Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Бев да го гледам Хобит денес, ПРЕВООДУШЕВЕНА СУМ!!! :$ Сите предходни 3 дела ги обожавам, не се ни сомневав дека овој ќе биде нешто помалку добар, ама сепак.. уште ме држат импресиите и знам дека уште долго ќе ме држат :lol: сега имам желба да земам да ги гледам пак останатите 3 дела иако веќе ги имам изгледано по 100 пати, никогаш не ми е доста :lol:

    Само едно нешто ќе кажам :!: во Хобитов фалеше Леголас :lol: се надевав дека барем во една сцена ќе го има ако ништо друго.. Амаааа ништо од бизнисот ;( више срече други пут :lol:
     
    На green.eyes, Katerinceee и Yipman2 им се допаѓа ова.
  2. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.606
    Допаѓања:
    2.452
    Некои луѓе се стварно како крлежи, како пијавици. Колку и да се трудиш да ги избегнеш тие секогаш се тука. Аман...
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Не вреди сега извинувањето, нема да го смени тоа што го зафркнав |( Можеби и единствена шанса беше сега. Во вакви моменти си велам дека следниот пат ќе биде поинаку, ама не знам веќе колку време се тешам така, години можеби. И не ми доаѓа умот. Да се утешам уште овојпат или да не си давам лажна надеж? Ај можеби следната слична прилика ќе ја зграпчам, којзнае...
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bianca.M

    Bianca.M Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    9
    СДК..деновиве сум ужасно нервозна,не ме држи место сите ме нервираат сите ги мразам незнам шо е со мене.
     
  5. lilybeth

    lilybeth Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Денес значителен број луѓе ми рекоа дека сум многу убава ... а не ми беше ни роденден , ни именден ни слично ... хахаха ... Ви блгодарам многу ! Прекраснисте , ми го разубавувте и денот и ноќта Ч*
     
  6. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Ме измори разговорот со една личност. Не ни требаше да разговарам со неа.
    [​IMG]
    Во ова модерно време, секој се грижи за секого, освен за самиот себе.
    Уште еднаш по стоти пат, не се сите машки исти, како што и ние женските не сме сите исти. Тоа што сме направиле погрешен избор или тоа што одредена личност постапила поинаку во одредена ситуација не ја прави лоша.
    Преку глава ми е од ова глупаво грижење за мене, ко да јас немам очи, ко да го гледам него со розови очила. Најмногу е глупаво тоа што се слушам од луѓе кои не го запознале, но имале лоши искуства во љубовта.
    Не секоја љубов мора да е болна, не секоја врска мора да е трагична, не секој мора да повреди некого во врската.
    Секоја личност има мани, прави грешки, не секогаш носи правилни избори и да понекогаш ги повредува другите луѓе. И поради ова сега да не веруваме во љубов?
    Јас одбрав да верувам во љубов. Љубам и љубена сум. Му верувам, па макар и нека ме повреди. Во овие 20 дена го допрев небото, не сум била посреќна до сега.
    Љубејте со цело срце, уште тоа ни остана.
     
    На kravce, Hopeful, EleMental и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.466
    Хобит е глуп филм.


    А јас сум занемена. Ни роден брат не може да те спаси од скопски сељак...
    Јас сум зљубена...во се што имав,а немам.
    Језивото е што комшијата во 5 и 33 ја слуша Кармен...а е мрачна тишина.
    Се чувствувам неубаво. И згадено. Без доверба и смисла. Сфаќам многу нешта. Жално.
    Сакам само да сум му во прегратки и мирно да спијам. Јас сум мирна, но ме боли.

    Сите вие што мислите дека се ви е погодено со дечкото...а искочил вечерва у Менада... па по дискач... сте се заебале,само тоа ќе го кажам. Почнувам да ги разбирам оние опсесивни и посесивни девојки кои не ги пуштаат дечковците да мрднат со другари...се плашам само да не почнам да верувам у таа нивна љубов,а не во онаа која е крилата и прекрасна. Затоа што...она кое го гледаат моиве очи и го слушаат моите уши и она кое го перцепира сетото мое постоење...има друга димензија. Те третираат ко простакуша пошто има премногу простакуши околу тебе шо ќе паднат на евтино ласкање мислејќи дека е најнеодоливата примадона во просторијата. Се лажеш сонце, ти си една проста и евтина дроља која ја девалвира женската вредност.
    Јас не можам да спијам ноќва од болка зошто ова беше врвот на моите разочарувања. Се осеќам понижено,а нема зошто, зошто јас не сум крива за ништо. Ама можам да ви кажам дека видов барем 5 зафатени дечки кои дишеа по други вратови,дур нивните женски си ја поминале ноќта по дома мирно или кој знае каде...
     
    На kravce, bittersweet, anuskaNESTLE и 30 други им се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк кој рано рани ги зезнал петлите,ама кај мене е друга работа цел ден ке зевам сега. |-)
     
  9. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    „Наспана“ станав во 5 саат, па кој ме тераше во 22 вчера да си легнам... цел ден зевачка! :(
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кои игри ги игра потсвеста со нас :x
    сонував како десната нога напред ми е отечена и се прави ко топка-и навистина ми е , само облогите од Ациди борици помагаат и ме однеле на операција-што е практично невозможно бидејки напред има коска а мускулот е од страна и јасно гледам како лежам на кревет, се обидувам да се мрднам ама не успевам а човекот што стои пред мене е верувале или не Адријан Гаџа :rofl: и ме вели не се грижи се ке биде во ред и ми се смешка
    ни како мала а ни сега не сум била фасцинирана од неговиот перформанс, изглед како пејач од каде тој во сонов навистина не ми е јасно ама ете :D
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Artjoy

    Artjoy Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Недовербата,неискреноста ме убиваат бе луѓе...ги нема,се изгубија негде во просторот и времето |(
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.125
    Допаѓања:
    179.672
    Пол:
    Женски
    Кафе си е кафе...и сабајлечки нема ништо шо може да го замени.. :)
    :coffee: МхМхМх
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... и на крајот на денот секој си бара емотивна, душевна, психички позитивна исполнетост ... мир и хармонија. Затоа не завидувајте им на оние кои имаат толку колку што немате вие, затоа што може да е маска или параван за она што се крие позади се она материјално и физичко имање.
     
    На Artemission, kravce, Umbrella22 и 23 други им се допаѓа ова.
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Опа ихааа!

    Пак ќе играме на свадба пролетва, девојката на другар ми е трудна :tmi: Епа ај, нек се угоде :D Таман реков се стишија луѓево со свадбиве, еве пак. За убаво, за арно нека е!

    Јас да ви кажам, вчера не издржав и го натерав овој мојов да ме носи на телешка чорба. Бевме, си сркнав две полни чинии и чинам за душа ми се залепи. Уф како ми легна :rock:

    Денес ќе ја носев колата на миење, ама врне. Уствари, не знам дали сум спомнала, фетиш ми е да си ја мијам колата, малце сум опседната :rofl: Обожавам кога за викенд ќе ја однесам во пералната во која перам кола веќе 7 години, па додека ја мијат, јас ќе си седнам во соседното кафуле, надвор, на масичка на сонце, па си пијам макијато и си пушам цигарче додека гледам како ми ја средуваат лепотицата :rofl: Добро де, претходната не ми беше толку убава, ама новава ми е лепојка :rofl: И пошто ме знаат во пералнава, па ми ставаат екстра миризливи средства и гратис ми ја гланцаат колата со таму не знам што :D И така, најомилен момент ми е кога ќе си седнам во тазе испрана кола :rofl: А, да, најмногу ме нервира кога во перална ми го поместуваат возачкото седиште, за да нели седнат господата внатре и забришат таму. Е, во оваа перална, знаат дека тоа не треба да го прават, зошто ако некој еднаш ми го помести седиштето, после никако не можам да го вратам во идентичната позиција во која било претходно. Па така, тука не ми го чепкаат, тој типот седнува со нозете надвор, пошто не го збира, ама многу ги почитувам заради ова :rofl:

    Тhat's me: A car wash freak! ]:)
     
    На kravce, bittersweet, Monna.Monna и 28 други им се допаѓа ова.
  15. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Само ние жените знаеме како е кога сме во ПМС.
    Значи се чувствувам како во некоја затворена кутија од која сакам да излезам, да вдишам воздух...а неможам.
    Толку немоќно е чувството. Колку хормоните владеат со нас?!
    Некои работи несакам да ги кажам, но неможам да спречам да не излезат од мене.
    Сакам на сите што се околу мене по една клоца да им удрам и ај со здравје! Абе, се` ме нервира. Не е фер. :tmi:
    Кафиќ, кафе, гужва,музика, зборови испомешани од сите страни. Во главата ми се мешаат и ги слушам како ехо. Леле, како некој идиот се чувствувам.
    Од нервоза и ноктите ги исеков. Неможам да си поверувам кога ги гледам. :o Навистина не знам што правам.
    Како во полусон да сум...

    Не излегов цел викенд. Не сакам. Ми смета таа музика во дисотеките. Мене вака се` ми ѕвони во глава,а па уште некоја техно музика ми фали и да се постелам како крпа на земја.

    И, послениот чекор од секој ПМС е плачењето.
    Ме фаќа таква депресија, за ништо! Гледам во ѕидот-плачам, гледам во небото-плачам...недај Боже некоја книга да читам, страниците ќе ги растопам од солзи. Ах, каква сентименталност ме фатила.

    Среќа што сме храбри ние девојкиве. Маж да е, не би издржал!
    Нека не разберат, не е до нас. Му реков сега, нека разбере...мислиш јас сакам да бидам ваква. - Не сакам, ама мора да ме трпиш душо :tmi:
     
    На sweet-cherry, kravce, LittleFairy и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    [​IMG]
     
    На Domino, Annath и Miss-Angie92 им се допаѓа ова.
  17. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667

    Абе како јас да сум си го пишала ова. Проклет ПМС ме држи 10 дена.
     
    На LittleFairy, Doozy и Ilusionist им се допаѓа ова.
  18. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Се препородувам. Гледам една серија, и во последната епизода имаше еден многу убав цитат
    He writes a poem every morning and burns it on every sunset. Because he says each poem belongs to that day.

    И така е бе луѓенца. Секој ден си е за себе, а денешниов мене ми ветува од онаа топлина која со мали жарчиња ја потпалува душата во правите моменти. Да ви раскажам една приказна. Вчера врнеше дожд и снег, цел ден и цела ноќ. Сабајле ме разбуди најсилното сонце што сум го видела во последните два месеца. И со уживање гледав како се топи снегот на покривите околу. Пред малку отворив прозор за на свеж воздух да си го испијам TУРСКОТО кафе (аман од еспресо, никогаш аман од капучино). На рамката од прозор, луѓе бубамара најдов. Бубамара во февруари, после снег вчера, и редовна магла три дена претходно. Бубамара. Ми прошета по прсти, и ја испеав песничката и си одлета. Знам латинско име на бубамара ама не знам колку долго живеат. А оваа реши да сподели дел од краткото животче со мене.

    Него поената ми е, за да ја видам бубамарата отворив прозор. Е така е и со животот, мораме да отвараме прозори. И некогаш надвор ќе има сонце, кое во зима ќе го бараме а во лето ќе го колнеме, некогаш ќе има дожд кој кога сме заљубени ни е најромантичен а кога трчаме низ град со чизми од превртена кожа е најлоша клетва ама тоа е. Секој прозор е таму за да го отвориме, да видиме што има долу или на хоризонтот и да излетаме низ него. Како Петар Пан.

    На сите на прозор да ви долета по една.
    [​IMG]
     
    На Annath, kravce, la-chicka и 17 други им се допаѓа ова.
  19. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337

    [​IMG]
     
    На tessie, Annath, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Убоо ми е, го живеам последниот ден од зимскиов распуст, одмарам, одмарам и само одмарам, и не планирам ништо друго денес освен да уживам, седам тука и глеам тв. Ок, и да чекам утакмици спортска, многу јаки има денес. И секако, на Милан кец, на Барса двојка. 8) И вчера многу убаво си поминав. Ах, детството ми пројде во Аеродром, ми фали! Ааах февруари, биди добар месец...
     
    На Doozy, LittleFairy и CIA им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.