Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Не знам дали е од времето ама дури и на форумот луѓето се напнати денеска :D
     
    На LittleFairy, nennsy.densy и elisabeta им се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Како луѓето се дрзнуваат за се да судат и да солат памет и сечиј живот да го средат а самите не се погледнуваат еви ви два примера :

    1.Вчера тргнав во потрага по фармерки , и си гледам едно моделче и продавачката ми рипа одма не си толку слаба за толку мал број :^) не се мачи да ги пробуваш нема шанси да те собере :o Па ваљда знам ја што број носам како да не сака да ми продаде бе :D Иии за инат ми биднаа фармерките ама па ја за инат не ги купив :D

    2.Него друго ми беше муабетот , ми понудија да стажирам во биро надомест никаков сега за сега , за натаму не се знае .. И да ви кажам право многу среќна сум , нешто да се прави да не стојам во место и да не чекам да ме фати за рака некој и да ме однесе на работа , така ќе остарам чекајки :lol:
    Арно ама :!: другарка ми ме убедува дека сум многу глупава што ќе одам да работам без пари извини душо мој живот, мои цели, моја кариера .. :tmi: :tmi:
    Спремна сум да работам за џабе ама кога ќе видиш не е за џабе кој ти го дава тоа искуство и до кога ќе чекам ја за платена работа на струка па да си останам со прстот во уста а сите ти бараат искуство ... Ке работам без пари ќе вложувам во себе ако не сега кога ќе имам фамилија ли ? И така седам дома , да не ми бидне нешто ако научам нешто од искусни во својата професија , само од книгите тешко дека ќе научиш ...

    Заклучок самите знаеме што е најдобро за нас нема потреба од Трајана или Петкана да ни кажуваат :wasntme:
     
    На bittersweet, LittleFairy, tweety26 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Да ви покажам слики од местото каде што живеам, пејсажите посебно во овој дел од годината, сликите кои ми се сервирани со само едно излегување на балкон или поглед низ прозорецот ќе ми позавидите.

    Многумина ќе ми позавидат.

    А кои мисли ми доаѓаат на мене? Почесто си мислам еј да живеев во некои по урбано и динамично место, ќе имав каде да си купам кифла од лиснато тесто во 4 саат наутро.

    Јака муда лиснато тесто!

    Денес ми помина денот, но утре морам на мал пикник во блиската шумичка.

    Ќе си направам сендвич и ќе одам на неколкучасовна дружба со зелената трева и студениот воздух, уживање во мирисот на свежа мешавина од смола и бор, а очите ќе ги наполнам со синило.

    Ќе се концентрирам на тоа што го имам. И ќе бидам благодарен.

    Реални потреби ни се љубовта и близината со природата. Се друго ни е наметнато од "цивилизираното" општество.
     
    На Libera, sweet-cherry, Annath и 41 други им се допаѓа ова.
  4. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    oh really? you need space???? join NASA! :D
     
    На Name и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.125
    Допаѓања:
    179.654
    Пол:
    Женски
    Го глеав "Специјалниот танц на невеста кој ќе ве расолзи" ... Божееее...одамна немав видено нешто толку посебно..толку совршено...
    Секоја чест на нејзиниот брат!! Не само шо ме расолзи..туку си плачам ко улава.. :(
     
    На LittleFairy, CIA и teddybear им се допаѓа ова.
  6. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Дојде и тој златен ден кога и мене ми е убаво на душичкава ,па се надевам и во иднина вака ке ми биде, поминав многу тежок период летото и зимава.Нега оди сето тоа во неповрат и нека идат вакви убави денови,е сега кога ми е убаво уште сега си правам планови за на плажа влето пошто оваа 2012 многу пропуштив и несакам никогаш да се сеќавам,животот оди напред и само напред ,и едноставниот и досадниот ден ме прави среќна затоа што знам какое да бидеш несреќен,кога ке доживееш несреќа току долго време и после тоа сето тоа искуство те тера животот да го живееш по квалитетно со помалку нервози за глупости и да се радуваш на најмалите работи што ти се случуваат.Сега сакам летово да си отидам на плажа со дечкоми да се шетаме по таа плажа ,да ме исполнуваат само убавини а другото што било како со гума го бришам .Колку е убаво кога духот ке ти се прероди тоа е најубавото чуство на целиот свет да ја видиш светлината после долготрајната темнина,ова е замене голем успех а и големо искуство ,сонував за овој ден не знам како да ја искажам оваа радост.Дечкоми ја запримети мојата промена и многу е среќен ,тој беше цело време покрај мене тие денови ми давше надеш и сила многу му благодарам од срце
    мислев дека ке ме остави,но тоа не се случи премногу ме сака и срекна сум што имам таков човек покрај мене.Плачев кога утрото ке дојдеше но сега со радос го цекам :rofl: ,плачев кога ке помислев дека нема излез ,но сега не мислам така ,во мене се роди духот на лубовта,среќата,храброста,а умре духот на стравот ,на негатинодтите и на се штое негативно ,ЈАС СУМ ДРУГА ЛИЧНОСТ. :*
     
    На LittleFairy, Serafima и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Не се сеќавам кога последен пат имам пишано воопшто на форумот, не е до мене до немањето на време е ;) понекогаш ве читам гледам темата СКД како проштално писмо станала :lol:
    Инаку јас добро сум :) врвам некако - работа, дома, чат - пат кафе и добар виќенд, а најмногу што ме исполнува е мојата внука леле тој мирис на бебе, тие мали рачиња ми се топи душата. Еј ви се пофалив дека пред два месеци станав тетка? Ма нема поубаво чувство од тоа, нема поубав мирис од мирисот на бебе, нема ништо понежно од бебешка насмевка толку ме исполнува и смирува ма ја обожавам.

    Периодов не сум баш најдобро некако осмено се чувствувам можда е време да си најдам некој до мене али не е така лесно како што одминува времето се повеќе се уверувам во тоа дека мажите се најкомплицирани суштества ти приога ти се пушта, и таман ќе почнеш да му посветуваш внимание го снемува некое време и потоа оп исто пак се појавува и пак ист филм ти кажува колку му се допагаш, ти се восхитува на годините и успесите дрн - дрн и пак ќе го снема. Кој тие е филмот бе брат??? Ма гонисе у ку**ц!

    Многу ми е убав денов, створен за уживање. Јас сум од малкумината кои сакат дожд, колку многу сакам сега да излезам сама со чадор да се шетам и да уживам во дождот, да седнам сама на кафе и да гледам низ прозорецот, многумина ќе ме направат ненормална знам, но ова е Македонија секогаш ‘‘треба‘‘ да се вклопуваш со другите|(

    Останете ми поздравени, среќни и исполнети :) Имајте убав дождлив ден :)
     
    На Doozy, LittleFairy, tweety26 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.146
    Допаѓања:
    67.348
    Пол:
    Женски
    Лилит, мислам дека предизвика расправии во барем 5-6 врски со постот. :lol:
    Во борба, во борба, во боооорба, македонски народе, народе! Цело време тоа ми ѕвони во главата. :wasntme: Мислам дека нема потреба цел народ да оди во борба, доволно е да ги соберат сите жени во пмс. :rofl:
     
    На mims-89 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На LittleFairy и Gordana10 им се допаѓа ова.
  10. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Сакав да станам рано, да видам сонце, да го пијам првото утринско кафе на тераса, удобно облечена и нагрната со дебел топол џемпер. Да се милувам со сончевите зраци и да вдишам свеж воздух.

    Не се појави сонцето па јас место да го имам посакуваното утро се утепав од спиење. Спокојна, без нималку грижа на совест, слушајќи ги капките дожд како синхронизирано тропаат на ролетните од прозорците во мојата соба.

    Е сега не знам што попрво?!

    Како мува без глава сум. Имам безброј обврски, а не ми се мрда ниту со малото прсте.
    Ме боли грбот, но не е од неудобноста на душекот, туку од прекумерното спиење.
    Ми се пие кафе, немам со кого, а ме мрзи и да сварам..
    Гладна сум, да кажам ли и дека ме мрзи да јадам? :tmi:
     
    На kravce, thinkerbell, Doozy и 13 други им се допаѓа ова.
  11. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Вчера влегувам да се туширам и фаќам да се бричам под мишки и ми се гаси светлово оти ни е на сензор и треба да мрднеш нели за да се запали ама некогаш мораш наново да го уклучиш од копчето. И баш вчера беше тој момент и си викам сега кај ќе испагам ваква гола со скама на мене ај ќе пробам во темница да се избричам |( леле луѓе бричам, бричам, не знам колку ми е доста, не гледам шо да праам. Леле кога испаднав кога се видов :worried: негде избричана на некои места не :sweat: како изкубана кокошка бев. И си викам ај добро утре ќе се досредам и така не испаѓам, уствари до кај дечко ми ама среќа не примети. И во моментот си помислувам арно шо долнава ми е издепилирана :$ оти ако требаше да ја бричам партали ќе бев :lol:


    Цел ден си легачам, нигде не испаднав, ни гости ми се вика,ни па ми се оди кај некој нагости, кафе не се напив, не можам сама да пијам. Ќе одам сега со мама ќе правам едно благо, после се бањам и уживам во остатокот од денов. Од утре со нови сили.
     
    На CuteEva му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.464
    Јас не зборев за фемина...јас си зборев воопшто и си ја кажав вистината. Која мисли дека треба да го чкопи дечкото,нека го направи истото... и нека ме разбере добронамерно. Дали е полесно да живеат во лажење и неверување и да бидат среќни и многу глупи или внимателни,нивно си е. Јас тоа што гледам,тоа кажувам,ама она што го видов беше евтини женски кои паѓаат на глупи зборови и зафатени мирни дечковци као демек на врат на овие првиве...а сме човечки суштества и за жал, кои особено кретенски се понашаат кога се зафатени или се во врска,со исклучоци кои секад се понашаат така распуштено. Така што,колку ви е подолга врската,толку повеќе мислете му ја особено кога си го пуштате у град за провод со другари да се испука. Дури јас у мојата долга врска од порано сега си го враќам филмот и си викам,абе он беше фин дечко,ама јас наивна да не сум била да не ги правел истите гадости? И не можам да знам, никад нема да дознаам. Ама и свршени ги имам гледано во истите ситуации,така што... примитивизмот владее.
    Знаете како,онаа старата сељачка поговорка која се однесуваше на жените - истепај ја дури и кога ништо не направила пред твои очи,таа ќе си знае зошто си ја истепал секако. Епа така и ова,вие истепајте ги,а они ќе си знаат зошто...

    Ах да, и на крајот ќе биде крива кучката,пошо и го уќарила дечкото,а он ништо душичка мирна, ништо не правел... ахам...мислете си. А рака на срце,освен на чело ако не сте му истетовирале дека е зафатен, не верувам дека некоја носи гравчиња со неа или по патецот јал на десно му е,јал на лево му е да го препознава.
     
    На kravce, bittersweet, ljubam и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Чудно прашање ми постави една од малкуте блиски пријатели.
    Како останувам толку позитивна и силна покрај се она што ми се случувало.
    Нема тука некоја филозофија.
    Му се радувам на утрото, го исполнувам денот максимално и си легнувам со насмевка.
    Кога при секое паѓање се наоѓа нешто што ќе ми удри толку силна клоца што пак ќе треснам силно на земја, сфатив дека нема абер ако постојано плачам. Удирај брате, имуна станав на се!
    Можеби собирам во себе, по бесна и повлечена сум од било кога ама научив да го живеам животот со полна пареа што би рекла баба ми.

    И така е тоа денес.
    Како што ми засвети сонцево во очи така и ми ја згреа душичкава и ми влеа некоја позитива.
    Допрва ќе се случуваат убави работи на кои уште од сега им се радувам.
    А и се додека Тој е до мене, ништо неможе да ми се случи. Ме чува во прегратки, ме опива со љубов и ми влева сила да продолжам да бидам она што сум. Неизбежен е и фактот дека ме научи на многу повеќе.
    Ми ги додаде оние три години кои сме разлика, ќе ме земал за жена вели. Ќе си чекал ама ќе се исплатело. Е добро коа си запнал, ќе си чекаш.
    Па да те видам дали ќе дочекаш. :smoke:

    Ајде останете ми поздравени и прекрасни, јас имам математики што ме чекаат да се дружиме. :emo:
     
    На kravce, Shelea, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  14. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Читам по форуми,по списанија се повеќе се зборува за маките,за несватеноста,за намалената машкост на македонскиот маж. Не бил сватен,не се чувствувал како заштитник,го немал главниот збор,дрн дрн јариња. Во принцип се зборува за тоа дека модерната жена го зацрнила и дека тој веќе не се чувствува како маж. И тоа што највеќе ме фрустрира е тоа што се зборува по женски форуми и списанија.
    Дами ве молам.
    Порано тој имал една жена ја сакал само неа и се правел за да ја има,до свадбата не ни ја бакнувал,копнеел по неа и правел се за да да ја добие,купувал цвекиња,молел,колел висел под прозор,праќал писма. А денес ааа денес спие со секоја трета (за што и неможам да го обвинам,он бара-она дава) ама муабетот не е тоа. Муабетот е што сака да се ожени со некоја невина,повлечена,да пере,пегла,чисти и гледа деца.Ма ајде ви се молам. Кај треба да работиме,учиме,градиме кариера,да бидеме воспитани,културни,треба да бидеме имаме манири,да се согласуваме со се,па уше да им слугуваме,тој само ги поткрева нозете кога поминувате со правосмукалката,а да не зборувам дека се случува некој мањак да не штипне по задницата или во гужва се извинувам но убаво да се истрие со нас. И сега што ние треба да се чувствуваме виновни дека сме облекле потесни панталони. На крајот на краиштата и да ги сожалуваме дека повеќе не се чувствуваат мажествено.
     
  15. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    ахам :nod:
     

    Прикачени фајлови:

    На Stoimenovska, EleMental, Angy.g и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    СДК кога е тој тука кога сме заедно 5-6 саати поминат како 2-3 минути ....А сега ????? Одалечени сме километри и секој ден како една година да ми трае :( :( веке несакам да погледнувам во календарот бидејки се случува нешто невозможно , десет дена како сме одлалечени а мислам дека 10 години поминаа :( :( :( :( :( значи кога чекаш некого и минутата е цела вечност
     
    На LittleFairy и mili4ka123 им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.752
    Пол:
    Женски
    Конечно малку релаксација после напорната (2-ра :!: ) недела во школо. :whew: :mm:
    Ах, уште да не поминуваше викендот толку брзо... :doh:
    Ама стресовите и стравовите тек сега почнуваат, кога ќе ги прегледаат тестовите што ги правевме па кога ќе почнат да ги даваат... :worried: Утре кога ќе ни дојде математика со прегледаните тестови, ухххх, ќе бидат хорори... :x :sweat: Да ми држите среќа, девојки! :D

    И друго што сакам да кажам, многу сакам да дојде барем пролет бе, многу :(
    Не само заради школото (за да биде поблиску распустот), туку општо многу подобро сум расположена во пролет, а за лето и да не зборувам...Кога ќе видам преку прозор сонце, и кога ќе ми текне дека допрва е февруари, ми се плаче бе :(
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.476
    Допаѓања:
    91.913
    Пол:
    Женски
    Си мислиш конечно среќа, конечно малку успех, конечно насмевка и шеги. И сетоа тоа се руши, повторно мрак со еден повик, еден близок со болница, друг исто...
    И некој ќе ми рече дека се се случува со одредена причина, после секое лошо доаѓа добро. Кое би било доброто после ова лошо?
    И дневната светлина не е иста како запалена светилка во темнина. Се почесто сме сите под светилка, а дневното светло не заобиколкува или на некој начин го преспиваме.
    Солзи од едни очи, па од други. Ако вчера се шегувавме на наша сметка, денес плачеме, сите прегрнати и фатени за рака.
    И да, секогаш фамилијата на мајка ми ми била поважна, секогаш повеќе сум ја сакала и оваа случка ми покажа колку е поголема болката кога нешто лошо се случува од таа страна, а не од страната на татко ми.
    Синоќа додека седев со Него, ми вели- Некоја тага има во твоите очи, зошто? -Затоа што имам некое гадно претчувство, нешто што ме гори од внатре, нешто што ме крева од оваа столица, а не знам што е.
    И проклето е лошо и болно, проклето.
    А утре ме чека уште некој испит, како по ѓаволите да се спремам?
     
    На kravce, lunicka, Lining и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Не може вистината толку да ве налути колку што може да ве дрмне, можеби пецне, можеби понекогаш и боли, зависно од ситуацијата, но во секој случај ви ги отвара очите ко на лемур. И после тоа кад тад ќе дојде време да си го играш I like to move it, move it танцот.
    У случајов не беше којзнае какво изненадување. Ме пецна, да, ама многу почитувам што ми беше кажано. Затоа што ретки се оние кои кажуваат. И искрено контам дека се ретки и жените со интегритет. Можеби и јас го изгубив својот некаде по пат, ни самата не знам. Па затоа таквите ги почитувам уште повеќе.
    Отворете си ги очите малку повеќе бре, ало!

    Been there, done that. У последна една ваква ситуација уште јас искочив ќурката, а јас немав поим. Ама тоа е сосема друга прикаска и на сосема друга тема.

    Еднаш кажав, а мислам дури и овде пишав нешто у стилу, не може мене ништо и никој да ме разочара, затоа што може да си дозволиш да бидеш разочаран само ти самиот единствено доколку имаш поголеми очекувања од оние реалните. Си очекувал еклери а си добил бајато сирење, и не од тие мувлосаните шо се јадат, да се разбереме. Си очекувал барем сарма ако ништо друго а си добил, зелка од преклани. Си давал крцкави бисквити си добил сушено лепче.
    На крајот од денот сакаш само да помислиш и да не ти е грдо. Тоа сакам, ништо повеќе ништо помалку.
    А вака, шо знам бе?! Бљуткаво чуство на јазикот и си велиш, ама зошто бе луѓе, зошто? Зошто свесно правите нешто вакво? Очај ли е што ли е?

    Мислам дека сериозно на светов му треба револуција да го здрма од оска. Дај да не се будалиме со она рипање во исто време, во иста минута, пошто тоа нема да го мрдне светов ни најмалку.
    Стварно ми е бљуткаво од сознанието какви станавме. Не сме веќе ни животни, кај нив тоа елиминирање на послабиот е онака, некое си природно правило. Во нашава игра се елиминираме во суштина самите. Повеќе отколку што сме успеале да ги елиминираме другите, нели?
    И сериозно се надевам дека еден ден, ќе осамне едно убаво сонце, и под него ќе се грееме сите заедно и дека нема да има луѓе кои ќе повикуваат на ќотек, институција ко Бардовци или нешто поагресивно и пострашно, само затоа што некој решил да љуби некого од истиот пол. Абе нормални ли сте? Ова веќе нема ни врска со тоа што е модерно а што не е. Има врска со тоа да му дадеш на другиот до тебе шанса да дише. Некој пред тебе веќе го сторил тоа, што се мешаш сега ти ако не те засега? Само од каде толку агресивност во луѓето не можам да сфатам :(

    Деновиве си мавам своевидна "overdose" на песништево. Како знае да ми тргне денот после, не сте свесни. На страна дека спотот му е одличен, па кој сфати, сфатил.
    И после вели си дека крвта не е вода, е не е! Коста Гаврас па Ромен Гаврас, епа браос.

    А песнава, нешо као да ми одговара на денешницава.
    No church in the wild, indeed!

    http://www.youtube.com/watch?v=FJt7gNi3Nr4
     
    На Lilit, Buttterfly, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДК дека цел ден се прашувам со какви тоа луѓе јас сум опкружена! Нервоза на сите страни, стрес, несфатеност, луди интереси и грозни задкулисни помисли?! Ама ај, демек тежок живот, па се фаќаме ко давеник за сламка со единствено оправдување, со потисната желба за подобро утре. И баш во оние „нагони“ за човечко понашање, се губиме во животинското и несовесното. Е како бе? Нели се осовременивме, нели секој навечер заспива со помислата утре да е убав ден? Па будејќи се некаде помеѓу совршена ноќ и нов неуспешен ден, на перница ги оставаме нашите несовршености, мирно да продолжат да спијат, и шибаме далеку барајќи ги најситните маани на оној кој е пред нас...
    Бетер, нема подобро... налет сите оние кои навистина се срам за самите себе, до толку ли не си го ценат сопствените броени минути, па пикираат по стомина дневно, трошејќи ја својата смеа и кикотејќи се на невидени швалерајки, нереални спојки и неслучени дешавки...Браво!

    Повеќето од нив само се секираат за туѓите животи, а длабоко во себе ги чуваат најгрозните и најподмолни помисли. И штом им се укаже шанса, газат се пред себе, на крај остварувајќи ништо. Зашто со секое стемнување ја губат можноста да бидат луѓе. И на крајот од денот, секој од нас повторно легнува врз купишта несовршеност и желби полни прашина.
     
    На julie77, Serafima, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.