[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    И денеска сум утепана, спиена некаде 2 саати со прекини, ама некако не осеќам умор, чудо, свикнав изгледа :?:
    Мојот мал немирко извади две запчињња и се` уште оди по стапките на сестра му, не спие цврсто, се буди, кенка и досаѓа цела ноќ |( ...
    И` викам на ќерка ми-ист е како тебе, досаден, цела ноќ ме умре, а таа умница на мајка- е па мамо, крушата по круша паѓа, не под слива :^) ...браво дете, браво, уште твоето мудрување ми требаше :lol:

    Сабајле гледам сонце, убав ден и си планирам.... ќе си ја земам ќерка ми од училиште и ќе се прошетаме низ населба, малку да ги провртиме продавничкиве, да се подновиме, стигла плата :P ....малиот ќе го наранам, успијам и ќе и` го оставам на свеки да го причува.
    Само ти сањај Лолитке, му ја дувна таа уште пред да и` речам добро утро ]:) и така си останав дома.

    Имам ручек од вчера, бар за тоа нема да се замарам и сега цел ден ќе си го поминам лешкарошки со децава. 8)
    Ај утре викенд па може ќе ми се посреќи да излезам и јас од куќниов притвор :?:
     
    На eli25, AwesomeGirl, Bright и 27 други им се допаѓа ова.
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Hold the phone!

    Чекај, не ме лажат очи, она бројчено доле се сменило од кец во двојка. Адиос јануари, адиос. Одамна мислам не сум била волку возбудена за промена на месец ама нешто ми вели малово ќе биде посебно. Ги поминав сите хороскопи, ми фали само овој на фемина, одлучно решив да сменам слики по профили и десктопи, рингтонови и постелнина. Да го пречекаме со отворени раце малово, па заслужило.

    Ми предвидуваат успех во кариера месецов, а тоа богами ми треба за трите испити и за надежта моја да си најдам некоја работа. Се осеќам триесет кила полесно денес, дури и во сон се смеев цело време само не можам да се сетам за што. Залепувам еден широк осмех на лице и наредни 28 дена не го мрдам. За 4 недели, ова време најверојатно ќе се пакувам што значи треба максимално да се искористат.

    Многу ја сакам песнава, баш се потсетив на неа вчера. За еден февруарски попладневен денс по чорапи е совршена.
    http://www.youtube.com/watch?v=oc-P8oDuS0Q
     
    На tweety26, anabel-a, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    До каде стигнав, Господе...
     
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Пред некој ден прочитав нешто што малку ме замисли. Поентата беше:
    Постои добрина?
    Дали на добрите луѓе ќе им се врати со истата мера со која тие даваат од себе?
    Ги разбирам, тешко е.
    Навистина е тешко да се разбере суштината на добрината, која денес е само невидлива честичка во овој материјален свет.
    Бесценета реткост која егзистира и се бори за живот. Некои се хранат од неа, некои живеат со неа, но на некои тоа им е сосем непозната именка. За некои животот е суров и крајно немилосрден, па ги научил на таа лекција.

    Моето скромно и мизерно животче ме научи само едно нешто, да сакам од срце.
    Таа добрина не е ништо друго, туку само малечок плод на љубовта. Не љубов која е земна и телесна, не онаа љубов која посакува да биде врв на се, која сака да биде забележана, воздигната, горда... не таа, туку онаа која е скромна. Вистинската, која страда, плаче, соочувствува, се радува... Онаа која се жртвува и не го сака своето, туку до болка го сака доброто на другиот.
    Се учам да сакам, сакам. Иако сеуште не сум научила доволно, сепак сум само дете кое учи да чекори. Одењето е вештина која кога се научи, никогаш не се заборава. Едноставно станува потреба за живот. Така е и со неа, живееш со неа, неможеш без неа.
    Посакувам на сите да ни биде воздух, без кој не би можеле да живееме.
    Ви фрлам клетва, да ја стекнете вистинската љубов :angel: :inlove: .
     
    На Miss.Ricci, tweety26, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.928
    Допаѓања:
    203.183
    Пол:
    Женски
    СДК доста ми беше. Драги мои феминки, наскоро ќе ја напуштам мојата модераторска функција, по своја волја. Само чекам администраторите да ме ослободат од обврските и пак ќе бидам само обичен корисник на овој форум. Не го напуштам, ќе бидам тука, кому му требам, знае како да ме најде. Периодов ми беше доста напорен, обврските ми се зголемија, а форумов ми стана една од нив, што никако не смееше да се случи. Наместо да ми биде издувен вентил и еден од начините за опуштање, форумов ми стана мачење. Можеби поради тоа што сум перфекционист? :$ Сакам сè да биде под конец, а тоа за жал, не е возможно. Не со толку членови кои за жал, не ги почитуваат правилата и создаваат многу повеќе работа за еден модератор, отколку што навистина е потребно. Модераторите се тука за да ги смируваат кавгите, да овозможуваат правилно насочување на дискусија и да интервенираат каде што е потребно. А не да одат по одредени членови и да им ги средуваат и бришат мислењата затоа што не ги прочитале правилата според кои овој форум функционира. Ако некој се пронајде тука (во што, искрено кажано, се сомневам, бидејќи ретко кој мисли дека греши), се надевам дека ќе ги прочита правилата како што треба, и ќе ги почитува, затоа што сепак, модерирањето на еден форум е доброволна работа, никој не е обврзан да ги поправа вашите грешки. Се надевам дека нема да ги „мачите“ останатите модератори и новите кои допрва ќе бидат назначени ;)
    Од друга страна, моите категории станаа прилично активни, за разлика од времето кога се зачленив, посебно категоријата „Семејство“, за што ми е особено драго. Се надевам дека активноста нема да се намали и дека ќе биде полна со корисни совети за сите оние кои планираат и имаат семејство.

    Сакам и да ви се заблагодарам што ме трпевте како модератор. Не е лесно со мене знам :D
     
    На eli25, caroline.costa, Elennaa и 34 други им се допаѓа ова.
  6. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    СДК конечно завршија напорните денови. Нема повеќе учење,неспиење ... :) Ах,како ми се спие. :yawn: А тој,некако изладен денес. ОК сеедно,и онака неможам денес да се замарам денес ми е ден за опуштање и одмор. :P Тој си знае,голем е. :*
     
    На Miss.Ricci и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  7. emocija

    emocija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    53
    сдк...временцево е ЉУБОВ :l:
     
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.482
    Допаѓања:
    183.743
    Пол:
    Женски
    Ми стигна некогаш најомилениот Февруари... мојот месец... :)
    Го дочекав со насмевка, впрочем си ветив на себе си дека поинаку не би смеела. Долета на сончеви зраци, но ќе излажам ако кажам дека ми донесе топлина.
    Душава моја веќе некое време е ладна. Пробувам да ја загреам со се што ми се наоѓа при..памет, и знам дека еден ден ќе успеам, ама тој ден е можеби не е блиску...нејсе...
    Се прашувам, можам ли исто да го сакам? Можам ли да му се радувам.. можам ли да го мразам но истовремено и да го сакам како претходно, и покрај тоа шо ме повреди неутешливо...февруари....
    За 5 дена роденден, секоја минута ја слушам како отчукува во главава.. првиот роденден без него.. не знам кои солзи се потешки, оние од очите кои горчливо се борам да ги задржам, да не ги пуштам да паднат...или оние од душата...кои шо невидливо, тивко, но сепак непрестано паѓаат цела година...

    Но јас научив да не верувам на никој, научив дека денот не може да ми биде убав ако на некој мој драг не му е, научив дека добрината не се враќа со добрина, но ако сакаш да ја задржиш човечноста тоа нема да ти биде битно... тоа го научив на потешкиот начин...всушност ако не боли под дифолт не е лекција! Некогаш мора да боли, да го жегне срцето за да извлечеш поука.

    Ги отворам широко очиве, веќе не сакам да испуштам работи во животов ради мои глупи каприци. Го мењам од корен тоа.. создавам нови композиции за моето срце, нови ноти, ми требаше време..не викам не, но веројатно никогаш не е вистинско време од она кога ти сам решаваш да го свртиш кругот, но овој пат во спротивната насока. Ако биде, да биде. И не дека не се плашам, но, полека навикнав веќе да носам битни одлуки сосем сама... и покрај се...
    ...денеска бирам среќа !! :)
     
    На kravce, tweety26, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    На ваков сончев ден се роди уште едно прекрасно сонце во нашата фамилија! :inlove:
    Добредојде Теона! Te сака тета Брајт! Честитки до брат ми и снаата, верувам дека ќе бидат прекрасни родители!

    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Elennaa, kravce и 55 други им се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    убаво е кога некој ке ти се заблагодари па макар и за најобично нешто :$ -пропратено со би те замолил :wasntme: а тоа да е претседателот на УМС од месниот комитет

    и се додека не покажеш заби кај некои луге, за будала те сметаат -со посвета на типот што требаше да се запознаеме преку госпогата што учевме заедно Италијански соседот и се додека не му пишав дека нема да го молам да се запознаеме, тој не ми ни пиша ни титна, арно ама јас покажав заби и тој веднаш реагираше :lol:

    не е ден ако не ти го расипе некој-во случајов беше една госпога што му била сопруга на тој со кој се гледавме лани-кога го открив тоа, сама јас дамла ме удри-незнаев дали сум на небо или на земја :worried: а толку невино изгледа-незнам како дознала но дознала која сум незнам и ми понудила пријателство :!: и најверојатно очекува да прифатам а на нејзиниот профил се тој таа и нивното детенце
    не е таа крива, ТОЈ Е не знае да седи мирен и на крај ке западне во беља а кога ке се сетам колку пати сакаше повторно да се видиме ама јас-немам време, зафатена сум и сум навистина и арно ме посоветува една девојка-млада си да влегуваш во љубовни тријаголници иако типот е бонбона ама сепак решив да ја послушам :!: а кога сосема случајно се видовме пред Н Г само што не заплака -а јас ладна гоа камен кога ме виде-глума , невидена-кога тогаш ке настрада тој, важно јас да не бидам таа што ке потоне заедно со него :!:

    заборавив да ги спомнам комплиментите и советите од тимот на Дадар, мала промена :) -многу љубезно и фино момче и навистина ме насмеа и расположи :) ама цените се :worried:
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.986
    Допаѓања:
    110.482
    Пол:
    Женски
    Ах Брајт ме разнежни, твојава мала мора да ја сакал многу Господ кога ни ја пратил на ваков убав и сончев ден, нека и биде животот исполнет само со вакви денови :inlove:
    Инаку не знам дали сум ви кажувала јас многу сакам да живеам на море, не мора да е некое летувалиште познато, да е некој познат град, битно е да се будам со поглед на море, и така секој ден. Сигурна сум дека во некој минат живот сум живеела на море, иако не знам да пливам јас знам да уживам во него потполно :D
     
    На kravce, tweety26, Lepaaa и 9 други им се допаѓа ова.
  12. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    8) Добредојдени сте :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На srcekrsacka и Yowannty им се допаѓа ова.
  13. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Многу јадам,многу.

     

    Прикачени фајлови:

    На Elennaa и Doozy им се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Стани си дете, менаџер на ептен висока позиција, прај се дека си битен, паметен и дека без тебе цела фирма не би ни постоела и седи си на работа до касно под изговор дека не постигаш а реално немаш баш живот во кој би сакал да се вратиш.
    Евентуално наречи си се менаџер, пиј кафе, тропај глупости и врти со клучевите на маса.

    У двата случаја потценувај колку што можеш поише за да изгледаш колку што е можно попаметно.

    Капиталистички тажно, но вистинито.

    А мене само очајно ми е потребен викенд и многу сон.

    Е тоа последното, е веројатно најпаметното нешто што сум го изустила денес, а уста не сум отворила :D

    Ма, чао! 8)

    п.с. Сериозно луѓе, кој е Јоцо Панов или како и да се викаше типон со интимнион кабел?! Добро бе, кај да ни мрдне државата кога вакви вести се топ оф д попс?! Се прашувам...
    И арно што ме потсетија пред малку....ич не ме тангира која водителка ќе интервјуира без гаќи.
     
    На Lepaaa, Johny и AwesomeGirl им се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    заборавив да кажам дека бев таму каде што еден дел од моето :l: остана за секогаш
    чекорев по истата улица како кога студирав, се навракав на сите спомени-ми недостига многу тоа време уживам кога сум таму :)
    и да имам финансии, би си купила еден стан таму, и баш размислував за излегување, се веке ми е на некој начин дежа ву во градов и мислам дека е време да пробам и натаму почесто да се движам :)

    и уште нешто што благодарение на мојата средна тетка скоро го дознав-млекото, јогуртот, лебот што се производи во нашата секојдневна конзумација содржат состојка а тоа е ГЛУТЕН и ако некој од семејството е алергичен можно е и вие да сте алергичен.чна на истото-се испитува преку крвта :!:
    и секако постои и храна која не ја содржи во себе таа состојка но е премногу скапа за наши услови.
     
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    СДК во последно време стекнав впечаток дека на форумов се прават кланови... не знам зашто :?: :?:
     
    На Greeen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Мила моја, не знаеш колку ми значи пораката што ми ја прати. You made my day :sun:
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Ви кажував за чичкото што ми го направи денот пред некоја недела?
    Мислам дека немам напишано за тоа.
    Беше тоа еден ден кога одев на факултет, секако завршив работа што требаше(паметам немав предавање туку само требаше да земам некоја потврда за здравствено осигурување) и се враќав назад за дома.
    Одејќи така поминав нив гтц и внатре кога врвев одеднаш по мене викна еден човек, т.е се стрча кон мене и ме застана. :!: Јас како што си бев занесена посакав само да си заминам, ама ми рече: "чекај, уметник сум" и мене таа негова мисла ме запре и ајде реков да видам што ќе направи. Во рацете држеше едни ножици и хартија. Го погледнав и не сфатив што ќе прави, па за момент се зачудив, ама останав тука, немаше место за страв околу нас имаше полно луѓе значи место за опасност немаше нели кога ги видов ножиците ми поминаа многу мисли низ глава :x , ама после кога ми текна на тоа си се смеев сама на себе како можело да ми текне на памет такво нешто, дека сред бел ден ќе ме застане некој со ножици во раце и при толку луѓе ќе ме застане за да ме огради заканувајќи ми се со нив. :tmi:
    Така застанати стоиме, а оклу нас си минуваат луѓе, а јас никого не забележував само го гледав што прави и се чудев кој ќе биде крајниот производ.
    Тој режејќи од хартијата и ножиците направи слика од глава од девојка со капче(а јас носев капа) и ме изрежи т.е ја исече хартијата во девојка со капче што наликуваше многу на мене. Успат ме прашуваше, ми рече: ти студираш или работиш? Му реков дека студирам, тој ми вика: да не студираш медицина? -Му кажав дека студирам друго, а после ми рече: Имаш многу убава коса, а јас те мислев за 15-16 години, а ти си била на факултет. Ми ја пофали мојата идна професија и ми рече дека многу го интересирало тоа. :) Го прашав кај научил да го прави тоа-уметноста, тоа што го правеше со раце со едно парче хартија и со ножици. Ми рече дека од тоа живеел и дека во Италија го научил тоа.
    Од кога го исече и го стокми, кога ја видов девојката што ја изрежи страшно потсетуваше на мене, ја стави во едно најлонско кесиче како заштитник и ми ја даде и ми рече: дај сега колку можеш. Јас целата пријатно изненадена и воодушевена извадив 70 ден од паричник и му ги дадов. На крај ми ја бакна раката и ми посака пријатен ден. Не знаете колку бев среќна. На лицето ми се направи насмевка што цел ден не ја симнав. Уште еднаш си докажав на самата себе дека можам да се радувам и на многу мали нешта, уште повеќе тогаш ми се направи денот. Секоја чест за него што заработува на таков поштен начин, не знам дали има семејство, ама барем за леб дневно сигурно си вади, секако ако застанат доброволно некои за да ги изрежи така. Си викам ако знае само да прави ликови како мене на лик треба да има многу среќа да се појават такви девојки со виткани коси плус со капа за да може да ги изрежи, плус само на зима тоа ќе го прави зошто само тогаш носиме капи, ама не се сомневам дека може да режи секакви ликови и секакви луѓе, нели за тоа учел и се вежбал, можеби и некоја друга феминка ја застанал па знае за кого зборувам.
    Навистина тоа беше мала уметност од хартија и не го може тоа секој. ;)
    Пред некој ден пак го видов истиот, ама немаше во раце хартија и ножици, си стоеше со некои луѓе, сигурно не му застанал никој за да го изненади така како што ме изненади мене.
    Не жалам што дадов 70 ден. за парче хартија, ама тоа парче хартија за мене има голема вредност, ќе ме потсетува секогаш на факултетските денови и на тој ден.
    П.С заборавив да спомнам дел од разговорот, кога ја видов сликата т.е срценцето изрежано ми текна. Додека режеше ме праша дали имам дечко. Му реков дека немам, а тој ми рече како таква убава девојка како тебе да нема и ми изрежи од срценцата и нели 2 испаднаа зошто исто и 2 лика има на честитката како што си ја викам и ми ги даде и ми рече да ги ставам в џеб да ми биле како амајлии да ми донеселе среќа во љубовта.
    Еве го малото парче уметност за кое пишував, мислам дека се гледа убаво:
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-cherry, tweety26, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  19. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    Незнаеш колку ми беше убаво денес со тебе..Се надевам дека ќе се видиме повторно вечерва, денов да го завршиме уште поубаво :D
     
  20. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Запнала сестра ми прееска, ме боли мишката, па ме боли мишката. |( А се држи за плешката.. :D
    My sister, and everything can be real.. :D

    Прееска решив да одвојам малку време од моето безделничење, и да го посветам на копиљов надвор. Се подмочка неколку пати од среќа, битно ги повторивме вежбите за седни, легни, здраво и крукче на две нозе. Машала кога е во прашање бисквита и душата ќе ја продаде на битпазар, а не да не ме слуша. :D
    Научил дека има живот надвор од дворот, и само бара шанса да кидне. И има швалерка во соседниот двор, само прави дупки во оградата и бега таму да се мазат. :D
    Ама кога е во прашање неговото прашање на опстанок, а почнеме да ја викаме швалерката или да ја галиме, одма лае, гризе, љубомора на сопствената љубовница. Ц ц. Shame on you.

    Убав и сончев ден е, ама ме боли главата нешто и ме мачат киселини. Некако како да ми се јаде, а не ми се јаде. Немам апетит. И еве цел ден немам ништо во уста ставено освен едно бомбонче.
    И ме фати мрза, не правам ништо, а убаво ми е.

    I feel good.. No, not good, marvelous. Marvelous Mad madam mim :D

    With only a touch
    I have the power
    zim zaba rim bim
    to wither a flower
    I find delight in the gruesome and grim
    'Cause I'm the magnificent, marvelous, mad Madam Mim

    I can be huge
    fill a whole house
    I can be tiny,
    small as a mouse
    black sorcery is my dish of tea
    it comes easy to me 'cause I'm the
    magnificent, marvelous, mad Madam Mim!

    I can be beautiful, lovely and fair
    Silvery voice, long purple hair
    la la la la la, la la la la la
    la la la la la
    but it's only skin deep
    for zim zaberim zim
    I'm an ugly old creep
    Magnificent, marvelous, mad, mad, mad, mad Madam Mim!
    http://www.youtube.com/watch?v=UNjkuHQGa2w
     
    На kravce, LittleFairy, Hopeful и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.