Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Денов беше ужас :@
    Ај тоа што е понеделник ај,ама па и ПМС и тоа во школо неможев на нозе да стојам,па уште и одговарав и таа кога се запна да и кажувам каде се реките ова она ми се идеше да клекнам доле и така да и ги кажувам.Па за беља сите часови со наставниците што ме нервираат.После школо по големо инсистирање на другарка ми отидов кај неа па когa се зазборевме,па и кафе ма заборавив и на ПМС и на се :D Ај школово некако се тера ама љубовта катастрофа :tmi: И така мене не ми се фаќа книга по изговор дека сум учела во неделата и више немам ништо за учење.Ама ич не се надевам и не уживам во викендиве многу брзо ми поминуваат,мене ми треба поголем одмор на пример летен распуст. :lol:
     
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.317
    Допаѓања:
    8.796
    Која е веројатноста пред сопствената куќа да се качиш во погрешна кола? :tmi:
    Го чекам, ми врти дека е на 2минути од мене и си се симнувам по скали лежерно, нели имам време.
    Кога гледам долу веќе паркирана идентична кола и си тргнувам јас залетана (и кратко вида) се фаќам за вратата, заклучена. Викам се зеза дечко ми со мене or what? :^) Држам не пуштам!
    Е ама во исто време стигнува дечко ми и ме гледа како стојам пред друга кола фатена за вратата :D Фацата, непроценлива. За се останато постои мастер кард.

    Тоа е, љубовта ми го испи паметот.

    Пред недела дена ми звонеше мајка ми дека ми пуштила нешто по такси да се симнам да го земам. Си се симнувам јас по пижами и во истиот момент минува такси и му мафтам :hai:
    Застанува и му викам -Што имате за мене? :wasntme: Дечково беше :?: Вика па не само ми јавија од централа за таа и таа адреса. Па озгора и паметна му се направив ааа не е ова тој број, на крајот на улицата :^)

    И така, веќе очекувам во хороскоп да ми пишува особено внимание со превозните средства. :!: Коинциденции или сум му миленичка на Марфи за сезонава, којзнае.

    Бевме на боулинг и јас нели ќе го учам пошто му беше прв пат. Ахам да, кога фати да ги мава куглите ме уништи. Страјк, страјк, страјк.
    Па едни срциња малечки на детската стаза до нас упорно ми бараа полесна кугла да ми биде полесно да го скршам. :D Битно имав група за поддршка.

    Љубам фино воспитани дечиња, имам непроценливо голема почит за нивните родителите. Штета што наидувам на такви се поретко и поретко.
     
    На Chica.Loca, sweet-cherry, anuskaNESTLE и 42 други им се допаѓа ова.
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Се договоривме со брат ми тој да купи букет а јас да направам торта за роденденот на мама, вчера ја направив тортата ја оставив да се стврдне а денес ја декорирав, по договор со нејзините другарки тие успееа да ја извлечат од дома под изговор дека се немаат видено одамна, дека е време за убав ручек, сами тие.
    Додека не беше дома, брат ми тркна по букет, јас тортата ја средив и ставив свеќички :)
    дојде брат ми, средивме се и остануваше само да ја чекаме мајка ми, малку подоцна
    влезе мајка ми а јас и Брат ми и ја запеавме Happy Birthday, ја натеравме да замисли желба и да дува свеќички :lol:
    Ја изгушкавме и кажавме дека ја сакаме а таа се расплака.
    На крајот ја пробавме и тортата и не дека јас ја правев ама стварно беше убава :D :wasntme:
    Мамичке
    Уште еднаш ти посакувам СРЕЌЕН РОДЕНДЕН, да ми бидиш жива и здрава уште многу долго, тагата да ја замениш со среќа, а солзите со насмевка... Те Сакам.
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Buttterfly, tweety26 и 38 други им се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кој рече дека дежурството во партискиот штаб треба да биде досадно :wasntme:
    малку се изгребав на едниот прст на десната рака, ама се надевам дека брзо ке оздрави-дај боже
    читав списанија, малко благичко од дома :mm: а остаток од времето :music: на уши, :dance:, пеј, скокај, да се стоплиш-надвор ладно, внатре уште поладно и цел ден :$ бев и сеуште сум, па за срека замената ми дојде порано од планираното ^_^
    а Арабскава музика колку и да не ти е денот те тера да се развеселиш и да :dance:
     
  5. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    3.194
    Денеска кога се вратив дома по положениот последен испит од претходниов семестар, дедо ми со солзи во очите ми честита, ми рече браво и дека бил премногу горд на мене! Дека сум била многу јака и силна личност.

    Да, тоа е моето деде што за малку пред два месеца ќе го изгубевме.
    Тоа е моето деде, што кога го видов на интензивна, три дена после тоа плачев и не отидов уште еднаш да го видам додека не му беше подобро.
    Тоа е моето деде, што иако има само четврто одделение завршено, ми кажа вакви силни зборови, во момент кога ми беа најпотребни.
    Строг е многу кон ќерките, али кон својата единствена внука е памук.
    Тоа е моето деде што ме научи да играм шах.
    :)

    Ах деде, кога би знаел дека внука ти се распадна периодов ... Кога би знаел колку работи не сум ви кажала за да не се секирате, за да не знаете дека ми беше премногу тешко ... За да не знаете дека уште влечам последници од минативе два месеца ... Не сакам да се секирате, деде ...
    Како што си кажа, внука ти е јака, со вас уште појака. :)
     
    На sweet-cherry, Buttterfly, Annath и 35 други им се допаѓа ова.
  6. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    СДК...Моето срце трепери секогаш кога ќе го видам него. Понекогаш го гледам за 3 секунди, но тие 3 секунди се доволни за да ми го направат денот прекрасен. :) Го сакам најмногу, тој ми го прави животот убав и како да прави да живеам само за него... Кога ќе го видам прави срцето да ми трепери толку силно што за миг помислувам дека нема да можам да го сопрам!
    Го сакав, го сакам и ќе го сакам, без разлика дали тој ќе го забележи тоа или не :)
     
    На Antigonna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    Ни на момент не помислив дека ќе добијам толку голем дар токму сега,кога нити заслужувам,нити очекувам. Се‘ си мислев повраќам дека производите на Маестро се исто толку лоши како и нивните реклами,ама сестра ми како што е умна,ми купи тест и одеднаш - две линии.
    И лекарот ми кажа дека не е грешка... да,ќе си имаме бебуш ^_^
    Веќе не сум само јас,мораме сите тројца да си се чуваме и да си се сакаме,станавме семејство :D Татко му многу се радува,веќе почна да размислува за полот и за името и постојано ми го бакнува мешето кое одвај чекам да порасне :mm:

    И вам ви посакувам оваа радост да си ја дочекате,а ако веќе сте ја дочекале да одите и да ја прегрнете,бидејќи тоа е вашето најголемо богатство :hug: :hug:
     
    На francais, Libera, sweet-cherry и 39 други им се допаѓа ова.
  8. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Не можам да поверувам во тоа што се случи...
    Зошто ама едно големо ЗОШТО манастирот Трескавец...Беше прекрасен...
    Кога чув дека изгорел срцето престана да ми чука...ќе си умрам...Многу го сакам тоа место - премногу!
    Се надевам за брзо ќе можам да го посетам пак а да не го видам во сива боја :((
    Се чувствувам многу тажно
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.413
    Допаѓања:
    287.223
    Баба бог да си ја прости викаше:
    Деца, дертот да ги изеде. Првен лебот ...па кога ќе пораснат џигерите ќе ти ги изедат : :^) :tmi: :rofl:

    Немаше лоша душа женичката, напротив душа човек беше, 5 деца родила и истерала на прав пат.
    Но едно барем кога ќе се погоди некаматно, родителот пусти е вистинска жртва и роб на неговите каприци и долгови цел живот.

    Најтешко е да се објасни НЕМАМ на дете :(
     
    На Shelea, imelda и lunicka им се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.542
    Допаѓања:
    17.275
    Значи секој пат кога идам кај тетин на гости излавам со солзи во очите и болки во стомакот.
    Не, не ме тепа никој. Само тетин кажува смешки, шо се виткаме од смеење. А он мртов озбилен. Вчера зборат нешто за како повраќал братучед ми неќна кога се напил и тетин вика „Како ја погоди шољата, да не и пееше „Познао бих те у мраку, по мирису тофтаку“. Вака можда не излгеда смешно, ама да го слушнете ќе паднете.
    Вика знаете ли од сите шо измислиле нешо, не ти Тесла, не ти Анштајн кој го ценам највеќе? И ние сите ’кој’ нели и он вика „тај шо ја измислил шољата, еден калап на сите се фаќа“ :rofl:
    Не ми текнува друго, да ви кажам.
    Како и да е, се смејам секој пат кога помислам :D

    Сега идам да поучам нешто, после да гледам филм и ќе спијам.
    Вие имајте убава вечер.
     
    На sweet-cherry, tweety26, Moira и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Не сум против тоа да се казнуваат оние кои крадат или неовлатено користат електрична струја. Не сум....закон е закон, кривично дело е кривично дело. Но, кога се казнува селективно, кога казнуваат кого сакат, читај-кого можат, е тука веќе државата има проблем. Не мора да наведувам кого можат, а кого не можат да казнуваат јасно е, јасно е на кого ќе падне теретот...

    Дали знаете колку наши граѓани ги минуваат зимскиве месеци со исклучена струја. Навидум обични луѓе кои воделе нормален просечен живот, ништо поразличен од мојов. И потоа во еден момент од животот мажот останува без работа, жената се разболува од тешка хронична болест, и се се менува. Ај некако се крпи за храна, но сметките се трупаат ...и среде зима ги греат рацете на свеќа, децата фаќаат џаде.
    Моментално знам три такви семејства...

    Така да некогаш кога дискутираме на форумов-што е луксуз, да знаете дека за некого луксуз во 21 век е и ова нашево седење на компјутер...
     
    На JoxyTheFreak, sweet-cherry, Trendafilka и 42 други им се допаѓа ова.
  12. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Да кажам, да кажам.. куп работи имам на ум ама никако да ги склопам во нешто нормално, читливо.
    Ама ете, денес за најважното.

    Мама и тато слават 28 години од брак! :sun:
    Им го памтам датумот, ама ретко ми текнува колку години се во прашање. Иста сум и за родендениве од моиве. Пресметувам колку се постари според тоа колку се поголеми од мене, а само за брат ми знам 'из пушке' колку години има.
    Оваа година, ми се чини, беше најтешка. Макар што, со немаштијава, како што доаѓаат годините изгледа ќе е се‘ полошо. Ама истуркавме, и ќе туркаме сите заедно, мора.
    Ако ништо појќе, секогаш ќе се имаме еден со друг. И во моменти како денес, кога пола семејство ти е во друг град.. празна куќа и болка во душата. Фалат.. многу фалат ама тоа е тоа. Мора да се бара чаре, некаква работа за опстојување. Макар и тоа да значи да си доаѓаш дома на 2-3 викенди и од умор да немаш време да си се видиш со своите.

    А мама и тато.. ме учат на се‘. Имам кажано и предходно колку сум им благодарна. Се‘ што имам - се‘ е поради нив. Оваа година и покрај тешката ситуација и патувањето на брат ми во друга земја, најдоја средства да ми ја обезбедат екскурзијата. Знаат дека заслужувам.. а јас верувам во себе дека така и ќе продолжам. Успесите во учењево, 5ките под конец се заради нив - за да ги правам среќни.
    Ако ништо повеќе, кога ќе помислат на тоа бар на момент се радосни, што израснале таква ќерка. Не се фалам.. отворена сум и тие што ме познаваат го знаат тоа. За се‘ наоѓам време.. да научам, да седнам на нет, да се подружам, да бидам активен волонтер, да вежбам и да бидам многу благодарна за сите работи што ми ги обезбедуваат.

    Се надевам следната година ќе ја прославиме годишнината во поубава атмосфера, со сите луѓе на број. И со уште повеќе љубов.. љубов на која секојдневно не‘ учат нашите.

    Честито годишнина, мамо и тато..
    Ве сака вашата ќеркичка, бескрајно многу.
    :)
     
    На sweet-cherry, Shelea, kate21 и 30 други им се допаѓа ова.
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Според мене, најлоша навреда кон едно дете е да му кажеш дека е невоспитан. Точно е дека луѓе од страна не ви се во домот да знаат дали навистина се или не се невоспитани, но тоа се гледа по многу финеси.
    На пр. јас никогаш не сум била дете кое грака како кокошка во автобус, се цери на секои 3 секунди, и се бутка од една врата до друга во знак на атеншн хор.
    Тоа ти се тие мали (големи) финеси кои ја истакнуваат културата.

    Досега не памтам некој да ме нарекол невоспитана, сум добивала спротивни коментари уште како мала, најмногу би ме повредил таков збор ако чујам од лице што ги познава моите. Ако ги познавате моите, многу добро ќе знаете дека никогаш не го оставиле воспитувањето на случајноста.

    За жал, денес многу се церат ако им кажеш невоспитан. Дури не се ни вреѓаат. Посебно невоспитани имам заприметено овде на форумов, деца од 13-14 години ко прво што немаат ништо што да кажат. Јас ако немам што да кажам подобро ќе читам како гостин на форумов, отколку да се истакнувам колку сум глуп, со извинување ако некој се навреди. |(
    Да, постара сум од вас и ќе кажам дека немате грам култура, пишувате простачки и се дрзнувате да вреѓате. Жал ми е за родителите што ве имаат дома, уште повеќе што не ве воспитале како што треба.


    Најголем страв имам во животот за тоа какво однесување ќе има моето дете. Се надевам правилно ќе го насочам.
     
    На sweet-star, sweet-cherry, kate21 и 39 други им се допаѓа ова.
  14. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Си мотам стари слики од апаратот, и наидов на слики и видеа од покојното папагалче мое. Колку го сакав тоа животинче, не се објаснува. Беше толку питомо, попитомо и од некои мачки што сум ги чувала како мала.

    Беше како мало човече, се си разбираше. Не можам да опишам колку бевме приврзани со него, и колку плачев кога почина. Душиче мое, што се преживеавме со него. Колку маки претрпе и тоа, и ние. Неколку операции преживеа, и тоа јас го држев додека го оперираа. Срцето ми се кинеше кога го гледав толку беспомошно.

    Ми недостига многу. Ширеше љубов и го развеселуваше домот цуцево.

    [​IMG]
    Позерче мое најмило!
     
    На sweet-star, tweety26, Elennaa и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Епа луѓе...мило за драго, јас се заљубив.. :$.
     
    На dolly.doll, sweet-cherry, Lux и 33 други им се допаѓа ова.
  16. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Воздишки , ѕвезди , топло чоколадо и љубов..прекраснотии..си го сакам животов :)
     
  17. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    СДК дека го чекам новиот член milcooo да го напише своето прво мислење на форумот. Патем, не го знам лично форумџијата.
    Ете во оваа прилика и го поздравувам новиот ни milcooo ;)
    :)
     
  18. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
  19. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Штета.Толку млада симпатична девојка со макроа...Има само 15..каде отиде светов,мислев дека такво нешто нема во мојов град,но гадно сум се излажала.Депримирана сум од самата глетка учи од "дадите",им верува,а тие ја продаваат како стока.Дали е тоа поради сиромаштијата,семејството,мајка и,НЕ, нејзината глава е празна,мисли се што лета се јаде,нее срце ке налеташ на некоја чафка кисела во превод ке налеташ на некој 60 годишен,гаден,неизмиен,е тогаш бел ден нема да видиш.Најкриво ми е што девојчево го знам.. и не мислев дека се бави со такви срамни работи.Утре ќе и предложам да ја прочита КРИВ ПРАВЕЦ,можеби ке ја свестам,а можеби ке се пронајде и ке ме обвини...којзнае :\ :wasntme:
     
  20. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Кога потполно верувате во некоја личност без никакви сомнежи, ќе добиете еден од два резултати: личност на својот живот или животна лекција.
    Кога секој човек би бил човек, тогаш секој камен би бил дијамант... :!:
     
    На sweet-cherry, Markusa2, ines.h и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.