Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Ок, од два испити кои ми останаа до бранење дипломска, едниот го положив а од другиот чекам резултати, ама не сум баш сигурна дека сум го положила :worried: И ова е успех де. :worried:
     
    На sweet-cherry, kravce, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски

    Да во право си ПОДОБРО САМ ОТКОЛКУ СО НИВ!! Мислам свакаш сега дека си сам и кога ти треба помош никој не е со тебе..САКАМ САМО ДА ТИ КАЖАМ ДЕКА ПОДОБАР ПТИЈАТЕЛ ОД САМИОТ СЕБЕ НЕМОЖЕШ ДА НАЈДЕШ!! И сигурна сум 100% дека скоро секој втор човек на планетава го имаат изиграно неговите другари..Да и јас спагам таму..Додека имаа корист од мене бев НАЈДОБРАТА И НАЈСАКАНАТА другарка..А кога побарав помош од нив сите ми го свртеа грбот и се сама направив..Да и се направив ваква лчност каква што сум денес..И ке видеш дека кругот ке се сврте!!! ЕДЕН ДЕН КЕ ДОЈДАТ ДА ТЕ МОЛАТ ДА ИМ ПОМОГНЕШ ЗА НЕШТО!! Ама мој совет е “ПОМОГНИ“ ИМ КАКО ШТО ТИ “ПОМОГЛАНЕ“ !!! ;)
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    Чувствувам немир.Душава ме стегат..а незнам зошто.
    Не чувствувам тага,а среќа..да.Но,во одредени моменти.
    Цело време мислам ќе ми се случит нешто.Добро или лошо,тоа незнам.Всушност..Ништо незнам.
    Сакам да го снема ова чувство :sweat:
    Знаеш..сите го имаме поминато тој период.Ќе помине.Научи од нив,дека не треба на никој да му се верува..освен на Бога,семејството,и најважно на самите себе.Само немој да очајуваш.Твојот живот ќе се среди кога најмалку очекуваш.
    Ќе бидеш посреќен и од самата среќа.Го знам тоа !

    http://www.lifeconnect.mk/rainbow/posts/-505

    Поздрав од мене :)
     
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК дека ова беше тежок ден за мене а и понаредниот што доаѓа но еден негов збор и како ништо да не ме плаши веднаш ме смирува кога знам дека го имам него :inlove:
     
  5. Velvet

    Velvet Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    СДК дека случајно ја затекнав странава и мислам дека е одлична,им нуди совети на тинејџерите на нивен начин преку интернет мрежите и страната аск.фм а советите се на место. Погледнете :)

    http://ask.fm/sovetnicki
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.762
    Пол:
    Женски
    Полека функционираме како нормален пар, ма ова не е нормално фунционираме ко едно.
    Не знам дали ви кажав, ме однесе на романтична вечера, а место цвеќе, добив сапунче со омилениот мирис на двајцата :lol: По некое време ме праша дали сум го сфатила тоа како што треба, да не случајно погрешил, па сум се навредила? Глупости! Го направи тоа толку будалесто и смешно со доза на романтичност. Тоа и му била намерата.
    Го запознав со најдобрата другарка, знам дека не и се допадна, но не ми кажа зошто. Тој па има убаво мислење за неа, смета дека е паметна, фина, а и добра другарка.
    Ја запозна и мајка ми, толку се размуабетеа што не знаев дали воопшто сум им потребна како друштво. :lol:
    Сфативме дека работите се движат многу брзо, но природно, без никаква усиленост и џабе би било да се трудиме да успориме.
    Имаме некоја чудна потреба да си докажуваме колку се сакаме, колку сме си битни. Не знам зошто, можеби двајцата во тие моменти не плаши моменталната состојба. Лоша состојба, излез нема... и ме боли тоа, многу, а пред него се правам силна.
    Толку многу внимава да не ме повреди на било каков начин, се обидува да ми угоди што на момент се изгуби себе си, а мене не ми угоди затоа што не го сакам таков. Го сакам баш каков што е, маж во вистинска смисла на зборот.
    Си ставам сама граници, ако се предадам целосно ќе се изгорам, а тој ми се отвара, ми се дава на тацна. И го кршам полека, свесно за да не дозволам лузни кај мене.
    И ме сфаќа, на толку проклето добар сликовит начин ми објасни што правам, а потоа ми покажа и дека подобро би било да сечам брзо, него да поминувам со острица нежно и да оставам само мали лузни.
    И не знам што да правам, што да очекувам и од себе си и од него. Оставам на времето ама брзо некако ми поминува и ми дава одговори за кои не сум сигурна дали сакам да ги слушнам.


    Него положив повеќе од пола од испитите, задоволна сум. Здравје се средува и тоа полека.
     
    На sweet-cherry, ludoto19, Buttterfly и 36 други им се допаѓа ова.
  7. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Дијагнозата што ми ја поставија беше - изнемоштеност на целиот мој организам. :|

    Ментално сум добра навистина, не осеќам депресија ни мала, навистина сум ок, среќна и задоволна. :)
    Али физички моето тело не го подржува целиот хаос што се случи.
    Испити, болници, раскинување, плачење ...
    Изгубив апетит, намалив 2-3 кила, ја ослабев и така слабата крв, железото е под нормала пак ...
    Ме тераат да јадам зеленила, не ми дадоа апчиња, немало потреба, јака сум била во сите други параметри од крвта.
    Тоа јака сум, многу често го слушам во последно време, не само од една личност.
    Не знам дали луѓето гледаат да ме утешат така, или навистина го мислат.

    Јас сметам дека сум, бар ментално. Физички сум далеку послаба, за греотка.

    Ми требал доообар одмор од се, затоа сум си дома, на одмор. Факултетот иако почна, може да си почека, и така си положив се, заслужувам бар една недела да не мислам на ништо.
    Ма, ич не ми е ни гајле најискрено. :D
    Убаво ми е за првпат ништо да не правам, е така.
     
    На sweet-cherry, tweety26, butterfly33 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    СДК...
    [​IMG]
    Тоа беа времиња на глупави телефони,а паметни луѓе. Кога ќе се сетам каква гужва сум правела за таа игричка, се растажувам :| Баба ми и дедо ми беа службеници,сега се во пензија. И баба ми кај работеше на шалтер на оние огромнинеее компјутери,најстарите кога ќе седнев и не станував. Ме молат,ме теглат не го испуштам маусот. Тоа беа времиња!

    И додека го пишувам ова се брзам да стасам на курс. Такво е времето се некаде се брзаш :doh:
     
    На tessie, Monna.Monna, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Сфатив, се менуваат луѓето, да. Впрочем, ги менува средината во која живеат, луѓето кои ги опкружуваат, образованието кое го стекнуваат, парите со кои се здобиле на ваков или таков начин.
    Апсурдно е да се очекува од човек да биде на ист левел денес и по 10 години. Се менуваат размислите и погледите на светот.

    Наравот е тој кој останува!

    Сеуште, цврсто стојам на ова мислење.

    Од друга страна, ненаситно изјавувам дека ми се потребни повеќе од 24 часа во денот!
    Страв ми е дека ќе останат недоречености! Неискажани чувства! Недоволно блискости! Недостиг...

    Распрскана сум на сто страни...
     
    На Buttterfly, kravce, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кога како помала за прв пат отидов на стоматолог и се учев како да ги мијам запчињата, нормално дека бев премалечка за да го достигнам мијалникот. Затоа татко ми ми направи столче кое беше доволно високо и пред се - стабилно. Го оставав под мијалникот, а секоја вечер го земав и се качував на него.
    Секако, татко ми можеше едноставно да купи некое столче, ама него му беше мерак да ми направи едно со свои раце. Најпрвин ме измери мене за да знае која висина да биде, потоа го нацрта како би изгледало, а на крајот исече неколку помали даски, ги ишмиргла, ги закова, па ги офарба и излакира. Беше како купечко. Го служев неколку години, после мене сестра ми и на крајот заврши кај моите братучеди кои веќе го израснаа.
    Денес после толку години го видов тоа столче кај нив - се уште е како ново, цврсто и здраво. Единствено бојата со текот на годините избледела. Четири дечиња пораснаа на тоа столче додека миеја заби.
    Си го земав и му реков на татко ми дека сакам да го префарбаме и излакираме за да биде како ново.
    Па ќе си го чуваме за здравје еден ден да го користат неговите внуци :)
    [​IMG]
     
    На Buttterfly, Elennaa, kravce и 24 други им се допаѓа ова.
  11. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Сите барем еднаш не викнале на кафе, но на пивтија тако звана пача тешко. Епа денес и тоа ми се случи :lol:

    Jaс и моите авантури :wasntme:
     
  12. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Мајка му на татко ми и таткото на татко ми фала богу си отидоа од кај нас и тоа заради мене.И сега 5 месеци раат си бев.Неможеле да ме трпат.Епа уште поубаво.И се ке направам само да не се вратат.Еве што се случи вчера.Мојата баба (на мајка ми мајка) ми пратила поздрав,чоколадо и чоколадно млеко.
    Јас: Тато од кој е ова?
    Тато: Од баба ти...
    Јас: Од која баба?
    Тато: од баба ти *****.Кажа дека е од мајка му и реков слободно да си го јаде не ми треба.
    Денес не ми беше добро и и се јавив на баба ми:
    Баба ми: Како си бабино злато?
    Јас: Никако бабо не сум расположена.
    Баба ми: Ти пратив подарок ти се допага?
    Јас: Каков подарок? :^)
    Баба ми: Големо милка чоколадо и чоколадно млеко.
    Јас: Што? Татко ми ми кажа дека е од таа мајка му.
    Баба ми: Не бабино злато,од мене е зошто така ти кажал?
    Јас: Од таа фамилија сите се мрднати. |(
    Баба ми: Немој така смири се и утревечер дојдете на гости.
    Јас: Добро бабо чао. :)
    Значи сите од странта на татко ми се кој од кој ненормален и јас несакам да правам гревови ама тоа што и го направив на таа мајка му не ми е криво за неа само така треба. :)
    Значи сите се ненормални.Секој ден се молам мојата златна баба да дојде да живее кај нас па сите ке ги подбере и така мене најмногу ме сака.Иако знам дека не е можно.. :( Но додека е баба ми тука покрај мене и со мене можам со сите да се справам. :)
     
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    На Elennaa, bittersweet, teddybear и 13 други им се допаѓа ова.
  14. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Аиии да и мене ми фали играва :!: и ме потсетува на добри времиња :rofl: :rofl: ко луда ја играв,може ли некој да ми даде линк од играва на нет?? :$
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.912
    Допаѓања:
    177.265
    Пол:
    Женски
    Мојот прв роденден шо го чекам без татко ми.. :( така шо мојата среќа денов не може да биде комплетна.. но знам дека тој не би сакал да плачам и тагувам.. чувам парче торта и за него...ќе му однесам утре..
    ***

    Конечно ми се врати Жаренце (мацолот) денеска, го немаше деновиве а со оглед на тоа кој месец е...бил во провод вероВатно а доста вероВатно е дека пак ќе го снема...нека.. :D
    ***

    И да, Ви благодарам на сите за убавите честитки :)
    Повелете торта и сокче :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, Elennaa, Moira и 16 други им се допаѓа ова.
  16. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Само што се вратив од училиште, па фала богу веќе.. цела ден учи учи па главата ми пукна :@
    Значи училиштето не е можно веќе! Денес не планирам ништо друго да правам ќе одмарам, хаха :D А утре повторно нова ден, повторно на училиште ааах :x
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  17. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Колку и да се трудат да те достигнат едноставно неможат.Секој човек е сам по себе прекрасен дијамант.Бледите копии си прават само лошо на себе. :)
    [​IMG]
    xoxo ♛
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Јас едноставно не можам а да не се почудам во врска со тоа - колку треба да си ненормален (со сета моја должна почит), за идол да ти биде никој друг, ами Б'лгарска певица !?
    :|
    :^)
    Не знам што се случува со луѓево, со девојкиве, со сите - што е тоа што ги тера да кубат коси и да посакуваат усни, а мајке ми и гради полни со силикон, тон шминка и тук-таму по некое парче облека што одвај ќе ги покрие, да ги наречам критичните делови. :sweat:
    Не знам што е тоа што би ја натерално некоја девојка да корне коси по унаказената Марија, по сиот тој кич и хаос ...
    Преслава бе, или Галена, онаа „цветната“ зек-зек, па и општо онака, целата таа клапа.
    Да не случајно некоја добила Нобелова или измислила нешто ново, патентирала нешто (освен филмови за возрасни, кои и онака не спаѓаат во „патент“ одамна)...
    Не знам, може до песните е, до содржината (?) - си рече Мишела и пушти клип од рандом бе-ге „хит“.
    Брзо ли говорја бејбее или бавно ме сВушаш ти... ште го направја казвам ти ...
    :?:
    :|
    Не знам што има инспиративно во стихов и општо во многубројните песни од таков калибар.
    Нема ни да знам, само знам дека ако уште еднаш видам, слушнам или дојдам во било каков контакт со конретно фолкеркиве, ќе ми прокрварат ушите и предвреме ќе ми продре умникот.
    А така му е убаво таму во коската. Нека си поседи уште малце, не сум спремна за нови главоболки. :D

    Не, муабетот ми беше - многу банални нешта влијаат врз создавањето на општата слика на нешто, на било што.
    ***
    И јас уште не знам што да мислам за таквите, чија „светла точка“ во животот е Галена (или пак Андреа, ако повече обичат блондинките обаче) и се прашувам да не случајно покрај преплавениот фејзбук-профил со нејзини слики и со описи под истиве како таа е прекрасна и преубава и пренајсрцка, ма да не случајно си имаат и некоја како „амајлија“ во новчаник - не дај Боже по дома !? - :puke:
    ***
    А јас уживав во музиката на Невена - Б'лгарското победничко момиче од првиот Бугарски Идол...
    Не е сè така црно нели, има и по нешто добро, во случајов предобро, кое се дели од клапата кичерај, ама не е тоа тоа.
    Сепак massimi sistemi is here.
    А факт е, дека колку и да е добро нештото, ако масата е насочена кон друго, кон спротивното, кон нешто што нема допирна точка со тоа што поединецот го сака - џабе е.
    За волја на вистината - масата секогаш победува.
    Жално, во случајов ептен жално.
    Ми се гади кога ќе ми текне.
     
    На Chica.Loca, sweet-star, Monna.Monna и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Леле ова веќе не бидува, им викам неќам да го јадам, запнале колбаса та колбаса! :@
    Има, нема до ПМС ќе да е. Оти станав касно мене посебно ми направија една, е арно ама кога ми ја принесоа кога ја мириснав ( еднаш од ваква и цревата во шоља ми отидоа :puke: ), па кога почнав да си плачам, ми течат солзи и си молчам и си ручкам салатка марулка со лепче. Абе оти не ме разбираат дека неможам? Кога ќе кажам ми се гади, неможам да го јадам и на плачење ме удира, не ми веруваат. :x
    Е добро е што пак не :puke: ама тоа е. кога ќе речам неможам и не ме баш разбираат оти они само мевце да си кркнале. Епа јас НЕМОЖАМ! :puke: :puke: :puke:

    Еве уште ме боли стомакот од миризбата. А и плус цело време едно по едно буткав марула во устата да не го осетам мирисот. После ќе речат се лигавиш, се перчиш, те огаливме... Оф мили боже :doh:

    Леле бре! Како можев да заборавам. Денес имавме физичко со симпатијата :inlove: Оф мори мајко, се топев од парното и повторно се стврднував. До парното ќе да е.
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Во последно време, коса ми се дига од наслови
    - Многубројни јавни лица го поддржаа Коце Трајановски.

    И после ќе ми се пријавуваат у групата и пишуваат скопски приказни. Ако ги начекам, ќе им кажам на скопскине фаци два - три збора. Си го продадоа градот за неколку зелени.
    Градот убав пак ќе никне?! Кај ќе никне сирот тој, со вакви жители у него?

    Да бидеш скопјанец некогаш беше епитет со големо значење. Комплимент.
    Денес си мислам дека се помалку луѓе има кои го носат по вистинска заслуга а се повеќе се оние кои од зборот прават да звучи небаре те навредил некој.

    Иначе ми рекоа денес, дека сум нон стоп насмеана, како сум можела?! Сега нек ме погледнат да видат дали сеуште се смеам :devil:
    Ма јок, ќе се насмеам пак до солзи...
     
    На kravce и mims-89 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.