Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Епа драги девојчиња/девојки/жени јас си се заљубив :inlove: :$ .

    Прекрасно е чувството кога си заљубен.Кога ке ја осетиш првата детска љубов. :$ Секако,мала сум за врски ама и јас си имам симпатија и тоа можеби најубавата :lol: . :)
     
    На butterfly33, Stoimenovska, Angy.g и 5 други им се допаѓа ова.
  2. GordanaL

    GordanaL Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    43
    Вчера се сликав за табло...и покрај тоа што никој не си се допаѓаше јас ептен си се допаѓам :)
     
    На butterfly33 и Katerinceee им се допаѓа ова.
  3. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Зошто кога и да му кажам на некого: „Не, немам фејсбук профил“ ми ја прави или оваа :^) или оваа :o фаца? :@

    ОК, знам дека тоа за денешново модерно време се смета за огромен грев и знам дека заради тоа си го имам загарантирано местото во пеколот. Али :!: убаво викаат: „U raju je lepo, al u pakao je ekipa“ ]:) (или како и да беше-не ми иде баш српско-хрватскиот).
    Јас се водам по таа филозофија. За да горам во пеколот морам, нели да имам некој тежок грев направено. ;) Мислам, не дека сум безгрешна :$ Далеку од тоа ... Со фејсбук-ов само сакам најтоплото место да си обезбедам :devil:

    П.С. Некогаш ни јас не знам што зборувам ... :tmi: |(
     
    На GordanaL и Katerinceee им се допаѓа ова.
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Толку многу сум уморна , а истовремено и толку многу сакам да сум со него. Ќе соберам сила негде накај 8 ќе му се нацртам.Јеби га. Сакам да сум со него повеќе од тоа да спијам . :) Денес ептен тешко го поднесов тренингот. Чудно. Очекував вчера да ми е потешко од денес. Утре со нови сили, јес да утре денот ќе ми е турбо , прво на тетовирање,потоа на работа, па на тренинг, па со него...но ќе издржам. Можам. Знам. :)
     
    На marama и Katerinceee им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.117
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден имав доста напорен ден :D :D

    Ко прво си направив кутија со спомени, а највеќе ме измори нејзиното обвиткување со хартија.. Но да беше некоја хартија ај!! Со картонско ќесе со цвеќенца го лепев!! :tmi:

    И после тоа се нафанав да го форматирам лаптопов!! Ауу.. форматирањето ај.. ама после програмите инсталирањетоо!! :o
    [​IMG]
     
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Здраво

    Јас го пишувам мојот последен пост овде во Фемина, така одлучив денеска...
    Сум имала налети и претходно, ама сум продолжила...
    Сега дефинитивно се откажувам...
    Се надевам дека нема да ми биде избришано ова последно мислење, пред се поради почит кон моите мислења кои се на бројка над 2000.
    Верувам, дека колку-толку, како и сите, така и јас придонесов нешто, помогнав, кон овој форум.

    Поради определени причини, јас повеќе немам мотивација, ниту инспирација да пишувам тука, па затоа сакам да се поздравам и одјавам.
    Конкретно, капката која ми се прелеа беше бришење на дел од моите коментари во Модни критики (поради фамозната прозирна кошула), а не бришење на туѓите коментари истовремено.
    (Иако и претходно ми биле бришани коментари кои биле напишани за дадената тема на културен начин, без вулгарности; за кои јас сум потрошила психички напор и време)
    И нетретирањето на сите членови еднакво, делење во групи и слично.
    Истовремено, сакам да им се извинам на последните две феминки, не ги паметам точно кои беа, што носеле премногу кратки фустанчиња.
    Ако имате убави нозе, и има што да покажете, слободно носете си кратко. Сепак задникот ви е покриен, не? И немојте да се чувствувате ефтино, ако некој така вас ве нарече, зошто вие најдобро во вас си знаете како се чувствувате. Носете се што ви се носи. Најбитно е вас да ви е убаво, а не на некој друг. Сепак повеќето луѓе се неискрени, завидливи, не очекувајте секогаш позитивни коментари. Не само за темата Модни критики, туку кажувам општо.

    Воедно, им се заблагодарувам на сите форумџии, машки и женски, кои многу ми помогнаа за лични совети, друштво, забава и се она што можеш да најдеш на еден форум.
    Многумина од нив би сакала и во живо да ми бидат пријатели, па можеби некогаш со некој ќе се запознаеме.

    Ви посакувам на сите се најубаво, а исто и на самиот сајт, да продолжи со уште поголемо темпо на популарност.
     
    На sweet-cherry, tweety26, eli25 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    ^^ Седи бре, немој да си мрднала, има ти уште прсти да виткаш по тастатура тука :*
     
    На Springy, Jagoda123, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Not all Love stories have a happy ending... :D :D
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Глуп фебруари. За сега, се е нормала, нема никакви промени. Проблемот е што имам преголеми непотребни очекувања. За се така и на крај си се разочарувам. Настинкава ме докрајчи, по цел ден дома и со чаеви. Сакам нешто да се случи, интересно да ми биде. Абе си правам драми за џабе, за занимација. Брао бе.

    Си седам во дневна, дремам, утре сум дежурна немам часови,мал дел во мене се радува. Па како? :rock:
    Ама пак ќе си седам седум саати на едно столче пред главна врата со друшката, ќе си мрзнеме. Ако ако.
    Забележав колку е расположена деновиве, мило ми е, најискрено, само така! :sun:

    Друго што да ви кажам, дури овој период сваќам навистина какви се некои, и дааааа сега иде таа легендарна фраза - people change.

    Како пишувам, се исполнувам, алал да ми е.

    И за краај, ве поздравувам со песната -

    http://www.youtube.com/watch?v=gZI5Acn8hks

    Не, сериозно пишете ми, расположена сум за ширење познанства на форумов.
     
    На butterfly33, Antigonna, GordanaL и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Офф леле..Од мене ке биде некој добар психолог.. :lol: 8) мислев само миоте така ме зезаат но не и други ми кажаа Кученце ти психолог да не си?? :lol: хаха инаку денес се навратив на минатото..Истите девојчиња на кој им дадов совет, тие истите ме навратија на минатото.. Ахх кога ке ми текне.. ;( Но било па поминало сега главата горе и ЖИВОТ ИДЕ ДАЉЕ ;)
     
  11. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Koга веќе кажав дека уплав имам од роботи,и толку ми се морбидни,језиви,можам да го исклучам Асимо,буценце бе :3
    И пак ми прпа малце и да го гледам,ама малецко такво буцкасто,ама искрено некојпат да го видам дали него или друг робот да тргне кон мене,се во воздух ке кренам,има да вриштам како 8 годишно дете во темница,а па да ме допре,ке умрам во истиот момент,срце ке ми застане.Од кај олку уплав од чудава незнам,дали дека од железо,или пак шо знам,да им се поремети нешто да те збрка,ау ми се врти во глава од самата помисла :$
    Добро де не ми се смејте,језиви ми се :$
    Туку да не должам,еве го :)
    http://www.youtube.com/watch?v=zul8ACjZI18
     
    На Antigonna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Кој признае пола му се простува, пола низ нос му се вади...
    проверено !
     
    На sweet-cherry, Monna.Monna, Antigonna и 19 други им се допаѓа ова.
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Зошто ли машките боксерици се направени така да од едната страна имаат мало дупче за побрзо и полесно да си се олеснат? На кој му текнало таа брилијантна идеја? Сигурно на некој невидено мрзлив човек на кој постојано му се мочало.
    Мене ли само Хомер Симпсон ми личи на 'колку сакам самба самба самба...? Децата во Америка уште од мали се тераат да пијат разни лекарства. Тоа е просто разочарувачки факт.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    177.282
    Пол:
    Женски
    Демек земам торта да праам... за утречкиов ми роденден нешо ау нешо... ПА БРОЈОТ ОД ПОЖАРНА ГО ЗНАЕ НЕКОЈ....ЗА СВАКИ СЛУЧАЈ?! :^)

    Ма се шалам наравно, тортата е во подготовка.. но не од моја страна... мајка ми е задужена за тоа..секако нели :) Знаете тоа е една работа за која никако, ама баш никако да ме биде. Оооо Боженце.. каков антиталенат сум за тако звани кухински послови :D Кога сопствената мајка верува во вашите способности и капацитети, и тоа ви го има кажано, а при тоа рекла и дека никако, ама баш никако нејќе да ги замешам моите прсти во кујната.. тоа е веќе страшно....алармантна е ситуацијава.. баба ми и ден денес знае да ми повтори дека мојата ми идна свекрва ќе ме вратела дома зошто дупе сум за готвење.. а татко ми знаеше да каже дека и вода може да ми загори :$ па сеа видете...
    Не постојат зборови шо можат да ви ја доловат ситуацијата ЈАС во КУЈНА = PRICELESS 8)
    Сите шо ме знаат ме за*баваат на таа тема...со оглед на тоа шо мајка ми посебно, а потоа сите тетки ми готват феноменално.. ја сум црната овца.. Like a Boss 8) :D како и да е.. имам ја други таленти... некои сеуште се скриени ама се стремам кон нивно откривање.. знам дека постојат негде дубоко у мени :D

    Поздрав'ѕ пипл, торта ќе частам утре 8)
     

    Прикачени фајлови:

    На tweety26, Moira, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.300

    Штета !
    И јас ќе си кажам дека во многу ситуации имав почуствувано како девојчево е неправедно третирано.
    Одма ми текнува на темата за вештачко крзно, иако си кажа дека е вегетаријанка и ниту јаде месо ниту носи крзно...зборовите и беа испревртени и беше нападната.
    Имаше и други ситуации, да не ги редам сега, поради кои ја сваќам зошто има почувствувано можеби некаков вид на виртуелен мобинг.
    Свесна сум дека е форум, и дека дискутирањето и помеѓу личности со најразлични ставови е нешто што се подразбира, па оној со подобри аргументи нека исплива над останатите.
    Но бришење на делови од коментари, или во целина делува стварно демотивирачки.
    Ништо лошо немаше пишано во соодветната тема, не ја сваќам поентата на бришење на делови од нејзините коментари по пово фамозната комбинација.

    Оф топик?
    Па ајде последните неколку страни комплет бришете не сите таму.
    Освен убедување и докажување друго не ни беше напишано последниве денови.

    Доколку сеуште не читаш грл.23 поздрав до тебе.
    Си имаш свои ставови и си стоиш зад нив, го ценам тоа.
    Доколку некогаш решиш повторно да не дружиш, кај мене си оставила лице за понатамошна виртуелна дружба. :hug:
     
    На tweety26, kate21, creshicka и 22 други им се допаѓа ова.
  16. StellaDonna

    StellaDonna Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    11
    Еве сум јас повторно логирана на форумов знаев дека некогаш пак ќе ми притреба акаунтов. :) :) :) Совршено добро го познавам местово како долгогодишен читач од страна :lol: и знам дека прашањево не ми е соодветно за тука ама ми треба брз одговор а темата ОПШТИ ПРАШАЊА е моментално заклучена. Каде да барам човек што за одредена сума ќе е во можност да ми напише прилично долг есеј на одредена тема? Се работи за текст потребен за синче на моја драга пријателка на која сакам да и излезам во пресрет. Ќе сакате ли да ми препорачате некој добар? Или да ме насочите каде да барам? Ве молам да ме исконтактирате во порака :) Благодарна ќе ви бидам многу. :) :)
     
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Абе ни јас не ги оправдувам тие болни умови.И не зборав за тие кои биле нападнати без да предизвикуваат,заради некој болен таму.Овде кај овие случаи е полошо пошто има провоцирање,треба сами да се свесни за тоа дека има уште поголеми шанси за некој таков болен да ги нападни. Тие силуваат жени на сред плоштади,а незаштитени и млади девојчиња уште повеќе. Затоа ме нервира што секоја втора така се облекува,што почнаа и да се покажуваат за лајкови и се. Тие млади девојчиња треба да помислат пред да го прават тоа. Ама светов таков стана што за жал ги има се повеќе и едните и другите. Ако ние не внимаваме самите,тешко нас,пошто манијаци дебнат од секаде. А тие не сакаат ни да слушнат дека тоа провоцира и дека не мислат лошо сите што им укажуваат на тоа. Не посакувам на никој да му се случи тоа.
     
  18. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Колку пати склопував раце и се молев да ми се вратиш, колку пати го проколнував твоето име, а те сакав. ;( А сега на сè ставам крај, повеќе не ми требаш, замина од мене како што се појави. На сите им покажав дека можам без тебе, освен на самата себе, но само посакувам да дојде ден кога и ти ќе го проколнеш моето име, а ќе ме сакаш, да сум ти потребна како дрога, да си вечен зависник од мојата љубов искрена.
     
    На Antigonna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Се прејадов...ќе пукнам...
    Како глувчево сум моментално :$
    [​IMG]
     
    На CoverGirl10, butterfly33, Ann.94 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    зошто, ама баш зошто сите мои блиски пријателки многу сакаат да се расправаат со мене и тоа не по моја вина, туку некој ќе ги изнервира, па ај кај мене да се испукаат. Зарем не сваќаат дека со тоа и мене ме нервираат и ме замарат со нивните изливи на агресија и нервоза? Трпиш еднаш два пати.... ама ова веќе на сите навика им стана. Јас разбирам можеби треба некаде да се испукаат од лошото ама зошто секогаш кај мене тоа го прават? Осет да се немало! Дали јас имам некој проблем ме прашала мене некоја? Зошто секогаш јас да ги трпам ситеееее? :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.