[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Како трудница се понашам, мајке ми. Само да знаете колку ми се јаде телешка чорба, абре со недели ја мислам и лиги ми течат! :tmi: Ќе го соберам овој мојов утре сабајлечки и ќе го носам на чорба, жими се`! Има едно место во Скопјево каде ја има највкусната телешка чорбичка, со парченца чисто мевце внатре, па со компирче, па морковче... мх, мх, мх... Пак се излигавив :sweat:

    Туку, конечно си го купив долгопосакуваниот часовник, и... Доаѓам дома, отварам на интернет да видам reviews, едно друго, и гледам... дека бил машки часовник! :o Е како бе? Кое машко би носело вака елегантен часовник? Евентуално некој што денес слави празник, за друг не би рекла баш :tmi: Ама како бе може да е машки? Се напатив, жими мајка. А јас сум така женствено, малечко, нежно суштество... :rofl: И сега?

    Море што ми е гајле, убав ми е, сеедно дали машки или женски, мој си е. Си мечтаев по него, и конечно го имам на рака. :rock:

    А тек па каква кожна јакна (чиста кожа) сум упецала за џабе пари, не сте свесни :rock:

    Мислам, земав плата, очигледно нели :rofl:

    И така, дојдов да си ги искажам маките и фрустрациите и сега ми е полесно :D Отидов јас да уживам на времево. Имајте убав ден и гледајте што купувате :rofl:
     
    На tweety26, LilBaby, ana-girl и 8 други им се допаѓа ова.
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    48.662
    Пол:
    Женски
    Уф од кога немав спиено волку, после долго време себеси си дозволив да се одморам како што треба :wasntme: Убав , сончев ден а јас пак ќе го поминам над книга |( Туку го зезнав ханито мое ^_^ Му викам среќен празник љубовче , а он нека е среќен и на тебе хани :rofl: е после кога му текна што празник е денес :envy: :D
    Инаку денес поминаа точно 2 години откако го кликнав копчето регистирај се на фемина :$ Многу нешта научив од тука, многу добри особи ми помогнаа кога имав потреба, а не ретко фемина знае да ме расположи кога ми е потребно тоа :)
    Ви праќам една скромна, виртуелна частенка :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На tweety26, Serafima, ana-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  3. HangIng

    HangIng Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    23
    Наравучение: За секое глупо прашање постои паметен американец кој што тоа го поставил пред тебе ;)
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Сакам да кажам, денес е 02.02. На дедо мој му е роденден :party: Среќен роденден дедичко, уште долго да бидеш присутен во нашите животи. Всушност и засекогаш ќе бидеш!

    [​IMG]

    Убав ден :)
     
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.754
    Допаѓања:
    17.718
    Со шо сум заслужила толкава омраза од родениот брат? - прашањето кое ме мачи најмногу.
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    СДК ... сега ми текна деке денес со Фемина имаме годишнина. :o :) Три години љубов, доверба, трпение, толеранција ... помагање, давање, земање ... Нека ни се множат! :D Башка и датумов е погоден :wasntme: :lol: ... Како и да е мило ми е што сум дел од овој форум и што запознав, запознавам толку фини, реални, убави и единствени феминки и феминковци.

    Ај да частиме сега нешто колку да се одбележи празников ... упс, мислам датумов. :lol:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Annath, kravce и 27 други им се допаѓа ова.
  7. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Времево е преубаво! Едвај чекам да дојде пролет па вака да биде секој ден.. Се надевам дека и оваа пролет ќе биде како претходните. Со најблиското друштво, дечкото, во парк, да седиме во трева, да си грицкаме сончоглед, гитара, смеење... Неможам да дочекам :inlove:
    [​IMG]
     
    На pamelche, Ann.94 и Elennaa им се допаѓа ова.
  8. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    Кога си читкарам на форумов , си мислам колку се обогатуваме со поими, новини , нови ликови ,стари , слатки прикаски...итн ,а често не сме свесни за тоа , затоа што читаме повеќе од забава.
    Тоа ти доаѓа како една квалитетна форумска книга месечно да читаме.
     
    На kravce, tweety26, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  9. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Денеска сум чудна, ама во вистинска смисла на зборот чудна.Немом концентрација за учење, гладна сум а кога седнувам да јадам не ми се јаде, гледам филм и сто пати го запирам и почнувма да правам друга работа :^) Затоа си решив иако си забранив овој период кога имам испити да паузирам со моите омилени серии, ќе си гледаааам цел ден и око нема да ми трепне. :lol:
     
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    На се личиме, на семејство не.
    Дали фасадата што успеавме да ја соѕидаме ќе го прекире ентериерот, тој пусти модерен, динамичен, хаотичен ентериер?!?
    Се обидуваме и двајцата, ама жалосно е што го интересира само надворешниот дел и дворот како е уреден. Можеби треба да почнеме се од почеток, со нови, здрави темели, можеби некој ден...
    Секој ден ми е можеби. Можеби денес, утре, задутре ќе се смени нешто...
    Можеби...
     
    На Annath, LittleFairy, tweety26 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Кое искуство го доживеав пред малку. Да му ја кратиш брадата на таткоти, брадата која си ја чува како ние што си ги чуваме косите. :lol:
     
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    СДК дека сум среќна. Едноставно среќна без обзир на сите заебанции. Колку и да немам милион работи, ги имам најважните. Имам мноооооооооогу љубов, секој поглед макар и расправија, кога ќе ме погледне во очите читам - јас те сакам, затоа се карам со тебе, за да го поправиме ова... Секоја постапка ми вика - те сакам. Не, не треба да изговори, само треба да ме погледне и знам. Пораснаме заедно, од деца. Џамлии си игравме, мајка му и баба ми додека пиеа кафе, незнаејќи дека еден ден пред Господ ќе кажеме ДА! Сваќам дека никогаш не сум сакала друг, ниту пак тој некоја друга, секогаш им се смеевме на бившите заедно, ги оговаравме... Бевме најдобри другари, тоа и останавме. Најголемиот проблем на паровите е недостигот на муабет, а ние секогаш се разделуваме со реченицата - Чекај уште ова да ти кажам! :D Ме удри шок, ќе се мажам за мојот најдобар пријател што го имам откако знам за себе. И да, верувам дека сме се родиле еден за друг, бидејќи секогаш кога лукавиот пробувал да не раѐдели, Господ не враќал назад како пријатели, па после и како дечко и девојка, сега вереници а за три месеци брачни другари. Неможам да дочекам да му го носам презимето, затоа што мислам дека ми припаѓало одсекогаш. Ништо неможе да не раздели, се додека Господ не каже дека на едниот му е време за во рајските градини. Ништо друго. Се топам во љубов секој ден, и тоа е мојот двигател. Мене ме одбра да бида мајка на неговите деца, МЕНЕ! Колкава е таа чест! Ќе даде Господ мора... Се помачивме малку, ама ако, нека... Важно е дека одвај чекаме да родиме наше продолжение, јас+он, резултат на се што сме стварале 10 години, и што ќе стараме наредните колку рекол Господ.

    Среќна сум... Имам љубов! :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Annath, kravce, LittleFairy и 33 други им се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    СДК разумот е математичарот, коментаторот, кој не дозволува да верува во некои за него бесмислени работи, а злобата, не е нешто што човек ја стекнува, туку нешто што веќе ја има во себе си.
    Човек ако сака да успее во нешто, ќе успее, ако е упорен ништо нема да го спречи, ако не, сите ќе му бидат виновни за неговиот неуспех.Незнам што луѓето се лажат во работи кои само ја мамат нивната потсвест, за да си дозволат да веруваат во истите, кога човек има контрола над себе си, тешко ќе има друг да го контролира, исто како што не може во една држава да има два премиера.Џабе не е речено, верата планини поместува, па сега дали е тоа случајно или не...

    Него времево, поубаво не може да биде ^_^ :sun: :sun:
     
    На LittleFairy, tweety26, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  14. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Аман од тоа човечко чувство и потреба за приврзаност. Ќе ме уништи. Зошто не можам да разберам дека во животот треба сам да се снајдеш, зошто постојано се приврзувам за некои луѓе кои подоцна секогаш ми докажуваат дека не требало !?!?
    Не знам кога ќе научам дека не треба на никого да се потпирам, дека треба сама да поминам низ се...
    Ги мразам овие денови кога сум претерано емотивна и кога се каам што на некои луѓе им дадов шанса да влезат во мојот живот и што им верував. На крајот сите те оставаат, сам, со рани кои тешко ќе се залечат.
    И не тие воопшто не се виновни, туку јас самата бидејќи никогаш нема да научам на кого треба а на кого не треба да верувам. Се надевам ќе научам еден ден...
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    http://www.youtube.com/watch?v=Q0m8h_dMwY0
    Taжно, но вистинито.
    Сонував дека завршив факултет. -Повели синко диплома.
    Мајко сакам да завршам факултет. -Има време синко. Кој што си учи-ќе научи. А,кога.. ќе видиме кога.
     
    На LittleFairy, tweety26, tessi и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Ринги, ринги, рингишпил, ти си братко многу мил.
    Ринги, ринги, рингишпил, ти се братко многу миииил! Ла, ла, ла, ла... :ninja:

    Koга сум веќе кај рингишпилот, ми се привози во вовчето во парк. Ама многу! Многу, многу!
    На прво место ми е панорамата, ама таа веќе со години не работи. Многу ми беше интересен воланот, што беше во средина. Намерно шкрипев и ја ежев сестра ми. А она само ќе ми се раздере: Доста ма, више! Доста! :D Ги сакам оние балонине, ама хартиените, со фолија. Што се со мики маус, со принцеза, со колички... Ама никој не ми купува, голема сум била. E, how yes no. :D И сакам од оној розевиот шеќер, волна, да се умацам цела. :smirk: Е, тоа сакам!

    И да. Заборавив да ви кажам. Нели имавме договор со сестра ми, ако положи, ќе ми купела чоколадо, оти сум и помогнала? Епа ми купииииииииииииииииииии. :rofl: Прво ми пиша порака, кога бев во школо, дека положила. И јас кога дојдов, она ми отвори врата и јас ко од пушка (митраљез): Каде ми е чоколадото? :rofl: - Нема чоколадо. - Е, како нема? Нели ми вети? Нели ми рече? Нели ти помогнав? Како се договоривме? х10 прашања. Ја оставив ташната и почнав да буричкам. Се' пребарав. Почнав од вецето, па до терасата. И го најдов, во дневна го оставила, кај чиниите. И тоа милка, кравата милка! :D Паја не остаде без јаја! :rofl:
     
    На sweet-cherry, kravce, LittleFairy и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Добро е што постои форумов.Единственото нешто што ме смирува. :)
     
    На LittleFairy и Feuerwerk им се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Пред скоро цела година може има со една другарка, од чист узур, се пријавивме како доброволци за Search & Rescue вежби. Епа конечно не викнаа на вежба, и фала богу денес не врнеше. Мене задачата ми беше да се едноставно изгубам, другарката еден саат помина под гранки и лисја без да мрда, сиромашка, ако и е, кога прашаа сакаш активна или пасивна она бира лежење, лежи тогаш на земја додека душкалото не те откопа :D
    Е јас се изгубив буквално. Додуша јас се изгубам на сред град и со патокази и знаци а не во шума. Инструкциите беа оди пет минути по патеката, ќе стигнеш дека се цепи на две и скрени од патеката таму отприлика 25 метри и движи се околу дрвјата, да шушкам. Кучето ќе го пуштиме по тебе за десет минути. Но проблем! Тралала како Црвенкапа низ шумата, еве ја се дели патеката, раз два пеесет чекори надвор од патеката и се врткам, кршам гранчиња, лупам корки од дрвјата. На која страна беше патеката? Десет минути минаа, и чекам, тупкам во место за да шушкам ама да не се оддалечам несакајќи повеќе, малку почна и нервоза да ме фаќа :$ бркнав во џепот по свирчето да се уверам дека го имам :tmi: Ете ја Моли стигна после цели 20 минути, рипа и лае околу мене, и ете го позади неа измеѓу дрвјата иде и стопанот. Кучката стварно положи испит ама мене ми срам беше да си кажам ако ме викнеа на воки токи да излезам на патеката ќе им свирев да им покажам кај сум или ќе им речев праќајте веќе квалификувано куче :lol:

    Ама забавно беше, друг пат кога бараат добри волци, пак ќе одам, ама овој пат ќе бирам некој да ме потрупа да лежам под гранки. :!:
     
    На AIT, kravce, marama и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    СДК колку ли би била среќна и како би реагирала кога би добила вакво нешто од саканиот
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      7,4 KB
      Прегледи:
      295
  20. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Денес изигрував домаќинка- готвев!
    Мајка ми имаше многу обврски, па си реков малку да и помогнам.
    Пржев пирошки и помфрит. Ништо тешко, ниту посебно...ама таа многу се радуваше.
    Ме гледаше и со мила насмевка ми даваше мотивација и инспирација.
    Абе многу ја сакам женава! Кога нешто не е во ред со нејзе мене душата ми гори. Пепел ми станува.

    Но, сакав да кажам какво е чувството кога после пржениците и миризбата од готвењето ќе влезеш во бања. Ау, мислам се преродив :D
    Целата тежина, несреќа, вознемиреност, двоумење, нервоза...се` негативно отиде со водата! :P

    Сега слободно може да излезам и да се напијам во чаршија едно мераклиско кафе.
    И ќе го чекам љубениот, само ако не ми донесе гиро! Како трудна жена сум! Пак ќе се враќа назад :!: Колку да си знае само!

    Така, да си кажам јас дека никогаш во животот не би можела да држам диета оти ја О-Б-О-Ж-А-В-А-М храната. Арно немам некој тежок метаболизам па секој залак да се фати на мене. :D
    Lucky me :lol:
     
    На kravce, LittleFairy, tweety26 и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.