Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    СДК здраво на сите Феминки! :) Одамна се немав уклучено на форумов, не ни знам од кога :tmi: ..и сега кога го направив тоа сфатив колку уствари ми недостига.. :$ Па, еве да чкртнам денес по нешто и се надевам дека ќе се уклучувам почесто...

    Исто така СДК дека ме фаќа некој страв од иднината, страв од непознатото..не знам што ми е..со помин само нека е.. :sweat:

    И за крај СДК дека сакам да заврне снег!!! :D
     
    На Neytiri и Rozich им се допаѓа ова.
  2. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Очајно ми треба масажа, сауна..да ме снема во некој спа центар, да уживам да се релаксирам..да се преродам!
    [​IMG]

    Времево ми ги зема и последните сили, трошките позитивна енергија и елан кои ми останаа. Главата ме кине, не ми се станува од кревет.

    Се стуткав во топлото ќебенце, си направив чајче, ќе чекам ручек. Впрочем, само за тоа е периодов - лежење, јадење и дебелеење :D
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    :drunk: :drunk: Хенговер. :D Сношти на роденденот беше јако, се изнапивме, се изнаигравме, убаво помината вечер. Добив на подарок прекрасен шал :inlove: Денеска ова времево малку ме нервира. Прво сонце, после облаци па ветер, де реши се веке еднаш |(
    Останав зачудена од тоа колку некои жени не се почитуваат сами себеси. Дозволила да ја удри мажот и` со кој е разведена. Мене не дај боже да ми се случи тоа веднаш ке го запалам жив! Башка пак татко и е јак и богат, за по едно пиво има луге кои ке му ги сокршат коските на зетот и да не му текне пак да дигне рака на женско. Каков е тој маж кој удира жена? Тоа не е маж, тоа е најголемата кукавица на цел двет, нека се тепа со некој колку него а не со женско. Многу ме иритира кога ке слушнам за вакви случаеви кои за жал се се почести и почести. Греота е да шета во јавност така обележена на десното око и модринки на вратот. :(

     
    На Chocoholic му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Толку тмурен ден, едвај имам желба за живот, за насмевка. Едвај го преживувам денов. Сакам да се склопам во едно ќебе и да не мрднам од постела, да немам допир со светот, да се изолирам, да живеам а да не постојам.
    Вчера му признав нешто што веќе година и кусур го криев, но не беше толку трагично колку што мислев дека е, но ме гризеше ужасно совеста од секој поминат ден, а тој се намршти, ми се јави од кога заврши со работа, ме слушаше како плачам, дури и ме смируваше ...
    Добро па, јас сум кривата овде, јас треба да му кажам нешто, тој мене ме теши, знае дека го сакам најмногу, и знае колку совеста мене ме гризе кога кријам нешто, и знаеше дека уште нешто кријам само чекаше да му кажам, знае дека никогаш нема да го изневерам. Чудна е таа работа, кога си толку наполно убеден дека партнерот никогаш нема да те изневери, постои некое чувство кое не се опишува со зборови, некоја поврзаност. Не можам да опишам каков товар од срцето ми се симна, затоа сакам да кажам: „Никогаш не ја засновајте врската на лаги, не почнувајте да лажете на почетокот за да направите совршена слика за себе, затоа што еден човек е со вас само поради тоа што сте вие, а не поради некоја замислена идилична слика за вас, секогаш криењето ќе се дознае, ако не од други луѓе, тогаш вашата совест ќе ве издаде, но претходно ќе ви ја јаде душата постепено“.


    Добро е што имам ужасна грижа на совест, и за мали и за големи работи и не можам да лажам. Порано ако можев да излажам секого, сега не можам да излажам никого. Сум станала подобар човек откако сум со него, ме промени, ми ги даде благодетите на животот, а јас за тоа сум свесна релативно. Се што беше лошо ненаметливо го смени на подобро, и сум му бескрајно благодарна што ме смени, и што ме издигна на пиадесталот. :l:



    Единственото добро што можеше да ми се случи денес е тоа што добив.
    И се радувам.
     
    На Chocoholic и Monroe им се допаѓа ова.
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Поздрав до владата на Република Македонија.
    Да си каснат од задникот за програмата „Компјутер за секое дете.“
    Аха, за секое да беше.
    Море мотика само.
     
    На Doozy, girl.23 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  6. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    СДК - Си дојдов од Турција и многу сум задоволна бидејќи ја видов Шехрезад од 1001 ноќ т.е Бергузер Корел [​IMG]
    Да знаете местото е топ , за разлика од тоа што има многу , ама баш многу народ сепак има некој воздух за дишење :)
    И навечер е многу убаво :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC00285.jpg
      DSC00285.jpg
      Големина на фајлот:
      32 KB
      Прегледи:
      216
    На Divinebutterfly, LilBaby, Beauchamp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Вечерва е Аца??
    Зошто јас секогаш сум последна информирана. :lol:
    Немам против неговата музика, ама ме иритираат тие кои се прават шемаџии, не слушаат турбо фолк, а на концертите се први, уште на првата песна се возбудуваат до максимум, сите текстови ги знаат напамет. :rock:

    Ама колку лесно се пронаоѓаме низ стиховите.... :D
    Taj mali, crni vrag
    sto je u mene usao
    po mom telu lomi, haos pravi
    cini se, o glavi radi mi

    Ti si mi ga, slutim, poslala
    da bi meni dusu uzela
    moju propast da bi videla.

    http://www.youtube.com/watch?v=cRJTFpGN ... re=related

    Или бараме нешто против болова:
    Na stolu ostavi mi cvet
    da mi na tebe mirise
    kartu za let na onaj svet
    i punu saku olova
    i nesto protiv bolova. :rock:
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека ми е ДОСТА
    од овој татко алкохоличар што го имам, само скандали, маки, проблеми се низ дома
    и од овој некогашно надпросечно интелегентен брат(што само е од факс дома, и од дома на факс)
    покрај сета оваа психичка тортура од страна на татко ми, и брат ми да го поднесувам, што нема три чисти да му застане ко маж туку запнал само тивко па тивко. Пуфле е нема што.
    не дај боже да се верам, или омажам, кога ке ги видат моите какви се, да пропаднам во земја

    А личност што може да ги реши и двата проблеми(да се РАЗВЕДЕ од т.н.татко) и да го испрати во Србија кај братучед ми, брат ми малку да го научи што е тоа СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА , девојки, дружење, таа само плаче, и кога е нервозна пуши и плаче ко во втор пубертет е е мајка ми.
    а ко да ми е малку од сиот вој пекол, неможам да добијам циклус и да почнам да пијам терапија за Хламидија,оти пред некое време за да се заштитам испив апче за ден потоа, и така ме советуваше гинекологот, да почекам да добијам.
    КЕ ПОЛУДАМ
     
  9. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК седам дома и чекам,ги чекам гостите да дојдат за да ја гледаме свадбата на брат ми ..
    Некој дел онака брзински го изгледав ама она мераклиски не сум седнала да видам што како сум правела :lol:
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Денов е само да се завиткаш во едно ќебе, лаптопот од едната страна, книгата од другата и да не ти чуе за учење! Да се направиш како виршличка во ќебенцето, ролована пирошка или хот дог, и да си цврцкаш чајче со лимонче и метче. Па кога ќе ти се смачи читањето, си читкаш на фемина, па пак си читкаш книгичка, па си гледаш филмче, и тако до бесконечноста и назад, вегетираш.

    АМА НЕЕЕЕЕ! :fubar:

    Ме боли увото и цела десна страна, можам да шмекам некој само ако ми е од лева страна, само левото око ми трепка. Плус само накај лево можам да гледам, на десно не можам да се свртам. :wasntme: Си имам убаво купче со книги до мене, а едно што не ми се учи, што да ви кажувам. Мислам дека многу значење придавам на учењево, морам малку да се опуштам, ќе согорам со вакво темпо до дипломска. :D Алал нека им е на тие што не се замараат, јас психички сум нестабилна ако не се замарам. РАК бе РАК, проклетија жива.

    Шта речи, излишно е се.
    Си порачав новогодишно пакетче и чекам Дедо Мраз да ми го донесе. :D
    Во понеделник е судниот ден, пуууууууштајте среќиче, да видиме дали две 7ци носат среќа, а ?? :D

    п.с. Си направив дупка во веѓата, од бес. ]:) Сега ќе се шетам со ала Фрида Кало обоени веѓи.
    п.п.с. Ми се јаде тост со кашкавал! :geek:
     
    На Strumfeta93, Mishela, firequeenn и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    4.778
    На Smilly, LilBaby и Rozich им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... едно добри 4 часа надвор од дома ... мезење, муабети, кафенце, шопингче :$ ... непланирано де, па капучино и видување со стари школски, стари - нови колеги, и на крај заокружен муабет со добра пријателка .... сега компјуетрот и вие ... Значи сепак и покрај толку сивило и неизвесноти, мисли и напнатост,нервоза и потиштеност, добар ден е ... поголем дел активен. :) Фалат многу работи, но надежта е тука ... ама она што сега фали е СНЕГ, не е ова вистинска зима без снег. И се би било комплетно.

    Бидете ми и вие комплетни и задоволни ... зашто животот е тој од денес за утре. Веќе нема време за долгорчни планови и надежи. Користете го денот како знаете и умеете ... и опуштете си ја душата, една е. На крајот од денот секој со својата среќа, нели ... :)
     
    На bittersweet, Strumfeta93, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Здраво. :hai:
    Бев таму каде што требаше.
    И....си ја земав наградата.
    Патеката од столчето кај што седев со советникот на Ср ми се виде ептен долга, лицето ми стана како црвено светло од семафор, ама ако... Од возбуда беше.

    Ми дадоа благодарница и книга.
    А моментот - priceless.

    А, мајка ми раскажала на сите дека јас добив награда. Пола град знае.
    -Мајчинска љубов, на некој начин ја сфаќам, ама ќе знам подобро кога ќе сум мајка.
    Како и да е...

    п.с.Луѓе, сакајте се и љубете!
    И знајте...прекрасни сте!
     
    На bittersweet, Strumfeta93, Cacy и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    СДК дека полагам ТОЕФЛ во сабота :( Прво си мислев дека ке биде лесно, дека јас се си знам, ама како што поминува времето и се ближи сабота така се повеќе и повеќе ме фаќа паника ... Ако има некој што полагал во скоро време, лп ве молам :!: Да ми каже што - како ... И тоа во Битола треба да одам бидејќи сум многу одговорна нели, и ги испуштив термините во Скопје |(
     
  15. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Денес е еден од оние денови кога не ми се прави ништо.
    Денес е еден од оние денови кога сакам да се склупчам до ќумбето и да седам таму цееел ден. Не правејќи ништо.
    Денес е еден од оние денови кога сакам назад. Кога сакам времето да се врати за година-две. Денес знам повеќе, па можеби би ги поправила работите.
    Ми се плаче денес. Слушам тажна музика денес.
    Денес е еден од оние денови кога не ми се прави ништо.
     
    На Strumfeta93, Chocoholic и MandyLane им се допаѓа ова.
  16. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    СДК - Кога луѓето ќе ве повредат повторно и повторно, помислете дека тие се како гланц хартија . Ќе ве изгребат и ќе ве повредат но на крајот вие сте исполирани а тие се бескорисни.
     
    На Divinebutterfly, Nymeria и Gea им се допаѓа ова.
  17. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Снегу ајде доваѓај побрзо, па аман!

    Мразам зима, нејќам што дојде, само снегот го сакам во нејзе, и сега ни него го нема. :envy:

    http://www.youtube.com/watch?v=fmXLzY8k ... ure=relmfu
     
  18. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Денес не ми е денот.Толку сум пасивна,не ми се прави ништо,се влечкам по дома и сама си се жалам што ми е и што ме боли,ми се спие а не можам да спијам,ме болат нозете а и вратот,поткашлувам со се посилен интензитет...Настинувам.
    Дури и римелата од Авон што толку си ја чекав ми е стигната,а не ми се излегува да ја земам иако ми е на 10 минути.Незнам што ми е,обично на сабота сум хиперактивна,од кафе на кафе,од гости на гости и едвај да се приберам дома,ама денес не е така.
    Претпоставувам и такви денови има во сторијата наречена живот.
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК Ако Шако и Дадо пејат заедно тоа е веќе цела "мента" така?

    :rofl:
     
    На Noemi, glow, Go-Girl и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ахххх чувството кога ќе го видиш љубениот после доооолго време... :inlove: кое не може, а да не биде пропратено со неможност за нормално одење и седење некое време :lol: .

    Абе денов по сив не може да биде, ама мене пеперутки ми летаат и виножита ми се преклопуваат.
    Ако бев попаметна, сега ќе си бев спуштена на земја, знаејќи дека е краткотрајно, научена од претходните искуства и одејќи по тоа дека после дождот секогаш оди сонце, по сонцето можам да замислам каков дожд доаѓа, а мене во моментов како што ми се преклопуваат и виножита, којзнае каква бура ме чека.
    Но, нема да бидам паметна, на глупавите секогаш им е полесно затоа што за нив ignorance is bliss, па така и јас ќе си бидам глупава и ќе си се радувам додека можам и ќе си бидам заљубена тинејџерка денеска, ми се може бе па, од сега натаму ќе си уживам додека можам во ретките моменти без да размислувам какви катаклизми доаѓаат. And I'm feelin' good... Па и не се толку глупави кога ќе размислам подобро.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.