Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.951
    Допаѓања:
    123.539
    Некогаш ти треба некој чисто за друштво,за муабет ,за кафе,некогаш сакаш да си во големо друштво,а јас се почесто сакам да сум сама.Дали дека нонстоп сум опкружена со луѓе и соочена со нови работи од тоа колку далеку човечката мизерија може да оди......Сакам да одам на работа,да сработам и да си дојдам.Почнав да ги мразам тие кафе паузи,на кои ако не си присутен ти си тема на разговор,утре некој друг и така.Не,не ме интересира за другите ,знаете ли дека не ме разбираат кога им зборувам?Мислат дека се фолирам.
    И нонстоп да пазиш што ќе кажеш,пошто може да се дофилува.А најнова мода е и ништо да не си кажал-си кажал,ама не се сеќаваш.Па и во очи ми вели,срам нема,што да кажам повеќе?

    И налет и пари и се.Една куќичка на село,јас и тој,и ништо повеќе(боже,никогаш не мислев дека ќе го кажам ова :o ).

    ...и така,муабетот ми беше дека јас навистина знам да уживам сама.
    Си уживам во кафето,во чајот,во пижамите,во готвењето,во чистењето....Порано ќе си помислев дека сум асоцијална,ама денес воопшто не помислувам на ништо :D Ми е гајле каква сум,битно мене на душичка да ми е убаво ]:)
    Само,мозокот да не ми работеше 300 на саат,се ќе беше во ред....... :?:
     
    На bittersweet, Artemission, kravce и 24 други им се допаѓа ова.
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК она убаво чувство кога ке ве повика на кафе некој кој што долго време не сте збореле , прекрасно е како одново запонавање , нови моабети или надоврзување на старите но мене ми личеше повеке како ново запознавање , баш е испонлувачко чувството :$
     
  3. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Немојте никогаш грешките да ги барате во себе, само секогаш признавајте ги, и со тоа ќе ви биде полесно, а воедно ќе си бидете со чиста совест и од тоа нема подобро нешто да бидеме чисти пред себеси :D
     
  4. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    СДК Сеќавањата некогаш знаат многу да болат. ;(
    Доволен е само еден збор, една песна, една личност да се појави на погрешно место во погрешно време за минатото да се врати.
    Во такви моменти иднината знае да биде бесцелна ...
     
    На anngelique и danichap им се допаѓа ова.
  5. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    хелло :D Кога си со некој во врска и мислиш дека конечно си го средила животот, дека тој е ТОЈ што цел живот си го чекала немат ништо полошо кога истиот ТОЈ ќе ти кажит дека веќе не мојт да сте заедно...осеќаш дека цел свет врз глава ти се срушил...да токму така јас се чувствував..ама убаво читајте СЕ ЧУВСТВУВАВВВ!! еден месец мислев дека кога и да излезам надвор ќе го сретнам и дека ќе се сожалит на мене и пак ке сме среќни заедно.. фала му на Господ не се случи тоа. Вториот месец конечно почнав да излегувам и да запознавам други луѓе.. сега, сега сум најнајсреќна и најсингл :D дури и си мислам дека сум губела време со некој како него.. сакам да кажам : Секое зло-за добро е! само тоа сакав да го кажам :D Ве сакам!
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  6. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    И зошто секогаш наместо да лажеме, не ја кажуваме вистината? Наместо да се сомневаме, зошто да не си веруваме? Наместо да се мразиме, зошто да не се сакаме? Наместо да се караме и навредуваме, зошто да не се дружиме? Наместо да бидеме среќни ние, и тие околу нас, ние го правиме обратното. Потоа се каеме.
    Но тоа сме ние луѓето,и секогаш ќе ги правиме тие грешки...
     
    На Agrona и pamelche им се допаѓа ова.
  7. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Имам видено различни чудни нешта, но една образовна установа ужасно многу да мириса на цигари
    да не кажам смрди :puke:
    е тоа навистина ужаснува.
    Незнам како планираат да ги воспитуваат децата кога тие самите не се никаков пример за едно дете. Како јас да му кажам на дете кое е во фаза на сопствено формирање дека пушењето е штетно, а потоа да земам да пушам цигари пред неговите очи. Тоа не се никакви психолози, самите тие се за на психијатар.
    На кого се се оставени децата... can't believe :x
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ми пречи тоа што се ограбуваат цркви. Многу ми пречи! Подобро да земат да испокршат некое BMW на оние дотичните и праведни попови отколку да крадат пари од цркви. Но којзнае со какви цели го прават тоа?!
    Индивидуализмот е слобода. Да знаеме самите да живееме без никаков срам со сето она што го носиме како личност и карактер би биле најслободни. Самите си ги поставуваме границите за тоа дали и колку општествените спреги ќе не обвиткаат.
    Јас еве си ја бројам втората недела како се одвикнувам од моето гурманство. Тоа го правам со тешко срце. До сите оние кои биле одбиени за стипендија, а се сигурни дека ги имале потребните бодови, ве советувам веднаш да пратите приговор. Тоа ќе биде долг процес, ќе ги чекате нешто повеќе од пола година, ама може ќе ви се исплати и еден ден, сосема неочекувано ќе ви стигне писмо со известување дека сте ја добиле. Од искуство на една познаничка.
     
    На Monna.Monna, Elennaa, Angy.g и 11 други им се допаѓа ова.
  9. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    6.545
    Пол:
    Женски
    Ах колку боли таа забранета љубов.. ;(
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    3.456
    Пол:
    Женски
    - I like my nails pink -

    - I like my hair long -

    - I like my music LOUD-

    Покрај тоа што сум, не многу често, ама има денови кога можам да бидам и многу опасна рокерка со долга коса и розеви нокти :)
     
  11. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Врти сучи пак некој ке те изнервира ,колку да не си рајат :envy: :@
     
    На anichka94 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.288
    Желбата за диета обично ти доаѓа у вид на СМС порака.
    А мојата глупоќа расте правопропроционално со контактирање со некои луѓе. Не дека се тие лоши,напротив... Лилит, напрај го ова како што треба,зошто жими мајка ќе те фатам и ќе те тепам со жешка тава!!!
     
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.545
    Пол:
    Женски
    Немојте да носите чизми на влажно време.Особено ако не ви лежат на нога.Постои опасност да се најдете тет а тет со асфалтот.Па и да се гушнете.И така Луничка си доби 2 повредени колена и болка во движење.
    Секое свиткување на колената ми предизвикува танталови маки.Боли бре.Не сум паднала од мои 10 години сега на 41 паднав.Колку да ме потсети како е да се движиш со изгребани колена.Маж ми ме зафркава -сега како да си работела цела ноќ на колена ,ако ме сфаќате што сакам да кажам :D

    И со болки во колената успеав да ја завршам роденденската торта на син ми.Два дена славење ме чека.Еден ден едни другар друг ден други.Луѓе цели 15 полни.Го гледам како расне и веќе ја подигам главата ако треба да го погледам во лице.Телото на маж ама паметот детски сеуште.Се прашувам дали еден ден ќе узрее и ќе сфати дека светот не се врти само за него.И дека не е најважното нешто да се гнете храна секаде и на секое место. :D Ах да ,и да се пука до несвест на некои глупави игри.

    И тоа, сакав уште нешто да кажам,ама ајде да не мудрувам :wasntme:
     
    На bittersweet, Bright, Buttterfly и 30 други им се допаѓа ова.
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Е ама колку сте досадни со овие сликите и мислите од Госип Грл, напнавте веќе, сите сте bitchy Аууу. |(
     
    На sweet-cherry, Someonespecial, Elennaa и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК добрината денес не се цени, а можеби и од секогаш било така.Кога луѓето ќе се запрашаат што прават, кога? Ќе престанат ли да го гледаат туѓото? Толку ли злобата им причинува задоволство? Не разбирам што е интересно да се мешаат во туѓи животи.Како не го гледаат сопствениот живот, па истиот не си го управуваат со таква желба со каква што сакаат туѓите животи да ги управуваат? Зарем истите тие мислат дека секој човек тоа им го дозволува? Не очекуваат дека можеби некој ќе им укаже дека не треба да се мешаат? Ма, да се немало осет до каде треба да одат со своето однесување, уште пак незнаат ни за доста.И после велат немало луѓе? А како, кога првенствено ни тие не се луѓе во вистинска смисла на зборот.Како може нешто да имаат, кога тие не го даваат она кое сакаат да го имат? Како? Работава, сакам да купам, ама не сакам да платам.Е тоа никаде во светот го нема.Мислам, се додека самите луѓе не се свесни дека треба да ја променат својата злоба, се ќе биде светот ваков каков што е и нека не го обвинуваат дедо Боже, за негово наводно непостоење, ниту пак било што друго кое за нив е најдобра мета за нивната вина, бидејки никој друг не им е крив за тоа.Не може да се очекува нешто, кога не се прави ништо за да го има тоа нешто.Само не вреди кога никој не се запрашал за ова, ниту го интересира, а ниту пак има посериозни намери за истото.Изгледа е повредно да се знае дали дргиот јадел или не, секако со лоша намера за која и птиците знаат.Тогаш, како што реков, светот ќе си биде ваков, никаков, ниту пак ќе се мрдне од мртва точка.
     
    На Someonespecial, Angy.g, karenin и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Никако не ми е јасно како може да има пари за споменици,градење на патишта,а да нема за да се спаси еден човечки живот на едно годишно дете кое што секоја секунда за него е благословена.Собрале дури 10% проценти од потребната сума за неговото лекување :worried: ,па дури и фондот не плаќал пари,дури вчера по триста кажувања и молења легнаа на сметката.Како може во Хрватска да се соберат дури 90% од сумата за лекување на девојче,а кај нас само 10 бе.Дури и спортисти,градоначалници дале пари,а граѓаните ги ослободиле од плаќање данок на државата за да можат да дадат за девојчето.А кај нас не, нашите битно се фалат дека изградиле некоја уличка,дека направиле некој споменик,а дали детето ќе се спаси или не ич не им е гајле.Тешко на тие кои имаат потреба од помош некаква од нашата ни мила држава. Никако не можам и никогаш таквите нешта кога за некој поважно е материјалното и да се докаже дека прај многу,а кога се работи за човечки живот нигде ги нема.Ах бе никогаш нема да се смени нешто на подобро за жал.

    Сакам со него сами да сме двата на некоја планина,да имаме прекрасен поглед и да пиеме ладна вода од рекичката, да се стуткаме еден до друг во дрвената куќа покрај каминот кој што тој ќе го запали и така ќе заспиваме секоја вечер безгрижно,а наутро ќе го будам со мирисот на свежо испржени јајца и полско цвеќе.Ништо повеќе не сакам од таа идила,тоа е се што ми треба и се надевам еден ден ќе ми се оствари.
     
    На kravce, Monna.Monna, Lov3 и 11 други им се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред малку добив филџан од браво капучино петти по ред, сите им ги собрав :rofl: срека :wasntme:
    верувам дека кога ке се појавам во Тинекс со информацијава, им се темни на касиерките :D
     
    На Angy.g, anichka94 и karenin им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.288
    Енд саднли, ај фелт натинг... И секс енд д сити.
    Бич плиз. Освен што си локална радодајка, не те вади цитат од некоја њујоркшка стара мома без идеја шо сака од животот.

    Моментот кога цитатите од глупи серии стануваат мудрост... и тогаш светот се распаѓа *па пау,паааааааау, део деееон,дннннг какаааау!!!*
     
    На mila89, sweet-cherry, Bright и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Juventino

    Juventino Нов член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    kako dojde vreme...samo turski seriji da gledas i vesti drugo nema nis zanimlivo kade i da odis...samo za filomvite se zbori
     
  20. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Туку што се вратив од град па сакам да споделам нешто со вас.
    Одејки низ град најдов еден паричник,на тротоар,бев сама и немаше многу луѓе на улицата, само 2 жени си стоеја на некои 10тина метри од мене, надвор вре -истура, никој не ме гледаше.Го зедов паричникот одземја, не го ни отворив-на ум ми дојдоа семејствата кои месечен приход им е по 10000,си помислив што ако ги земам последните пари на некоја мајка и пак го вратив паричникот на земја.
    Незнам дали правилно постапив,кој и да беше барем ќе го отвореше паричникот а јас само го зедов и пак го оставив, од страв да не ги земам парите на некој кутра сиромашна личност.
    Дали ќе беше воред ако го земев паричникот,дали згрешив??
     
    На LittleFairy и Gordana10 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.