[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    524
    Денес ми е тапа денов. Хорор. Сеа ќе си легнам, ни излегување ќе се види ни кафана... НИШТО!!!
    Станувам сабалје, тетками со косата црвена стигнала една недела порано. Добредојде |(.
    Имам гости во куќа, се смеевме цел ден, ама многу бука мене дефинитивно ми смета, се напнувам, нервозна сум. Се испокарав со мама ради тоа, сеа ми е криво ;(.
    Имам понуда за да бидам сведок на регистрација братучедами се омажи и ептен сум среќна. И на сето тоа вечерва мама ми кажува синоќа сонувала сол, дека братучедами (што се омажи) била кај нас, и ми го дала чаршавот што јадиме да го истресам од трошки и од него изпаднала огромна змија. Братучетками ја убила но и останала само главата и скокнала кај мене за да ме касне. |(
    Бабами слуша и ми вика "А како на мајкати не и текнува дека тоа не била ******(братучетками) туку била Св. Петка" нели денес петок :o :o. А пред месец дена ми гледаа на кафе и жената ми кажа дека Св. Петка ми е заштитник. :|
    Ова денеска за мене е премногу дефинитивно. Јас идам да спијам а вие имајте убава ноќ.
    Virtual hugs to all :* :hug:
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.435
    На Micheleljubov, Katerinceee, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Значи, поубаво чувство после депилација - нема! 8) :rofl:

    Ко кугларска топка мазна, со српски чипс од бела вешалица и џус од домати уживам во петочново вечерно гушкање со себеси. Денес си давам оддишка од последниве 12 дена внимание и оскудација од храна :) Стагнирам, минус 2кг, но желбата за храна ми е намалена. Си запалив миризлива свеќа и кулирам. Маникир, педикир, купено здрава храна за наредната недела, темно чоколадо, нов шампон и купка, пилинг за тело и закажана тетоважа во вторник. Ептен си ја наредив и некако си припаѓам токму овде кај што сум. Слушам Madrugada, и ми се спие ко никад. Денес беше напорно, тема на муабет беа пениси и диети (кога неколку жени во канцеларија спобудалуваат, тоа ќе да е единствен начин да се фати правец!), се делеа Атлантис бомбони на кои им одолеав, цел ден сум на едно тостче и јогурт и чипсов сега, ама некако... Ок ми е.
    Во понеделник после полноќ да ме слушате на 103ка, ќе имам радио поезија и мала ноќна прикаска, со Тома сега ги преуредуваме деталите, се надевам ќе си поминеме супер.
    Талкајќи по библиотекава дома, си најдов една збирка поезија што ја добив пред две години на СВП од еден холандски автор, кај што имаше стих за вештината на живеењето - да го работиш она што го сакаш, значи да бидеш сам свој господар е најголемата слобода на светот.
    Јас, не го работам она што го сакам, но го живеам она што го сакам, и што ми треба. Ја живеам Љубовта кон пишаниот збор, тоа ми е симболот на вечност и одржаност, бесмрт која ќе ме оствари како личност, уметноста што ми значи спас, радост и истовремено истурени емоции од срцето директно кон светот. И почувстував неопислива радост што сите години на факултет најдов духовна храна, луѓе со кои и денес циркулирам, повеќе или помалку, но сите ми значат, на свој начин. А наученото, уште повеќе.
    Нештата секој ден се менуваат. По грам, по капка, по еден обичен чекор. Но соѕвездијата што ги правиме, се единствени. Вчера во кинески, се убивме од смеење, јадејќи колачиња на среќата, при што констатиравме дека сме си ги изеле желбите, а всушност - не сме го приметиле малото светликаво коцкиче целофан во кое се крие пораката. И ги раскопавме колачињата за да дојдеме до своите желби. Така и низ животот. Мораш да копаш - дали по кал или во чоколада, ама мораш.
    За желбите да добијат свое јаве.
    Нашето јаве вели дека сме верни ко сестри, секоја има свој живот, а заедничкиот мозаик наречен другарство секогаш ми ја стоплува душата.
    Спијам а сум будна. Можеби и сонувам. Фино е да се биде Жив.
    По 11 км возење точак завчера, богами, фино е.
    Линкот полн надеж еве го:

    http://www.youtube.com/watch?v=Y3ZUBAAQeRA

    Со полно срце, онака како што еден обичен петок може да ти направи необично убави чувства.
    Ве поздравувам, и ви посакувам мачорски февруари, да имате многу благодети, да не се нервирате и да ви цути лицето од Љубов.
    :*
     
    На AnaKarenina, ludoto19, Serafima и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    [​IMG]
    Стоп д шоу :P :rofl:
     
    На kravce и crazylady им се допаѓа ова.
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Се изнашетавме денес, одамна немаме сите 3ца вака излезено ..
    Надвор што да кажам секој свој филм си тера, некој во веро дава 200евра за играчки (ова навистина паднав во несвест кога видов и тоа за 1 дете) а ние скромно со две мали кесички си излеговме , искрено се засрамив ... се надеваме на подобри времиња.
    Сега легнувам мртва уморна сум........ прво имаме шшшшшшш 1 час , после се комирам.
    Кој ме разбра ме разбра кој не ... Добра ноќ
     
    На tweety26, DeMelo и LittleFairy им се допаѓа ова.
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.435
    Колку повеќе ги запознавам луѓево, толку повеќе не ги разбирам ! ;)
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    АААааахххх колку имам за да кажам ама нешто одвнатре ми вика “ај закути, стиши се и не летај“ !
    До душа, да бидам искрена немам што многу да кажувам, туку да пцујам, да испцујам све живо и диво и на крај да стигнам до тоа дека државата ми е крива за све. Грујо ли, Бранко ли, сеедно. Некоја негативна енергија врие од мене, што почнувам да мислам дека на чело ми пишува GO TO HELL!
    И не, не сум две недели во пмс! Така да, пмс не е криво!
    Добро, па како може здрав, прав и нормален човек да излезе од никаквава ситуација? Како може еден нормален, образован, самоуверен човек да просперира во државава? Оууу реков просперира?! Не, не...требаше да речам да се вработи?! Зарем треба со дипломата да се претставам себеси или со лавчето од вмро? Или со ружата од сдсм? Да да, утре кога ќе барам работа на чело ќе залепам лепенка или со лавче или со ружа! Траги-комично!
    Овде и да си ја сакаш државата и да си се прогласуваш патриот себеси, не-живеачката ќе те натера да се иселиш. Овде не се живее, овде се преживува. Едвај се спојува крај со крај. Пусто среќна сум што моите никогаш во живот не земале кредит од банка, па мирно спиеме навечер без хипотеки и долгови.
    Друго....луѓе што е со турскиве серии?! Една прекини, друга започни. Зарем неможе место да синхронизираат серии, да синхронизира Ј.Жугич една документарка. Никако две! Една доволно ќе биде! Да научат луѓето барем КЛЕТКА што е! Народов речник нема, а камо ли знаење. Па добро и јас преку леб погача барам. Претерав... |( Не, навистина, да не се знаело збор со збор да се сврзи.

    Па добро бе луѓенца еве да бидам тмурна и негативна, ќе ви кажувам што сакам.
    Сакам моите дома да немора да бидат преку 60-и кусур годишни да може да земаат пензија. Не ми е за безпари ЈСП ниту за бања, туку ми е за да не ги гледам уморни секој ден. До душа татко ми е дел од ОХИС (неможам да кажам вработен зошто неодат охис-овците на работа) и стигна до тој степен да каже дека неможе да оди на штрајк зошто и за да појде нема 70-80 ден секој ден да дава по автобуси за да мрзне за скапаната фабрика која и онака не работи!?!?! Па како да не мрчам за вработеноста сега?! И еве ајде ќе речеме постар е, поминало неговото. Ок. Да зборам за младите? Па кој млад (без партиска книшка или помош од вујко-чичко-тетин) се вработил? Реално?! Дали има преку сила 10тина души кои на среќа или со знаење ги примиле во приватна фирма каде газдата е странец и почитува образованост и компетентнос (и да додадеме дека тој газда маста ти ја вади од работење, но ајде научени сме дека кога има работа не треба да се жалиме).
    Пак мрчам...
    Еве конечно прекинувам.
    Сакам да кажам дека макар како бебиситерка (феминките од чат знаат) сакам да ја напуштам Македонија. Да шетнам, скитнам некаде, да бидам далеку од турскиве серии секој ден и макар и да не работам според тоа што сум го учела, да чувам детенце ете, да видам дел од светов/европава. Краток е животот и немате поим колку сакам да не сум закована на едно место. Да не мислите дека аздисувам, но да имам некаква асална работа, да придонесувам некако, да ме сака државава и јас ќе ја сакам неа. Јас сум ја сакала, сум учела тука во државните училишта, сум се лечела во државните болници, моите работеле за неа, а сега за да се вработам нема каде. Ок, ок. Нема пак на политика да се навраќам.
    Второ што сакам е дечко, не дечко - дете, туку дечко - маж кој знае што сака од себе и од нас како пар. Човек кој нема да се плашам дека ме лаже и пола плата ја фрла на пиење/коцкање/проститутки/спонзоруши. Се поубедена сум дека никој не ја цени љубовта и сите гледаат во другиот како еден вид на исполнувње на интерес. Не сакам тип со пропорциите на омилениот актер, иако не би било лошо да ги има, секако. Знаете за што зборам. Реален човек со позитивни мисли за да ми ги неутрализира моиве негативни :P
    Сега неможам да се навраќам на почетокот на текстов за да ставам смајлиња и да ви ја доловам вистинската енергија (која и онака е негативна) па можеби и подобро вака.
    Ви благодарам на сите кои го прочитавте ова и се надевам дека добивте слика колку тоа реална како личност сум, и колку амбиција носам во себе. Еј...и љубов неискажана такоЏе. Жалам ако некому му ја скиснав вечерта, но неверувам, петок е и повеќето шеткате, пивнувате по некоја пијачка, џускате или се спремате за џускање, или се радувате што утре не сте на работа па ќе си поспиете повеќе.
    Гледате дека на крај не завршив со пцуење и ѕвездички наместо букви во безобразните зборови. ;)
    Можеби и мислењево ќе заврши во Испукај се....но тоа не е важно. Важното е дека го напишав целосно. Мммм.... можеби имав и повеќе за пишување, но ај да ве поштедам малце :P
    Ветувам наредното подолго пишување ќе биде поведро и позитивно. :)
    Имајте убава вечер и викенд што следи :*
     
    На ludoto19, julie77, Serafima и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Стварно веке ова не е нормално.Колку и да сакам да продлжам напред неможам,неможам.Никој несака да ме разбере и сослуша.До кога вака? До кога ке плачам за некој што не ни ме гледа,како јас да не сум тука? Како кога некој од најблиските те понижува пред другите? Веке е доста.Несакам да го трпам ова,а и не сум должна.Ке правам што ке правам,ама ке најдам решение.Колку и да изгледа погрешно за другите ке го направам тоа бидејки неможам јас цел живот да трпам.
    Вака е неколку години и цело време плачев,викав се тепав,ги молев ама кој ме слуша мене? :?:

    Сакам да живеам на др место со др луѓе.Луѓе кои што се богати со знаење и добрина.Луѓе што знаат да ценат.Луѓе кои искрено ке те сакаат.Луѓе кои ке те подржуваат и цело време ке бидат покрај тебе,а ти да им возраќаш со уште подобро,да ги правиш среќни исто како и тие тебе. :)

    Ама,тоа за жал не постои. :( Освен во некои случаи таква личност е мајката.

    И ете јас само филозофирам и ништо паметно не кажав.А како да кажам нешто паметно? Како? Кога не ми се ни живее веќе.

    Дали за сето ова е крив животот,судбината,ние самите или што?
     
  9. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Што се за нас 30ден...кога за некого премногу значат. Додека седевме во кафич со другарки, дојде глув човек и побара помош..со пари. Кога го видов во лик, срце ми се скрши..колку имаше тажен лик...Во кој луксуз ние живееме за разлика од многу..а не знаеме тоа да го цениме...лошо :x . И секако веднаш му дадов пари.
    Бев среќна што помогнав...но бев уште посреќна кога му ја видов насмевката на лицето. Да направиш некого среќен..и да му изнудиш насмевка на лице која тешко ја имал..е голем успех. :)

    [​IMG]
     
    На crazylady, EleMental, Elennaa и 10 други им се допаѓа ова.
  10. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Уморен сум. Многу.
    Можеби звучи себично и разгалено на 15 години да си го велам ова но преку глава ми е.
    Омаловажување и глумење супериорност од страна на млади кокошки кои едвај факултет завршиле а титулата професор ја добиле благодарение на врските на мама и тато.
    Да,професор си и постара си од мене,го почитувам тоа.
    Но тоа не ти дава за право да ме омаловажуваш мене,моите родители и моите способности само затоа што татко ми не е на чело на советот на родители.
    И да,боли.
    Боли што денес професијата камионџија се смета за дното на хиерархијата во општеството поради некој стереотип дека сите се необразувани морони.


    Високи очекувања и сништа.
    Никаква реализација и остварување затоа што некое магаре со факултет ти вели дека не си доволно добар за посраната му секција...

    Знаев дека ќе допрам до ова,но не волку брзо.
    Ох средно,колку проклето те мразам!
     
    На Chica.Loca, sweet-cherry, Foreveryoungiwannabe и 44 други им се допаѓа ова.
  11. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    не те почитуваат и те оговараат од за грб денес сите :(
     
    На sunfemina и LittleFairy им се допаѓа ова.
  12. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Оф мори мајко, во кој филм сум била кога ова сум го пишувала, ако знам за што се работи глава сечам :|
    Така е, во право си. КУЧКА Е :devil:
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Оценката не е мерило за знаење.
    Може да се отепаш од учење и навистина да извлечеш знаење од сето тоа и да добиеш 6-ка, а може и воопшто да не се потрудиш или да го разлисташ метеријалот ради-реда и да положиш со 10-ка, а врска да немаш од материјалот.

    Во многу случаи оценката многу зависи и од професорите и нивното расположение, па многу често вистинското знаење не се вреднува, туку се креира некаква искривена слика врз основа на еден тест, па се добиваат многу незаслужени оценки.

    А колку само примери има за „десеткаши“ кои одлично го набубале материјалот и добиле 10-ка, а кога ќе паднете на муабет за тоа и тоа од материјалот тие не можат да се снајдат или не знаат за што им зборуваш, ама важно положиле со 10-ка :!: , додека пак тие со 6-те многу добро знаат за што станува збор и многу често знаат да изненадат со податоци за кои „десеткашите“ немаат врска - и да, тоа се вика знаење, кое без разлика на оценката од испитот, останува засекогаш во главата и ни една оценка не може да го измери. Тоа знаење понатаму одредува дали една личност ќе биде успешна во својата професија, дали ќе биде добар доктор, професор, правник, банкар итн., а не оценките.

    И многу ученици што во средно имале 2-ки, 3-ки постигнале многу повеќе на факултет од ученици што ги имале сите петки. Тие „послабите“ покажале и се здобиле со многу повеќе знаење од некои „петкаши“ кои се изгубиле во толпата на факултет и тогаш сфатиле дека нивните 5-ки се пишани на ветар.

    И навистина би било многу подобро кога критериумите би биле повисоки и кога знаењето би било навистина ценето и би било најважниот критериум при прием на факултет, на работа или каде било, зашто само во тој случај вистинскиот квалитет би излегол на површина, а не се’ да се сведува на ранг листи според бројчани податоци, оценки или според тоа кој има повлијателни пријатели (врски). Во тој случај многу луѓе не би биле таму каде што се.
     
    На Chica.Loca, bittersweet, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Денот ми помина совршено.Денес цел ден си се смеев и бев многу среќна.Денот ми мина со најблиските и со другарките.Бевме на роденден на една другарка, и си поминавме супер.Игравме пеевме и смаливме некое килце :rofl: .Во школо денес сите петки.А пак сега надвор глетката е преубава.Кога ќе застанам на прозорецот и погледнам кон небото гледам ѕвезди кои танцуваат на сииното небо,а пак месечинката само им се смешка.Многу сакам да седам на прозрецот и да гледам кон небот.Глетката ме исполнува, ама најмногу кога гледам и слушам музика...
    И на крајот од сето тоа се изморив и ми се спие,прееска на роденденот многу играв и сега се ме боли.Одвај раце мрдам, ми треба одмор малку а и рано станав.Сега ќе си легнам да се одморам.:rofl:
    Имајте добра ноќ и слатки сништа!Се читкаме утре! :* :hug:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека имам прекрасен дечко кој го сакам повеќе од се на светов.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Научив да играм спортска :rofl: :rofl:
    Од утре, над билтен! :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Elennaa, Umbrella22, Stoimenovska и 2 други им се допаѓа ова.
  17. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Повеќе немам на што да се радувам,а не сакам да плачам,не,нема да плачам.Црната боја го покрива моето тело,косата до рамена,права,лицето бело,без сјај.Научена на казна се заробив и самата себе,сакам да врискам силно,додека не почувствувам болка во грлото.Со моите неполни 2 децении,можно ли е да сум толку грешна,грешки направени од љубов,кои ја смениле насоката.Можно ли е да сакаш некој со цело свое битие,а истовремено да мразиш.Колку долго ќе бидам искористувана,до каде можам да поднесам и дозволам,но нема да прекинам знам.Премногу се покорував и верував во луѓето,грешни ѓаволи,скриени зад маски.Само чекаат.Чекаат жртва.Некој многу послаб,лесно што ке наседне,а потоа го вовлекуваат во замка.Пијат од изворот на неговата сила,чистина.Господари се веќе тие.Па така и јас ја заборавив убавината на живтот.За мене нема ништо розово,во нијанси сиво гледам само.Без никаква помош,се трудам да се издигнам,време мине,заборавам,расчиствуам со спомени,но можам ли против срцето..

    ДАЈТЕ МУ ВРЕМЕ НА ВРЕМЕТО :)
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Неколку вечери по ред сонувам како сум трудна. :o Да де, тешкотии, јасно ми е, не дека ружи ми цветаат периодов, многу работи треба да се случат, ама мислам дека и трудните жени на ТЛЦ имаат потсвесно влијание на соништава. :rofl:

    Како и да е, еднаш пробувам на дотичниот момак да му објаснам дека сум трудна а не е негово :D , после во друга верзија им кажувам на сите пријатели и роднини собрани на куп дека да, трудничка сум, ќе се мажам, ќе раѓам , фамилија, ово оно... трета верзија барам некаде да одам и нешто да правам, мислам дека сакав да го абортирам. Боже Господе, шта речи. :D

    И некој во сонот ми вика, епа Дузи, тоа е тоа, спремна ли си... Јас наеднаш се шокирам, како ми текнува дека нема веќе спиење и станување кога сакам и како сакам, нема веќе излети јас кога си сакам и одам каде сакам и со кого сакам, ми текнува дека сум заглавена со еден маж за навек :o (многу шокирачки ми беше ова, најозбилно), нема да можам веќе слободно да си чмаам по цели денови кај баба ми или дома со сестра ми или да поминувам време со другарчињата мои, нема кафиња кога сакаш, пиенки и запивки е прашање дали ќе има, испаѓања, лудувања и сите мои мали задоволства кои ми го прават животот убав и младешки и разигран.... :o и бев.... ЧЕКАЈТЕ ЛУЃЕ, сечете, крај, конец, не го раѓам, вратете го назад. :rofl:

    Муабетов ми е, се во свое време. Напанак тоа што моментално ако имам бебе ќе треба да го ранам со марули и трева и заедно да созреваме :tmi: , едноставно, не сум спремна за никакви поголеми обврски од полагање испити и јадење и излегување. Сега сум себична, можеби и плитка на повеќето мајки кои го читате ова, ама сфатив дека си се сакам себе и своето (слободно) време, а богами и си го сакам животот како што ми е. Лагано, опуштено, како што ми сече тутуруткава зелена, така правам.

    И заклучив колку била несебична мајка ми што одлучила да ме роди на 20 години (да не ме сфатите погрешно, ама не би родила дете на 20 години :| ) и да се откаже од сето тоа... а јас малку како да не го ценам тоа и нејзе доволно. :tmi:
     
    На sweet-cherry, Foreveryoungiwannabe, crazylady и 30 други им се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека ништо во животот не е морално, освен да умреш, па дури и тоа е релативно во денешницава.
     
    На sweet-cherry, Serafima, Ilusionist и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК ич не ја сакам Америка, ич, милиони да ми дават нема да стапнам таму, колку сака нека е јака држава.Ко ќе помислам дека секаде се меша, уште толку ми се одмилува.Не да е најсјајно таму, рајот нека биде, никогаш.Можеби некој ќе помисли, никогаш не вели никогаш, но кај мене тоа не важи.Си стојам на своето.Не дека сега нешто сум приморана, туку само инспирирана од некои работи.До кај отиде светот, тоа е страшно :x Лакомоста за пари, материјален живот и создавањето на нечовечноста.Како да тоа ќе им бидат битни, ко ќе ги снема :x |( Или можеби ги чуваат за следечи живот, како куфер некој, мислејки дека ќе им се најде.Не се ни свесни, дека се тоа што имаат не е нешто за кое живот треба да си ризикуваат, забораваат дека е минливо, она кое го имаат денес, утре може да го немаат.Штета што тие работи ги вреднуваат.Катастрофа.Толку ли се празни во душата? Колку само луѓето се лажат за тие нешта, не ни знаат самите :| Ма, ни Маи, ни Инки, ни незнам што уште не, нема да им помогнат, додека не се свестат што прават.После лажно ќе величат луѓе кои направиле добро, па и патем ништо ниту научиле, ниту ќе научат од истите, бидејки никако не можат да ја прегазат сопствената гордост.А и феноменални изреки ќе објавуваат |( ко демек колку се тие големи луѓе, а некој кој нема ни леб да јаде ко ќе им побара помош, го одбиваат, а секако дека веројатно би се оправдале демек не е така.Секојдневен пример е некои што чуваат кучиња, туѓите може и ги трујат, ама сопствените не, оти ги сакаат, а што туѓите не се кучиња? После свесност имале, како да не, ма у кома се.Овие работи многу ме лутат.Дали имам право да зборам? Имам, како што некои имаат право да уништуваат.Уште полошо е што овие размислувања не секој ги интересира, а можеби и се смешни, само човекот има право на избор, а што ќе избере, на него останува.Зборам општо.
     
    На Chica.Loca, julie77, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.