[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Убаво е кога е сончев ден...а уште поубаво е кога на курсот по англиски ќе те пофалат дека знаеш многу и дека можеш да се справиш дури и со најтерсене професорката на цел факултет :) oh yeah :rock:

    Што ме боли најмногу од се' тоа нема да ме скрши НЕ ! :D
     
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Мажите уживаат во присуство на убава жена. Паметен маж проценува непристрасно дали убавата жена има душа да биде искористувач или пак има душа и памет за да се обиде да стане одлична сопруга и мајка и/или идна самостојна деловна жена.
    Жените кога ќе видат убава жена се плашат од неа. И паметните и тие кои не се. Тие се плашат од нејзината убавина, а уште па и да биде паметна е тогаш тоа е комбинација која им претставува кошмар. Барем во Р.М.
    И затоа луѓето си седат невработени некогаш. Признавам не секогаш тоа е причината. Ама кога гледаш дека е тоа си викаш у пмФ не сум јас крива јас што ти си само тоа, а јас и тоа и тоа.
    Сопствен бизнис му е мамата. Ама од каде за тоа финансиите.
    Мало парче сиренце од Берово и интегрален леб. Е такво богатство предмалку вкусив.
     
    На tweety26, Springy, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Многу убав ден бе луѓенца! :)
    Денеска по не знам колку време максимално го искористив денот и си направив огромен кејф на душата.
    Бев на факултет по оценка, шетав, пиев кафе, си ги однесов чизмичките на чевлар да им смени флекници, па пак шетав и дури сега пред половина час се вратив дома.
    Туку кога сме кај флекниците немате поим колку ме нервираат првите флекници на новите чевли.
    Пластични, скапани, никакви..
    Да ги прошеташ чевлите 2-3 пати и флекниците ќе ти се расцветаат. |(
    Ако не ги смениш на време ќе ти отидат и штиклите. :|
    Или јас налетувам на чевли со скапани, пластични флекници или сите што ги произведуваат се такви. :?:
    Туку..
    Утре пак ќе било сончево времето а?
    Планирам и утре рано да станам од спиење.
    Се договоривме со љубениот да пиеме утринско кафе и сок од портокал на тераса.
    Ако ми почне така денот, неизбежно е да имам убав ден.
    Па и вечерта со пуканки и добар филм не може да биде лоша.
    И не е до сонцето, ова убаво чувство е поради успешно завршената испитна сесија. :)
    Среќата е најубавото чувство што може да те обземе, сонцето е само јаготка на шлагот.
     
    На Buttterfly, Mishela, tweety26 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    381
    Често доаѓаме во ситуации да бидеме изреволтирани од страна на државните службеници во банки, управи, од професори, доктори и други институции кои секојдневно ни се потрбени.
    Зошто?
    Точно е дека улога игра и личната култура на поединецот но и знаењето кое го поседува од областа.
    Студентите се молат да го поминат испитот а кога се најдат на листата на положени скокаат од среќа, свесни дека не го знаат материјалот.
    Каков службеник да очекуваме од таквиот студент?
    Очигледно е дека материјата му е едвај позната чим положил со шестка а често и среќата игра улога.
    Каков доктор ќе биде тој еден ден? Зарем би можела да се ослонам на него и неговото знаење?
    Критериумите на факултетите се многу ниски, примаат двојкаши среднисти само за грабање пари и сето тоа еден ден ќе се одрази на глава на државата преку нефункционалните институции.
    Би сакала да се врати старото време кога само квалитетните ученици имале шанса за запишување на факултет и кога критериумите биле повисоки а знаењето ценето.
    И баш ме интересира дали во фирмите и на други работни места ти ги гледаат оцените со што си положил или битно е само дека имаш завршено одредена професија т.е. дека имаш диплома.
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Значи навистина не можам да поверувам до каде оди светов,т.е. поголемиот дел од денешната младина.Изненадена и изрволтирана сум од нивната бесрамност и толку слободно однесување,затоа што секојднево се среќавам со безброј случаи на таквата бизарност најмногу на интернетов.Најголем "впечаток" ми остави една 14 годишна,кога кај нејзе на аск.фм прочитав толку,толку засрамувачки одговори,толку глупост и неинформираност на едно место.Значи колку се изнервирав.Но кога ќе подразмислам,сфаќам дека постојат и други случаи кои се одликуваат со ретардираност,и за нив навистина треба да се плаче.Зачудена сум од нивниот закоравен мозок и таквото безобразно и несоодветно однесување,најмногу на социјалните мрежи и општо,насекаде по интернетов.СЕккао,и родителите се виновни.Тие треба да обрнат повеќе внимание и да ги воспитаат правилно децата кои тргнуваат по лош пат.
    Ова е загрижувачко,како ќе одиме напред со вакви млади кои немаат никакви амбиции,а многу слобода и невоспитување?
     
    На Someonespecial, Elennaa, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.076
    Од како ти го прочитав постот, прво што направив беше проверка на твојата возраст.
    Претпоставувам дека возраста ти е точна, бидејќи само некој кој сеуште не стапнал на нашите факултети (акцентот ќе го ставам на државните), барем еднаш не ја осознал вредноста на шеската кај некои професори и разликата помеѓу знаење и отценка.
     
    На mims-89, kravce, Mishela и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    СДК дека малку го сапоставив форумов последнава недела, но оправдано поради настинка и изнемоштеност :!: Сега се враќам со полна пареа и едвај чекам да го надополнам изгубеното. Искрено да кажам ми фалевте :hug:
    Исто така СДК дека денеска се чуствувам препредобро, имам вишок позитивна енергија и тоа многу ми се допаѓа. Одамна се немам чуствувано вака. Незнам дали е поради тоа што после тешка битка го победив вирусот или поради тоа што се повеќе и повеќе, повторно и повторно се заљубувам во мојот дечко. Се чуствувам како за прв пат да имам пеперутки во мојот стомак :lol: . Сепак ми се допаѓа оваа моја вишок енергија и вечерва кмх планирам некако да ја потрошам :$ :lol:
     
    На Greeen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    I want to break free from your lies,you're so self-satisfied and I don't need you...
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    ... за некои шестки и седумки во индексот, сум се помачила трипати повеќе отколку за деветка или десетка.

    И кога ќе ми текне, уште во средно како сум си ja чукала главата за некои предмети, за кои сум знаела дека не ме интересираат, ниту ќе ми прават разлика во мојот живот... непроспиени ноќи за да запаметам деветцифрени бројки за овците во Нов Зеланд, и да добијам 5ка географија да речеме.
    Или некои глупави ем тупави математички формули кои не ми потребале никогаш... за тоа изгубено време и нерви, сум можела да седнам и да си прочитам толку многу книги кои ме интересирале, да се посветам на хоби кое сум го сакала со страст... дури сметам дека и квалитетен филм ќе ми направел повеќе разлика во животот, и ќе ме обликувал во подобра личност, отколку глупави теореми, размножување на цветови, катјони и анјони.

    Значи се каам, за тие пролеани солзи и тоа потрошено време и нерви.
    Седни, научи си за двојка или тројка и шибај си.
    Посвети се на тоа што ти значи, на она за кое те бидува.
    Ако си умен и квалитетен, ќе испливаш на површина.
    Никој нема да ти ги погледне оценките, ниту од средно, ниту од факултет.

    Ако порано беше, учи за да полесно се запишеш на факултет, денес ни тоа не е веќе мерило.
    Сите ја имате таа можност за студирате, искористете ја паметно.
    Не станувајте сервилни личности, посветени на книгите кои апсолутно не ве интересираат !
     
    На Someonespecial, Chica.Loca, sweet-cherry и 36 други им се допаѓа ова.
  10. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Морам да се надоврзам на муабетов.
    Ако некој имал двојки-тројки во средно (кога бил дете, сеуште незрела личност) не мора да значи дека истите резултати ќе ги има и на факултет.

    Познавам многу кои едвај поминувале година за година во средно, а на факултет се покажале како одлични студенти. Почнале да созреваат и да ја сфаќаат сериозноста на образованието и градењето на својата иднина.

    За тие 6-ки ќе се согласам со danichap на своја кожа имам почувствувано како е да научиш за 10-ка а професорот да ти стави 6-ка.
    Понекогаш за таа 6-ка треба да се растртиш од учење.
    Знаејќи го таквиот висок критериум на професорот при одлично подготвен испит и јас се молам да положам.

    Во однос на оценувањето постојат ОГРОМНИ разлики.
    Ако некој има смешно низок критериум на оценување, друг пак има нелогично висок.
     
    На EleMental, DeMelo, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ми требаше нешто кое ќе ме измори до највисок степен! Нешто кое ќе ми ги тргне тешките мисли и ќе ми ја олади главата!

    Мислев, што да направам. Се одлучив за прошетка...
    Но, ја земав со себе целата моја заштеда. Не знам поради која причина ги земав парите ама многу работа ми завршија :D
    Пешачев, така на патичиња и тренерки но темните мисли не ми се тргаа ни за минута.
    И, одлучив да се обидам со лекот на секоја жена/девојка...Шопинг.

    Не беа којзнае колку пари, ама сите до последен денар ги потрошив!
    Дури последните десет денари за Смоки ги дадов :D само за ништо да не остане во мене...

    Дали беше до мојата психа, или навистина шопингот помага. Барем кај жените.
    Почувствував такво олеснување.
    Изморена сум, мислам нема да имам сила да станам до вц да отидам. :lol:
    Само прстите и очите ги движам во моментот. Секој дел од телото како паралзиран ми е.
    Уморна сум, а и ненаспана! А кога сум без сон, како да сум без душа, без ништо...

    И така јас да ви кажам дека излегов со солзи на очи и душа полна до гуша со тага, а се вратив како нова! 8)
    Сега на сите ви посакувам убава ноќ.
    Одам јас, легнувам и ве позравувам со една песничка. Со оваа ќе се успивам сега :!:

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... J1c9ErCn7w
     
    На EleMental, Elennaa, Micheleljubov и 9 други им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Секоја ноќ одејќи кон дома, во тие 15тина минути, разговараме на најразлични теми. Додека на радио задолжително пуштаат стари македонски хитови, ние зборуваме за некои планови за во иднина, за тоа што досега ни се случило или за тоа какви обврски не чекаат.
    Но, синоќа зборувавме на тема која не ме остави да заспијам неколку часа откако си легнав.
    Ме праша: Сакаш ли да те научам да свириш на клавир? Или гитара?
    - Знаеш дека пробав да свирам на гитара и ми се раскрварија прстите. Клавир? Не сум размислувала за тоа. Што ти текна па сега да ме прашуваш такво нешто?
    Тој: А виолина? Сакаш ли да ти купам една за роденден?
    Се замислив...

    Роденденот ми е дури за 3 месеци и не знам од каде му дошла идејата за еден таков подарок, ама сериозно ме замисли. Немам фатено виолина во раце скоро 10 години. Ќе ми треба време да се потсетам на некои основни работи кои ги научив уште кога имав 8 години. За да свириш на еден таков инструмент потребен е многу добар слух, а во текот на сите овие години без вежбање, сигурно го имам изгубено слухот и не би можела да ги препознаам нотите ако ги чујам.
    Синоќа си размислував за моите први часови по солфеж и за тоа колку многу вежбав свирејќи за да успеам на памет да ги научам сите тие музички дела. Некои од нив сѐ уште ги чувам некаде низ дома. Размислував за тоа што би се случило ако повторно фатам виолина во раце. Веројатно не би ја пуштила сѐ додека не го надокнадам она што сум го пропуштила низ сите овие години. Имав неверојатна желба да продолжам во тој правец и имав силни амбиции да се бавам со ова професионално.
    А денес, од оваа гледна точка, ми е навистина жал што дозволив да ги изгубам моите амбиции заради неспособноста на мојата професорка да ми го пренесе нејзиното знаење и нејзината љубов кон музиката. Сите нејзини предавања кај мене имаа толку лош контра-ефект, до тој степен што јас го замразив Бах, Шуберт, Бетовен и сакав да ја скршам виолината на парчиња! Чувствував притисок од нејзината желба да ја импресионирам на секој час, а секоја нејзина критика мене ме демотивираше да вежбам уште повеќе. Дојде период кога повеќе не сакав да станам од кревет за да одам на часови, а набрзо дојде и денот кога решив дека повеќе не сакам да се бавам со тоа.

    Зборот ми беше - не секој професор е добар педагог.
    И безразлика колку знаење има еден професор, секогаш постои можноста да ја убие љубовта и желбата кај едно дете да научи нешто ново.
    А што се однесува до мојата професорка... од тој ден никогаш повеќе не ја видов. Но, ако утре имам можност некаде да ја сретнам, ќе ја застанам и ќе ѝ кажам дека оној кој ѝ ја доделил улогата на професор, направил голема грешка.
     
    На Chica.Loca, Elennaa, teddybear и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    I feel so alone on a Friday night...
     
    На crazylady и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.738
    Допаѓања:
    17.701
    Преку глава ми е од испитите секојдневно.
    Мразам кога ќе треба да излезам негде и кога ќе се приберам.
    Посташно од факултет е, верувајте!
    Требаше денес да имаме нешто како ’состанок’ со тие од Авон - ’Тренинг за добредојде’.
    Пред да излезам: Зашо е тоа? Од колку саат е? У колку ќе завршете? Кај ќе биде? Кој ќе биде таму? Со кој ќе одеш таму? Зашо мора да биде таму, зашо не на друго место?
    Кога си дојдов: Шо правите на тоа? Многу време те нема? Сигурно ли беше само таму, на друго место да не беше? Со кој беше? Кој беа таму? Шо пиеше?
    Луѓе, верувајте дека е премногу напорно. Викам подобро нека пратат некој да ме следи :bandit: , само да ги избегнам горенаведените прашања.
    Него, на тоа зборат како треба да нудиме креми, на кој да нудиме, шо да нудиме. ми се идеше да и речам: Ти женска, знаеш која сиромаштија е денес? Знаеш дека луѓето крпат од месец за месец? Ќе ми порачуваат они на мене крема од 2000 денари. Али ај, си ќутев ја, и дував низ нос. А па едни шо имаше лигавеши, колку пати ми се идеше да им лупнам по една, ама се воздржав. И така. :)
     
    На Someonespecial, Lepaaa, LittleFairy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. single33

    single33 Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0


    Right there with ya.. ;(
     
  16. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    556
    СКД бебенцњво е многуууууу слатко! :inlove: :inlove: :inlove: Обожавам црни бебенца!! :inlove:

    [​IMG]
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Не си сама,тука сме :) А и баш те барав кај се изгуби :) Welcome :*

    Па и јас сама сум,си мислам некои работи,to be or not to be и гледам дека работите излегуваат ко што мислев.И си мислам,за некои работи другите сами си се криви,еднаш ќе направат едно нешто и после нормално дека ќе мислиме поинаку и ќе постапуваме поинаку со нив.Многу такви се нашле во мојот живот,од такви кои не ми значеле до такви кои многу ми значат.Ама ако,тоа што си надробиле,тоа ќе сркаат. Во овој свет,само така можиме да излезиме на крај со нив.
    За разлика од други,кои направиле многу работи за мене,им текнува на мене без јас да им посочам или да ги потсетам,е тие луѓе знам да ги ценам.
    А има и такви кои го направиле и едното и другото и тогаш ме ставаат во знак прашалник.Ама ќе помислам добро околу тоа,во зависност од однесувањето на личноста.
    Има и група на која колку и да и се лутам,колку и да направи некој глупост,по некое време ќе им простам,ако се искупат де ]:) :D
    Ах,јас и моите мисли...Додека си мислам еве сестра ми стигна,па со неа малце да се видам :)

    П.С. Отворив една тема,кој има што да кажи да пиши :D
    dom/klima-uredi-klimatizeri-t16346/
     
    На kravce, Lepaaa и Smilly им се допаѓа ова.
  18. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    СДК Многу интерсени настани има во фебруари.Како прво големиот празник 14-ти.Оскарите се тука,Златна Бубамара на популарноста,Македонската евровизија т.е.пуштање на песната Опсесија.И мислам дека МТВ го слушнаа мојот апел :D па сега најавуваат забавни емисии и квизови.Колку што можев да видам ќе има Танц со познатите,Круг на знаење,Џиш со Игор Џамбазов и уште една емисија со Живкица Ѓурчиновска.
    И да не ги заборавам мачките :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Она китење со туѓи перја, епа не ми беше убаво кога видов до моја фотографија дека стои туѓо име. Девојката беше прекрасна и кажала да ме потенцираат и се, ама секој со свој ум, и сега што? Штета е направена, нашите списанија редно време да почнат да работат на прашањето авторски права. Не ми е сеедно, ама не можам да ја исправам грешката, само можам да им посочам дека не е во ред.
     
    На sweet-cherry, EleMental, Elennaa и 16 други им се допаѓа ова.
  20. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Сакам да кажам дека сум во врска...
    Хаха ..
     
    На Elennaa, CIA, Umbrella22 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.