Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    СДК ми иде да се обесам од несоницава.Очајно сакам да заспијам а не можам.Ме потсека на истиов период од пред точно 2 год.Истава мака со несоница ја имав и со денови неможев да спијам.Секогаш кога ми се случува вакво нешто сите ме прашуваат -С,што ти ја мачи дишичката па што неможеш да запиеш? Трагедијата е што немам одговор на тоа прашање.Премногу мисли ми се вртат во главата кога ке затворам очи и никако да ги избркам .Не ме оставаат на раат и не ми даваат мир. Осекам нешто во себе а не знам што е тоа. Не е тага,но не е ни срека.Некоја чудна празнина и константен немир.
    Ми фали некако лето.Ми фали звукот од кафичиве у чаршија и пијаните фаци после град што ми гракаат под прозор.Тогаш е најинтересно,можам цела нок да им ги слушам муабетите на паркинг и на крај со тоа да заспијам.Ужасно ми фали испушената цигара на отворен прозор додека гледам во темницата ,замислувајки ја гужвата во Галерија 8 и испиеното ладно Скопско.Ми фали и летна Хавана во понеделник. ЗНаеш дека ке биде гз преку глава бидејки не се плака влез,ама сепак идеш и потпрен на твоето стубче очекуваш во секој момент да влезе Тој бидејки знаеш дека не ја утнува Хавана во понеделник.МИ фали мирисот на доцна пролет-рано лето.Кога надвор е топло но не е претопло да не се дише.Кога ноките се пријатно свежи,но не се ладни.Кога лугето се без посебна причина весели а ти се радуваш ко средношколец на распуст иако одамна си ги завршил средношколските денови.Кога го даваш последниот испит во јунска сесија и истата вечер излегуваш во град срекен ко небаре да си го пронашол лекот за рак.Оваа вечер ми фалат многу работи ....

    I don´t give a damn about you
    No nothing can change my mind
    No way
    I´m happy just to let you walk away

    Don´t think about you at night
    I´m happy to be alone
    It´s ok
    But that was yesterday and now I´m

    I´m calling you at 3am and I,
    I´m standing here right outside your door
    But I don´t think that my heart can take much more
    I´m scared of cracking up again I just
    Want it to be like it was before
    And I don´t think that my heart can take more !!!!!!!

    http://www.youtube.com/watch?v=Cd8k39rylUE
     
    На tweety26, marama, Springy и 8 други им се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Супер грл ме погоди со постот , ама баш исто се чуствувам ... Несоница , немир без некоја посебна причина ... Јас мислам дека мене ми фали безгрижноста што ја имав како студент , студенти уживајте while it lasts :D
    Ќе пробам да легнам утре треба рано да станам :swear:
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Меѓу сите тие Грамар Нацис, мислам дека јас сум Хитлер. До толку ми бодат очи печатни грешки. Уште толку болат пак јас кога ќе ги направам, додека сфатам што сум направила ми иде да се убијам.
    Мислам дека и англискиот ми се подрасипа под влијание на такви ситни грешки, кои за жал ги воочувам, па на крај, во одредени ситуации јас сум таа што се двоуми дали беше вака или така.

    Ама добро, смртници, се простува, се случува некогаш од брзање или невнимание, ама кога ќе забележам грешка на „официјални“ места, е тогаш мислам дека можам да ги пратам уредниците во гасна комора.
    Толку ли нема некој одговорен за што се пушта во јавност, лектор ли е како ли се вика тој што би требало да ги надгледува работиве. Пред малку во Бекстејџ, се запнале НЦСИта НЦСИ, а тоа е НЦИС, да го занемариме фактот што ми умреа 3 мозочни клетки гледајќи Бекстејџ, навистина ли до толку е опаднат квалитетот и се дава предност на квантитетот да се занемаруваат очигледни грешки? И не е прв пат! До толку ли не им е важно на јавниве програми да си обезбедат некој што всушност ќе ги проверува текстовите пред да се објават? Гласајте за по еден Грамар Наци во секое јавно претпријатие :D
    Деталите некогаш навистина можат да раскажат цела приказна, треба да има некој што всушност им посветува внимание. За глумата на Андреј и Драгана нема да коментирам, мислам дека на такви антиталенти и пеачката кариера на Драган Вучиќ би позавидела, велам пеачката бидејќи како водител е далеку подобар од овие двајца. Ама добро, ќе гледаме вакви циркузанти додека не се прекине циклусот вработувања на манекени како водители.
     
    На Hopeful, L-enna, Noemi и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Немам мачор овој февруари. И тоа е океј, многу Валентајни сум ги поминала сингл. Не сум очајна, не ми недостасува некој, не ми треба никој. Да, тоа е работата со мене во последно време. Не чувствувам потреба од некој и совршено добро ми е сама. Скоро секогаш имам некој, можеби не дечко, но некој кој ми се допаѓа, со кој разменуваме по некој поглед, збор, некој кој ми е погоре од другите на чет листата на фејсбук, некој кој го гледам како иден ’потенцијален’, да речеме. Сега немам никој таков, и слободно можам да се прогласам за најсингл досега.

    Понекогаш посакувам да имам некој просечен дечко и да имаме просечна врска. Нема да биде најубавиот и најпосакуваниот, но ќе биде пристоен и повисок од мене. Ќе биде од мојот град, ќе излегуваме секоја вечер на истите места, јас секогаш ќе го порачувам истиот чај од брусница, а тој истото кафе, за викендите можеби ќе отидеме во некоја од локалните дискотеки, па тој ќе облече кошула, а јас штикли. Ќе имаме задоволителен сексуален живот, моите ќе го сакаат, а и мене неговите, ќе студира веројатно на Економски, а омилена музика ќе му биде ’секаква’. Нема да има некои посебни амбиции или необични желби, неколку години по завршувањето на факултетот ќе се земеме, а потоа ќе имаме и дете. Звучи како рецептот за совршен живот, што повеќе може да се побара? Многу другарки и познаници веќе тргнаа по овој пат, градејќи ги своите, не секогаш здрави, често со бесмислени караници, понекогаш дури и прекинати, но одново некако залепени и поправени - врски. Во последно време и ги крунисуваат со бракови - неделава две девојки од мојата генерација се ’скрасија’. Ги гледам честитките на нивните фејсбук профили со подотворена уста и чоколадното млекце со цевче до мене, па едвај имаат по дваесет! Јас, со дечко или без, се’ уште се чувствувам како дете и нема никој да ми забранува да излегувам со другарки, да загледува кого лајкам на фејсбук или да не е среќен за мене кога ќе му кажам дека летово одам во Германија или Америка. Доколку го читате ова со чудење, супер за вас, имате нормална и стабилна врска, но за жал јас познавам повеќе луѓе во врски како опишанава погоре, отколку во здрава врска. Се извинувам, но претпочитам да бидам сингл, отколку заглавена во нездрава врска. А за брак ќе размислувам откако, првенствено, самата ќе се изградам како личност, па дури потоа ќе бидам способна (успешно) да ја изградам таа заедница.

    И на крај гарант ќе завршам со некој просечен! Просечен за мене, за друга можеби ќе биде совршен. Најлошиот дел е кога ќе ти каже дека слуша секаква музика! Е кој жанр е тоа ’секаква’? И турбо-фолкот влегува овде? Човек кој слуша секаква музика всушност не знае што слуша и најчесто слуша тоа што има на радио или актуелните хитчиња :|

    И сите вие сингл лејдис, како мене. Не брзајте да се заљубите. Има време за сето тоа. Дотогаш живејте. Потсетувајте се секој ден дека се’ уште сте млади и тоа е прекрасно. Не посакувајте емоции, посакувајте искуства. Сами сте, а не осамени, не сте непривлечни или непријатни, ќе се заљубите кога најмалку очекувате, а време има повеќе од доволно. Зошто сите толку многу брзаат? :?:
     
    На Someonespecial, Monna.Monna, tweety26 и 30 други им се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    За неколку часа го полагам мојот прв испит. Држете ми среќа, навистина ми е потребна :).
     
    На sweet-cherry, butterfly33, anggell и 18 други им се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Монотонијата може да ме убие исто колку што можат и промените. Јас сум човек што лесно се навикнува и прилагодува, но тешко ми е секој пат одново и одново да се навикнувам.
    Сакам постојаност, сакам на она што сум навикнала да биде секогаш со мене. Сакам и промени, но не толку често. Сакам мали, ситни промени, не промени кои се случуваат скоро секој месец и според кои треба да си го прилагодувам целиот начин на живот, одново и одново...
    Расположението ми е слично како времево надвор, сиво и ладно. Чувствата денеска имаат таква боја. Џабе е кокичето во двор, неможе да го подобри денов. Аман нека биде сонце веќе, можеби се ќе се подобри кога ќе се појави. Ќе се крене расположението, ќе се разбудам и ќе почнам да го завршувам она што најмногу ми тежи и ми го кочи животот, а после промените нема да ми можат ништо.
    Сила ми треба... |-)
     
    На sweet-cherry, Monna.Monna, bittersweet и 18 други им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк некои особи сеуште живеат во светот на бајките,а затоа се криви америчкиве серии,мислат дека така треба да се живее,и не ме чуди што се повеќе и повеќе забегуваат,ало вратете се во реалноста во МК сте.
     
    На barbie28 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Знаете, вчера кога си легнав, ми текна нешто многу битно...ама го заборавив :D ете затоа имаат луѓето твитер, нема шанса мисла да ти избега :^)
    Како и да е, налетав на тема работи што сакате да ги направите пред да си починете. Јас ја замислив листата малку поекстремно. Мене желба ми беше Питер Стил да ми се јави на телефон и да ми зборува безобразно :$ (смотаниот мораше да умре). Не знам дали би се исплашила или би била благодарна ако ми се јави од другиот свет. Па тој глас...па уствари он можеше и за времето да ми зборува, пак ќе беше секси :$ Сакам еден ден да е тоа нормално, и да излезам облечена во кожа или скај, таква светкава, како лакиран, уз тело, со камшик и да плескам наоколу мажи :wasntme: и сл. ден веќе тоа да биде заборавено како да не се случило :!: Да се возам на чопер по долен веш и одозгора машка кошула и да ми дувка ветер од сите страни (т.е. да ме вози некое мажуле, мажиште :D ) Сакам да одам на концерт на некој од фејворит бендовите и пејачот мене да ми пее :$ случајно да ме најде во публиката, да ме гледа и да пее. Не би да претерувам, не сум фан на Енрике И. концертите кога се лигави со тинејџерки, мене ми е доволно само ова. Сакам некогаш на некого да му удрам навистина јак шамар, заслужен секако.
    Сакам и да ја направам познатата, вртење со фотелја -ајв бин вејтинг фор ју- фраза. Мислам дека ова ќе биде изводливо ако/кога ќе имам ќерка, тинејџерка, ќе ја чекам доцна од излегување за моментов :D
    Сакам да го запознаам Мел Гибсон, да ме шармира и да се заљубам на кратко во него.
    Сакам боса да играм во некоја фонтана во Италија, да трчам по француските полиња...
    (нема крај листава патем)
    И така, ќе ти направи некој мал гест и одеднаш главата ти е во облаци и си среќна. Среќна сум. Исполнет живот, на едниот или другиот начин. Дочекавме гости од неколку земји, слободни души без страв. Можеби никогаш нема да бидам таква...ама на крај краева па и...што ми фали ваква каква што сум? (освен малку авантура, безобразности и храброст изгледа :wasntme: )
     
    На bittersweet, Doozy, Hopeful и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    До вчера,не бев свесна колку еден поглед може да ми го разубави денот. Една насмевска,еден посебен поглед што упорно се обидувам да откријам што значи :D Кој може да претпостави дека од состојба сварена макарона,можам да скокам до таван заради еден поглед :D Ахххх,зошто се заљубувам у Дон Жуани стално? :(
     
    На butterfly33, Lov3 и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  10. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.325
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    Конечно ми заврши :devil: сега се чуствувам поубаво, почисто и послободно :)
     
  11. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.325
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Шетам на форумов, наоѓам тролови и им ги пријавувам мислењата 8)
    [​IMG]

    ете ме, веќе правам луди, авантуристички работи :rofl: ајм соуу вајлд :rofl:

     
    На tweety26, Doozy, anabel-a и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Конечно сфатив колку сум осамена, а досега тоа не го забележував ниту ми сметаше, но кога ми се случи нешто што ужасно ме повреди и ме заболе толку што немаше потреба од зборови, солзите што непрестајно ми навираа во очите кажуваа се, а јас бев сама немаше ниту од кого да барам барем малку утеха, се обидов кај некои од најблиските да најдам утеха но не најдов моите зборови и чувства беа само оптоварување со кое немаа време да се занимаваат, немаа време ниту да ми погледнат во очите зошто секој е зафатен со трката на времето, а мене не ми беше важно времето само сакав некој да ми помогне да ја скротам болката и да се навикнам да живеам со неа.
    Сакам да кажам животот е борба во која сме сами и мораме сами да се бориме, неможеме никому да се потпреме зошто секој е зафатен со својата борба, и во секој случај секој пораз е само наш и мораме сами да совземем и да продолжиме а и секој победа е само наша и сами ќе се радуваме и славиме за неа зошто веќе нема со која да ја споделиме, со кој да се радувам, зошто сме создадени како самостојна единка која за себе и својот опстанок мора сама да се бори.
    Но, тешко е сам навистина, секогаш потребен ни е некој да го делиме се она што го имаме само така полесно ќе ги добиеме битките во животот. Дали имаме секој од нас друга половина, друга десна и лева рака, друго око и уво кое ќе гледа и слуша за нас, друго срце кое чука само за нас??????? Немам одговор на ова прашања зошто разочарувањата во животот ме направија несигурна и уморна да барам нешто што незнам дали постои :(
     
    На Hopeful и julie77 им се допаѓа ова.
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    сакам да кажам дека сум најголема глупача :fubar: и дека треба да се засрамам што при очи сум слепа :tmi: ...
    всушност така и ми треба :clap: секогаш сум премногу добра кон лица кои незаслужуваат мрсул да им фрлиш...ама ете природа...замислете јас сум ви била магнет за лудаци...можеби конечно после ова ке се променам,а ако и понатаму продолжам да се глупирам тогаш јас имам проблем,а не тие на кои им дозволувам да ме повредат.... И да престанам да се сожалуам себе си да се сожалувам па јас сум си го дозволила ова алал да ти е бре ричи.ааааа која дебилка сум секоја чест ..... :bow:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    поијма немам сто мие :!: колку ида јадам усте ми се јаде :D цревата усте барат ли барат :D хм :D
     
  16. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    На bittersweet, tweety26, DeMelo и 6 други им се допаѓа ова.
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Во една прегратка се будам, а во друга се расонувам.
    Ах Петко, ах Бела... совршени сте ми !
    Си ја гушкам кучешката љубов, а од кујна се шири мирис од тазе испечено босанско кафе (мх, кој пробал знае) кое кај да е во кревет ќе ми дојде :P .

    И утринскиот секс го шкртнавме од дневен ред.

    Куси моменти од моето утро, мене ми претстои убав ден, се надевам дека и вие ќе уживате.

    Здравеј и бај-бај.
     
    На Neytiri, kravce, tweety26 и 16 други им се допаѓа ова.
  18. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Леле луѓе колку сум загубена во последно време :!: , еве сега на пример сум стиснала горе translate this page несвесно и гледам сите пишувале на англиски, наслов на тема исто н аанглиски :rofl: , леле бре викам јас да не го промашив форумов :fubar: и коа гледам глупост сум направила :tmi: .Преска сум го облекла палтотo и упорно го тражам на закачалка :@, цел ден ми се случуваат такви работи :tmi: како баба ми кога појде по вода а донесе салфети :D
     
    На Elennaa, tweety26, DelRey и 6 други им се допаѓа ова.
  19. emocija

    emocija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    53
    сдк..денес е некако празно се....ми фали насмевка .....
     
    На OmniaVanitas и LittleFairy им се допаѓа ова.
  20. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Другари.
    Мислев дека ги имам.
    Дека ќе останеме заедно засекогаш,дека можам да им кажам се,дека секогаш ќе се осеќам сигурно додека они ме бодрат од аголот,дека оваа поделба е само фаза....
    Сега,кога во најтешкиот период од мојот живот до сега,ми го свртија грбот сфатив дека тие мои другари се само фарса на која му требала место за пушење кај мене.
    И болно е. Ме боли што останав потполно сам кога најмногу ми требаа.
    Но од друга страна ми ги отворија очите.
    Ме натераа да сфатам дека на никого не смеам да му верувам освен на себе и на своите способности.
    Се осеќам изиграно,мизерно,глупо. Без поента.
    Ама подобро сам отколку со нив.
     
    На SparkyAngel, Foreveryoungiwannabe, Chica.Loca и 33 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.