНО!!! Едноставно лугето се сурови и гледаат кој е подобар од нив да го уништат на секој можен начин УШТЕ ОД МАЛИ НОЗЕ!!! А негледаат дека тоа може да им се врати еден ден..Не гледаат дека нивните зборови некој го уништува пополека го убива одвнатре!!! Никој не го гледа моето вистинско лице..Никој до сега не го ни видел!! Никој негледа како јас секогаш кога и да излезам се маскирам со лажна насмевка на моето лице за никој да не ме види тажна...Дека осекам ако ме видат тажна ке можат слободно уште толку да напагаат!!! И тоа не е со денови..Тоа е веке со години!! Веке ми е доста пд она што секогаш во себе плакам а пред другите се смеам!! Секогаш кога ке ги видам 'големата дружина' што секое девојче сака да е со нив, јас бегам.. Јас секогаш бегам од нив и секогаш одам од заобиколен пат!! Наместо како секој нормален човек да поминам покрај нив јас бегам..ЗОШТО ГО ПРАВАМ ТОА ЗОШТО БЕГАМ ОД НИВ??? Секогаш ми е срав од она што ке го кажат они, да не го дознаат лугето што ги сакам..Секогаш бегам од вистината почнав да живеам во некој свет каде што сум слободна, каде се сите мои сакани до мене, но кога ке се вратам во реалноста ке се запрашам САРА ТИ ДОБРО СИ?? СЕ ПОНАШАШ КАКО НЕКОЈ НЕНОРМАЛНА!!! И престанувам да фантазирам. НИКОЈ НЕ МЕ РАЗБИРА МЕНЕ!! А нека се стават барем еден ден на мое место барем еден ден да видат како е да си Сара барем на еден ден!!! Никогаш нема да презборат нешто за мене!! Се плашам да го кажам она што го сакам..Ми е страв да видам што лугето ке кажат за мене ми е страв да споделам нешто со лугето со намера да не ме наречат ЛУДА!! Дека јас сум никој и ништо!!! Ми е страв па споделам нешто со некој за да не бидам скршена уште еднаш..Ми е страв од лугето со кој живеам и го делам истото парче леб..Ми е страв од околината во која живеам!! Сакам да заминам и никој да незнае за мене да се смеанм и после да се вратам па има вратам на сите..Неможам века вака да живеам..Се со сакам да сум срекна и да сум со саканите..НО НЕЕ!! Нив ги нема баш кога ми е најтешко и кога сакам да заплачам си викам А ЗОШТО ДА ПЛАЧАМ?? НЕ ЗАСЛУЖУВАТ!!! Единствено што сакам да направам е да се искажам но незнам некој внатрешен глас ме сопра..Секогаш ми вели “Искажи се но никој да незнае за тоа“ неможам повеке.. Секогаш кога ми е тешко секогаш се смеам а внатре нешто како да ме гуше и не ми дава да дишам слободно!! Не сум се насмеала така вистински многу оддамна.. Века заборавив што е тоа смеење..Веке незнам зошто се кријам во себе?? ЗОШТО??? Да и јас сум човек кој сака да живее најнормален живот како и сите останати, но зошто секогаш лугето ме гледаат одстана и со сожалување кога и да поминам негде?? ЗОШТО??Шо имам сторено лошо?? ШТО?? НИШТО!!! До сега секогаш сум гледала да се прилагодам со сите останати но некако неможам сите како да ме одбиваат..Немам другарки на кој ке можам се да кажам што ке ми олесни душичката и нема да се грижам многу..НО НЕ!! НЕМА ТАКВИ!! Ако со некој се дружам со години но незнам нешто во мене ми кажува да не им кажувам ништо!! Да си кутам и тоа само за мене да остане!! Неможам да живеам во ваква околина!! Одвај чекам да отидам далеко од сите вакви лоши спомени што уште толку ме прават да се чуствувам како никој и ништо на овој свет!! Сакам само да исчезнам и јас и сите секавања за мене..Нензам што е тоа што ме сопира да се искажувам?? САКАМ САМО ДА ИМАМ НОРМАЛЕН ЖИВОТ КАКО И СЕКОЕ ДЕТЕ НА ОВАОЈ СВЕТ!! Енос сега свакам дека во животот не е се розево како што си замислував како мала.. ;(
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    ... кога времето е така намуртено кога ке слушнам како крцори дрвото во дворот од силниот ветер ми се ежи кожата на главата ... ми доага да извршам самоубиство... :devil:
     
  15. Masnickaaa

    Masnickaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека во моментов се што ми е важно е здравје. Моето здравје, здравјето на моите најблиски. Секогаш ме фаќа депресија кога одам во болница, макар и на пола саат. Сакам се да помине, сакам се да биде во ред.
     
    На sweet-cherry, Moira, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.780
    Допаѓања:
    17.793
    Стварно било многу убаво да се освестуваш насабајле со мелко со бек-квик и со него да заспиваш. Си се напив сега сум спремна за спиење.
    Косата измиена, мешко полн, мх, мх.
    Добра ноќ, иако е рано oдам ја во светот на фантазијата :hai:
     
    На Ann.94, Doozy, antonina и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Убави се оние денови, кои ми почнуваат со неговото препознатливо “Добро утро!“
    Одамна, не ги бев осетила онака баш како во старите добри времиња. Не ги почувствував ни сега, не се разбудив покрај него, ама доволно ми беше тоа што ми звона сабајле и наместо обично “Како си, срце?!“, јас го слушнав најмилното гласче, како ми вика дека ме сака најмногу! :$
    Лани кога 24/7 бевме заедно, така ме будеше! Тој ќе станеше уште од 8h, мене ќе ме оставеше да спијам уште некој сат, за после тоа да ме разбуди најмилно! :inlove:

    Ми фали мојот А. :l:
    Ми фали, многу ми фали... ми фали тоа време, ми фали тој покрај мене, кога беше - најмногу на 15 минути од мене!
    Ми фали заради многу причини! Не дека вака сега лошо ми е или веќе готово, крај на свет, ама мене ми фали тој зошто без него покрај мене јас сум осамена! Не сум сама, ама сум мноооогу осамена.
    Вака ништо не ми е целосно! :tmi:
    Тој во Битола, јас Скопје, тој дома-јас Скопје, јас дома-тој во Битола...Ќе бидам среќна ако и еднаш месечно се гледаме!

    Кенкам овде како детенце некое, знам... ама сакам да го напишам тоа што го чувствувам сега, за да еден ден кога ќе ми е до мене мојот А. и кога ќе бидам среќна, да читам тука и да се потсетам дека се‘ сме поминале заедно! :l:
    Сме поминале со многу љубов, а покрај тоа и подршка и разбирање, зошто без нив џабе е се‘! :sun:
     
    На Elennaa, Artemission, Lux и 19 други им се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.257
    Допаѓања:
    125.297
    Нешто што највеќе ме иритира се рекла-казала муабетите.И не знам зошто некој мисли дека сакам да ги слушам.Ги кажува во еден здив,што побргу да ми ја види реакцијата.И не и е јасно,како може да сум ладна на последниот трач за мене . Иииии,ништо нема да речеш? Па како,па што,ама зошто,лелелелеле аман заман кажи нешто :D
    Не,не кажувам.Само се смеам.А незнам дали на тебе што си толку малоумна,иако имаш начукано години,имаш дома деца,имаш факултет и постдипломски,или на дотичните кои со плус години од тебе им се замара за икс особи.
    И знаете што?Се повеќе се изненадувам колку далеку можела да оди болната фантазија.Зошто за мене таквите се баш такви,болни.Нормален човек тоа не би го правел.
    Мајка ми ми вели,да и се јавиш и да кажеш,она за тебе така :talk: Ах,бре мамо,што да кажам на кого? Да се спуштам како неа? Ноу,ноу.Неа и е најголема казна што е таква.Жално .

    Само ве молам луѓе,не ме замарајте,ако мислите дека глумам дека сум ладна,ок,ќе ве ислушам докрај и ќе си свиркам потоа :music: Само ми одземате енергија,време.А не сакам да го трошам на исфрустрирани овцички.Можам да препорачам стручни лица само :geek:
     
    На AwesomeGirl, Annath, Moira и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Два-три дена наназад во хороскоп ми пишуваат дека сум ги запоставила пријателите,дека не сум добар пријател во последно време.И да знаете,точно е.Воопшто немам интерес за било каква активност надвор од мојот дом.Сакам само дома,дома,дома,дома!Не ми се излегува,не ми се дружи со никого,не ми се слушаат празни муабети.Одам само во училиште и кај дечко ми 3-4 дена во недела.
    Но,еве јас сум добра и паметна девојка и веднаш ке се поправам.Закажав кафе за утре со другарките и признавам дека ми фалат многу..
    А додека сум дома само си правам некои вкусни јадења,полесни,бидејќи сум на диета :P
     

    Прикачени фајлови:

    • SAM_0674.JPG
      SAM_0674.JPG
      Големина на фајлот:
      446,5 KB
      Прегледи:
      232
    На anabel-a, Doozy и teddybear им се допаѓа ова.
  20. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Тоа што можеш да го направиш, не оставај за утре или како што имам слушнато УТРЕШ КУЌА НЕ КРЕПИ ... Е така и јас за денес 300 планови, да станам па да чистам, прашина да избришам и многу други работи. Сум се изнаспала до 2 ( е пак да читам до 3-4 после полноќ. Не до 2 море цел ден ќе спијам ) и така си станав си ручав, кафе си пијав и ете го 4. Мојте дојдоа од на работа и ајде сега ќе чистам да ми сметаат. Јеа рајт! Туку ај си велам да си седнам на фемина да видам што има па здравје утре ќе чистам. Алармот го наместив за во 10 па да се фатам малку АРБАЈТЕН
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.