Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Јас сум жена и секогаш ќе ми фали уште еден пар чевли. Ама па тебе секогаш ќе те паѓа по една утакмица. Ете така :D
     
    На kravce и Yowannty им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.289
    Вие мислите дека имате возбудлив живот пошо тип ви пуштил пијачка у Менада, некој ви се пуштил у Сектор и пиете кафе со другачките у Суперфлај? Мислите дека ако го фатите дечкото шо го свиѓате за ...кхм да бидам учтива, тестиси, е врвот на среќата?
    Ќерка на пријатели на моите, замина у Бразил на карневал,а после ќе помине Х недели во некоја џунгла покрај Амазон и ќе живее со некое племе...

    *пие кока кола, јаде чипс и се дебелее од возбуда*
    Да секој има своја перцепција бла бла бла...ама досадна е ако ви е таа(првата посочена) и толку.

    Уметност ко уметност. Ама ја поштувам кога ја прави некој ко Љубам. Му помага на светот и со наука,а го разубавува со уметност. Тоа може. Ми прекипи од шљакатарник егоцентрични карактери кои се пуваат со авангардни глупости. Као твојата фотографија нема да не излечи од рак или нема да ги спаси лишаите во Канада кои можеби се клучни за балансот у светот. И као твојата графика нема да ја спаси економијата од колапс,освен што ќе те протапшаат уааау ама си добар еј,брао! Гет рил пипл. Живееме у држава со најмногу уметници и најмногу експерти у Европа. И пак ни имаме култура, ни па имаме наука... и ај сега?
     
    На Sara123, sweet-cherry, anuskaNESTLE и 26 други им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Епа Лилит ме расплака, ама сериозно, фала ти! Не очекував вакви убави зборови! Фала ти пак и пак и пак..
     
    На CoverGirl10, Lilit, COollLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Имам комарец во собава :wasntme:
     
  5. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Првава смена на школо ќе ме уништи значи. Цел ден го преспивам па после цела ноќ неможам да спијам. Во школо ко зомби некое се шетам |( дремам на маса ко чукната некоја. :lol:
     
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    A-HA-HA-HA-HA-HA ....


    Ќе дојдеш ти на факс

    [​IMG]


    You will not survive :!:
     
    На Speechless, EleMental, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам нешто во врска со денешната хит мода - носење на крстови. Искрено, се нервирам што некои си го носат на сукњи и блузи и обетки, а зошто? Од МОДА, оти било КУЛ, оти било must have.

    Во однос со другите секогаш го имам баш ова во глава: Не осуждати никогда. (Не осудувај никого). Да, во ред и јас пратам мода, не умирам за да се облечам во најновото, ама знам како оди сета таа работа; оди вака: Облеката го прави човекот - за жал, така е, а со пред години бев убедена дека е спротивното. Вие што мислите? Земете пример од себе и од некој друг. Како и да е, зборувам за користење на крстови во секојдневната мода, кој на некои многу им значи и имаат поинакви видувања за него отколку само 2 прави линии кои се сечат, а на други тоа е само начин да ја изразат својата кул мода, од безосетност. Навредувам? И јас сум индиректно навредена од изобличувањето на значењето на крстот. Ако некој сака да исмејува преку тоа, не е во ред. И да не верува, нека не го исмејува. Ќе споредам со еден мој став околу хомосексуалците - јас сум против, ама никогаш не сум ги исмејувала.
    ...на крајот од краиштата, како и секогаш, секој си тера по своето. А така... нема хармонија.
     
    На Cataleya, antonina, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... Убаво рекле нашине соседи Срби - Неќе среќа поштеног човека .... Гледам навистина денес е така. Mи се потврди ова по не знам кој пат. :|
     
    На sweet-cherry, Monna.Monna, lunicka и 22 други им се допаѓа ова.
  9. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк вакви емоционални испади не смеам да си дозволам пред утрешниот испит.

    Ма воопшто, :!: никој не заслужува емоционални потресувања.
    Зошто наместо се` да е убаво кога е очигледно дека и од двете страни има емоции има некоја поврзаност зошто е потребно наједноставното да се комплицира и да се премолчува, зошто?
    Поради его, поради што ќе каже околината, па ако гледаме така тогаш што останува за нас, што со нас и нашата топлина во душите и онаа смиреност што се има кога човек знае дека е сакан и дека дава,прима љубов м?

    Велат 1000 прашања 1000 одговори... јас имам едно прашање а ниту еден одговор на видикот.
    Го барам но не го добивам, па се запрашувам дали го барам на вистинскиот начин,на вистинското место.
    А викаме она што е наше ќе си дојде само, затоа од овој миг си ветувам сама на себе дека нема да се измачувам со прашања на кои знам дека нема да го пронајдам одговорот во мене, си ветувам дека ќе си посветувам повеќе емотивен простор во кој ќе си ги сместувам мислите на начинот на кој што сами ќе доаѓаат. Не чепкам по туѓи одговори,прашања,погледи и читања од насмевки,прегратки.


    Не умеам да читам меѓу редови понекогаш а тој ми вели :"Ти најубаво ми читаш од она што не го кажувам."
    Мааа женско сум бре,колку и да го прочитам од насмевката, прегратката твоја она што ти сакаш да го кажеш јас сакам да го слушнам од твоите усни да ставиш печат да го потврдиш она што женската интуиција ми го кажува.
    Женско сум колку и да тврдиш дека се разлукувам од оние другите што биле покрај тебе.


    Зборови, зборови мисли за кажување еден куп, да имав некој до мене сега само да седеше и да ме слушаше ќе бев задоволна, и со едно потапнување по раменици дека се ќе биде во ред.
    Вака си се потапнувам самата себе си по раменици и ќе си подарам малку сон оваа вечер за разлика од претходните.
    Заслужувам,здивнување. :hai: :o: :o:
     
    На LittleFairy, Moira, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Ако не примети се жалев за спиењето и за првата смена :) а не за тоа дали ми е тешко средното. :)

    oh, and dear, i WILL survive, be sure of that ;)
     
  11. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.980
    Пол:
    Женски
    O јануарско сесијо... Досадна си, оди си дома. |(
     
    На Mishela, Allthatglitters21, Springy и 2 други им се допаѓа ова.
  12. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    баш пред утрешниот испит мене ме фатила мрза и не ми се учи па што биде нека биде доволно учев.
     
    На Allthatglitters21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    А замисли - доаѓаш на факс во 8 сабајле (жива ненаспана), ти викаат првите две предавања се откажани, се шуткаш рано посабајле по ходници и во бифе, одиш во 10 на предавање, седиш до 12 и тогаш ти кажуваат дека следните предавања ти се од 4. Не ти се исплати да одиш дома, па пак се шуткаш 4 саати, а ако ти се исплати - тогаш доаѓаш, одмараш колку да се рече и одиш пак назад. Седиш на предавања 2-3 саати и веќе не ни имаш концентрација за да следиш. Си доаѓаш дома доцна и си легнуваш папсана во кревет. Отиде јабана цел ден! Немаш време да мислиш што и кога јадеш, биоритамот ти е тотален хаос и немаш редовен одмор и спиење. Да не зборувам за периоди кога доаѓа сесија - почнуваш да халуцинираш од неспиење и стрес.
    Сега кога распоредот ти е убаво определен и кога имаш време и за одмор и за учење и за други активности после часови, нема за што да се жалиш. Верувај, ќе ги бараш назад средношколските денови.
     
    На Springy, LilBaby, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    ^^ Не верувам дека ќе ги барам назад деновиве :) мислам добро, лична ствар си е тоа, за кого како, знам дека факс за мене каде каде подобро ќе ми биде и за ништо на светов не би сакала уште ден во средно да седам :)
     
  15. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    ^ тебе те фатила мрза ден пред полагање, ама јас сум бетер, ме фатила паника што треба утре да одам резултати да видам и од пусти стрес минатиот пат мислејки дека ќе положам, паднав, овој пат мислам дека нема да заспијам додека не отидам на факс утре :tmi:

    Патем, не ми се веруваше денес што слушнав. Колешка од факс, така мирно девојче (знаете од оние "милите, наивните") фино лепо си оди по професори и лаже дека мајка и починала пред месец или пред неколку дена (почината е пред 20тина години) - на кого како и од жал професориве и ставаат оцени во индекс ... и добро да ве прашам, колку треба да ти е болен мозокот да направиш такво нешто? Зарем немаат граници бе луѓево?
    Ми се згади денес, ми се згади многу!
     
    На Monna.Monna, kravce и bittersweet им се допаѓа ова.
  16. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Кој што сака нека каже, во каков сака правец нека оди денешнава мода, ама секогаш ќе се восхитувам на оваа мода од 1800-тите. Не знам дали само мене ми изгледа така, ама овие фустани ми се толку женствени, која и жена да ги облече би блескала од гламур и грациозност. Прекрасни се.
    Модата од секоја епоха баш го отсликува начинот на живот и погледот на луѓето кон светот.
    Фустаниве горе се за восхит, кога ги гледам си замислувам цврсти, образовани, воздржани, и културни, а сепак ограничени и потчинети жени!
     

    Прикачени фајлови:

    • images (1).jpg
      images (1).jpg
      Големина на фајлот:
      35,7 KB
      Прегледи:
      267
    На sweet-cherry, sweet-star, Buttterfly и 20 други им се допаѓа ова.
  17. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Многу добро !

    Ако успееш да измамиш некого, не помислувај дека е будала.
    Едно е сигурно, тој само многу ти верувал...
    :!:
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Кога и да ме интересира каде е тој, вклучувам ’Discovery’, гледам мајмун, гледам дека јаде банана и е среќен. :*
     
    На K.Mari4ka и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  19. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Баш се чуствувам очајно и мизерно кога вака во доцниве часови ќе ме фати страшна криза за благо.
    Како некој нарко што се треси пред да ја земе својата дневна доза.
    Така се тресам и јас.
    Пробуваш да ги фокусираш мислите на нешто друго,нешто што екстремно ќе ти го одвлечка вниманието.
    Ама јок.
    Се препушташ на искушениоето,и започнува походот,шуркаш низ кујната,отвори овде отвори онде и оп еден ишлер ти се смешка позади една кеса,посочно амин !
    ммм како само се топи во устава.
    Само вака ќе ослабам...П Р Е К Р А С Н О ;)
     
  20. mirindaa

    mirindaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    25
    СДК дека не ми се оди на школо :((((((((
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.