[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Discussion in 'Кафе-муабети' started by Wild.Child, Oct 26, 2011.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2012
    Messages:
    11,473
    Likes Received:
    183,662
    Gender:
    Female
    ..вчера, нели така си плачев на она клипчето посебниот танц на невестата... и ме виде мајка ми како си цмиздрам.. па силом прилике бев принудена да и го покажам и на неа, па да го продужиме дуетот заедно..
    ...после тоа следеше тивок разговор со споделување спомени од минатото... ми кажа дека кога почнала да иде со татко ми, во исто време "ја сакале" уште 3ца со исто име како неговото. Но во ниеден момент од нејзиниот живот не се покајала шо го одбрала баш него...едино за шо жали е тоа шо неговиот век бил краток вика таа. Ми рече цитирам: Yowannty...шо сум слушала од други жени, пријателки, братучетки, сестри, познанички, сите во еден миг биле навредени од нивните мажи, некои удрени, но јас никогаш не сум чула од него погрден збор, ниту сум била удрена, ти знаеш дека сите наши расправии сме ги решавале со компромис, шо повеќе да посакам од еден брак? -Секако дека знам..си помислив во себе..
    Јас не памтам татко ми некогаш да опцул додека глеал утакмица, и секогаш го нервираа оние "навреди" шо си ги разменувавме чат пат со брат ми..поишето на шала но за него тоа беше крајно неприфатливо, па се трудевме да ги искорениме...а пред него се воздржувавме.. тој знаеше да се намршти кога некој од нас ќе употребеше погрден збор...ќе речеше "..што израз е тоа? Те напраи попаметен/на што го кажа?" Кај мене дома... никогаш немало класични кавги со дерење, сите проблеми се решавале со разговор...пцуењето било незамисливо... (само надвор, пред друштво, далеку од ушите на татко ми) :)
    Одсекогаш викав дека сакам да имам брак како оној на моите, таква хармонија не сум сретнала на ниедно друго место, дури ни на оние слики шо секојдневно ги глеам на нет од егзотични острови/плажи каде се изглеа толку совршено... и сеуште го сакам истото... макар ја имала истата судбина на мајка ми....и баба ми...

    Животот е таков каков шо е... еднаш си горе, за веднаш потоа да те спушти и да те потсети кој си всушност, еднаш се смееш, еднаш плачеш... СДК..дека ништо од тоа не е вечно...
    ***

    It doesn't matter who my father was; it matters who I remember he was! ♥ Love you forever...
     
  2. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Joined:
    Jul 9, 2011
    Messages:
    442
    Likes Received:
    384
    Gender:
    Female
    Не знаев дека оставам впечаток на крената личност и на шмизла.
    Најмногу сум изненадена од фактот дека луѓе кои не ни ги познавам ги шират овие информации.
    Зошто не пробаат подобро да ме запознаат па после да донесат заклучок?
    Можеби и јас сум крива што глумам дека се е совршено и дека воопшто не сум патела во животот.
    Мојот одвнатре црно бел свет, однадвор изгледа розев како шеќерна волна или милк шејк од јагода.
    Не судете ја книгата по корицата, прочитајте ја прво!
     
    kravce, Hopeful, MandyLane and 3 others like this.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,801
    Gender:
    Female
    Дефинитивно луѓето со најголема вредност се оние навидум многу едноставни, непосредни и пријатни луѓе. Секогаш е тоа така. Ако е некој арогантен, фалбаџија и со носот до небо, не значи дека ја има вредноста која ја претставува. Ниту пак гледа од високо кон тебе затоа што повеќе вреди. Напротив, толку е голем што ги прифаќа и исто се однесува и со помалите од него.
     
    tweety26, kravce, Hopeful and 5 others like this.
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Joined:
    Dec 19, 2010
    Messages:
    1,228
    Likes Received:
    2,579
    Кој им ја мати водата на коњите?
    Затоа што на некој му биле парите мои повеќе потребни, отколку на мене. Можеби сакал да си нахрани фамилија или да си го купи најновото сако Армани од некоја куќа во Дебар.
    Колку малку,а колку многу.
    А, друга работа што ќе ме извади од контакт месецов се лудите мачки.
    Вчера вечерта како луди шетаа. Сега повеќе мачки, отколку луѓе ќе гледам и ќе ги слушам цела вечер како се довикуваат со писклив бебешко морбиден глас.
    Кој им ја мати водата на коњите? Кој?
     
    tessie likes this.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,801
    Gender:
    Female
    E февруари е време им е...нема спиење сега, знам...

    И аман веќе кој и да е, нека престане да ме озборува. Не оти ми е гајле, туку ми изгореа ушите втор ден веќе... :@
     
  6. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Joined:
    Nov 29, 2012
    Messages:
    30
    Likes Received:
    55
    јас сакам да кажам дека поубаво нешто од плачинки нема, а посебно кога друг ќе ги направи, а ти на готово само ќе си јадеш! ммммммммммм......... прекраснотии :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    AIT and Yowannty like this.
  7. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Joined:
    Mar 14, 2011
    Messages:
    536
    Likes Received:
    648
    СДК Во последно време сум премногу емотивна ме расплакуваат и некои убави композиции, радоста, сонцето , пролетта.И до толку не чини. Сите прашуваат што ти е, а јас шо да му речам така ми иди а секојдневно то ми се дешава. ;( Шо ке ми речат само ти иди па тебе :lol: :|
    Нема врска.Всушност сакам да кажам дека сум дете . Во душа сум сеуште дете.Некогаш така ке се замислам демек стигнав 2ра година а всушност ако дај господ имам уште мноогу години..матури, факулети , дипломски, свадби, деца.....старост секако ако дочекам. Многу сонвам знам :lol: .
    Значи да се вратам на муабето.Имам 15 години а некни читајки некои басни за во школо сите тие животинчиња, бои, интересни случки ме исполнуваа.Секој збор ме враќаше во детсвото.Се секавав на се.

    Денес денот..лом... сакав комедија сакав трагедија си правев.
    Прво бев расположена па се налутив па повторно се расположив па се растажив па така цеееел ден.
    Сега кога се враќав беше прекрасен ден. 4 и пол зајдисонце, топло, сонце...МИЛИНА.Душата ми се полнеше. Ја обожавам пролетта. Само си се радував му викам на другарките ми мириса на пролет.
    Ме гледаат сите бело жити се кажи како мириса пролета, а јас бев прекреќна и не знаев како да им кажам , всушност нема и шо да кажам. Едноставно душата ми се полнеше .. :$

    И сакам да кажам дека здравјето ставајте го ПРЕД СЕ!
    Најважно е здравје па после се друго.Чист пример.
    Тетками млада жена од 32-33 години со две деца едното 9 другото 2 години си го среди животот.
    Работеше таа , тетин ми , стан, супер односи со сите , но никогаш не е се соврешно.
    Се појави проблем.Имено тетин ми тешко се разболе психички. Трпеа големи болки. Тежок период.Животот им се сврти за 360 степени.Со текот на времето се подобри ситуацијата. Не е целосно здрав но функционира. Што сакав да кажам. Никогаш не е совршен животот. Мора нешто да има што ке те јади/копка внатре во душата.
    Зато прво ЗДРАВЈЕ! Среќа , пари и се останато ке си дојдат. :)

    Убав ден :*
     
    kravce likes this.
  8. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Joined:
    Feb 27, 2012
    Messages:
    1,148
    Likes Received:
    1,049
    Најтешко е кога човекот незнае што сака во животот!
     
    kravce, Umbrella22 and anabel-a like this.
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Joined:
    Jun 24, 2010
    Messages:
    1,147
    Likes Received:
    2,620
    Колку е убаво кога ќе се вратиш 5-6 години назад и ќе се потсетиш на сите убави работи што тогаш ти се случувале.
    Денес како да живеев во минатото..
    Како да живеев во периодот кога бев четврто одделение,потоа осмо одделение..
    Се потсетив на се убаво што тогаш ме опкружуваше. Се потсетив на вистинското наивно пријателство, на првата љубов, првиот бакнеж, првите љубовни солзи, првото љубовно писмо..
    Порано кога читав и слушав дека првата љубов никогаш не се заборава, не верував. Но денес сватив колку е тоа всушност точно.
    Никогаш нема да заборавам како во зеленилото на ридот замижав намерно затоа што сакав да ме бакне, а ме беше срам да му кажам или јасда го бакнам затоа што бев седмо одделение. Сонцето ги галеше нашите лица, а јас нестрпливо чекав да ме бакне. Да, сигурна сум дека тоа никогаш нема да го заборавам.
    Колку и да сакам понатаму некој во животот, првата љубов останува тоа што одсекогаш била..
    Прва љубов..
    Толку наивно чувство, толку наивно детско сакање.. Не џабе велат дека детската љубов е најискрена.
    Убаво ми е кога ќе се потсетам на него и на се тоа што сум го правела тогаш. Да го вратам времето, иако на крајот бев повредена, пак ќе го направам истото. :)
    Велат дека не е убаво да се живее од спомени, но прекрасно е кога цел ден ќе ти биде исполнет со убави спомени од минатото.. Јас би можела секој ден да живеам вака.
     
    Divinebutterfly and Stoimenovska like this.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,845
    Likes Received:
    101,475
    Gender:
    Female
    Никогаш не сум можела да ги сфатам децата кои денгубат по кафулиња,купуваат скапоцена облека и чевли,надоградуваат веѓи и трепки,патуваат за Мадагаскар и пијат најскапи пиења додека родителати им се дават во долгови и јадат леб и џем.
    Аргументот дека се донесени на свет од страна на нивните родители и да тие сиротите не се прашани за тоа е патетичен.И заради тоа не се должни да тој подарок го отплаќаат дури е свет и век.
    Сите кои сметаат дека родителите мораат да го поднесуваат должничкото ропство и детскиот арач мораат да бидат свесни дека многу родители не го ни дочекуваат т.н. ослободување.
    Многу родители не дочекуваат пензија и за жал си одат пред своето време и тогаш сите кредити, пари, чевли, ќе можат ли да го убијат горкиот вкус на каењето и грижата на совеста.
    Ова го пишувам зашто и јас се наоѓам во една расправија со децава.Едноставно не разбираат што значи немам доволно пари.
    Ма... :swear:
     
  11. owi

    owi Истакнат член

    Joined:
    Jan 3, 2013
    Messages:
    252
    Likes Received:
    123
    СДК, кога ќе сретнам мислење од Ивана се наежувам целата :|
    Сеуште го имам тоа тажно чуство како да ми заминал близок ;(
    Па и нејзиниот потпис, сликите..
    Арам да ни е млекото мајчино ако не знаеме здрави и прави да го сакаме животот. Се испотепавме меѓу себе и не ги научивме вистинските вредности на животот :@ Срамота! :fubar: :x
     
  12. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Joined:
    May 10, 2011
    Messages:
    1,634
    Likes Received:
    3,742
    СДК дека од вечерва ќе имате уште еден постар член..
    После толку пофалби и мајка ми посака да се зачлени на форумов...
    Се надевам добро ќе ја прифатите :$

    Инаку... Јас сум добро...
    Полека полека, коцките ми се враќаат на место.. Задоволна сум од она што ми се случува и се надевам ќе потрае. Со нови сили го започнавме новиот семестар и овој пат ќе надокнадам за се она што го пропуштив претходниве. Мора да се зајакнам бидејќи оправдано попуштив со учење...

    Вие останете ми сите добри и радосни.. Барем еднаш дневно насмејте се..
    Така светот ќе го гледате во подобри бои...
     

    Attached Files:

  13. ilipili

    ilipili Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2012
    Messages:
    1,310
    Likes Received:
    4,992
    Песната "Високи штикли и црни чорапи" изгледа е мотивација за 99/9% од моите сограѓанки да се униформирани и да носат сукњички-фустанчиња само една педа под задникот или.....мислам разбирате на што мислам.Шетајќи некни заедно со мојата најдрага Дивајн ние бевме вчудоневидени од изгледот на 16,17 годишни девојчиња кои што изгледаа како 25 нагоре.Јака шминка,високи потпетици од кои што одвај одеа,дури и бевме сведок на една која што во разговор со својата другарка се жали дека одвај оди.Нашата констатација беше дека нас ни беше страм да ставиме сукља до под колена,а камоли над.Ах бе или е до нас,сме премногу старомодни па не ги разбирме денешните генерации или тие се повеќе напредуваат,но за жал кон лош правец.Да не бидам погрешно разбрана не е овде проблем само краткото здолниште или високите потпетици,проблем е нивното однесување кое што секој ден се повеќе ме изненадува во негативна смисла. Јас на таа возраст излегував во 8 часот и 11.00 морав да сум дома,а сега тоа време излегуваат.Секоја втора на 16,17 години ги имаат првите сексуални односи,а јас на таа возраст се страмев што постои некој кој што ми се допаѓа,некои дури остануваат бремени ,а ние тогаш ги имавме првите бакнежи во образ :!:па црвенеевме од возбуда и страм .
    Никогаш нема да ми е јасно и искрено ми е страв кога гледам како е сега,а камоли кога ќе дојде моето дете тинејџер и како ќе се одразува целата таа напредност врз него колку и да го воспитувам јас дома и колку и да се обидувам да го доведам на прав пат. Ќе речат некој средината и друштвото се такви па и тоа влијае врз него што до негде така е ,но ако од дома не му се даде содветното воспитување и не му се укаже на детето што е правилно и детето нема свое Јас ништо не може да влијае врз него негативно и да се однесува така.Има исклучоци не велам дека не,но повеќето од нив буквално се збеснати и мене ме згрозува тој факт, нивната разгаленост и желбата за прераното станување возрасни. Никој не осудувам и не ги окривувам нив,едноставно такви времиња дојдоа кога ни е страв да имаме дете и да се прашуваме и плашиме дали правилно ќе го одгледаме,воспитаме,израснеме со оглед на тоа во какво чудно време живееме или пак ќе кажам ние сме чудни и старомодни :?:.Можеби кога моите ми велеле да се вратам дома до 11 часот тогаш се лутев или пак кога не ме пуштале да одам некаде каде што за нив не било соодветно,а кога ќе размислам сега и јас не би одела и знам дека тоа го правеле за мое добро и сега сум им благодарна.
    Сепак стојам на својот став дека мене ништо не ми фали и не ми фалело што до 15 години сеуште си играв со кукли,криенка,ластик,а на 16 излегував и одев на чукачки количиња каде што се забавувавме и смеевме со другарките до бесвест и единствената пијачка ми беше сокче,а денес е заменето со шток,мартини,коњак и што ли уште не,а кога ќе го видев мојот симпатија ми беа црвени образите жар.Тоа време никогаш нема да го заборавам и секогаш ќе ми фали.
    Нека биди ова еден апел до вас девојчиња не брзајте да пораснете пред време,има време за се,уживајте во детството додека можете бидејќи подоцна ќе го барате,верувајте
     
    Chica.Loca, tweety26, kravce and 9 others like this.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,845
    Likes Received:
    101,475
    Gender:
    Female
    Може,можееее...ми фали феминка од моја возраст :clap:
     
    Annie.mk1 likes this.
  15. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Joined:
    Nov 21, 2011
    Messages:
    1,520
    Likes Received:
    3,293
    Gender:
    Female
    Луѓево се како гулаби, дури се на земја ти јадат од рака а чим малку полетаат се*ат по тебе! Толку имам да кажам :)
     
    kravce likes this.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2011
    Messages:
    2,412
    Likes Received:
    18,409
    Gender:
    Female
    Многу пати имам пишано кога си жена мораш да си го чуваш достоинството, не да го продаваш. НЕкои со право со го носат епитетот, иако не е епитет, ку*ва. Денеска имав можност да стигнам до линк, нешто нон сошал медиа блог ау ау, наши девојчиња македонки, со раширени вагини, со профили на фб, со цицки, и сите вулгарни пози, а одоздола сите неспособни мажи, со напалени коментари. Луѓе жалам сериозно што сум жена понекогаш, жалам, не знам кај се родителите на тие девојчиња на кои им стојат и имињата и прзимињата на блогов, не создале со ум кој треба да го користиме, и да се бориме да станеме некој и нешто, ако имаат апарат, и лапотопови и штикли, и се на сликите значи не се лишени од материјалност, лишени се од мозочни клетки. Денес научив само колку морам да продолжам да ја учам ќерка ми на прави врдности, и како се станува некој и нешто во светов, се потресов од она што го видов, и се соменавм дека сакам пак да го видам, направив репорт за порногафија на фб се надевам дека бар на пола од нив вака или така привремно ќе им ги избришат профилите. Не е секој за интернет.


    Девојчиња мили, мислете пред да направите глупост за која секогаш ќе се покаете, значи потенцирам пред вашите камери, скајпања и се друго, зошто сликите можат да ви бидат злоупотребени, немојте да дозволите некој да ве убеди на чекор, кој ќе ви го уништи интегритетот на вас и фамилијата освен ако не се гледате во таква иднина.
     
  17. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Joined:
    Nov 25, 2012
    Messages:
    125
    Likes Received:
    91
    Сакам да кажам... Најверојатно дека неможам повеќе. Се уморив откривајќи нов дел од тебе, секогаш различно, секогаш болка. Не го познавам тој човек. Не се познавам себеси после него. Личноста која бев во минатото би ја презирала оваа личност која сум сега. Еве, пред да ми наметнеш вина, си ја наметнав самата. Колку и да е тоа погрешно. Се изгубив. Изгубив допир со реалноста. Не знам што е вистина, веќе не им верувам ниту на сопствените очи, ниту на чувствата. Не поминуваат кај мене работите нормално. Секогаш е комплицирано. Едноставноста како да бега од мене. И повторно ја барам во мене грешката. Зарем не сум доволна?
     
    WomanInRed likes this.
  18. majicka

    majicka Популарен член

    Joined:
    Nov 21, 2009
    Messages:
    303
    Likes Received:
    1,011
    Gender:
    Female
    .......не.не и НЕ....неможам да ги поднесам прашањата од типот...леле,како можиш да немаш фб?? :^) :^) немам бе и шо сега?крај на светот е?значи за моите 23 год фб не ме исполнува воопшто,за шо да имам фб бе?за шо?за да на секој 2 мин на почетна да ми излегва кој со кој е и каде,дека денес прдна 2 наместо еднаш? :^) или па за да гледам разголени и искомплексирани жени облечени во минич допичњак?!не фала :puke: не ставрно не ги можам поќе прашањата од тој тип.......
    и така......денот некако...шознам....евентуален :D бидете ми поздравени :hai:
     
    Hopeful, Lepaaa and Peppermint like this.
  19. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Joined:
    Jun 6, 2012
    Messages:
    335
    Likes Received:
    1,016
    Вчера .. најтажниот ден и најтажната нок во мојот живот ( и најдолги секако ) :( мајками во 5 часот требаше да замине во болница , а наредниот ден операција .Прв пат нешто такво се случи во нашето семејство , некој да оди на операција . Беше многу грдо ... секакви глупости ми поминуваа низ глава кога мама замина во болница .Легнав во 22:00 , станав во 1 навечер , после тоа никако не можев да заспијам до 6 часот ... во 5 и 15 задремав и одеднаш го слушнав гласот на мама како таа што ме вика на галено , рипнав и се насмеав слатко . Станав завршив дома некој работи и одма отидовме во болница. Таму беа сите блиски .Кога ги виодв не можев да се воздржам почнав силно да плачам , после мене почна и татко ми ;( , се тешевме еден со друг а срцата на сите ни беа скршени .Мајками се појави низ врата , имаше дадено некоја ињекција јас ја гушнав ја фатив за раце но таа само гледаше беше под некое дејство ... тогаш ми доагаше да се фрлам по скали... размислував дали мама ке издржи.
    Чекавме 2 саати , потоа докторот се појави не повика , рече дека се е во ред . :emo: во тој момент срцето почна силно да ми чука а солзите конечно беа радосници ,ја видовме мајками уште беше под дејство од анестезија ... после некое време почна да се опоравува , сите си разотидоа јас останав со неа до сега до пред пола час ( повеке не ми дозволуваа ) .
    Во моментов нема посрекна личност од мене ... мајками е добро , ја сакам најмногу .
    Бог ми ги слушна сите мој молитви - ТИ БЛАГОДАРАМ ГОСПОДАРУ.
    ТОА ШТО ГО ВЕТИВ ЗА ВО ЦРКВА КЕ ГО ДАДАМ .
    Од денес .. ветувам ке бидам подруга личност , нема да се замарам со глупости и ке го сакам моето семејство најмногу .
    Ве поздравувам ситее ..сакајте си ги мајките слушајте ги ...и радувајте се се додека сте здрави и живи вие и тие што ги сакате . :*
     
  20. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    6,191
    Likes Received:
    23,256
    Gender:
    Female
    Иронијата |( , на факултет си во друг град, стигнуваш пред факултет, слегваш од такси и се прајш лом целата, од пантолони, боди, па се другото шо следува |(
    Грозно се осеќав цел ден, 3 дена не сум спиена салам ко шо треба, се одвикнав едноставно од се, и не знам како ќе се научам се да биди во ред како шо беше порано. Цел ден сум на нерва, нерасположена, стомакот неиздржливо боли :puke: . Првиот ден на факултет помина супер :wasntme:
    Симпатите една по една, здраво шо прајш како си? па кој слатко ;) :wasntme: Абее кефој бев. :D
    Дружби и со математиките денес по незнам колку време, ама добро помина.
    Утре го полагам последниот колоквиум од првиот семестар, I need luck, a lot :)


    Имајте убава вечер.
     
Thread Status:
Not open for further replies.