[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    СДК Среќен празник на сите што го слават(хомо), Ви пожелувам повеќе среќни и возбудливи моменти, повеќе секс, а помалку сексуални болести и помалку да ги користите "glory hole" во wc-инњата во трговски, дека нели, сексот на јавни места се казнува веќе некое време со закон :rofl:

    ps: Јас не го славам :rofl:
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.271
    Допаѓања:
    81.838
    Пол:
    Женски
    Ми се пее, ми се урла. :sweat:
    Мислам дека дијафрагмата и грлото ми фатиле прашина од толку некористење - сериозно. :D
    И на никој да не му текне да направи едно караоке низ градов - бугарки певаљки и нискобуџетни wanna be певици знаете и од мишова дупка да извадите, ама нешто интересно дали ќе му текне на некој. :fubar:
    Јок брате цигане, изгледа ќе си останам со желбата или ко што би рекла мајка - со прстот в уста.
    И толку ми е досадно, а имам милион работи за правење.
    Не дека немам време, ами немам волја.
    И стварно ми доаѓа да излезам надвор на тераса и да си почнам:
    Раз, два, три и - ко би рекооо чуда да се десееее ... :drunk:
    Не, не, не, немам афинитети кон дотичниве мелодии, ами само сакам да си го разработувам вибратото со нив. :lol:
    Знаете, има некоја чудна (ај да не речам џипси) жичка во мојов глас и понекогаш се чудам какви сè глупости можам да испеам. :tmi:
    А за да биде уште потрагично, „квалитетов“ што го поседувам, едно време мојата мила професорка по пеење многу го фалеше. И секогаш ме тераше да ја пеам песната од почеток. Не, не „чуда да се десе“ (пу, скраја да е), ами од оние изворните. Зашто обавезно имавме часови во кои пеевме такви ...
    ***
    Понекогаш си велам, што не си ги однесов документите на Академија, ќе си пеев и ќе си урлав колку сакам, а не вака - од таму „доста“, од тука „потивко“; ако не друго, барем, ќе се вадев дека имам за учење, пеење - како милувате. :D
    И ќе ми текне, си велам - море, седи си, трај си и цртај си. Па и замисли си дека си на Ликовна Академија и пеј си додека црташ поглед од лево, поглед од десно и поглед од тииииииит. :D
    Јака им душа на соседите додека да дипломирам. :tmi: :wasntme:
     
    На tweety26, L-enna, cinderella5 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Нека им е среќен празникот на нашите сакани јужни соседи. Да си го слават уште многу години. :D :lol:
     
    На EleMental, Elennaa и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  4. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    сакам да кажам дека неможам више вака и сакам да ме нема од светов!
     
  5. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Кога треба да се станува за во школо ми требаат 10 минути да се рзделам од креветот а сега кога не сум во школо место да си се наспијам јас станувам рано :envy:
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    101.547
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Вчера како сум се посрамила цел ден ми отиде.Нели кога појдеш да пазаруваш ,носиш пари колку што мислиш да потрошиш.Е сега кога некој како мене се занесе во ставање во корпа,а не се пресметуваш во себе колку ќе изнесува сумата,ќе се најдеш во непријатна ситуација.Да го блокираш редот на касата,дечкото што работи на раса да се нервира заради твојата глупавост,а најстрашно што позади тебе е човек кој џентлменски се понудува да ја доплати разликата,а јас во тој момент би се закопала како смајлито на почетокот на постот.Глупава сум :$ Срам да ми е.
    Многу бре сакам да сум оперирана од емоции и од топол леб.Некако во мене се трупа некоја негативна енергија ,планирам во понеделник да отрчам до Скопје,колку да сменам од рутинава.Имам некој динар заштеден ,кој патем никој не знае дека постои,се мислам дали да го ставам и него во новчаникот.Во наплив на неразмислување да не ги потрошам за глупости.Има милион работи кои ми требаат ,а кога ќе поразмислам без сето тоа сепак се живее.
    Всушност не знам што да правам со себе.
    Всушност не сакам ич вакви периоди.
    И маж ми вели дека отекувам.
    Одам да си најдам цигла ,на Бога веќе не можам да чекам.
     
    На tweety26, NoellePage, Johny и 22 други им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Наскоро Св. Валентајн |( хејтер сум за вакви празници, се извинувам. Вештачки искреиран, искомерцијализиран ден во кој едните ќе подаруваат во розе и црвено, а другите демек ќе се депримираат дека се сами. Мече со ај лав ју |( па уште и ако е на батерии, па да го стиснеш на рачето и да ти кажува дека те сака :tmi: Па кога ќе почне цело Скопје во црвено да светка, ми се вришти. Со сила ми е некако сето тоа, никогаш не сум го сакала и нема да го сакам. Да, уствари, може ќе го сакам ако работам во некој бизнис кој произведува такви чудесии, подароци за денот, па ќе ќариме од профитот на туѓата некреативност за докажување љубов. :tmi: Јас стварно се извинувам за мојата “омраза“ кон денов, ама материјализирањето на љубовта и нејзиното искористување ми е одвратно.
    Друго, татко ми многу гледа ТВ. Си мисли миењето садови е како на рекламите, ќе поминеш со сунгерчето и воала, чисто е. Абе да беше животот како на рекламите, јас сега со бели панталони ќе се лизгав на ограда од скалила и дома кога ќе правевме кифли сите ќе пеевме заедно за маргаринот.
    И конечно расчистив со косата. 10тина сантиметри ми отидоа кај две фризерки во две недели. Се плашат фризеркиве од мене, се плашат да скратат отповеќе. Сега не може висока пунџа да соберам, нити плетенка на страна да носам, ама огромна олеснителност е. И можам да се шетам низ град, без да ми е страв дека ќе ме начека Лилит со ножиците :wasntme:
    И мојата нетрпеливост кон потпораснати нокти ме доведе до тоа да 6 битни прсти ме болат денес :tmi: кога се разбудив, мислам температура ми имаа качено, не можев да се облечам :tmi:
    И тоа, ај чао.
     
    На sweet-cherry, LittleFairy, AwesomeGirl и 21 други им се допаѓа ова.
  8. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Прекрасен ден,после вчерашниот психички и физички напорен ден :) Се чувствувам прекрасно ;) Си велев ако го пребродам вчерашниот ден ќе преживеам. Денес онака расположено си слушам
    http://www.youtube.com/watch?v=_gAZyYUk-dw и си уживам.
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Моментот коа ПРЕСЛАБИ девојки глумат лудило и постојано постираат на фејсбук како целовреме јадат, слики од храна, статуси као „ауффф се прејадов“ или им пишуваат на ѕид „доста јадеш веќе ептен си здебеленаааа“, а таа 45 кила едвај се движи. Па нема смисла бе, од што сте прејадени од „за доручек пола чаша вода“ или „за ручек љушпи од кикири“ што би рекол Марјан. Значи ептен мрзам глумење лудило. И да, на ништо не личи коска и кожа, изглед што потсеќа на анорексија и булимија, и не се тешете, пардон срамете така по фејсбук она што е очигледно е неизбежно без разлика на тоа што е напишано, подобро ќути си и не изазивај превртување очи со тоа твое „прејадување“, ОСВЕН, значи освен ако под прејадување не подразбираш пола кришка леб на ден наместо третинка како што си јадела до вчера кога си била на построга диета. На сите што го праат тоа се однесува овој пост, нема смисла значи. |(
     
    На Chica.Loca, sweet-cherry, LittleFairy и 8 други им се допаѓа ова.
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Многу ни фали самокритичност како женски род, не знам оти сите очекувате дека треба да добите само убави одговори, и само некој да ве тапша по рамо и да ви вика браво, а не сте спремни за поинаков одговор, и ако дадеш поинаков одговор, имаш многу интелигентни коментари, како ти патиш за внимание, еј а замисли една од форумџките што ја поздравуваат во СП, пишување како тие што знаат некогаш да бидат саркастични и директни се цитирам: “селанки“, а ќе го отвориш профилот на девојката со тој коментар и сфаќаш дека ништо посебно не напишала освен што си ги прераскажала сите можни турски серии. Па драги дами, ако на ваши 18 години веќе имате сексуално искуство во случајов беше анално, и се запрашуваш дали си трудна, ти маваат контра и ти викаш е добро бе мала сум си прашав?!!! Значи да се разбереме 18 години си полнолетен, со седнала си направила акаунт само да се логираш на фемина, го поставуваш прашањето со детален опис, а не ти текнува претходно да прогуглаш за репродуктивни органи, или да ја исчиташ целата тема, и уште велиш мала си. Одговараш на тоа саркастично, и бааам напад, зошто? Зошто сакаш да укажеш, дека чим го правиш овој чин си зрел, едуцирај се, не може секој секогаш да ви сервира на маса, доколку барате само да ви сервира вие се уназадувате со тоа што си ја намалувате способноста за снадоливост во животот. Не секогаш ќе имаш некој покрај себе за да ти подаде рака или да те потапша по рамо. Ако веќе сте активни во овој интернет свет, бар искористете го правилно. Кога мајка ми правеше операција, се земав прогуглав, научив, видов до кај ќе оди, што може да биде, исхрани, лечење и ред други работи, зошто знам дека јас ќе имам знаење плус и ќе се спремам за самата ситуација. Немојте да напаѓате кога некој пробува да биде построг со вас, зошто некогаш и заслужувате, срамота е на 18 год, да не знаеш некои основни работи, бидете малку самокритични и прифаќајте критики. Не може да очекувате дека некој ќе ви го лиже задникот, или пак да очекувате дека некој нон/стоп ќе ви пружа од дланката да му јадете. Малку да бидеме пореални.
     
    На Chica.Loca, tweety26, bittersweet и 31 други им се допаѓа ова.
  11. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Има многу девојки кои се прејадуваат секој ден, а сепак никако да добијат кило плус, можеби се работи за тоа во овие случаи што ги спомна... Јас си знам колку е тешко да се прејадуваш, а да не можеш едно кило плус да добиеш.
     
    На GarpovaV, MandyLane и CIA им се допаѓа ова.
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Го чекам само денот кога ќе можам да се иселам од проклетава куќа без око да ми трепне за никој.
    Што ме роди кога велиш дека од мене нема ништо да биде и кога само маки ти предизвикувам?
    Ќе се спасеше и ти, и сите други од мене.
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mrs.Styels

    Mrs.Styels Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    7.554
    Сакам да кажам дека неможам повеќе , ќе пукнам кај и да е ... :@
    Никогаш ама никогаш не сум се замарала со другите и сега не се замарам ,ама имам многу други проблеми и никој не е свесен за тоа , сигурно не се видовити па да видат.!
    Проблемот е тоа , ГОРДЕЛИВА СУМ, таква сум, не сакам да ги изразам чуствата и точка и после се каам , викам ај другиот пат , и другиот пат кога ке го видам пак по старо си фурам , ЗОШТО??? Е тоа е тоа што ме мачи во последно време . :!:
    И да сакам да кажам некому , за разговори сум достапна 24/7 , ама кога се работи за мене и да сакам да кажам неможам , како да сум го голтнала јазикот..
    Исто така заради таа проклета ГОРДОСТ ни самата себе некогаш не си признавам некои работи , ама сега гледам јасно и чисто , не си признавам бидејќи повеќе ќе се повредам ее тоа е вистината :worried:
    Па заради овие глупости многу често губам некој личности , бидејќи не им покажувам дека се посебни , со сите се однесувам исто и со тие што ми се допаѓаат и со тие што не ми се допаѓаат и сигурно полека полека се повлекуваат и потоа си ја чукам главата од зид |(
    Паа и самата не можам понекогаш да сватам што е работава со мене :swear: , со оваа проклета ГОРДОСТ се уништувам :fubar:
    И аку сега си викам немат повеќе така да направам , кога ќе се најдам во таква ситуација пак по старо ќе биде ...
    Незнам навистина што е работава со мене :envy: |(
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    Знаеш,кога ти ми обрнуваше внимание..кога им велеше на другарките да ми велат за тебе,јас не ни помислував на тебе.Не ни сакав да имам нешто со тебе.Тогаш сакав друг,кој на изглед ме сакаше,но помина тоа.Сега,јас тебе те барам,ти обрнувам внимание..а ти го правиш тоа што јас го правев.Не сакам да ви се мешам во врската,така да биди среќен И.Се надевам таа ќе те сака многу повеќе од мене.

    Искрено,Енџи.
     
    На Mrs.Styels му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Знам дека има и тоа не е чуден случај, ама не е тоа поентата на постот. Поентата е што сигурно ти не пишуваш секојден на фејсбук како се прејадуваш и целовреме јадеш, а потајно држиш диети и сосила слабееш, ама не го кажуваш тоа само за да не ти зборат дека си преслаба. Не се работи за природата на организмот, се работи за сосила упропастување на организмот, а притоа одбивање да се признае истото. Психолошки проблем е тоа, верувајте, и ретко кој си ја знае границата во слабеењето...дефинитивно колку што моеш сам да си напраиш, никој не може...
     
    На HoneyBun му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.477
    Допаѓања:
    183.708
    Пол:
    Женски
    Релативно краток период на форумов, но релативно долги листи инспирација. :)
    Сите со огромно задоволство Ве читам. Овој форум навистина функционира како една..можеби не секогаш среќна, но секогаш ready to help фамилија. :) Девојки вие сте прави ѕверки :D

    Со голема почит кон сите, јас морам да издвојам една (со мојов избор, никако не сум прва, а верувам не ни последна..), една од вас.. која секогаш духовно се издига над сите, во секој нејзин збор наоѓам инспирација за моето не секогаш шарено секојдневие, Serafima !! Девојко ти си боите во сивилото, креативност таму каде никој друг не може да допре...
    Непресушна инспирација. Верувала или не, но јас виртуелно те обожавам. Навистина!! :l: :)
    ***

    ..меѓу другото СДК дека едно единствено светло кое гори, е подобро од целата темнина на светот!!!
     
    На crazylady, tweety26, lunicka и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Mrs.Styels

    Mrs.Styels Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    7.554
    Тоа е тоа што сакав да го кажам ама не најдов зборови за тоа .. ја делиме истата ситуација :(
     
  18. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    Ехх..да се враќаше времето,се би сменила.Ама баш се.Сега се би дала за да можам да бидам со него,да му ја пружам сета моја љубов,но доцна ми текнало за тоа. :(
     
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    каков е животот неправеден...
    Кога дознав за детето што починало во соообраќајката во радовиш срцето ме заболе...колку беше младо,добро и убаво.... ;( ;( ;( ;( ;(
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    687
    02.02 Момците нека се пазат денес,се освен Црвено :rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.