Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Глупости -.- едни исти -.- НЕЈЌААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААМ! :@
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    А, што ми е глупо вака, кога наеднаш ќе станам и ќе ми се здрви ногата. И ќе си останам-ни лево, ни десно. Цврц, Милојко. Ни напред, ни назад. Изигарам некој акробат, пробувам да одам, без да ја користам едната нога. Аа, нацки, олкава крава, ќе се држи само на една нога. Иди л'жи некој друг. :D А уште полошо, ако си тргнал во веце. Па како за инает, ќе ја ѕвекнам во нешто, уз пат. Или уште полошо, ќе дојде оваа коконава, ќе види како стојам и ќе почне да ме закача по нозете. - Која? Оваа нога, или оваа? А јас се преправам и ѝ кажувам дека ме боли таа што уствари не ме боли. И така ќе си куртулам. :D

    И не можам јас бе да учам редовно. Кампањски му е мајката.
    И како по обичај, сè ќе заборавам после неколку дена. :wasntme:

    И не дека ми цветаат ружи. На никого не му цветаат во сè ружи. Па така ни мене. Ама кога ќе погледнам околу мене, какви приказни има... Се чувствувам изреволтирано, а воедно и среќно, затоа што сум тоа што сум. :talk:

    Сакам да ја најдам таа песната... Кога си среќен, тапшни два пати... како и да одеше. :D Во последно време, ко да заглавив во минатото. Ме фаќа некоја носталгија. Кај си пеам цело време детски песни, па уште си направив и клипче. :tmi:
    http://www.youtube.com/watch?v=z88n2kOLtro

    И кога веќе испомешав и баби и жаби... Можам да одам да гледам телевизија.
    Аливедерчи.
    [​IMG]
     
    На Glossy-girl, imelda, Serafima и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Мило ми е што знам дека покрај се,во животот до мене секогаш ќе ги имам најважните три личности во мојот живот до мене,со безрезервна подршка-родителите и брат ми.
     
    На Serafima, kravce, Loritaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Го знаете она чувство кога во недела вечер ќе стават резултати на страната од факултетот од едната хемија што ви се влече од прва година а веќе сте трета? Црева ви се превртуваат, ви се лоши, ви се темни, ви се потат рацете...
    А го знаете чувството кога ќе се видите во положенитееее? ВРИШТЕВ од среќа, па и се јавив на другарка ми и скокав низ соба како улава, па им ги симнав доле трите топа книги за да го потпалуваат огнот, и го гушнав татко ми и сета тежина што ја имав на душата последниов период излезе, се изнаплакав за сите пари.
    Не дека ми вршат од дома притисок да не ме разберете погрешно, ама јас си вршам сама на себе зошто ептен се запуштив со факултетот, додуша со животот општо. Ама чекорче по чекорче се средувам во секој дел... Многу ми беа тужно среќни некако деновиве, па и први денови од добиено а со еден куп обврски, и мајка ми нешто не беше добра, и вака неделно коцките се поредија и имам сила за понатаму... Ако не ја положев барем еднава хемија ќе побудалев, ама добро е. Сега чекам резултати од другата хемија ама и да паднам пак ќе ја запишам и во јуни ќе ја положам веќе ептен сум и влезена во шема :D и уште три испитчиња неделава имам и се фрлам на побрзо слабеење. На матурата од брат ми има да бидам тип топ... :inlove:
    Оф Господе дали животов ќе ми тргне во насоката во која што сакам?
    Многу сум сменета, премногу, се надевам до крај ќе издржам и ќе исполнам се што сакам...
    Во вакви моменти ми недостига тој да му урлам на телефон од среќа и да се израдува за мене... ама тие краткотрајни убави моменти не вредат за кавгите и солзите после тоа. Ги имам другарките, имам многу личности што ме сакаат, ги имам моите родители што ме држеа во раце кога паднав, брат ми што толку искрено се израдува на мојот успех и не се навраќам назад... не смеам и уште поважно не сакам. Исполнувам голем дел од знаците дека не сум го преболела, ама на добар пат сум да ги намалам драстично...
    И така... споделив нешто убаво со вас, од утре понеделнички со нови силиии, напорна недела е пред мене, ама ако... I am ready :f:
    Па се надевам пак ќе ви се пофалам за некој ден... :angel:
     
    На sweet-cherry, Foreveryoungiwannabe, Annath и 52 други им се допаѓа ова.
  5. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Пуштивме правосмукалка, се исплаши мачкава, избега и уште ја нема да се врати. :?:
    Им викам јас на моиве не е хумано вака, а тие запнале требало да се чисти!
     
    На Loritaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Пак има кај нас едно девојчиште 15 години има и опнала штикли 12ка се дотерала пудра да и РИНЕШ со БАГЕР од лице и минич до пич и се понаша ко 25 години да има -.- :@ Мразам такви едноставно и.. Само какви луѓе има злобни и не се живи додка не ти расипат нешто -.- :swear: Не ми се живее на овој свет повеќе, не сакам да слушам едни исти глупости -.-
     
  7. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    СД му К на дечкото што се разминавме околу 20 00h на вратата во Рамстор,дека тој до мене беше брат ми,значи немам дечко и да, ти се насмевнав незнам дали ме виде!!! Лелелеее,пишувам и се смеам сама на себе!!Не сум нормална,се надевам чита фемина,боже господе!! Ах Марфи победи уште еднаш,каде да го најдам сега тој дечко?? НЕ бе тоа ти е,еднаш ке излезам без женско друштво и оп,најубавиот тип пред мене! :rofl: :rofl: !!

    P.S.Ако случајно чита,мојот телефонски број е познат на редакцијата!!
     
    На kravce, Hopeful, Springy и 2 други им се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.721
    Пол:
    Женски
    Иделна и вечна љубов и постои и не постои.Како за кого.
    Некои ја немаат ама сакаат.Само што тоа не е онаа,ОНАА љубов.
    Некои кои имаат идеална и вечна љубов подразбират и верност со неа,а некои не.
    Некои имаат повеќе идеални љубови.Некои истовремено,некои во различен период од животот.
    Некои имаа идеална совршена сродна душа,ама не се заедно.од ,многу причини.
    И тоа не ги спречува да го градат животот и да бидат среќни,со некој кој го сакаат,само што тоа не е личност со која на ист начин дишат,мислат,чувствуваат.
     
    На Foreveryoungiwannabe, Peppermint, Annie.mk1 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Неодамна пронајдов еден текст кој ме остави без коментар. Главниот лик е една скромна и смирена жена која за светот, за денешниот човек, нејзиниот живот е луд, чуден. Но, таа го избрала тој пат и смело чекори по него и денес.
    Тој текст е дел од нејзиниот живот, од нејзиниот дневник. По која случајност се пронашол онаму каде што го пронајдов, тоа е дел од тајната Божја промисла.

    ... Сопругот веќе беше извесен период ракоположен во свештеничкиот чин. Покрај него и јас посакав да му помагам колку што можам. Присуствував на богослужбите каде и да служеше. Започнав полека да учам црковнословенски јазик и да пеам.
    Беше пролет. Небото беше темно, тмурно. Беше предвесник дека нешто неубаво ќе се случи. Тој ден беше празник на еден голем светител. Отецот служеше во една селска црква, бидејќи им беше селска слава. Заминавме во другото село каде исто требаше да се пее славскиот колач на годинешните домаќини во храмот. Отецот започна да пее. Покрај него започнав полека и јас. Во еден миг престанав, изгубив интонација. Погледот на сите се впери во мене.
    Кога заврши се, излеговме надвор и се упативме во трпезаријата за ручекот кој традиционално го дарува за здравје домаќинот. Тогаш дознав, дека еден од домаќините бил музичар, истакнат, познат, а јас прв пат го видов тогаш.
    Како да пропаднав во земја. Срам, тага, измешани чувства. Ја наведнав главата и заминав, не ни отидов на ручекот. Плачев. Се срамев од самата себе. Се прашував зошто воопшто и започнав да пеам кога не знам ништо?! Безброј прашања одекнуваа и се нижеа како црни бисери. Мали, невидливи, а тежеа повеќе и од тешки камења. Чекорев бавно, се чувствував толку недостојно што се прашував зошто земјата сеуште ме држи? Не сум достојна за да го дишам и тој воздух, не сум достојна да изговорам ни еден збор во црквата, а јас се осмелив да пеам.
    Во селото имаме куќа. Татко ми е по потекло од тоа село. Отидов во куќата. Застанав пред домашниот иконостас и започнав да плачам уште посилно. Се молев Бог да ме научи барем малку да пеам, да не се срамам, да не го срамам него, отецот. Потоа излегов надвор. Застанав и само немо гледав во тревата, во тажното и темно небо. Пред мене долета една прекрасна пеперутка. Слета на еден лист од цвет. Како што бев тажна, клекнав пред неа и ја набљудував. Сеуште од очите ми се лизгаа солзите, а јас упорно и зборував неа, на тоа нежно суштество. И ја кажував својата тага, својата болка. Како сега се сеќавам на тие зборови:
    - Убавице, каде си тргнала и ти во ова време? Никој нема, а ние само двете сме сами и осамени во овој миг. Ако ме слушаш, дојди. Слетај на мојава дланка да не бидеме сами и тажни, да ја споделиме тагата.
    Се случи нешто што ни самата денес не можам да го објаснам.
    Пеперутката ме слушна, замавна со шарените крилца и дојде на мојата подадена рака, а бевме прилично многу оддалечени, повеќе од еден метар.
    Молк. Ме скамени тоа. Уште толку потекоа солзите, уште толку ја почувствував својата недостојност што Бог ми ја даде таа милост. Пеперутка да разбере што сакаш да и кажеш! Еден неразумен инсект да рабере што му зборуваш со човечки глас, иако тој не знае да ти одговори! Тоа нежно суштество кое е поплашливо од секој друг инсект, ја слушна мојата тага, осаменост.
    Среде пустото село стоевме двете, гледајќи се една во друга. Таа завртена буквално на кај мене, ме следеше и во ниеден миг не се исплаши. Потоа и реков да не биде повеќе тажна, да биде весела и да одлета кај своите, а истото и го ветив и јас. А таа повторно замавна со крилцата и летна во небесните височини. ...


    Солзи ми потекоа додека го читав ова. Колку скромност постои и денес. Сеуште постојат личности кои ние гледајќи ги вака надворешно, мислиме и даваме погрешни заклучоци. Додека тие, во душата се вистински свети. До каде само стигнала душата на таа жена. Млада, а сепак нејзината духовна чистота направила Бог да ја слуша нејзината молитва, па и бесловесните животни да го разбираат човечкиот говор.
    Вистина, човечката душа е извор на вода. Колку копаш подлабоко, толку почиста вода извира од длабочината. Не секој може да ја извади таа чиста вода. Потребен е квалитетен алат и добра мисла. По верата и се ни се дарува.

    *** Се извинувам на лошиот квалитет на превод на оргиналниот текст :$ .
     
    На Libera, Peppermint, stylishh и 7 други им се допаѓа ова.
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк не дека ме нема, тука сум само немам нешто многу да кажам, додека ги слушам мачкиве низ маалово како лудуваат.

    Среќата сеуште не ме сака, љубовта сеуште е едно големо Ништо, дружењето е во ред излегувања, насмевки, народ наоколу,учењето ме чека, испитите охх ќе ми требат многу сили во следниот период.
    Турбуленции, ролеркостер, таков ми е моментално секојдневието, плановите и љубовта.

    Изминативе месец дена еден куп родендени, патувања, излегувања, разочарувања, празнини, искрени насмевки и прегратки и по некоја лажна одглумена насмевка.Се на се хаотичност ја нема монотонијата но ја нема ни позитивата во целост.


    Само да не е баксуз целата година како што ми беше јануари, само тоа молам Бога. :|
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    После 10 дена, 3 града, и 9 вечери преспиени заедно, пак сме си разделени со љубовта моја. Затоа и ме немаше па нити сум читала нити сум пишувала на форумов.
    Тешко ми е, само му го слушам гласчето на скајп и очекувам дека секој момент ќе влезе во соба да ме “гњави’’ и гушка. :!: далеку сме од тоа очигледно... Денес свативме дека се што сме испланирале испаднало обратно... Сите планови што ги имавме никако не ни се остварија и се договоривме дека веќе нема планирање, зошто дефинитивно се разочаруваме на крај.
    И така тие 5 саати што бев приморана да си ги преседам во кола си ги искористив да размислам за ова. И стварно е така 90% од работите никогаш не испаѓаат како што планирам. Или јас не знам да планирам, или сум баксуз... Али сакам некое време да се опуштам да не планирам многу, да уживам, можеби ќе се изненадам, можеби сепак коцкичките ќе си се наредат сами од себе, не знам, ама не планирам ништо, само се надевам... :)
     
    На LittleFairy, Divinebutterfly и Loritaa им се допаѓа ова.
  12. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Jeс...Дочекав и јас едно изненадување...
    Баш сум среќна што вака се заврши викендов :$
    Како изненадување го добив моето омилено чоколадо Милка со малина и си добив цртач за нокти - тоа е премногу чудно ....не очекував дека некогаш од него ќе дочекам да ми купи лак или што и да е поврзано со нокти :$
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Кога имаш дечко,имаш кој да те сака,кој да те разбира,кој да ти дава подршка,кој да верува во тебе и кога самиот не веруваш,кој да те гушка кога мислиш дека целиот свет е против тебе,кој да се бори за тебе и вашата врска,да те размазува,да те разгалува,да ти титка цел ден само да ти го чуе гласот,кој прави многу луди работи за да те насмее и изненади,имаш со кого да го прославуваш 14 фебруари,имаш личност која ти припаѓа целосно без сомнение,имаш личност која сака да е со тебе дури и тогаш кога ке ве надвладее тишина и тогаш кога погледот кажува се...

    Но кога имаш дечко имаш и човек кој е болно љубоморен,во крајни граници посесивен ..
    Човек кој ти забранува да излезеш до другарки во кафеана,во ноќен клуб..
    Човек кој што ти спушта муабети зошто седиш на фб,зошто по дел цен дремеш на фб..

    Секогаш има и добро и лошо во една врска.
    Мене ми е убаво со него.Среќна сум.Но маана е тоа што сум ограничена со излегување со другарки.
    Со нив одам на кафе и на некое сокче..толку.
    А признавам дека ми фали женско друштво,пиење и зафркавање до сабајле..Многу ми фали ! :$ :wasntme: :wasntme:
     
    На LittleFairy, Springy и sonce777 им се допаѓа ова.
  14. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам монотонија ме фака со љубовта,работата,секојдневието се едно те исто.Од работата сум уморна и напната.Љубвта ладно па по дома си седиме на колата цркна моторот и без превозме.Нешто што ми беше баво прославувањето на неговиот роденден имаше романтика ,убава кафана а тој целиот настинат,грипосан едвај издржа.Немам ништо значајно што да напишам.
     
  15. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Јас сум релативно нов член и морам да кажам дека форумот е жива зараза. Значи се повеќе и повеќе се навлекувам :) И еве ме во 00:17 јас уште дремам на компјутер, место да си легнам со син ми па да си спијам како човек. И секое сабајле кога ќе ме разбуди бебуле во 6, кога душата ми плаче за сон си викам е денес готово, не отворам компјутер, не гледам ништо на форумот и ќе си легнам порано. И еве пак сум тука :)
     
    На kravce и MacenceEna им се допаѓа ова.
  16. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    После 9 дена домашен одмор, си се вратив Скопје.

    - Цимер! - викам од тоалетот додека мочкам.
    - Кажи?
    - Абе кога слегов од автобус пред Ми-да, зедов воздух и си помислив колку само ќе ми фалит градов за година и пол.
    - :rofl: Абе знајш уште колку време имат до тогаш, шо му ја мислиш, уживај!
    - (пуштам вода од казанче) Абе знам ама... животов е еден, а младоста уште поедна.

    И така си се отпаковав, си ги наредив крупниците и ситниците на место, му пишав долго фејсбуковско писмо на љубениот оти на 5 недели ми замина странство - не се погодуваме со временскиве зони, па да си има за читање кога ќе пие кафе...), си раскажуваме со цимерката сенешто (иначе во машки род Цимер си се обраќаме), го разлистав учебникот за утре што треба да ги учам малите.... и .. така... наеднаш .. или пополека... не знам, си трошам од 21вата година, која сама по себе нуди многу, а јас... јас само треба да ги зграпчам сите моменти и направам вредни за паметење... Колку само лесно и убаво звучи.
    I will. I promise. :sun:
     
    На Annath, Mishela, L-enna и 26 други им се допаѓа ова.
  17. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Прегеска додека седев во кола со него гушната и си зјапав у небото падна ѕвезда. И додека се свестам дека треба желба да си замислам она си падна :D Ама ако. Сакам да седам и да гледам у небото, да ги гледам ѕваздите, да дишам и да не мислам на ништо. Незнам зошо ама тоа мн ама многу ме опушта. Си факам многу пати кога паѓа по некоја ѕвезда, некогаш си замислувам желба некогаш не. А како да не факам ѕвезда кога секогаш кога гледам надвор јас автоматски гледам горе у небото. И убаво ми е. :) А чудно, сестра ми летото додека бевме на одмор ја терав скоро секоја вечер доцна во ноќта да одиме на плажа, да земиме нешто за грицкање и пиење и да се испрузиме на лежалките. И неа и беше чудно како може само да лежам и да гледам у небото. Сестра ми никогаш не видела ѕвезда шо паѓа, па од тогаш секоја вечер коа лежевме на лежалките на плажа ја терав да гледа у небото :D Сакав да кажам сакам да гледам горе у небесниот простор, сакам да ги гледам ѕвездите како трепкаат :)
     
    На Hopeful и kravce им се допаѓа ова.
  18. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Сакам да кажам дека ако продолжам вака да си сонувам се уште ќе ми е убаво, но ако некој тропне со прстите и ме разбуди, ќе нема место за мене во ова наоколу. Се додека си го мамам умов лесно ми е на душичкава.

    А љубов ? ма каква љубов, таман помислиш тропнала на врата, се заминала.....ајде, давајте лажни надежи и искористувајте, се надевам ќе остане некоја....зато су ту моју пријатељи ! Што би јас без ниев ?! Епа право да ви кажам ништо ! Моје су све :*
     
  19. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Чувството кога мислите дека се знаете за на испит и ви се јавува колешка во 5 до 12 и ви вади прашања што не сте ги ни сонувале, па целата таа збрка и паника ви прави да си кажете:

    [​IMG]
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И довикувам на сестра ми: Кажи ми еден број од 1 до 10 и уште еден број од 1 до 24!
    Таа: 4 и 18!

    Кликам Friends - 4та сезона, 18та епизода.
    Си грицкам пуканки и си гледам стари епизоди, иако ги научив на памет.
    Така малку потајно си посакувам да си имам цимерка и да живееме во виолетов стан. Јас сигурно ќе бидам Моника и ќе ги организирам пешкирите во 11 категории :lol: И ќе си имаме вакви пријателчиња што ќе бидат кој од кој поблесав, па секое попладне ќе ни биде забавно. И сигурно ќе си најдеме некое кафуле со опуштена атмосфера каде ќе бидеме редовни гости. Кога ќе ни завршат дневните обврски, ќе седнеме на кафе и ќе си ги кажеме сите маки. Притоа удирајќи на смеа и шега.

    Ми треба такво секојдневие.
    Премногу неважни работи си земам при срце.
     
    На sweet-cherry, Cacy, EleMental и 31 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.