Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека рацеве ми паднаа од презентацијава од 40 слајда :@
     
  2. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Зошто сите живеат во туши животи, а не си го гледаат нивниот живот.Значи со какви луѓе сум била опкружена.Кој сум нарекувала ДРУГАРКА.Мислам дека сите се како мене и го имаат мојот карактер но не било така.Не разбирам само тоа што ги исполнува да се мешаат секаде и да направат на некој лошо?Тоа ги исполнува?Денешто време тешко е да се верува на некој.
    Немам желба за ништо.Имам еден куп за учење, не знам ниту ташната кај ми е.Низ колку потешки моменти сум поминала и сега што ми се случува на мене?Зосшто сум толку слаба и разочарана?Знам да се изнервирам за мали ситници.А и не сум поминала малку низ животот :)
     
  3. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Сакам да прашам дали има останато хумани луѓе на планетава?
    На секој чекор војни, тепачки, убиства, кражби...
    Каде оди светов?

    Дали на некој воопшто му текнува дека она што ќе го остави зад себе ќе им помогне или одмогне на неговите деца во иднина?
    Дали некој размислува за моралноста на своите постапки? или пак сеедно му е...
     
    На kravce и prettyliar им се допаѓа ова.
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Бевме во еден мал град на викенд. Таму имав идеална шанса да ги прославам успешните денови поминати на диета. Си ги прославив јас со цезар салата, вино, црна алва... :inlove: и
    Дечко ми ме учеше да возам. Иако имам возачка, со години волан немам фатено.
    И така си возевме без компас. Си фатив неколку јаки кривини. Ептен драматично. Неколку пати направив грешки - од оние на првачињата. Место кочница јас си шибнав на гас и фативме убав дел од мала удолнина. И по некое време ете не, стигнавме кај една стара куќарка. Десно од неа беше црквата (не сум сигурна дали манастир) Св. Никола. Тоа ни беше целта. Многу стара, преубава. Незнам дали сте приметиле ама според мене старите цркви во источна Македонија имаат едно специфично обележје. Имаат насликано претстави од животот во пеколот, претстави од ѓаволот а наспроти нив претстави од ангелите и светците. Мислам дека во поновите нема вакво нешто.
    Бидејќи црквата беше заклучена отпрво неможевме да влеземе. Јас се упатив накај малата куќа каде што имаше една толку добродушна бабичка што веднаш ја засакав. Веднаш ни даде клуч да си влеземе во црквата. Ни направи и муабет. Ни кажуваше како таа и дедото тука си живееле сами со неколку кокошки, кученца и една мачка. Мене ме потсети толку многу на баба ми. Целата насмеана и пријатна. Им подарив тоа што имав во мене, мини кроасани 7 days.

    Е тоа е мојата убава Македонија.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    105.057
    Пол:
    Женски
    Ден ужасен, тмурен и лош уште пред да ја слушнам тажната вест. А за што се тажни вести, за да те дотолчат. А кога мајка се обидува да ти ги соопшти најмалку тешко што може сфаќаш дека вестите ќе бидат ужасни. Вечна ти слава Чичко П, ангелите нека бидат твои нови пријатели, возвиши се на небото и од таму испраќај ни светлина. Нажалост замина меѓу ангелите најдобриот другар на татко ми уште од детство, едно мило и драго човече, ниско а толку високо во душата, не можам ни да замислам колку е тешко таму доле на југот.
    Лошото расположение помина иако зловолниот ПМС замина одамна, јас сум сеуште депресивна и помалку тажна. Ќе помине, јас само премногу сакав да биде се како во бајките, епа не може баш така, некогаш едноставно ќе се понервираш малку :)
     
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    .......but tank you for the pain , it made me raise my game....

    интересен стих од една песна , колку и да боли некогаш треба да знаеме дека ,сепак поминува кога тогаш.
     
  7. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    СДК дека иако за викендов имав толку многу планови за тоа што ќе учам што ќе работам, како по обичај мрзата викторија само лежеше и одмараше :lol: И сега од утре ко по навика ќе одиме турбо за да надокнадиме за игубеново за овие два дена, а не е малку :)
     
  8. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Синоќа незнам што ми стана ајде си реков вести да гледам. И ајде пуштив на сител и кажуваа нешто за кандидатот на вмро за Охрид, Бакрачески мислам се презиваше. И го кажуваат каде што збори нешто и што да видам поголем нос немам видено. Знам nobody's perfect ама првото нешто што ми дојде беше ,, Леле што нос има чоековввв, може врата да отклучи со него ,, А и повеќе вести не гледам 8)
     
  9. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    Сдк дека откако ги прочитав статијата на Црно Бело за 50те најсмешни македонски имиња не престанав да се смејам како чукната цел ден.Жити се да си го крстиш детето Мисирка или Тракторка?
    Позитив на денот бе :D
    Него денес ми е среќен број 4 ,иако се што фатив ми падна од раце..
    Испити се ближат,подочњаци се нижат јухууу :D
     
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.511
    Допаѓања:
    23.170
    Пол:
    Женски
    Конечно луѓе, се разбудив од зимскиот сон! Баш ко некоја мечка бев од 20 декември па до сега, само спиев, јадев, се шетав. И се така во круг. Ама драго ми е што дојде крајот на моето излежавање :P Битно се одморив, и собрав доволно енергија за периодот кој ми предстои.
    Од утре почнувам со обврските на факултет, од следната недела имам 5 испити кои се надевам, ќе ги положам. Полека ќе се вратам во нормала.

    Затоа денес си ги средив сите фиоки, шкафови - се ми беше расфрлано. Ги изненадив и моите дома, им подготвувам торта, да се заблажат малку :) Додека се лади филот го пишувам ова.
    И така, тоа сакав да ви кажам. Полна сум со позитива, да ви пренесам малку и вам.

    п.с. Дали ова дека ќе го видам дечко ми утре после толку време? :inlove:
     
    На Buttterfly, kravce, tweety26 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    дека вечерва нема спиење туку учење и утре официјално првиот испи.
     
  12. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Една недела живеев во љубовна и хармонична бајка! Толку вистинска и реална што бев сигурна дека никогаш нема да се растури.
    Сега се случи нешто. Еве една честа споредба, ама адекватна. Вазната падна од високо на ниско, се скрши! Сол се стори!

    Сега сакам една личност да ја исфрлам од мојот живот, но ме стегнал силно и не ме пушта!
    Вели без мене ништо ќе нема смисла...но зошто со време не внимаваше...

    Ја знам неговата љубов, ја знам....и затоа не знам на кој начин би можела да го оставам.
    Би го убила без оружје!
    Ах, кога би можела во овој момент да исчезнам , да ме снема. Ќе тагува, ама барем нема да го гледам.
    Сакам да заминам далеку, лицето да не ти го видам. Само така би можела да го пребродам ова.
    Гледајќи го него, чувствувајќи го неговиот парфем кога ќе поминам по улица...тоа навистина боли!

    Зошто ли постоиме ние луѓето? За да патиме? За да се надеваме? За да научиме како да бидеме храбри?
    Целиот наш живот е само доживување и проживување.
    Може глупави прашања си поставувам. Може јас сум глупавата. Ама незнам да си одговорам.
    Ми треба сега некој Сократ до мене, да си направиме муабет за смислата на животот....белки ќе ми го дотера умот!
     
    На HoneyBun, kravce, anichka94 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека секогаш, ама секогаш фали еден мал дел за да ја имаш комплетната среќа.
    Колку и да ти е избалансирано, колку и да имаш убавини, добри луѓе покрај тебе, секогаш ќе ти недостига нешто малку што мислиш дека секој друг го има, освен ти.
     
    На sweet-cherry, Annie.mk1, Glossy-girl и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Чекам кога ќе експлодирам...од јадење, уствари прејадување и разно-разни мешавини солено-благо, а штом ќе кажам дека од утре сум на диета, веднаш ми удара на психа и во тековниот ден јадам се што ќе ми падне во раце, демек ќе надокнадам за периодот кога ќе бидам лишена од храна.
    Инаку, во суштина доста интересен викенд. Вчера на роденденот на еден другар, жена му, му подари прекрасна жива и здрава ќеркичка. Уште еден роденден, излегување со другарките, прошетка по Скопје, квалитетно поминато време со мојата ќеркичка...Бевме на пица, прошетавме по City Mall, се подновивме со по некоја ситница, ептен да не е со празни раце. На некои места, попустот е навистина попуст, ама на некои, како да имале температура кога ги ставале цените, како да бладале, мислам сосема нереално за нашиве македонски џебчиња. Малечката побара балонче, сакав да и купам, но кога прашав за цената, сфатив дека некој ептен сака да спечали преку ноќ, мислам, балонче со реална цена од два денари, само наполнето со хелиум, чини 250 денари, а оние малку пософистицирани, по цена од 300 денари, е па стварно се заборавиле луѓево. Се тргнав од штандот, иако малечката беше упорна да и купам, впрочем и не побара ништо друго, во суштина е доста скромно дете, а јас останав цврсто на ставот дека не давам толку пари за балон. И ја водам за рака и не забележав дека таа нечујно плаче, само огромни солзички и се слеваа по лицето, без глас. Ја погледнав под око, ми беше жал и јасно ми е дека на петгодишно дете, не можеш да му ја објасниш вредноста на парите. Таа прави разлика меѓу ефтино и скапо, ама ситуацијава беше нешто сосема друго. Како утешна награда, доби овошје прелиено со чоколада и потоа кутрата ме убедуваше дека балончето не и треба и дека било паметно што не сме го купиле...Ми удри емотивна шлаканица, а потоа следуваше и уште една, се загуби машко четиригодишно дете и едно половина час се врткаше само по вториот кат, но за живо чудо беше доста сталожено. Обезбедувањето успеа да ја најде мајка му и кога ја виде како панично трча, и се фрли во прегратка и тогаш почна да плаче, сликата беше ептен трогателна, дури се вознемирив.
    И од утре нова работна недела, се враќаме на рутината куќа - посо, посо - куќа... и диета, доста беше бркање по фрижидер и изведување на Ѓурине куќне чаролије, кога нема благо по дома. :lol:
     
    На Annath, Buttterfly, Artemission и 27 други им се допаѓа ова.
  15. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Се сетив на деновите кога Чарлевите ангели (новата верзија) ми беа омилено нешто, и сонував дека еден ден ќе имам и јас некој Чарли, тако звани „ агентско макро“. :D И дека ќе суредувам некои како оној зависњакот од мисрисот на коса.
    А башка да бидам секси, згодноќа, паметноќа мх мх (што би рекла Аљачки) :D
    Ете така имав желба низ град да суредувам лоши момци. :geek:
    И некаде за време на пубертетот ти се случува просветлувањето кога сфаќаш дека некој хормон си поиграл со тебе.
    U mad?? :D

    Која е разликата од тогаш до денес?
    Денес имам нитро на штиклите и кога ќе видам гол маж во центар, не го „суредувам“ :wasntme: туку бегам.. :D

    И навистина се наполнив трауми бре луѓе, и после зашто немаш либидо? Па зашто позади секој ќош, стои некој гол маж во Скопјево. И сега бидејќи сме неколку другарки со вакви приказни, кога сме заедно партал правиме од оговарање голи мажи. Да не чуе некој, ќе мисли дека сме од Сексот и градот, а ние да сме ти биле од установа за рехабилитација на трауматизирани жени. :D

    И така, ништо од мојата желба за да бидам тепачиште. Тотално различна професија си одбрав. Ај од кај знаете, некои сеуште се надеваат на покана за Hogwarts , јас си чекам покана од Чарли. :D
     
    На Serafima, kravce, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Едно знам...
    Никако не дозволувајте да ве спопадне меланхолија и лоши мисли да срони на вашата перница!

    Посебно на вакви денови... :)

    Затоа што ... [​IMG]


    Ве поздравувам.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    леелеее бреее колку ме нервират овие луге :devil: бас тие сто прават удри на самарот да Чуе магарето :devil:
    е бре кажи сто имас дак кажес а не да зборувас со никакви зборови :devil: ццц
     
  18. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Леле утре понеделник а јас болна..Незнам ни сама како ке одам нашколо..Незнам ке и кажам на мајка ми да ме ослободи..Незнам, може ако ми е подобро ке одам..Ама како и да е прееска ми дојде на гости најдобрата другарка и ми кажа дека сакала да се запише на школо (дека е турчинка и не ја пуштаат од дома) ама незнам дали ке ја примат дека од 4-то до 8-мо има многу многу пропуштено..Незнам ке треба да се врати од 5-то..Ама сепак срекна сум што така размислува!! :)
     
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека во последно време имам навистина голем проблем.
    Едноставно - мразам луѓе.
    Го мразам тоа што дишат, се движат, се кикотат на разни глупости. Мразам тоа што носат штикли поголеми од нивниот број на години, го мразам тоа што мажите секој ден ги носат истите вратоврски.
    Го мразам тоа што глупавите го вртат светот, нивен сон е да се искочи за викенд и да се пие, со куп промили алкохол во крв и кревање мишки на грди песни. Мразам што секој си зема за право да си го брцка носот во секоја дупка и да се меша во сечија постапка.
    Мразам кога ме критикуваат со ужасен тон на гласот само затоа што се срамам. Мразам оговарања, гнасни и лицемерни створења кои безсрамно те гледаат во очи и мило ти се смеат, а од дното на душата посакуваат со нокти да ти ја уништат фацата и да те направат подоле од гомно.
    Едноставно - мразам луѓе.
    Нивните ликови се толку грди и лицемерни, што низ очите им вришти некоја злоба, заробена која очајно чека да најде жртва и да ѝ ја испие крвта.
    Наречете ме исфрустрирана и искомплексирана идиотка, сеедно ми е, и онака - повеќето ги мразам.
     
    На LittleFairy, sweet-cherry, blaa и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    СДК се има почеток и крај.Некои луѓе не гледаат подалеку од својот нос.Ептен сум изреволтирана.Се извинувам што сум ептен директна, ама морам.
    Ова не се однесуваше за форумот или за некои од форумот :!: Туку морав да се изјаснам, мислам е разбирливо.Нели? :!:
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.