Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    25.371
    Пол:
    Женски
    Не знам како успевам, ама секогаш кога слушам музика на јутуб, по некое време завршувам гледајќи видеа со мачиња, смешни аудиции или вакви некои нешта околу заговори.
    И еве сега го гледав ова.
    Иако параноиден, клипов е доста интересно склопен.
    http://www.youtube.com/watch?v=idAz7mFKPrc
     
    На kravce и EleMental им се допаѓа ова.
  2. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    СДК доста ми е од тоа некој да ме лаже и на крај да испаднам обично ѓубре.Да те лаже со месеци,да ти глуми,да жалиш за него/нејзе.И на крај се да испадне лага.За што?За што толку се секирав,за што беа тие празни зборови.Зашто секогаш испаѓа вака?Ова нека ми биде поука во животот,уште еднаш не жалам никого што не го познавам добро.Крај на приказната,од денес друго.Ќе се нервирам ја за некој друг,ке се секирам и слично,на крај да испадне дека глумел.Се да ти се врати еден ден,само тоа го посакувам...
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Го прашуваат еден пензионер.на Сител што претставува Гоце Делчев за вас..Тој одговара Гоце за нас е Исус Христос .
    А бе дедо...
    Туку ја гледам мајка ми.и и се чудам.женава прави чучеви крева нозе.решила да слабее и да се затегне на 40 години :^)
    Има повеќе воља.за разлика од мене.што ме мрзи да го мрднам дебелиов задник ..
    И јас имав некогаш.многу одамна.сега немам ни за тоа.ни пак за нешто друго.
    период кога седиш.и чекаш да падне таванот.чекаш пошто нели.си слушнал од некаде.дека кога не очекуваш ништо.ќе ти се случи нешто.тотален кич.
    Па што..луѓето што се сечии.на крајот остануваат ничии.
    ете јас ничија сум.којзнае што чува господ за мене.
    Ви се случило некогаш. вашата срамежливост да ја помешаат.со студена арогантност. !?
    Мене да.и тоа многу често.понекогаш срамежливоста ја дефинирам како порок.грдо е во себе да чуствуваш срам.и за најмалите ситници.па не толку случајно прочитав статија во врска со тоа дека мажите ја сакале.таа глупава особина кај таквите девојки.
    да не дојде муабетов срамежливо чупенце.го има пола град срамено..
    ии значи. животот не е филм.и првиот кој ќе го сретнете не е вистинскиот.
    Леќа ноќ пипл :*
     
    На tweety26, Elennaa, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Тоа што не го разбирам е како некој може да лаже за својот идентитет. Зар луѓето толку се "ценат" себеси па постојано бегаат од тоа што се. Ценам кога некој се труди да си ги заусди негативностите ама да биде таков идиот и да глуми лудило дека е цвеќе а всушност е трње не иде.
    Вечерав бибер во големи количини со јајце. Пуста да е диетата ме остава гладна.
    Дечко ми чат пат навечер легнува после мене. Некогаш на сабајле ќе ми каже 'вчера ми го даде рачето и ти го бакнував. Или те гледав додека спиеш и ја гледав сликата кога си била мала. Таа што ти е од прославата за Велигден кадешто носиш розево фустанче. Колку си сеуште Ти. Јас на ниш не се сеќавам ама знам дека во сонот, во тие моменти сум се смеела.
    А што би било друго љубовта освен обострано смеење и тагување. Заедничко преоѓање преку болката. Тивко набљудување на него/неа додека спие и уживање во тоа. Мачкање секоја вечер по неколку кришки нутела. Пржење компирчиња секој ручек. Качување на глава с глупи муабети кои не ти признава дека се такви. И за крај, да те трпи навечер кога паничиш дека може некој ќе ви влезе. Да стане и провери дали е заклучено се.
     
    На Noemi, LittleFairy, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека денеска сум многу сеќна првиот испит успешно решен , па после на кафе со декото и на крај дома слатко одмарање и како шлаг на сето тоа кафе во домашна атмосвера со другарките
     
  6. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Значи само мојот дечко незнае за опцијата Close friends на Фејсбук!
    Чудно му стана на детето како му го знам секој чекор, хаха и ајде сега му ја открив тајната! :D

    Абе тоа е, човекот не седи могу на ФБ, и не го разбира многу.
    И јас не дремам така да безделничам ама барем во тек сум со опциите :D барем кога се работи за такви детективски :lol:
    Абе тоа ми е промашената професија, хаха.

    Добро, сакав да кажам нешто...

    Вака, го знаете она чувство кога сите работи ги пикате во себе ? Кога само за се` да биде во ред премолчуваме? Кога некогаш го спречуваме да излезе она што навистина сакаме да го кажеме?
    Она, кога премногу ги сожалуваме другите?

    Епа, за ова баба ми има една поговорка...На сите атер, на тебе матер!
    Многу е лошо што сите работи ги собирам во себе...
    Колку ли ми собира душава? Мислев ќе биде флексибилна и ќе се шири колку што јас сакам. Но, еве ги исполнувам последните просторчиња во кои може да се смести барем некој дел.
    Што ќе правам ? Нема место! Ќе пукам како пушка!
    Уста нема да си затнам! Аман бе, не е убаво сега наеднаш да го истурам целиот гнев. Не е фер некого толку да повредам.
    Можеби душата ми е упропастена од болка, но сеуште ги имам осетите. Имам чувства, да не го повредам...или пак самата несакам да се повредам.

    Кога знаете дека на нешто треба да ставите крај, а не сакате! Ама, морате! Тоа е како самата да се убивам себе...како да си забивам нож! Иако не сум виновна во никој поглед...
    Јас се плашам од болката која сама ќе си ја зададам. Се плашам од ударот кога ќе треба вистински да се соочам со реалноста.
    Што сум јас? - Кукавица?
    Не, само сакам да избегнам барем некоја болка. Барем некој удар.
    Животов од сите страни ми удира шлаканици! Не, бе...ова боксови се!
    Зарем единстената надеж треба да ја напуштам? Зарем треба да ја отфрлам...но, ни вака, ни онака не бидува! :|
     
    На julie77, Angy.g, LittleFairy и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Ви имам ли кажано колку ја сакам Битола?
    Многу. Ја обожавам :inlove: .
    Според мене, Битола е најубавиот град во Македонија и така и ќе остане.
    Со неа ме врзуваат прекрасни спомени од детството, од тинејџерските години, па не можам да не ја сакам кога еден дел од мене е трајно поврзан со неа. И да сакам не можам да не го сакам овој град. Едноставно влезен ми е под кожа. Толку убави чувства ми буди што да можам секој ден ќе одам таму за одново и одново да ги доживувам.
    Ја сакам Битола и на лето кога е прежешко и на пролет кога мириса на расцутени липи, а особено ја сакам на зима зашто мислам дека најмногу и одговара ова годишно време. Си имам некоја „зимска“ слика за Битола во главава, можеби дека отсекогаш почесто сум одела таму на зима, и мислам дека во ова годишно време е посебно убава.
    Отсекогаш се радував кога одевме таму, а и ден денес со задоволство го посетувам овој прекрасен град.
    Баш и денес бев таму и си поминав многу убаво. Со сестра ми, само ние двете, истеравме едно супер сестринско дружење во убавиот град кое, верувајте, ништо не може да го замени :) .
     
    На sweet-cherry, imorena, ana-girl и 7 други им се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    17.174
    ^ И ја многу ја сакам Битола, знае Ади :wasntme:
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    И ете така како навика некоја си седам чекам филм да ми се исполни и да гледам , а што да правам друго кога тој не е тука илјадници километи не делат :( :( премногу ми недостасува незнав дека може човек да ти недостасува толку и сватив едно.....
    И ОНДА СВАТИШ ДА СИ ЈЕДИНО ПОТПУНО СРЕЧНА КАД ЈЕ ОН ТУ НЕГДЕ ПОРЕД ТЕБЕ :inlove: :(
     
    На LittleFairy и homealone им се допаѓа ова.
  10. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Милион чувства, милион случки, сите како нем филм. И пак болката е тука. Проклето боли. Проклето се уништува светот штом дознаваш дека се е залудно. Проклето знае да биде проклето глупо штом ги вложуваш апсолутно сите чувства и пак си свесен дека нема никаков исход. Проклето патетично, проклето очајно. Дното е допрено.
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    3.628
    Велат "Пријателите вредат злато".
    Затоа и многумина си ги продаваат. Има логика, нели?!
     
    На sweet-cherry, Name, Hopeful и 10 други им се допаѓа ова.
  12. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Уште 2 дена и точно три години. Три проклети години...
    Тешко ми е без тебе, сеуште мислам дека ќе те видам кога ќе дојдам на кај тебе. Знаеш дека многу пати заборавајќи се, ѕвонам на ѕвончето од твојот стан и за одговор добивам само тишина? Често те чекам и да дојдеш во 11 пред ручек...
    Замина во периодот кога најмногу ми требаше твојот совет, прегратка, прекор. Ми требаше ти! Сеуште ми требаш! Јас знам дека не ме напушти со тоа што замина од овој свет и дека ме гледаш и чуваш од некаде, ама себично сакав да си вечно крај мене.
    Сега добро се сеќавам како молев и плачев за да те видам додека беше врзан за кревет и не ме оставаа. Како се губев на часовите и како чекав со телефонот во раце мајка ми да ми каже дека си подобро. Длабоко во себе можеби знаев дека се ближи крајот, ама го потиснував тоа се повеќе и повеќе. Не бев спремна, да го загубам татко ми. Знаеш дека те сакав како таков и дека идиличната татковска фигура ми беше ти.
    Се твое ми фали! Дури и твојата храна и колачите со цимет во кои уживав...
    Некаде слушнав дека болката со тек на време стивнува и сеќавањата болат помалку, ама немислам дека е така...
    Единствено што тука ме радува е дека си на многу поубаво место и дека најверојатно некогаш ќе се видиме
    Те сакам и ми фалиш, проклето! ;( ;( ;( ;(
     
    На Katojiikutaka, JuLleE, sweet-cherry и 50 други им се допаѓа ова.
  13. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Ме немало одамна да пишам, а се решив да пишувам само кога имам нешто да пишам :lol:
    Епа прва работа,почнав да се занимавам со возачката..
    Значи почнав од летоска и се ја оставав работата, епа не ја бива!
    И денес таман завршив со испитиве и се фрлив на вежбање, утре ке идам да ме проверат во авто школа и што е можно побрзо да полагам тестови па полигон и градска и послем цело лето да си се шетам :D

    Друго,
    Сакам да кажам дека видеово
    http://www.youtube.com/user/michellephan е толку голема инспирација..
    и дека that's exactly what i'm planning to do ..

    И сум сонувала некој сон, (сега не ми текнува што) и баш проверив во соновникот што значење има и викаше ке ви се влоши финансиската состојба..
    И guess what?! Баш тоа и се случи..

    Донесов нова одлука
    -Од сега па натаму ке се почитувам себеси многу повеќе
    -Ке ги реализирам моите планови, нема да ми стојат само во notes во телефон
    -нема да дозволам никој да ме гази и да биде причина за моето лошо расположение
    -ке учам повише за казнена сесија


    А сега ке идам на спиење, утре ме чека долг ден полн со обврски, и секако секогаш се наоѓа време за кафе :)
     
    На blond, LittleFairy, anichka94 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК колку е преголема моќта на филмовице зарем не ? Еден филм може да направи некој личност 100 пати повеќе да ви недостига одколку што ви недостигала, да засакате некој уште повеќе иако го сакате највеќе неверојатно....Само што го изгледам JUST MARRIED и навистина е прекрасен филмот....сватив дека КОГА ДВАЈЦАТА СЕ САКААТ МА ШТО И ДА СЕ СЛУЧИ ПАК КЕ ОСТАНАТА ЗАЕДНО ЉУБОВТА ПОБЕДУВА
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК убаво е кога на човек му е сеедно за некои работи, едноставно им препушта на другите да се замараат со тие работи, оти секако увидел дека на човек не можеш со сила да му дадеш нешто, туку можеш да му одземеш, кратко и јасно, појасно, здравје :D Што би било ако сите се докажуваат, охо тепачка :D и ако тоа е нешто што им ја полни душата, нивно е.На човек, ќе му помогнеш, укажеш на грешките, неколку пати, ама па и не може човек да направи да бидат луѓето онака како што тој сака, кој разбрал, разбрал, кој не , здравје ќе разбере од сопствените грешки.Која е целта на помагањето? Учење на грешката, поттикнувањето на свеста или константо повторување на грешката? Ако е константо повторување, тогаш се додека не се научи, ќе се повторува.Не секогаш ќе ги има оние луѓе кои некогаш му помогнале на човека, некогаш ќе мора самиот да биде свесен и сам себе си да си помогне, откако од својата грешка, ќе научи нешто.Тие кои му помогнале, секако дека ќе си заминат некогаш, бидејки ја завршиле својата работа со тоа што му помогнале на тој некој, после останува што ќе прави тој некој што научил од нив и дали воопшто научил.Ама, не сите така прават, па без разлика колку и да сака човек да им помогне, кога гледа дека е џабе, не вреди да се замара со нив, нешто што ќе потроши е време и нерви, па сега може треба да се подразмисли дали и зошто луѓето имаат време за оние на кои им помогнале или на некој начин биле присутни во нивните животи.Сега, за да се помогне, да се реши одреден проблем, треба отворен и директен муабет, не од околу, а и да е од околу ќе се примети, но нема да се реши тој некаков проблем ако не се разговара отворено, директно.Бидејки секако и не би имало зошто да се реши проблемот, ако за истиот се врти од околу.
    Човек ништо не може да го изненади, ако знае предвреме што го очекува.
    Зошто човек не ги забележува оние работи кои му се пред нос, а за истите бара одговор на трето место? Не секогаш човек го добива одговорот, онаму каде го бара.
    Некогаш некои работи се случуваат кога човек не ги очекува.Ироничен е животот, толку многу, што човек може да се излаже себе си дека не е таков животот, каков што мислел дека е.И те каков знае да биде, додека трепне човек, може и истиот да замине.Да, некогаш и ќе го натера човека на многу незгоден начин, застрашувачки ако треба само за да му го смени мислењето во тој поглед.Затоа после одеднаш се станува свесен, не значи, ама се подосвестува човек, троа, колку да не биде без ич.Оти некои луѓе не сакаат да ги прифатат било кои нешта кои им се случуваат во животот.Секако оние кои самите сметаат дека не треба да ги прифатат или ги игнорираат, како сакате.Затоа, памет во глава.
     
    На LittleFairy и tweety26 им се допаѓа ова.
  16. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Сакам да кажам дека ми е страв да почнам дијалог со некој,ако не ти се поклопува мислењето со него,веднаш еден обичен разговор за временските услови и промени,преминува во политика и настанува конфликт во кој ако одбиеш да учествуваш ти си тој што греши,па потполната исправност автоматски ја задржува тој што е погласен и понападен во зборувањето,за што?За еден обичен разговор и споделување на мислење,па тоа веќе и не е споделување на мислење,тоа е борба на зборови.Дали е возможно воопшто со било кој да се поврзаш на духовно ниво,да почнеш еден убав разговор и така да заврши,убаво? :x
     
    На LittleFairy и anichka94 им се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк некои личности бадијала имаат многу пари кога незнаат да живееат,мислам дека кај погрешни личности идат париве.
     
    На LittleFairy, anichka94 и tweety26 им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.546
    Пол:
    Женски
    Под мојата студена лушпа ,во себе имам едно сетило кое верува во се и на секого.Детски потполно и необјасниво.И сепак верувам дека се е добро ,свето и бесмртно.И прифаќам како таков и човек и ѕвер,растение или камен,светлост или космос,било што и било кој.И знам дека ќе ме изневери,повреди,продаде не е битно,верувам зашто во мене е запишано така и никако поинаку.
    Е сега како таква ,за мене верување е значи и да се довериш,да ја предадеш својата душа во дланките на некого.Едноставно иако имам верба немам сетило да се отворам пред другите.Имам недостаток од затворено суштество кое сака да верува,ама сепак си стојам позади ѕидот.Посигурно е.
     
    На Trendafilka, julie77, Annie.mk1 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Синоќа си велам ајде утре ќе станам по рано да потерам некоја работа по дома.. и што се случи, утрово се будам во 8 мене очите ми се затвараат, никогаш не ми се спиело толку ногу. И си велам ма какво станување дај да поспијам уште саат, и пак си легнав. :tmi: После се будам кога ќе видам 10 часот :o И си велам стани потерај нешто не е сета во спиењето :D И еве сега седнав само да ви го кажам ова и ајде да се фанам за работа :)
     
  20. ivvy86

    ivvy86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    СДК ми се иде на одмооор, на мореее доста ми од скопјево и времевооо, дајте летоооо :)))
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.