[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    СДК,
    ајде веќе нека дојде 9 саат,
    па конечно да го полагам она малечко, ама мошне зезнато делче од испит :!:
    I am ready! :geek:

    http://www.youtube.com/watch?v=KkIswOWsqNw
     
    На Oxymoron, Lepaaa и Doozy им се допаѓа ова.
  2. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски

    Знаев дека ќе има вакви коментари! :lol: :D :wasntme:
    Не знам јас ништо, прашај го него. :wasntme:
     
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Не е вистинската онаа со која сакаш да поминиш Петок вечер.
    Tуку онаа со која сакаш да бидиш заедно цела Сабота.
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    Ноќва ми направи неверојатен флеш-бек од спомени. Беспрекорно нанижани, без ниту еден заборавен детаљ.

    Знаете, сите имаме по некој кој неописливо ни недостасува!
    Кога си замина, ми зеде дел од душата и оттогаш сум така, некомплетна.

    Зборови не наоѓам, кои би ме опишале.

    Денот го заокружувам со лесно, питко вино и по некоја солза слеана во чашата...
     
    На tweety26, Hopeful, francais и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.018
    Допаѓања:
    164.791
    Намасте бичез! (од некој таму филмски лик беше овоа)

    Јануари,финишираше шампионски. Ко прав маж! Укака цел период со лошо време и денес бам! сонце и топло, као да сме април у Београду или самтинг-самтинг!Ќе направи нешто фантастично добро и ќе му опростиш за цело срање период, читај снегои и олуи,башка трае 90 дена,а не 31. И фино да ви кажам,со лаф муабет и кафе! Го попративме прееска со другарка ми на сонце, му помуабетивме. Ми рече дека сакал врска за сериозно,ама јас го откачив пошто друг месец е мојот љубен. Он на мене,клошариште едно! Сакаше да уќари прајм тајм пошто ме виде земам залет,ама не! Нечеш бре! Макни ми се мајмуне! Тоа е за мојот месец! Ама пред раскид,циу циу, сонце луѓе,сонце за сите! Оди сиииии... и си отиде.

    Добрички,арнички,умнички?! Да?!
    Утре ќе ви биде убав денот,слушајте ми го зборот! :!:

    Туку, посебен поздрав до Swci или као и да беше цуцката. Се надевам се осеќала големо у момент на мое отсуство. Драга, освен самата што си се осеќала некако у однос на мене, а тоа уствари у однос на тебе, до тебе е...шо да ми ти кажам? Впрочем тука сум, кога сум слободна си модерирам, никогаш не реков дека за навек си одам од тука,ама ми требаше одмор од се за да се спасам себе си од срања. И жива-здрава! Као на зимОвање да сум била,само не толку убаво... до душа, не може да ти е поубаво од тоа да си знаеш кој си ти и кога почнува да ти се остваруваат новогодишните желби. Мене од сам старт,мајке ми... до душа и елката уште не ми е раскитена...најсериозно. Не од мрза,друг е муабетот,ама ми се заканија прееска дека у целофан ќе ја завиткаат барем прашина да не фаќала...ама утре ќе ја раскитам,ама саааамо ако ми заминала среќата со желбите има да ја накитам пак!!!

    Ама наредно, ќе летаат главчичи. Точно е,не можат да не спасат со правила,нема начин и се нема право,ама знаете која е најдобрата казна на секој човек? Јавната осуда од оние кои го окружуваат,пошто у суштина сме мизерии кои колку и да сме индивидуалци,зависиме од нашата социјализација и прифаќање од останатите луѓе и не можеме да глумиме полу-богови. Побогу у семејства сме растени, во гените ни е. Сакаш да запреш некого, сосечи каде што му е коренот.

    И така. Мис ју, жал ми е што нема(м)в време да ве читам многу,ама ќе биде поинаку. Ај гес...
    Си ју араунд! Први ФЕВРУАРИИИИ! Билке давај тоа месечниот хороскоп да си прочитаме колку ќе ни биде цанко и розеФко! До душа по мојот календар април сме више,ама добро.
     
    На ocila, Sephora, NoellePage и 46 други им се допаѓа ова.
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Што убава вечер, прво фудбал , после кино , Хобитот конечно го изгледав , ги видов убавините кој траат 3 саата , земав КОФА со пуканки , да да КОФА продаваат со пуканки и кока-кола (кога идеме штетно ќе го испоштуваме филмот и до крај ќе идеме).
    Најтвокер ми крадеше од пуканките , мислеше дека нема да забележам али забележав, тој над мене викаше знаев дека тоа ќе се случи на секој 6 мин , глумците на филмот беа прогонувани од илјадници чудовишта и ствари и трчаат по 25024 километри и сепак никој не беше сериозно повреден нити пак доби жуљ на ногата , таа едната до мене го замараше дечко и да и раскажува све и сешто .
    Зашто овој го убија , зашто оној ги мрази , зашто ова ... зашто?!? ..... * ај нема да опцујам сепак јавен форум е, ама стварно нема смисла нели , дечкото решил да ужива во своите фантазии а оваа го утепа...

    Кога се гледа добар филм треба да се испоштува правилото , пуканки+пијалок+тишина= добар филм.

    АЛО 170 денари е картата !

    Утре испити ме чекаат ја хобитот го гледам , и после сум сакал да положам .... тоа е ... :emo:
     
    На Sexybaby86, LittleFairy, Monna.Monna и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    СДК очигледно некои луѓе не се свесни за својата злоба, уште пак и истата ја сметаат како нешто што е правилно, добро.Ако тие не се свесни за себе си, друг ли да биде? Единствено што прават си ја полнат својата душа со омраза и немаат мир.Како можат да очекуваат нешто добро, кога првенствено во себе си не ја отстраниле својата злоба кон другите? Секој може до недолгед да им ја пресметува нивната злоба, само не е тоа поентата на животот, единствено што ќе направат е да го ризикуваат.Пак ќе речам, секој со својот ум.А секое зошто, има затоа.
     
    На LittleFairy и Serafima им се допаѓа ова.
  8. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Кога се ти оди од добро кон се подобро, од убавина кон уште поголема убавина, кога животот ти тече како мед и млеко...почнувам да се запрашувам кое невреме ќе ме снајде за брзо време, пошто после сонце иде дожд или обратно, ама од толку многу што ми е најубаво на душичката овие денови, од толку преубави работи што ми се случија, од толку преркасни личности околу мене, мене само ружи ми цветаат и околу мене се ми мириса на ванила!

    Испитите подобро не можеа да поминат, просекот ми скокна, професорите само 'шмекерски' фацки и насмевки ми упатуваат, а мене едно убаво на душа, ма шта да ви причам :)
    Чувството не го менувам ни за милион...

    Мама и тато, радости со мене делат, среќа моја примат.
    Никогаш, во мојот живот, не сум се почувствувала погорда сама на себе, никогаш....
    А кога ќе ми текне па колку се тие горди на мене, после толку години, како чувствуваат дека се разбудив од зимскиот сон, и се упатив кон победи и успеси...како почнав да постигнувам цели наши заеднички и сите ние да се радуваме и да се конечно исплати целиот нивни труд и сите проклето многу вложени пари во мене...пресреќна сум, буквално, чувствувам само среќа и ништо друго.

    Не жалам за ништо никогаш. Тато ме научил дека се во животот е искуство плус.
    Не жалам што лани речиси ја паднав цела година,пошто лани беше најдобрата година во мојот живот.
    Зошто да жалам, зошто да се мавам во ѕид и да се проколнувам, кога се што поминало не се враќа, и сама сум сакала тоа да го правам, никој не ме терал, сум сакала, сум го правела, било добро, најдобро, но само за мене, па чекај бе девојко, ти не си самостојна, дома има некој кој вложува во тебе, кој се надева во тебе, кој очекува човек да бидне некогаш од тебе, јесте да сум од тие ретките умни и паметни моми за кој цел град има само добро да каже (освен љубоморне душе-које могу да га пуше :D, правилно мислам не го напишав) , ете лани ми се сакаше друго, љубов и паѓање од облаче на облаче со него, низ цело Скопје, да не беше минатата година, никогаш немаше да го доживеам Скопје во најубавата боја и најдобриот вкус!
    Учев ама не доволно, и бев свесна, и се свестив, еве ме годинава, живеам со него, обврски плус, а до сега се положив со предобри оцени!

    И како крај на ова успешно реализирано академско поглавје од мојот живот, решив да си се почастам продолжен викенд во Маврово со дечко ми.
    Чао и живејте, ве молам! :)
     
    На Sexybaby86, LittleFairy, tweety26 и 22 други им се допаѓа ова.
  9. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    СДК дека оваа недела сум многу среќна, пу пу да не се урочам :P
    Не знам што се случува со мене, ама толку сум среќна и исполнета што никој не може да ми го расипе расположението. :sun:
    Во понеделникот (за чудо понеделнички) ме навладеа едно прекрасно чувство, абе ретко кога имам такви денови! И цел ден ми беше прекрасен, само се смеев, и баш ниту една негативна ситница не се појави.
    Ми остави впечаток тој ден, па и вторникот и средата и четвртокот ги продолжив со исто темпо 8)
    Само што сега ама баш ич не им придавам значење на негативните луѓе околу мене, па само си се смешкам.
    И еве го дојде и петок, уште ми е тука убавото расположение и се надевам дека ќе го задржам и денес. Па и не бива во петок да бидеш нерасположен, така? :lol:
    Бидете ми поздравени :*
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Гут морнинг гајс!! Еве ме пак болна шмизла пак не оди нашколо..Денес е убав сончев ден, малце е ладно надовр но нема везе ;) Веке времево е да незнаеш како да се облечеш..И шо и да облечеш оп утре денто пак болен..Е тоа е..Сепак бидете ми поздравени
     
  11. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Признавам, мислев ме бива за суптилни работи како и Хобитот, но не! :(
    Ама чекај, јас мислев правилото за поштување гласеше пуканки (за пријателот :wasntme: )+пијалок+тишина. :D
    Плус, веќе кога зборуваш дека мораше постојано од едната страна да ја слушаш девојката како го прашува дечкото за сенешто, не заборавај да кажеш дека од другата ме слушаше мене како ти кукам што проекцијата не беше во 3D. :rofl: :rofl:
     
    На LittleFairy, kate21, ilipili и 9 други им се допаѓа ова.
  12. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    :|
     

    Прикачени фајлови:

  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк убав сончев ден,добро расположение,ме прави ептен среќен и се надевам и дека така ќе биде до крајот на денот.
     
    На LittleFairy, tweety26, Katerinceee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.803
    Пол:
    Женски
    СДК све живо тутори, цинични муабетоспуштачи и сезнајковци...[​IMG]
     
    На LittleFairy, Yowannty, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173


    [​IMG]
    Поздрав .

    Сдк а ја пошто се смрзнав идам да вежбам.
    одвај најдов музиче за размрдување ....
    Love ya 2pac !
     
    На Hopeful и CIA им се допаѓа ова.
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.193
    Допаѓања:
    23.268
    Пол:
    Женски
    Епа женски јас ги начукав веќе 19 :D
    Денес сум малце повозрасна од то шо бев вчера, а пак несериозна како шо ќе бидам од утре :D
    Дома имаме 3 родендени и уште од сабајле ми тргна со гости, па повелете и вие, торта има :)
    Добредојдени сте сите :)
    Со мене се сите денес тука, но го нема него, и зато ми е онака малку тешко, но мило ми е шо честита меѓу првите. :)
    На мама и на бато ќе му речам среќен роденден, да се живи и здрави, и насмеани долго време, на мајка ми помалку проблеми и нервози, а на брат ми многу среќа, радост, љубов, и пак пред мене да го изчисти семестарот :P (јас прва 2-иот ќе го изчистам) :wasntme: :evil: :D
    Да ве почестам како шо си иди редот


    Фала, Чао! Имајте убав ден 8)
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-cherry, LittleFairy, la-chicka и 27 други им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.560
    Допаѓања:
    289.440
    Малиов мој е целосна спротивност од мене во скоро секој смисол на зборот.
    Па, постојаната потреба за доловување на некаков баланс е неопходна за двајцата да ја почуствуваат оваа врска како хармонична и успешна.

    Една од неговите најкаректеристични особини е неговата уметичка душа.
    Верувам дека ја поседувам способноста успешно да комбинирам она што ми е сервирано на таблет, без разлика дали станува збор за облека, мебел или друг вид на декорација.
    Но од веќе постоечки парчиња, нешто што веќе е креирано, а мое е да го извадам најдоброто од него во склоп со останатите.

    Но малиот мој е роден сликар, уметник, дизајнер...
    Тој е оној кој е креаторот на нештата кои покасно се предмет на комбинирање.
    Па како и секоја уметичка душа, си има некои карактерни особини кои се целосно спротивни на мене, ама буткаме :rofl: :tmi:

    Пред некој ден бевме во еден за мене сосема нов дел од градот.
    Цела уличка беше со дизајнерски дуќанчиња и бутици и продавници за материјали. Не зборувам за дизајнерски во стилот на Келвин Клајн или Ралф Лорејн, туку рачно изработена облека.
    Мене очите почнаа блинг блинг да ми прават :rofl:
    Најпрво ги поминавме дуќаните за материјали за работа.
    Пријатно се изненадив, материјали за цртање насекаде околу мене во една просторија од неколку стотини метри квадратни.
    Бои, четки, моливи, хартии, држачи, конци....стотици видови.
    Биравме хартија за една брошура.
    Се изнанадив колку врсти на хартии постојат, бои, материјал, дебелина. Јас како еден голем антиталент за уметност можев комотно да останам таму со саати да љубопитно да разгледувам и чепкам.
    Како дете во слаткара :^)

    Потоа влеговме во едно од дизајнерските дуќанчиња.
    Ентериерот целосно ме освои, олд Енгланд стајл.
    Креденци од масивно дрво и фотографии од минатиот век, дрвен под, дрвени трупци кои внимателно беа обработени и приспособени за седење, старовремски машини за шиење, буквално останав без здив.
    Рачно изработени парчиња насекаде, брушури и разгледници од најразлични дизајнери, уникатни етикети.
    Само тоа цените уффф. Чизмите по 1000 еу, ташните по неколку илјади :( , зошто мора да се убавите работи толку скапи. А таман таму се пронајдов новата јас :D
    Малиот мој се консултираше со еден од сопствениците, купи некои ситници и од брошурите/разгледниците па продолживме во наредната продавница.

    Овојпат, стилот беше малку поинаков.
    Друг вид на дизајн,малку модерен, но го најдовме она што ни беше потребно.
    Најобична кожена корица во која ќе бидат ставени предходно купените листови за брошура. Во моментот кога ја разгледуваше почна веќе да ми ја презентира својата идеја и замисла за проектот. го почуствував она жарче кај него.

    На крај свративме во едно дуќанче за изработка на печати и нарачавме неколку кои му беа потребни.


    Како што кажав, нов целосно неоткриен дел од градот но и неоткриен дел од мене кој покажа интерест за да ги шири своите хоризонти.
     
    На LittleFairy, tweety26, Hopeful и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    Мувлата се јавува на репорт.

    Слегувам вчера на фризер (во зграда ми е) и надвор пуши фризеркава, па ај јас да и` правам друштво. Доаѓа еден маж (околу 45 - 50 години), се вртка, се туфка пред излог (т.е. околу нас), гледа внатре, гледа наоколу (ко ние да не постоиме :D) и по неколку секунди ми вели:
    „Извинете вака што ви упаѓам, ама да не случајно сте ја виделе оваа жена тука некаде?“ (и ми вади А4 хартија со принтана слика (!!!) на плава жена, од околу 40-45 години). Ми заличе на една што сум ја видела кај фризеркава, ама ни на крај памет не ми беше да кажувам дали ја знам или не, од кај да знам за што ја бара, после на душа треба да ја носам :?:
    Викам - Не, не сум ја видела во околинава....
    „Ми рекоа дека тука се движела, а живеела кај некој си Хххх“
    - Не, не знам навистина која е, а зошто ја барате вака?
    „Извинете сега вака госпожа ( |( ) што вас ве земам за пример, ама еве како јас и ти да се засакаме, да дојдеш да живееш кај мене, по 2 години да ми собериш се` од дома и да избегаш! И сега ја барам низ цел град“
    - Господине, вие треба да ја пријавите во полиција, не можете вака да шетате со нечија слика по улици...
    „Бев во полиција, ми рекоа ТИ ја пушти дома, не можеме ништо да направиме. Добро, им реков, тогаш сам ќе ја побарам и ќе ја убијам на лице место. „Ако сакаш да одиш во затвор - убиј ја“ ми рекоа......добро, ќе испринтам повеќе вакви слики и ќе ги залепам насекаде, да знаат луѓето каква е. „И за тоа кривично ќе те гониме, не смееш“. Ееееее, и сега јас што да правам госпожа?!“
    - Не знам што да ви кажам...(еххх, а бе јас на фризер слегов, џе ме наџе мене за криминални совети :doh: )
    „Се сакавме, дојде кај мене дома, не знам зошто вака направи....еве госпожа, да кажам, вие сте, вака гледано, ЈАКА жена, она е ко маченце, со 2 прста гркланот можам да и` го извадам, само да ја најдам!“

    Офф леле....зошто? Зоооошто? Мене само коренот ми беше за фарбање....
    *******

    Ноќеска некое време ме разбуди страшно БАМ. Мм свика, ќерка ми почна да вришти, јас не знам на која страна да тргнам, не знам светлото каде се пали, а не можам ни малава да ја најдам во креветчето до мене. Станав од кревет, кога осеќам во темнината - детево на земја! Што ли само мислела кога тргна да шета по креветче (и тоа во вреќичка)...ја земав во раце, мм ми вели „Запали светло да видиме да не е некаде удрена!“, а јас не знам каде сум, не па светлото. Знаете оној момент кога не знаете дали е сон или јаве, па не сте сигурни дали треба или не да го запалите светлото? :D
    *******

    И сепак е убав денов

    [​IMG]
     
    На Mikako, AIT, imelda и 37 други им се допаѓа ова.
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Обожавам кога ќе станам порано,а порано за мене кога немам обврски е 9 часот.
    Денес сфатив дека прегратките со моите и со сестра ми многу ми фалеле.
    Кога сум дома нема ден, а да не се изгушкам со нив барем по два пати, обавезно секое сабајле преграткта ни е добро утро особено за време на викенд кога јас ќе станам, татко ми и мајка ми се во дневната и после ритуалите во веце јас влегувам во соба и ги гушкам двајцата. Тоа гушкањето како да ми прераснало во навика, а сепак со секое гушкање ја осеќам топлината и сигурноста која ми ја дава домот и секое гушкање е посебно и ме обзема со среќа дека знам дека се тука за мене.
    Среќна сум што имам ваков дом, полн со топлина и разбирање.
    Секако не е совршено секогаш, постојат и мометни кога не ни се сите овци на број, ама се брзо поминува. Благодарна сум што моите ми ја покажаа важноста на топлиот дом, важноста на скромноста, разбирањето, трпението и љубовта која може да се добие од истиот. :inlove:
    Моментално читам една книга која многу добро ми влијае, па така да едвај чекам сега да се нурнам во страниците.
    Додека имам време т.е уште викендов ми остана да ги довршам книгите кои ги планирав, па после малку помалку ќе читам книги зошто ќе се префрлам на постручни книги за на факултет. Кога сме кај факултетот добро ми помина прв семестар, со 2 десетки и останати оцени и со уште еден испит кој ми остана за јуни. Нели не си студент ако не паднеш, па така сега знам како е тоа да паднеш на испит(а богами не е ич страшно), ама сега предметот по кој паднав толку го засакав па колку и да бил професорот зафркнат. Иако намерно ни даде прашања кои се многу тешки за намерно да не збуни, плус прашање на заокружување со понудени 6 одговори и после како да не мислиш дека сака намерно да те падни кога гледаш колку тешки тестови дава и после не е ни чудно што само 2 положија од 15 и што никој не го одбира него за да го слуша. :fubar:
    Како што вика тој(професорот) кога му се обратив по меил дека времето му е скапоцено, така и моето е скапоцено и не би повеќе да го трошам пишувајќи за него зошто не заслужува ни да се размислува за него, не па да се пишува.
    И така, сега ќе се лакирам да си го испробам лакот со светки што си го купив и после тоа ќе видиме, имајте убав ден! :hai:
     
    На Glossy-girl, LittleFairy, tweety26 и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК дури сега видов дека Мерлин Монро си ставала сини леќи.Знаев дека има кафеави очи :?:

    Туку,добар ден од мене :) Кафето си го испив,доручкував со мама и дада,што убаво,муабети си правиме,па ќе ми тргни денот на убаво :) Убаво е кога си уживаме во заедничките денови :) Понатаму како што иди животот ќе се се поретки...
    А иначе ми почна денот со повик од сабајле,ме разбуди,изгледа сум недостигала и неможел повеќе да издржи,па ме тормози од сабајле :^) Море ќе види убаво,ќе си добие...Па ме лажи,Бт бил,да бе,ти повервав |( Камо да беше...Барем асолен муабет ќе направевме... А па чудна работа,јас ко звона,знам го сонував.Телепатија или што? Или само ТЕЛЕ од телепатија? :D Понекогаш се невозможни некои личности,што да правиш,реков повеќе не се нервирам...Ќе ми се среди и мене животот,мора на некаде да тргни :) Мислам,сама ќе си го средам,мора одлуки да донесам и тие ќе се оние што ќе се најдобри за мене (можеби и за другите по малце :D )

    Вас ви посакувам убав ден и се читкаме повторно :sun:
     
    На tweety26, Lepaaa, CIA и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.