Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Станета сум од 8 сабајле, немав време за јадење, отидов право до факултет и само што се вратив. Сега дечиња, гладна сум како кучка, можам да изедам цело прасе со се јаболкото во муцка. :tmi:
    Кога станав си реков дека едвај чекам да си дојдам и да си легнам пак на спиење. НО :!: Нема да си легнам, иако имам подочнаци до колена од несоници, нема да си легнам бидејќи треба да почнам полека полека да се привикнувам да станувам рано, за од 1 Март откога ќе започнам со работа да не ми дојде многу тешко. :wasntme:

    Така, сега ќе јадам, ке пијам големо турско оти ќе заспам на сред пишување овде, и ќе гледам Боди оф пруф. А вечер, после излегување кога ќе си дојдам дома накај 1, ќе си легнам тогаш, наместо во 3/4 како предходниве вечери и автоматски ќе станам утре пак рано. 8)

    п.с. Неможам да ви опишам колку сум среќна што конечно најдов работа, колку да не седам дома, ќе заработувам за мене да има, за одмор, за сметка за телефон и нешто облека штикли ова она. Ама реков, првата плата ја прежалувам и веднаш на внуците по 1000рка од тетка им најубава, на сестра ми мора да и ја купам сивата ташна од фри шопот што е на намаление, и се разбира и на дечко ми нешто што ќе си сака, фиксно. :wasntme: Уште не почнета парите ги раздадов, што да правам кога сакам да планирам. :wasntme:
     
    На Hopeful, anabel-a, Springy и 9 други им се допаѓа ова.
  2. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Сега сваќам зошто се вели `Грд си како понеделник!` :emo:
     
    На simpaticnaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Аи ке коза мама миа. А да да коза и тоа буу една голема. Бре морам да ви кажам оти колку и со добри намери да настапите, од помија манџа не ја бидува, па сте се удавиле во обидување. Колку побрзо сфатите оти не може колку и добри намери да имате да помогнете некому, кој всушност не сака да му биде помогнато. Ако кука, се жали, наоѓа изговори. Не! Едно силно и категорично, огромно НЕ! И на крај, оп ти си бил крив што си сакал да помогнеш. И тоа тие дошле кај тебе на тажачки. Ви се молам пазете се од вакви типови на личност, оти се најкомпетентни да го извртат секој ваш збор во нивна корист. А, ако си погледнат, животот им е една огромна сцена на која глумат, да, да, глумат, убедувајќи се во лаги за да на крај веруваат во нив и станат нивна реалност. Боже мој, која патетика, само дај им макар и замислена од таа новната среќа, та да ме остават да дишам, од се срце им посакувам, нека им бидне. Со персона-нон грата, по нашки неблагодарници, да си немаш апсолутно никкаква врска.
    Најдобро било да си нем посматрач и да, колку да ви е убаво, совршено, среќно во домот, глуми, маскирај со монотонија, еднобојност, еднообразност, за да не ја нападнат вашата несовршена идила. Оти ако покажеш колку си среќен, веднаш одат во јуриш да докажат како тие се посреќни од тебе, поидилични и слични халуцинации. Дај Боже велам, да им е реалност, а не болна опседнатост, натпревар за билдање на нивните манијакални социопатски ЕГА.
    Секое добро и земајте ука со повреме ве молам, оти овие не доаѓаат со најава
     
    На anabel-a, bittersweet, Hopeful и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Нов месец, нов понеделник, нови главоболки.
    Всушност главоболкиве се без некоја особена причина ама ајде ќе ги поврзам со новиов почеток.

    Откако созреав имам желба да живеам некаде подалеку од овде. Никогаш не ми се допаѓал нашиот менталитет, малограѓанштината, а пред се минималните услови за живот.
    Не сакав никој да се замара со мојот личен избор и да бидам опкружена со ограничени луѓе.

    Јас не знам што се поремети во мене и која мозочна клетка почна да прави прекини во работењето, ама желбата да одам некаде подалеку од ден на ден ми се намалува и почнувам да се надевам дека можеби нешто овде ќе се смени и ќе тргнат работите на подобро. Многу блиски луѓе ги испратив некаде далеку, во подобар живот, и секој од нив оставил празнина во мене. После сите солзи кои се неизбежен пропратен момент од секое испраќање се повеќе се убедувам дека јас ќе бидам секогаш тука и нема да дозволам некој да пати за мене и обратно.

    И ќе терам така се до наредното разочарување, до наредната беспарица, до нарениот глуп муабет кога повторно ќе се вратам со мислите на старото. Тогаш сфаќам дека првобитните причини се повеќе од доволни за да заминеш, а сакам иднина за која редно време е да почнам да мислам.
    Иднина која нажалост тешко да се реализира овде.

    Во меѓувреме, една важна личност и блиска пријателка деновиве се враќа. Се радувам како мало дете што конечно после година и пол повторно ќе се видиме, иако на кратко. Месец е премалку за некој што некогаш си го гледал скоро секојдневно.
    Многу планови и желби за толку кратко време.
    Едвај чекам да почнат да се остваруваат.
    ^_^
     
    На Lux, eli25, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Хм, како беше оној муабет дека блиските секогаш знаат што е најдобро за тебе? Епа знаат, ти го кажуваат тоа, дури и ти покажуваат, ама некако не знаат да те мотивираат да стигнеш до тоа „најдобро“.
    Деновиве заклучив дека се` што ми било потребно биле неколку „странци“ да ме бутнат малку, да ме изместат од колосекот, од оној мој лажен меур од сапуница. Поточно двајца. Една што за рок од еден ден дозна апсолутно се` за мене и еден што веќе цела недела ме дружи, ме смее, ми ги става црните мисли во заборав а Не Знае ама баш ништо за мене. Мисли дека знае де. Донекаде и знае, ама не суштината.

    Битното е дека двајцава непознати ме разбудија. Ме здрмаа некако. Некогаш се` што е потребно е некој потполен странец да ти ја покаже убавината на животот. Другата страна на вратата. Да ти ги сруши стереотипите. Значи блискиве сум ги сфаќала здраво за готово. Маскирањето го прави тоа. Те носи до тој степен што и самата почнуваш да си веруваш во онаа маска што си ја поставила пред другите.

    Најмала желба ми беше ширење на видеокругот. Дури и помислата на тоа ми беше одбивна. Помирена бев со себе си, со животецов. Ама се` бидна толку случајно, најслучајно на цел свет. И мило ми е бе.

    Како несакајќи станав она што го презирав? Како заглавив во толку длабока кал? Како се помирив со се` така набрзинка? И како, о како успеа цел свет да ми се стресе за две недели? Мене ме учеле дека промените бараат време, дека ништо не се добива толку лесно (читај додека не проплукаш крв), дека човекот не се менува...па и сама безброј пати сум се уверила во тоа...и сега ќе се плашам. Е ќе се плашам де, како е можно за толку кратко време цела една умствена конструкција да се смени? Како е можно она што вчера ми беше прерогатив, денес да ми е одбивно? Главчето ми прави трикови? Си игра со мене како што јас прилично долго си играв со него? Ме зеза дур да му завртам „грб“ па после ќе ме шибне као никогаш до сега?
    И не, не е ова „растење“. Пораснав јас оддамна.
    Можеби па реални се/ќе бидат промениве. Да пробам а? Хм.
     
    На Cataleya, anabel-a, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Како пролетно дете, нормално е нели да ги сакам ваквите сончеви денови.
    Особено кога доаѓаат при крајот на зимава, после сите тие студени, дождливи, снежни денови.
    Ама ете, ова е еден од оние денови кога сакам да заврне силен дожд.
    За да имам оправдание подолго време да се излежувам во кревет наутро, за да имам изговор да не отидам некаде на кафе, а и за да не морам да давам објаснувања зошто сум лошо расположена.
    Сите знаат дека времето ми влијае врз расположението.
    Барем во повеќето случаи.

    Ова е еден од оние денови кога си велам: Тhank God I'm a woman!
    Па среќата и задоволството успевам да го најдам во некои сосема мали, можеби и патетични работи.
    И си велам: Океј, денес сум даун, едноставно не ми е денот. Ама затоа имам перфектно налакирани темно црвени нокти и совршена црна туш линија за мачкини очи.
    If you look good, you feel good - наводно.
    Е па добро тогаш. Одам јас да си ја исфенирам и испеглам косава.
     
    На tweety26, anabel-a, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  7. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    сакам да кажам дека повторно имав напад на желудник а што е најинтересно примам терапија место да напредувам се уназадувам оф...мислев дека конечно ке живнам ама ништо дерман не ми доаѓа
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Најпатетичен момент е тој кога штиклата ќе заборави дека еднаш била опинок и ги понижува и гледа од високо оние кои сега се тоа што таа била порано.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Среќно и се надевам дека ке успееш во тоа што се надеваш :*
     
    На UnknownLadyDi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Чувството кога после два часа вежбање осеќаш како секое мускулче од телото ти пулсира, а облеката е залепена за тебе. Е тогаш знаеш дека добро си одработила, а после секое вежбање јас се чувствувам препородено. Добро додека се наканам да вежбам поминува доста време, ама си најдов една нова тактика. Станувам сабајле, пијам едно кафе и право на работа. Не оставам за попосле, или не дај Боже за вечер. Тогаш сигурно нема вежбање тој ден. Тактикава сеа за сеа добро ми функционира :D
     
    На Lux, Hopeful, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Јас сум денес гроги, пак ненаспана и после Цацко ми е крив. А мачорчево мое никако да заспие, какви не марифети му правев, па бањкање, па пливкање, па масажа, па цицање, па нишкање и кога мислев дека ете конечно заспа кога ми ококори очи ]:) А му се спие му се плаче ама не се дава, ќе видиме до кога :)
     
  12. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    17.904
    Пол:
    Женски
    САКАМ ЛЕТОООО И .Точка :!: :D
     
    На CIA, Agrona, Katerinceee и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК си седам си пушам цигара и шетам така низ фемина и пишувам еден пост и кога од едншка ме дојде напамет како некогаш да го направено ова истиот буквално се исто како седам вака облечена во исто и го пишиувам истиот пост хаха ептен лудо чувство :rofl:
     
  14. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Нова година, нов месец-нов почеток, низ неколку редови ќе ви го опишам моето патешствие мојата борба, мојата болка и тоа што јас научив до сега во животот.Како млад човек со скоро дваесетина година во животот поминав многу порази но и многу победи. Поразите ми дадоа сила, а победите енергија за понатаму во животот.Животот можеме да го претставиме како една игра некогаш играна по правила кои и понекогаш се кршат. Да!!!! Животот ни е даден да го проживееме најдобро што можеме што се разбира не значи кршење на основните природни закони.На овие години добро знам што е добро во животот а што е лошо. Разочарувањата беа мои пријатели во животот, а среќата мој другар. Со разочарувањата се дружев кога тие сакаа, среќата ми беше мој сопатник речиси цел живот.Секоја болка сериозно ме погодуваше длабоко до срж, но секогаш живеев со мислата дека утре ќе дојде подобро утро.Сигурен сум дека во насмевката на пријателот се крие мојата утеха и дека во неговото срце постои желбата да ме види среќен.Сега сум уште посигурен во тоа но, само за вистинските пријатели.Велат животот не е живот доколку во него нема подеми и падови,животот не е живот без пријатели, животот не е живот доколку немаш со кого да ги споделиш среќата и тагата, но велат дека животот е школа во која секојдневно учиш по една тема.Секоја грешка е добра можност лекцијата да биде најдобро научена.Низ годините научив да го живеам животот според сопствени убедувања, да помагам и да не барам возврат за тоа.Јас сум среќен кога луѓето околу мене се среќни. Ниту еднаш не сум имал дилема околу ова.Низ животот сум сретнал многу лоши луѓе. Многу од нив сакале да ме повредат и да ми наштетат, некои од нив ми ја користеле мојата добрина и повлеченост. Но следната лекција која ја научив во животот ми вели: Луѓето нема да знаат да ја ценат твојата добрина, но сепак прави добро.Работам напорно и создавам за мојата иднина. Цврсто верувам дека само напорната работа е патот до успехот.Затоа искрено ве советувам да не го чекате утрешниот ден, туку веднаш да започнете со градење на својата иднина.Една тула е доволна за да се почне куќата, но за целосна изградба потребно е многу мака и труд.Така е и со успехот, сфатив дека довербата навистина тешко се гради, но се руши само за миг. Многумина ја злоупотребуваат довербата и сметаат дека таа се создава преку ноќ, но најверојатно тие не знаат што е вистинска доверба.Најверојатно, ниту еднаш во животот не наишле на човек на кој што му верувале во целост.Почитувајте ги и сакајте ги вашите блиски, вашите пријатели се вашите сопатници во животот, вашето семејство е животот.Поминувај време со луѓето кои те прават среќнен, но не заборавај на оние кои ти ги правиш среќен.Внимавај и не повредувај. Ниту едно човечко срце не е отпорно на болка,а секое срце е створено за среќа. Стреми се кон вистината, но внимавај на секој збор.Твојот збор за некого може да значи болка,твојата среќа,за некого може да значи тага.Велат дека луѓето сфаќаат што изгубиле во животот, откако ќе го изгубат тоа. Вредноста на еден човек во нашиот живот ќе ја сфатиме кога тој ќе се замине од нашиот живот.Повеќе давај и помалку очекувај да земеш.Биди човек каков што нема на светот,биди пример за сите, така ти ќе бидеш среќен, а на светот ќе му направиш сериозна услуга и на крај бидете скромни...тоа најголемата човечка доблест.Можеби конечно започнувам да сваќам која е вистинската цел во животот.Му благодарам на животот за секој свртен круг,за секој крај и за секој нов почеток, живејте го животот и радувајте се во секој миг во него, ве сакам сите иако не ве познавам :* !!!!!!
     
    На glosipgirl, ilipili, LittleFairy и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Прв ден на факултет во новиов семестар и... чувството кога ќе си ја земеш оценката по математика :o ПРАЈСЛЕС!!!!!!!!! :geek:
    Каков хаос владее на факултетиве, немам коментар! Знаат за бирократија, а не знаат за организација. Свашта.
     
    На Adi888, LittleDevil, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Значи како ми тргна денов се испокаравме,и типов ми го снемува едно време се исклучува од скајп. |( Коа по 5 мин како што си седев зад мене некој ме гали за косата,си реков брат ми е. Се вртам што ќе видам,тој. Дошол со такси. :$ Ме преизненади дури почнав и да плачам од среќа ааааааааааа. :inlove: Ѓубре едно. ]:) Ќе те смачкам некој ден. :lol: Го сакаааааааам ! :wasntme:
     
    На Elennaa, simpaticnaa, mili4ka123 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Си настинав пак иако не знам ни дали оздравев првиот пат. My immune system is a bitch. |( Дишење како манијак ми стана заштитен знак, паломите најдобри другарки. Ма битно сонце има надвор и имам едни чудни благи во кујна.

    Него, гледам се жалиме за факултет. Прекинувам јас со жалење подхитно. Си замислувам како си ги седнувам внуците еден ден и им викам: Која приказна ја сакате денес? Онаа кога 40 пати одиш да запишеш семестар, а таа на студентски прашања решила бурекот или фармата и е побитна, или онаа кога не ти е јасно што плаќаш ама битно плаќаш. За родендени и посебни ноќи ги чувам приказните со испитите и праксите.

    Факултетските приказни се за внуците, кафански вечери со другари од средно или средба со колегите (кој имал среќа нормални да му се погодат) после 10 години. И ќе ве замолам да ги чувате како најдрагоцено нешто, врзани во бело крпче.

    Татковците ни иделе во војска, мајките на корзо, ние на факултет. Па барем имаме нешто да раскажеме, наредниве генерации прашање е средно дали ќе завршат.
     
    На kravce, Hopeful, anabel-a и 7 други им се допаѓа ова.
  18. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    17.174
    Надвор убаво сончево, внатре мрзарник.
    Си направив чај со лимон и јаболка цо мед и цимет :mm: .
    Си правам проект, си се тресам и така.
     
    На simpaticnaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Самиот факт што таа тема стигнала до 667 страници е социјален покољ. :!:
     
    На sweet-cherry, Trnche, bittersweet и 22 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.242
    Допаѓања:
    157.319
    Најмногу можат да те повредат луѓе кои не знаат кои се,а сакаат да станат се и се сеприсутни. Особено кога имаш таков за близок...не е баш најфино...како да ти фрла киселина директно во срце.
     
    На Trnche, francais и prettyliar им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.