Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК дека со Cynthia имаме ист аватар :lol: дозволено е така ? :^)
     
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    дозволено, не и пожелно.


    Добро Утро :hai:




    http://www.youtube.com/watch?v=65ub1-CVez8


    Kako da ljudi nauče
    i da im pod kožu uđe,
    kada se ljubi domaće
    da se ne mrzi tuđe...
    :music:
     
    На Chocoholic му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Гладна сум.Ке изедам волк уште малку.Ме боли се,секој дел од телото,мислам да се фарбам ама знам дека татко ми нема да ми даде пари за фарба ама ке даде за спортска |( тоа било оштетување на косата.Океј бе човеку илјада пати кажа нема на тебе да ти опага,мојата ке опадне.Дали си сега задоволен?Не?Епа гајле ми е.Ке си терам како што знам.Вечерва фудбал.Со нетрпение очекувам да игра мојот омилен клуб М.Ј а како јаготка на шлагот Ел Класико.Ајде Реал верувам во вас. :D Денот започна убаво,сончево,а се надевам дека и целиот ден ке ми биде сончев :D

    И така народе имајте убав ден :hug:
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... оф леле, на тоа се однесувало Ел Класико, вчера ми влетува дечко ми во соба ко фурија и уште во прашалници - многу ви е тивко, не гледате Ел Класико?
    И јас уште онака наивно екс-плавушовски - а кои се тие? :^)
    Жими бубрежево, мислев дека е некој наследник на Ил Диво. :D
     
    На caroline.costa и rossonerka им се допаѓа ова.
  5. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Здраво убавици :)
    По двете кроасани со вишна и ванила,ми се зголеми расположението :)
    И сега со синко ќе си ја китиме елката.Сонце мое како му светкаат очињата од среќа.
    Поздрав и имајте најубав викенд ;)
     
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    :yawn: .. добро утро!

    Незнам што да брбљам рано насабајле, а и многу не ми се филозофира.
    не.
    не е тоа.
    Сакав да кажам нешто ама тотално заборавив што беше.
    Паметно беше мајке ми.

    Времето надвор е факин‘ одлично, и се надевам, искрено се надевам дека бар денес ќе го искористам.
    Го отворив ова од 11:45 а сега е 11:59. Стомакот ми штрајкува.
    Нема врска.
    Само сакам да добијам нешто што го чекам долго време, и баба и дедо да си дојдат!
    Е бабо незнаеш колку те сакам.
    Кој има баба што искача повеќе од него у град бе? Само јас.
    Трагично е. :rofl:

    И оваај.. кажав дека многу пцујам? Епа извинете. :$


    п.с. Ги замолувам тие што беа на концертот на Аца Лукас да си ги задржат впечатоците за себе.
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Стално ги шпионирам оние мои истомисленици :D во моментот додека читам одредена тема ....одма долу со окцето гледам кој е моментално во оваа тема .
    ;) ;) ;)
    HAVE A NICE DAY што би рекол BON THE JOVI
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ма дали ќе ја бидне работата ако на сабота не и се посвети еден убав пост?
    Секако дека не :D

    Која е топлината кога ќе им се пикнете на татко ви и мајка ви во кревет како кога сте биле мало дете и не сте можеле да заспиете ако не го држите татко ви за уше а мајка ви да ви ги гали очите. Да, синоќа им скокнав од што немав што да правам и ги гњавев ... а пустите им се спие сабота не им е ден за легачење како на мене :rofl:

    Првично што сакам да кажам е дека семестаров го запуштив тотално ... морам да го стегнам га*ов и да не се зафркавам да не биде работата чорба македонче.

    Друго таман од денес реков редуцирана исхрана, т.е наутро строго здрава храна, ете ти ја баба ми правела торта и ми ја носи во кревет а уште очи не сум отворила ... ако, убаво ми дојде.

    Бурни реакции предизвикав со една мала ситна промена на фејсбук ... а тоа можевме да го сториме од многу поодамна. Чудно е како и преку порака се гледа искреност во нечии желби, и се гледа прикриена злоба во туѓи желби. Ама тоа е убаво, што веднаш можам да прочитам и да знам ... и си викам еее. Ама како и да е се смешкам. Ако ништо друго, барем нечиви усти ќе се затворат.

    За сметка на тоа, со оглед на тоа дека вчера премногу работи расчистивме ... јас планирам еден дооолг период да бидам многу среќна. Па о том по том кога ќе дојдат пак тешките периоди што се неизбежни ... ама, еве овој пат ... со ладна глава и раширени раце ќе ги пречекам.

    Лошото во луѓето е што и во најубавото знаат дека во животот има турбленции па постојано го чекаат лошото да дојде. И јас сум таква ... е овој пат ќе си викам, супер ништо не може а тргне на лошо, се е супер ... и кога ќе тргне нешто на лошо ќе си викам, пих ситница ќе ја решам со лесно.

    Можеби, и само можеби драстично ќе си го променам животот. Надежно, на подобро.

    Сега одам да гушнам еден мил човек што ми рече ајде да прошетаме ми требаш. А кога е човек потребен нема смисла да не излезе до надвор макар 5 минути. За да даде една прегратка, и мотив на комшиите да ми осмислат уште една врска за да им пројде денот поинтересно.
    Дазнт метр, јас насмеана си ги поздравувам и нив секогаш.
    Си немам мува на капата за да ја ишкам ...
    И убаво ми е.
    :makeup:
     
    На bittersweet, Cynthia, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Многу е убаво времево... me gusta.
     
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Љубам бесцелни прошетки низ градов.
    Чисто небо и Месечина што фрла сенка, а сјае во очите на случајните минувачи.
    Како да не те сакам, кога ме насолзуваш ем насмевнуваш истовремено, граду мој.
    Станувам дури патолошки врзана и патетично смешна кога објаснувам како боите во мојата глава го бојат секојдневниот сив бетон на Скопје.
    Разговори кои значат иднина и низ мислите на другите можеш да видиш колку ум и потенцијал има во главите што свесно сакаат да го сменат животот на подобро. Се радувам што зборуваме, споделуваме. Ракија и ѓумбир, пеш по светот, дури и да е светлосни години крајот.
    Нема крај, за мислата што слободно тече.
    Признавам, драго ми е што се видов со многу луѓе што одамна не сум ги отпознала. Не сум ги прашала како се. И сега кога можам, искрено ми се отвараат, а и јас ним. Градиме некаква заедничка насока, само да ни биде здрава глетката, ќе постигнеме уште повеќе.
    Палента со испечен сусам за појадок.
    Naked and famous на плеј листа. Радост за уши. Мекост од перници.
    Мама раскажува утрински пост - славје приказни.
    Тато сечка кромид и се фрла на работа - машки гулаш денес за ручек.

    Мене, топло на душава.
    Вчера ова ми го прати, и денес го соживеав, онака, чисто. Се радувам што сме такви.



    Меко ми е на срцето.
    Кивнав, значи точно е! :lol:

    Вреди, вреди да се биде добар.
     

    Прикачени фајлови:

    • d.jpg
      d.jpg
      Големина на фајлот:
      247,5 KB
      Прегледи:
      148
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Добро утрооо. Ајде сие аут на прошеткаа. Шоубаво е временцево. :sun: Јас одам да ставам нешто во устата затоа што во стомакот имам војна. Се гледаме на елката. :lol: :hai: :hai:
     
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Во диско со шише вода. Оу јес, мораше малку да ми се одмори организмов, па си пијуцкав вода, што фактички испадна дека е страшно добра идеја во тие околности.
    За прв и последен пат.
    А, за прв и последен пат влегувам некаде за кадешто има пуштено многу гратис влезници.
    Јас си ја почитувам диско културата, тоа што кај нас е малку чкљ истата, не значи дека не постојат некои критериуми, некои граници, непишани правила... Колку и да пробувам да сум без пресрасуди за мене во дискотека не смее да влезе девојка со мустаќи или со кал на штиклите. И превртувајте ги очите колку сакате, ама не е секој човек за во дикотека!! И јас зад ова стојам.
    Ама работата е што видело македонче гратис влезница и навали брате.
    Мене вчера, очите ме заболеа од се што видов. И од фактот што нема ограничување на бројот на луѓето што треба да го наполнат диското.
    Или станав преголем мрчатор или навистина работите се вон контрола.
     
    На mims-89, Miss-Independent, WhiteAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  13. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...ми фалите феминки и феминци! :( Немам време да спијам, а камоли да пишувам по форуми, ама еве си ветив, а и вас ви ветувам дека ќе пишувам барем по еден пост дневно.Чисто да не ме заборавите... ;) Ај отидов да учам :geek:
     
    На Elennaa и Smileeee им се допаѓа ова.
  14. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Колку ми се спие денеска. :yawn:
    Се раазбудив,го насетив сонцето од далеку и рипнав од кревет.Не ги ни одлепив капаците од очите,а јас во десната ми раката со чаша чај со цеден лимон,а во другата рака кришка со маргарин и мед...Аххх радости :) :rock:
    Станав полунаспиена,ама цела мазна,миризлива и свежа. Се издепилирав сега сум -5кг. :P

    Незнам колку сум во право,но многу е добро кога немаш обврска кон никого и се си правиш како му се сака на газето.
    Немаш дечко,а имаш некој кој те исполнува до даска и те усреќува.Го гледаш во 10 дена еднаш или двапати и кога ке го видиш маслото му го вадиш.А во меѓувреме се посветуваш на учењето,на другарките и на ноќен живот.Ама кога ке го видиш го гњавиш и си ја трошиш енергијата со/на него.
    Те исполнува и поминувате два до три или четири часа заедно на топло.
    А знаеш дека немаш нервози.Не го мислиш каде е,што прави,со кого е,каде се пијанчи.
    Знаеш дека му е убаво со тебе и дека е со тебе оти му се допаѓаш многу и толку.
    Да ви кажам право и добро е,не ми треба дечко.Не ми требаат нервози.Не ми висат прашалници над глава каде е,зошто не ми се јави,дали ке се видиме,зошто излегол со некоја на кафе,дали те сака,зошто е љубоморен...бла!
    (добро,врските си имаат и предности,не ми замерајте,но јас сум вакво некој чуден период)

    Толку.
    Можам и да продолжам,ама ке ве поштедам.... :lol:
    чаочаочао. :hai: :*

    И за крај,имам некое претчувство :$ Опасно по самато себе и незаборавно во позитивна смисла.Ах Господе воздржи ме ти,ако јас неможам. :$
     

    Прикачени фајлови:

  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Стивнувам во ова тмурно саботно попладне.
    Она што го правам е одвојувањето време за иднината на мојата кариера која каде и да е треба да ја градам.
    Сум ја заградила и со денови непреспани пред компјутер и со правење ништо од нешто.
    Да.. се вратив во реалноста, но сега со еден дел исполнетост.
    До денес не ми се знаеше крајот, да би ти кажала колку испив.. нема да ми веруваш.
    А,и сега не ми веруваш со самото тоа што ти напишав дека нема да ми веруваш.
    Lieception oд твоја страна,а од моја мудро прикривање на вистината која е за жалење,а не за фалење.
    Последно што ми текна да го напишам тука е BYOB.
    Повеќето знаете што значи, но добро се изнасмеав на претрпената промена на последниот збор.
    Bring your own bong.

    Денов ми вети дека ќе биде долг и досаден како и животот на повеќето луѓе.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Хмхм ....гарант ти е оваа втора тура :D судејќи по сусамот на тепсијата се опекол мало ;)
     
  17. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК дека мн сум желна за нешто благо за јадење :?:
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.808
    Пол:
    Женски
    Не, не... Порок не ми се цигарите, туку штиклите. Неможам да одолеам бе. Стискам, стискам пари 2 месеци и конечно ги имам. Мераци живи сум денес и покрај сивово време.
    Му реков на дечко ми ако ми зема за жена сакам соба-плакар :) .
     
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    И кога сме веќе кај пророците..
    Нит ми мајко требат штикли, нит ми мајко требат цигари. Тук ми мајко лакој требат, да унаказам дома се, да направам бербат.
    Незнам дали е до мене, ама јас ич не ја чувствувам новогодишната еуфорија. По кратки седам, и во компјутеров гледам, се си мислам, дека за неколку дена ќе дојде лето, дека ќе се собере маало сето. Незнам.. Ај, ако ја накитам вечер елката, би требало барем малце да осетам... новогодишна еуфорија. :wasntme:
     
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Kaко и дали е просто возможно да си го вратам однесувањето и мислењето од пред една недела кога бев нормален човек?
    Мислам дека на другите им одржувам лекција уствари само сама на себе си штетам.
    Блага депресија.
    Иде накај солена.
    Не ми е убаво, а како што сум тргнала, нема ни да ми биде!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.