Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Се чувствувам како во некој филм, некоја комедија, каде што на ликовите им се случуваат работи поврзани со минатото кои ни на крај памет не би им паднало дека може да им се случат и за кои не знаaт дали да плачaт или да се смеат :| . И тоа, работиве се случуваат кога најмалку очекуваат, кога креваат раце од тоа, кога конечно се ослободуваат од секоја помисла на тоа и кога конечно велат - „доста е, готово е“ и решаваат конечно да продолжат понатаму. Е така и мене ]:) .

    Само се изненадувам со вакви работи последниов период и не знам дали да го сфатам тоа позитивно или негативно или да продолжам да верувам дека се’ се случува кога најмалку очекуваш (или кога ич не очекуваш) и дали сепак се потврдува една изрека која отприлика велеше дека кога ќе го свртиш грбот на нешто/кога нема да мислиш повеќе на нешто, дури тогаш тоа нешто почнува да ти се случува.
    Пред 7-8 години, во никој случај немаше да поверувам дека овие работи некогаш ќе ми се случат, а сега полека-полека многу работи од тогаш пак се повторуваат, но во друга форма.
    Мене ми е мило што некои од нив можеби ќе се поправат и ќе бидат како што требало да бидат, а за други можеби ќе ги дознаам причините кои довеле до тој исход и приказната која стои зад сето тоа.

    Инаку, вечерва некој ми покажа дека му значам и многу ми е мило поради тоа :) . Среќна сум што некој гледа во мене љубов :inlove: .
     
    На anabel-a, julie77, Serafima и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    ^^^
     

    Прикачени фајлови:

    • inside of us.jpg
      inside of us.jpg
      Големина на фајлот:
      22,2 KB
      Прегледи:
      468
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК би било фино кога луѓето често би им помагале на другите луѓе, наместо да го игнорираат секој оној кој ќе им побара помош.Како тоа не им биде приоритет во животот за да бидат почовечни? Како не им текнува? А ако им текне, нели се чувствуваат добро, пријатно, убаво, нели им е мило што помогнале некому, ако тоа и воопшто го направиле? Зарем само материјалното им причинува задоволство, нешто што ги исполнува? А како тоа? Не разбирам.Ако веќе тоа им причинува задоволсвто, нели приметуваат дека суштински тоа и не ги исполнува, кога тоа материјално нешто постојано го менуваат? Кога веќе тоа го менуваат со нешто ново, значи не им причинува константно задоволство.Оти луѓево збрки си прават, па после Трпе да е крив? Оти?...

    Ах музикава на Моцарт :angel: шо ми иди сега да ја пуштам неговата музика гласно, па се живо да разбудам :rofl: мож некого и ќе изнервирам :rofl: :wasntme:
     
    На anabel-a, Lov3 и Serafima им се допаѓа ова.
  4. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    уште еден ден помина... уште една испишана страница од мојот живот... црна страница.
    уште еден ден со неправди и нервози. знаете како е кога ќе ви забодат нож во грбот? кога вие мислите дека луѓето се околу вас и ве гледаат со исти очи како вие нив? зошто е толку суров животот? зошто се толку сурови луѓето? зарем не ја ценат вашата добрина? зарем сите се продадени души на овој свет?
    а сепак не можам да ги мразам, само жал ми е за нив. жал ми е за нив затоа што се безвредни. не вредите ни за една моја солза ама сепак капат... не запираат... се слеваат како како капки дожд... можеби вака е и подобро... го видов вашето лице. дали може тоа вашето да се нарече лице!? ама ако...
    не може да ме повреди тој што не вреди ни 5 пари... сега ми е тешко но не поради вас.. тешко ми е што не видов на време кој сте всушност, не ја видов вашата цена, тешко ми е што јас испаднав будалата сега. вие сте безвредни! такви и ќе останете.
     
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Оооо помина и првиот работен ден после скоро 2 години :)
    Како прваче се чувствував, ним им беше прв училиштен ден, мене прв ден на работа а на нудистчето мое прв ден во градинка.
    Кога го оставав во градинка место он да плаче по мене јас си пуштив солза некоја дека го оставам ;(
    Нема гајле детево мое, важно деца да има да си игра, друго ништо не му е битно, дај Боже и понатаму така да биде како денес.

    Ми фалеше тоа чувство да бидам корисна и надвор од домот, не дека ми фалеше нешто и дома со нудистчето ама време беше и малку во народ да се замешам :lol:
    Облеков униформа прв пат после толку време само сега знам и во практика низ што поминуваат жените а не само во теорија :)
    Мирисот на новороденче е најубавиот мирис на свет, се изнадушкав денес како кутре некое :wasntme:ми фалеше тој мирис :)
    Успешен прв работен ден, успешен прв ден на нудистчето во градинка.....успеси all around. :D

    И сосема неповрзано со постот еве нешто што ептен ме разнежи сабајле, зафатени со бран на топлина дури и животинчињата питомо си барат вода :inlove:

    [​IMG]
     
    На NoellePage, ludoto19, Eleonorastrumica и 29 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Комшија? :D А јас се си мислев дека само кај мене е така :$ Не успеав да ги уловам убавите денови минатата недела, па кога се враќав од работа ми остануваше само зајдисонцето. И така немо си стоев во двор и зјапав во боите и во тишината и во мирисот...а кучката мислеше ќе си играме :tmi: Пола саат дремев со глава кон небо...кој знае кој све ме видел и што све си помислил :D
    По трет пат видов две месечини. Не беа реално две, игра на светлина, илузија, ама откако го читнав Мураками, добија поинаква смисла. Во тие моменти се две, и можеби јас не сум тука или таму, или некаде на среде...ми дадоа нови линии на лице за добра ноќ.

    Пред 7,8 години навистина верував дека сум предодредена за нешто друго, нешто повеќе. Можеби сите така размислуваат. :^) Со тек на време научив да се задоволувам со малку, и да барам веројатно многу во малкуто, иако не е малку. Некои лекции кои случајно ми прелетаа низ животов ми ги свртеа страниците. Колку е се во семејството, најбитното. И дека јас ќе бидам среќна да живеам мирен, спокоен живот во љубов. Не дека го променив мислењето, но...но. Што ако?
    Кај мене секогаш има една плус жичка што се уклучува во некои ситуации. Секогаш едно нешто мора да штрчи. Што ако всушност тоа сум вистинската јас, заробена во ова формално, досадно секојдневие. Ова не е тоа што ме задоволува. Ова воопшто не ме инспирира, ниту да работам, ниту да живеам. Плановите што се кројат, финансиски обезбедена да, а некако мизерна во сето тоа. Кога престануваме да го бараме најдоброто Јас? Конфликтна сум со себе, се тепаме одвнатре двете Јас, со мечеви, облечени во кимона (да биде поинтересно, и пунџи со моливи носиме).
    Можеби не сум воопшто посебна, можеби сум најобична. Има некоја тронка надеж дека навистина сум предодрена за поголеми нешта. Кој ризикува успева. Всушност, за да успееш треба многу да се бориш, а оние што веднаш се откажале се правдаат на тоа -не биле предодредени-.
    И знаете што? Човек повеќе се кае за работите што не ги направил, а не за оние што ги направил. Не сакам да бидам во втората група. Сеуште се плашам, ама сакам...сакам да ги истражам своите соништа и да ги испробам сите други. Можеби еден малечок ќе ми ја даде сета инспирација за живот, да работам и создавам и се радувам. Се надевам.
    Сакам да бидам храбра и одлучна. Со полу уста велам ќе се обидам, за да не се лажам или ве лажам. Вистинската одлука не иде во оние денови кога мислиме дека можеме и светот да го освоиме, туку во токму оние кога се пикаме упорно во својата дупка од незадоволие. Ако тоа не е доволна инспирација, која е? Сакам, верувам...можам?
     
    На anabel-a, Doozy, ilipili и 15 други им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    еден ден решив да одморам малку од се ама ништо од одморот :envy:
    ке се мрзнам и ке дежурам од пладне па се до доцна навечер кај нас во штабот-сакав во Петок ама морало денес-ке преживеам некако :doh:
    ама што нема тоалет е тоа е веке проблем :worried: ама блиску ми е до дома па ке претрчам некако :)
    знам дека ке има многу трчање-избори се ближат, што се мора се мора ама веке сум исцрпена тотал и вчера на медитација поспав малку и добро ми дојде :)
     
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    чуствувам како да ми се искрадува младоста подмолно...

    секој ден со секој нов проблем на работа се чуствувам постегнато, постаро, потребата да се биде цело време на штрек, во одбрана и во напад во исто време ме истоштува.

    често посакувам да имам мир секој ден, да си бидам дома, да се занимавам со нешто друго... но знам и тоа не е решение, веројатно таков е животот секојдневна борба милион прашања и фантазии...
     
    На blond, anggell, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Се љуби затоа што се љуби. Не постои причина поради која се љуби.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ко да не сум одовде,не,јас никому не припаѓам.Стојам од страна и посматрам,и во ништо повеќе не верувам....
     
    На francais, crazylady и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Го прашувам мм некни кога прв ја однесовме малата во игротека, и тој мртов ладен и уморен ми вели: Не знам, се чувствувам ко 50 години да не` „јади“

    [​IMG]

    Ееее, ама не, сонцето наше огреа пред точно 2 години (добро, вчера беа 2те години :lol: ) и од тогаш животот ни стана еден луд ролеркостер, а мене косата ми побеле :D

    Што и да почастам - малку ќе е, па затоа ви испраќам љубов, барем тоа имаме неограничено, за еден убав почеток на денот :f:

    [​IMG]
     
    На Mikako, Annath, anabel-a и 36 други им се допаѓа ова.
  12. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    СДК колку е чуден животот. Постојано не врти во круг. Зарем е можно ова мене што ми се случува. Не како во сон е, сакаш еден а на патот ти се појавува неговиот дупликат, и ај сеа со кој да бидам, со тој шо го сакам, ама неззнам дали он ме сака, или неговиот дупликат, кој што ми изјавува љубов преку негов другар :?: . А? Сигурно ќе биде лоша врска ако одам со некој шо не го сакам, ама шта чеш живот јбг. Ај шо ќе биде тоа, не се нарвирам уште од почетокот на оваа недела, не сакам пак да имам лоша недела како што беше минатата ужжаассс, не сакам во никој случај да се повторе.
    Имајте добар почеток на оваа недела. :*
     
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Понеделник, сив доволно колку што треба да биде.
    Цел список намирници за на пазар. Чизкејк во најава. Со полномасно сирење, малини или карамел. Ме инспирираше Коста, морам да го направам. Дури мислам дека и го сонував чизкејкот?! Ја сонував и професорката ми, како ме кани на предавања, ме претставува на студентите, а јас со некој неопислив срам пробувам да бидам природна, да останам приземна.
    Нешто ќе се случи.
    Ок. Се’ можам да дочекам, ако треба да ме удри јако. Не е за лошо. Напротив. Новите слушалки се покажаа ем поефтини ем поубави од старите. Некако, среќата кога ти е наклонета, ништо не е важно. Се лутев деновиве оправдано. Што поради чувството на недоволна почит кон мене, моето време и план, толку и поради туѓите несовесни постоења, што нема да се сменат, никогаш. Си реков - може и да е резигнација, да се предавам лесно кога сфаќам дека планетарниот концепт е гранде колосал, и јас немам никаква реакција врз него освен што вибрирам од негативизам и после ми е мачно, јадам од Мекдоналдс, се расправам со мајка ми и не ми е убаво. Просто, балансот е таков и ние сме несовршени ќофтиња што се пржат во големава вселена.
    Најдов рецепти за тортиљи со лук и пармезан, одлична finger food занимација се за неслучајни гости, па сега нешто си организирам. Втора смена на работа, од таму пут под ноге - во мрачните ходници на МТВ. Ќе се чита поезија, ќе се јадат медењаци. Некои и ќе ме мразат. Сеедно. Имам порака и ќе ја пренесам.

    Животот е миг. Не би го поминала со грч во срцето.

    Повелете линк за вечерната седенка:

    http://svirachinja.blog.mk/2013/02/03/a ... kanal-103/
     
    На anabel-a и NoellePage им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Дека се повикува Реинбоу да го ѕирне покољот у темата за Величенствениот. Падна бомба на 667 страна.

    (она беше за сериите претпоставувам :^) )

    Друга работа. Шокирана сум од тоа колку луѓето се склони кон исмејување на туѓите различности ќе речам, затоа што е премногу релативен поимот недостатоци во ситуацијава. Видов еден клип. Значи на фб е прикачен на нечиј профил и не можам да пуштам линк. Битно не е сниман на овие простори. Сцена, забава некоја дневна на отворено, некој настан со танцување и од страна минувачи и гледачи. Една жена, така средовечна, просечен изглед во тренерка исто го следеше настанот. И почна да си танцува, без многу провокативни потези, со фини движења, значи навистина во граници на пристојно однесување. И тука ги имаме сељачиштата кои го правеле клипот како се пукаат од смеење. Шо е тука смешно? Надвор на отворено, има музика, учесниците во настанот танцуваат, таа поминува, се забавува, штом има храброст, зошто да не танцува? Или изгледот и гардеробата беа во прашање?! Па дајте штом ви го слушам сељачкото кикотење, покажете се на камера шо сурати сте...ама не...да не ви е страв дека на крај вие ќе бидете исмејани? Јас го изгледав цело видео и не видов ништо за паѓање на г* од смеење. Видов една жена која ја научила смислата на животот и ќе си оди дома насмеана, исполнета, за разлика од вас што (иако мислите и се чувствувате духовно нахранети) ќе си одите дома огорчени и полни со негативни емоции. Не да не и' се смеете, часови треба да ви држи жената.

    Заборавив да додадам дека кога скролнав подолу за коментари, пријатно бев изненадена од фактот што коментарите од типот на „лее види ја/патетична/нека се убие“ беа исклучоци, а не правило и дека повеќето баш ја окарактеризираа и како весела, храбра и слатка. Не им успеа на дечките. Жал ми е недозреани, изгледа останал еден грст разумен народ по светов.
     
    На Chica.Loca, Someonespecial, anabel-a и 7 други им се допаѓа ова.
  15. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Пост под реден број 6666.
    Опасни се нема шо тука..
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Излезе сонцево и одма друго кажува расположениево :D
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.445
    Пол:
    Женски
    Вака кога ке видам како сонцево грее,ужасно многу посакувам да е пролет,да се облечам во најшареното парче облека и да си се шетам низ улиците на градчево убаво,и да си пијам кафенце на тераса без да се притресувам дека ми студи 8) само за ова ке почекам малку :lol:
    и друго што сакав да кажам,на кој му одговара мојот карактер добро на кој не, не мора да ме трпи,но таква сум јас кога ставам крај е крај и не сакам да се враќам назад,неможам да се скарам со некој,кој ми згрешил нешто па после некој месец да му правам муабет како ништо да не било,епа не можам не сакам таквите луѓе да се во моја околина ги бришам од мојот живот! и неможам пред нив да се преправам дека е све ОК кога не е !
    и друго, боже па редно е да се заљубам,заборавив какво е тоа чуство |( многу мисли ме опфатија а денов тек допрва почнува :lol:
     
  18. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Денеска сум ептен мераклиски расположена за готвење.
    [​IMG]
    Правам тавче-гравче кое во моментов си се пече. Во земјена тава, со суви пиперки, сланина и одозгора наредени кругови кромид. Штом се испече ќе му ставам и сецкан свеж магдонос.
    Се чувствува миризбата, а мене цревата почнаа да ми завиваат.
    :!: Гравчево заслужува и добро мезе со најмалку една чашка домашна ракија.
    После ручек стандард едно машко турско кафе (За тоа татко ми е задолжен) и на крајот заслужено ќе си се опрчам на кревет со лап топот во скут или далечинскиут управувач во рака.
    Аххх.. .
     
    На bittersweet, mims-89, Elennaa и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    И пак Понеделник, нова седмица со нови доживувања. Дали добри или лоши ќе дознаеме! Втора смена од денес, хорор.
    Почнувам диета од денес т.е секој Понеделник си почнувам ама само почнувам, али овој пат морам сериозно да си ја сфатам работава, имам едно добри 10kg за намалување. Си уплатив и членарина однапред на фитнес, па да морам да одам, не дека сакам, жал ќе ми е за парите хахахахха.
    Не, шала на страна морам да одам, да се извади некоја нога за матура, па и лето. плажи дрн дрн да не бидам слонче таму :wasntme:.
    Туку си се запишував за ова, а сакав да кажам дека не ја сфакам целта на оние што се мешаат во туѓи животи. Некоја другарка на баба што ја гледам прв пат (таа ме знаела од мала |( ) дошла да ми соли памет. Скоро 19 сум имала, требало да мислам на дечко, во нејзино време на моите години деца гледале. Имала некој внук баш како за мене, пари имал, куќа голема, кола, стан само за него. Е кај го најде бе баш за мене, јас сељаци сакам.
    Океј бабице гледај си ти внуците нека се мажат и нека гледаат деца на 19 и барај друга девојка за внук ти јас си имам цел во животов. Не ми е само да се омажам и да раѓам деца, се во свое време. :)
    Туку ми дошло време за во школо, отидов јас да се спремам, а вие имајте убав почеток на седмицава.

    http://www.youtube.com/watch?v=QK8mJJJv ... r_embedded

    И искрено да кажам се навикнав на форумов, се чуствувам како да сме едно големо семејствои секоја е тука да помогне, да ислуша да даде совет. Сите на некој начин ми значите, иако немам некој посебен контакт со некоја од вас :wasntme:
     
    На AnaKarenina, CuteEva, anichka94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    посакајте ми ја сета среќа денес,ми треба ! :D :**
     
    На Hopeful, kate21 и blond им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.