[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    ... добро е, не можам да се пожалам.
    Ми додадоа нови работни обврски, ама далеку поквалитетни и подобри од расправање со клучари, мајстори и цигани (со должно извинување, ама треба надчовечки напори и живци да се разбереш понекогаш). Плус, ме фрустрираше многу фактот што некои обврски ми беа буквално испод чест и ниво.
    Не се преценувам, ама те молам не ме потценувај.

    Сега работите се сменија, и тоа напредував за исклучително кратко период од една во друга баричка со работни обврски. Навистина ќе ми биде малку понапорно, и во моментов за ич пари, ама од друга страна, приватниот бизнис со лекторирањето ми мрдна од мртвата точка, и многу се радувам.
    Така што, ми се потврди мојата мантра, кога си вреден, упорен и чесен, на еден или друг начин, успехот ќе го пронајде патот до тебе. ;)

    Имам шанси за првпат да работам нешто ново и сосема несвојствено за мене и мојата бранша, ама да ви кажам некако ме заинтересира. Динамично е, бара и логика и знаење, естетика и умешност и го задоволува моето внимание, барем засега.
    Зашто работи кои ми се неинспиративни или досадни, за таквите не се ни трудам, па во ретки случаи ме оцениле како лош работник, непосветена или немеродавна.
    Признавам, за мутави и тупави работи не го ни вклучувам мозокот, ниту губам енергија и време, па така изглегуваш неспособен.
    Извини што мозокот не сака да ми се мачи со глупости. |(

    Остана уште малку од мојот викенд, иако го поминав полу-работно, сепак не е целосно изгубен.
    А си ги имам и книгите од последниот саем на залиха, и кафето преку скајп :D со другарка ми, и гравче, мх само убавини.
    :D

    Да ви кажам право, сум се рашетала и низ Сити Мол, по моја иницијатива.
    Дечко ми ме предупреди да не се разочарувам, имало многу попусти, а јас не добив се` уште плата, па да не сум излегла гневна или налутена, зашто не можам да си дозволам ништо.
    Постојано го очекував тоа чувство да ми се појави, ете, толку убави мали фини чантички да речеме на попуст, а јас со 150 ден. во новчаник :D
    И секаде влегов и изнапипкав алиштенца, некои асални, некои бедни, како препрани во машина 16 пати пред да се закачат на продажба... и тоа чувство не се појави, иако бев целосно подготвена и го очекував.

    Ниту ми падна криво, ниту ми се приплака, ниту сум гневна и бесна.
    Не знам зошто сум толку чуден створ, ама држењето за рака со дечко ми, и неговата трчаница по автобусот :rofl: за да го сопре и да се качам и да не го испуштам ми се видоа поубави од сите тие партали во трговскиот...
    наречете ме луда, таква сум.
     
    На Annath, kravce, LittleFairy и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.869
    Допаѓања:
    163.499
    Ги знаете оние тајландѓанките што одат по плажа и масираат? Е тие. Епа јас ќе одам по луѓе и ќе им викам масирам вијуги, поволно. Малце како у грч ми се сите, нетокму, да им ги размрдам малце, да им ги опуштам,да се опулат убоо у животецот и да речат ми се живее бе. Ми се живее и одам у странство, ми се живее и ти раскинувам, ми се живее и сакам да одам на крајот на светот, ми се живее и ќе и се јавам и ќе ја сакам до крај на животот, ќе бидеме како две рески од лешник, еден до друг и ќе си свенеме заедно!
    Денес нешто не ми се прави многу со себе. Ми се бидува само убава. Уствари јас коа не сум била убава? И секогаш заради баланс у универзумот за да си бидете на место со перцепцијата, повторувајте си у себе 10 пати, на себе си изгледам 5 и више пати поубав него ли на светот...и онда си тамам со самодовербата. А не најубава сум,па тука да ви пијам мартини со ЦЕФЧЕ у слоу моушн,па да ми влепите една пуна да ми свири во уши 10 дена. :D

    Кога мајка ми ја карам дека го преврела кафето,а она ми вика, не бе,не, само што се дигна... по инерција ми оди да и решам, Што?! И од таму,кафето е маж! Чао! И затоа сакам врли, јаки, црни,а некад и смеѓи (си убаи очи,шо сакаат да ме видат по баба ми) кафиња,што горчат и се тешки за поднесување!

    Ама да,веќерас ќе имам јак тест...на нерви.
     
    На AwesomeGirl, blond и WomanInRed им се допаѓа ова.
  3. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Среќна сум! :angel: :D
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. stoilovat

    stoilovat Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    сдк...ја проверувам кантата на фемина хаххаха
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Добив понуда за работа денес. Ве молам феминки од Струга, Битола да ми пишат ЛП сакам да ги прашам нешто, битно ми е. :wasntme:
     
    На LittleFairy, miljkovic, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    ..мислам дека ние жените знаеме да бидиме гадни створења желни за внимание.
    Само кукаме , лелекаме ова неможам она бла, бла,бла .
    Имам една особа во моја близина, која мисли како е преуморена само и само затоа што иди не работа.Од цел свет само таа оди на работа :^) .
    Јас неможам да сватам онолку саати колку работи ,толку и се одмара.
    не сум совршена ,далеку од безгрешна и работлива до немај каде ама ако сакаш нешто и можиш, а и треба да се трудиш за среќата на другите , за нивно задоволство за нивно мало внимание МОЖЕШ и ЌЕ УСПЕЕШ.........станав ,алишта извадив од машина ги наредив да се сушат, направив јадење, отидов да купам лебче намирници, исчистив, измив чинии, дури и на раце поминав некои нови алишта се избањав отидов да купам поклон за пријатели возев бициклета на ова време бла бла....и имав време да седнам и на раат да си поседам и д а си пивнам кафе ..
    Значи цел мој труд сум го вложила за мое и на одредени особи доброто, и ете затоа не поднесвам плачи п...ки јас ова јас она леле колку сум уморна , а ќе му ја седнат и цел турски страње репертоар ќе го прогледаат.Отупуваме како нација и точка.
     
    На LittleFairy, K.Mari4ka и Ilusionist им се допаѓа ова.
  7. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал..Еве вчера уште едно дете отишло на оној свет..Стварно незнам што се случува?? Вчера вракајки се од болница го видов детето со другатите..А денес слушам умрел.. ;( Стварно многу ми е жал.. а немаше ни 17 години.. :(
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Со празници, полагања и тон разновидна храна го поминав првиот месец од годината.
    Нов месец, нова надеж за многу планови и соништа, нова инспирација и нови сили.
    Јово на ново, со нови фустанчиња, чанти, парфем.
    Верувам дека февруари ќе биде добар.


    Вчера заклучив дека јас не сум карактер кој неможе да се врзе за одредено нешто, а на секое видување да не ме погодат и вратат назад спомените.
    Облеката ќе ја сместиш во ќеса и ќе ја заџиткаш во некоја фиока под кревет, парфемот ќе го џитнам, ама што да правам со местата кои страшно ме врзуваат со тебе, места на кои прв пат сум се отворила, сум треперела како дете..
    Бев до тој степен расеана, што си се префрлив на сувозачко, се потпрев со лактот на прозор како по обичај и гледав во небото полно со ѕвезди и се навратив неколку месеци назад.
    Поминував по истиот пат, седев на сувозачко со лактот на прозор, само што не зјапав и не евоцирав спомени, туку ти раскажував за мојата машка фризура во детството, фотографирав, пеев,а ти се смееше како никогаш, додека во позадина одеше моето цд.
    Се покаав што ја искинав на најситни парченца мојата омилена слика од тебе која од почетокот ја чував во една тетратка, ама заклучив дека не сакам да живеам ниту со спомени кои ме растажуваат, ниту без тебе, затоа ќе го скршам тој мраз од инает и лутина, и ќе те вратам.
    Се некогаш, ќе биде сега и засекогаш, знаеш и ти , знам и јас.
    И не 101, овој пат 1001 ќе ми купиш, како што вети.


    Во чест на новите чекори овој месец, и во чест на здравиот начин на исхрана од утре, вечер ќе си направам домашни палачинки, само тие фалат. Меренда, мед, ореви, банани- се имам, и ќе си уживам во омилените розе пижами и чорапи, кроејќи планови.


    Кога брегот неоди кај Мухамед, Мухамед оди кај брегот! :!:
     
    На LittleFairy, marama, mims-89 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Малку каснам со коментар, ама сега го читам постов, доцнам во дискусијата :$ :wasntme:

    Со мене во клас имаше двајца ученици кои паднале година претходно, едниот почна со нас во прва бидејќи паднал, а другата дојде во втора, втора година ја падна. И двајцата беа исклучително паметни, учеа само толку колку да не паднат пак. А немаше професор кој не ги понижуваше и барем 5 пати во текот на една година не им прокоментира „ништо од вас не бива, понављачи сте вие......ќе останете на улица“.

    Двајцата се запишаа на истиот факултет. Со нив заедно на истиот факултет се запиша и една од најодличните девојки во класот.
    Денес „понављачиве“ имаат докторат на тие студии, девојкава мислам дека е и професор на факултетот, а дечково е еден од најбараните професори и стручњаци од балканските простори во светски универзитети во таа област, редовно е гостин професор со предавања на многу универзитети. А одличнава се изнамачи со факултетот, едвај го заврши.

    И кај мене во група на факултет имаше девојки кои имаа само 9-ки и 10-ки во индексот, а искрено, врска немаа од познавање на јазикот. До самиот крај на студии не го проговорија јазикот како што треба. Имав и колешка која едвај се вадеше да не пише квадрат секоја година, а имаше одлични познавања од јазикот, сега е лектор на еден од факултетите.

    Не се воопшто мерило оцените ни во средно ни на факултет, на крајот на краиштата ни самата диплома. Мерило е знаењето кое го има личноста, и како понатаму во животот истото ќе го употреби :) Дипломата е само доказ дека нешто си учел во одреден дел од животот, и носи одговорност пред сам себе најпрво, а понатаму пред потенцијален работодавец дека имаш знаење од тоа. А нам ни останува да го оправдаме она што го пишува за нас во таа диплома, некој повеќе ќе го оправда, некој помалку ;)
     
    На Chica.Loca, Annath, NoellePage и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Не е лесно да си таму доле ,едно е да бидеш среќен друго е да бидеш задоволен .

    Фреквенции
     
    На Trnche, LittleFairy, anichka94 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    СДК дека денов е мноооооооогу убав :)
    Релаксирано ми е... Па и временцето ми се погоди :)
    Сега ќе си се спремам, ќе си шетнам со другарката, на едно кафенце и така...
    Утре имам дејјјјјјјјтттттт со еден мил момак, ме тресе возбудата уште од сега...
    Ах, постојано ми се врти мислата како ќе биде, што ќе биде. И така си стравувам, возбудена сум, испаничена :angel:
    Во стомакот имам цела зоолошка, а главата ми е хаос кога ќе се присетам :lol:

    И да си надополнам.. ова се случи пред неколку минути :D
    Брат ми, мочко еден земал риба од фрижидер и почна да ме брка со неа. Јас ептен се гадам од риби, и во момент на паника кога го видов дека се приближува со неа, без да се свртам тргнав наназад и таква одам се позабрзано, и кога сакав да почнам да трчам напред, веќе касно видов дека пред мене има стол. Го знаете оној секундарен момент кога ви доаѓа мислата: "Леле како ќе се искршам сега"? Е богами се искршив. Кога се поткачив на столот, со се него направив салто напред, се испозаплеткав толкава магарица. Низ цела дневна се испружив, и стол превртев и се`. А брат ми стои со рибата во рака и ме гледа, не знае како да реагира, се збуни :D
    Па уште ми доаѓа со рибата и ме гушка, ме теши, а јас си цивкам од што ме боли :D
     
  12. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Се додека те оговараат, знај дека вредиш!
     
    На LittleFairy и aaaaa им се допаѓа ова.
  13. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.030
    Сдк дека нема нешто потажно од нив,барем за мене тоа е невино,мало и со сурова судбина,како ли само да му помогнам....
    се вратив ве читам и ве советувам да ги сакате своите најмили,да бидете силни кога животот ви забива нож во грб и да помислите барем еднаш кога ви е се најдобро на некои кои немаат да јадат,кои немаат основни услови за живот,е тоа мене ме растажува....
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      6,6 KB
      Прегледи:
      528
    На LittleFairy, tweety26, Stoimenovska и 2 други им се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Гледав емисија за дечиња свесни дека кратко имаат од животот, емсијава е нешто како мејковер на мојот дом, ама секогаш бираат насвистина луѓе на кои им треба помош.
    Сега беше камп, на луѓе кои целиот живот го посветиле на дечиња со посебни потреби, или болни од некоја тешка болест.
    Детенце прави алка, и ја дава на една од работничките на екипата, и вели: знам дека мојот живот завршува, ама сакам да ти дадам алка која ја направив, спомен од мене, ако сум ничиј спомен значи како да не сум постоела, ти правиш добро за мене, јас сакам да ти дадам љубов.
    Се изнаплакав како мало дете, а тоа ме натера да ги погледнам и пораките на нашата Ивана.
    Која чистина, која желба, која борба е тоа, да си свесен дека блиску е крајот, а ти го грабаш животот, и со секој напор пробуваш да опстанеш приземно колку што можеш и да уживаш, не знам колку е уживање, ама кај Ивана имаше напредок на работите, се заљуби, беше повесела, пишуваше умни работи, и постираше за она што сакаше да го доживее, а не успеа.
    Овие луѓе се големи борци за мене, и пример колку имаме ние здравите а не цениме.
    Вчера И Џокси ме погоди со неговото СДК, за злобата и ограничесноста на луѓето, и колку секојдневно треба да се бориш со нечии предрасуди, зошто тие си живеат иако се возрасни во својот плиток свет.
    А после на Т.Л на твитер помина правата порака од Шилеа: Луѓето се луѓе. Кога не ги познаваш, не си давај слобода да ги судиш, плиз. Барем до таму стигнавме со свеста.
    Уште само кога би можеле да се потрудиме да останеме луѓе, и да знаеме да дадеме, да разбереме, да ислушаме, и да сфатиме што имаме додека не сме изгубиле се.
     
    На WarriorAngel, Chica.Loca, sweet-cherry и 37 други им се допаѓа ова.
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.708
    Допаѓања:
    24.158
    Пол:
    Женски
    На LittleFairy, anastasija85, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.076
    Читам некоја статија за принцот на бел коњ.
    Како секое мало девојче, така и јас си имав своја престава за мојот животен сопатник која евоулираше додека растев.

    Прва несудена желба ми беше да бидам Госпоѓа Госпоѓа Гаврилица :rofl:
    Он Господин Господин... па нели аутоматски и јас ГоспоЖа.

    Втората фаза ми беше да си најдам еден Вулканец :rofl:
    Поттикната од научнофанатстичните филмови сонував за маж со шпицести уши и енормна интелигенција, :!: а да и од друга планета.

    Е кога потпораснав и сватив дека првиве желби биле чудни :$ , си решив да си најдам кувар. Што убаво он ќе готви јас ќе јадам, во јадењето лежи среќата :rofl:

    Следна фаза ми беше дека мене не ми треба никој. Јас сум независна женска :muscle:

    И среќа бек ту реалити и ми дојде памет некаде истовремено кога го сретнав и него.
     
    На Artemission, kravce, LittleFairy и 18 други им се допаѓа ова.
  17. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    СДК Еее долго време ме немаше на форумов. Можит една година. Многу згодни и незгодни случки ми се случија ама како било. Живот иде даље. И уште нешто. Морам да ве поздравам сите, а посебно оние кои ја паметат Катка. :!:
    Женски гледајте вас да ви е убо. Толку од мене.

    Катка. :*
     
    На k.i.m, Lov3 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    101.546
    Пол:
    Женски
    Се прашувам како е можно да постои такво антиталентирано жениште како мене :?:
    Разговарам прееска со комшивката,и таа ми вели зошто не почнеш да работиш нешто во кое ќе се најдеш себе.Е сега да напоменам дека е тоа жена што има илјада таленти во споредба со моиве две леви раце.И ајде нели,се е пракса ако нешто започнеш мора и да го завршиш,каде да го продадам тоа створеното што и да е???
    М?
    :^)
    Се мразам колку сум неспособна.Во ништо бре конкретно не се разбирам.Најубаво знам да молчам.И тоа 24/7.И тогаш сум си верна и доследна на себе.И ќе си молчам :emo:
     
    На LittleFairy, imelda, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  19. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Боли тоа што веќе во никој немам доверба..
     
    На LittleFairy, Angy.g и anggell им се допаѓа ова.
  20. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Татко ми и брат ми јадат пица :mm: и јас да не ги гледам си се затворив во соба.Постојано читам теми во категоријата храна и пијалоци,ама ке издржам. :) Само до кога? :?:
     
    На CIA и LittleFairy им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.