Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Си му дала прилика на некој друг да го најде паричникот и доколку внатре има пари истите да си ги потроши за себе.
    Ако толку си сакала паричникот да му биде вратен на сопственикот, си требала да го пријавиш во полиција или да провериш дали во него има лични документи, па по адресата самата да му го доставиш на сопственикот.
     
    На sweet-cherry, bittersweet, marama и 12 други им се допаѓа ова.
  2. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Кога непланирано ќе ти се најават гости..
    [​IMG]
     
    На DeMelo, CIA, Lepaaa и 12 други им се допаѓа ова.
  3. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Така е затоа и некако ми е жал што не ги видов документите(во полиција не би одела, тоа е премногу комплицирано)но за документите сте во право,требаше така да постапам и самата да се погрижам сопственикот да си го добие загубеното, но ете... :worried:
     
  4. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    СДК дека се радувам за другарка ми-колешка ми-форумџиката ми драга-ЗА Г-ГИЦАТА ШТО ПОЛОЖИ ЕДЕН МНОГУ БИТЕН ПРЕДМЕТ! :* :* :*
    :rock:
    а тоа еееее..... LaBellaaaaa

    [​IMG]

    Happy for you!!! :D :* :* :hug: :D :D
     
    На LaBella, srcekrsacka и ilipili им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.214
    Допаѓања:
    139.836
    Важен ден е утре.
    Ќе бидам исправена пред нов предизвик.
    А мислам дека многу, многу, многу го сакам ова!

    Посакајте ми среќа... и памет :lol:
     
    На sweet-cherry, bittersweet, Bright и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    СДК утре ми е роденден :dance: :party: :sun:
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.288
    Знаете како,нема ништо да ме разубеди дека земјава минува низ некои чудни констелации од ѕвезди каде токму секоја,ама СЕКОЈА година баш во размак помеѓу 7 и 10 февруари ги правам најголемите грешки на љубовно поле.
    Лани, беше глупав тест на две личности каде дефинитивно пукна нешто помеѓу нас и обајцата направивме погрешни чекори... ми заеба цела пролет...цела пролет. Од 9ти февруари до средина на мај месец јас бев во лав-хејт однос... Зошто,зошто така ни текна,така ми текна и после ми олесна и реков никогаш повеќе нема да ја жртвувам својата слобода,својата љубов за нешто кое не вреди.
    Еве го,година потоа, ми се чини сум пред најголемиот тест каде треба сама на себе да си посочам кој пат ќе го фатам ама за сериозно. Едниот потег е дефинитивно изгубено се за себедокажување ствари, нема никаква врска со љубов, а другиот е сигурна добивка со многу љубов... И знаете како е секогаш? Глупоста у тебе ќе надвладее...ќе искршиш се и ќе одиш по срчи,зошто си тежок идиот...ТЕЖОК идиот! Некогаш стварите се поубави кога се неромантични и соголено искрени,отколку романтични и престрастни што при самиот крај веројатно ќе се убиете взаемно и ќе завршите со долга болка искрварени по сите околу вас! И ќе си ја лупате главата со прашањата што имав,што направив?

    Животот не е феритејл,љубовта уште помалку. Почитта...почитта значи болка. Скршената почит боли, а не скршената љубов. Да бидеме на чисто... а страста пак уште помалку...тоа мизерно,мало, нешто кое искри и не ти дава ништо вредно и трајно,може да оди у пизду материну.

    Година-две-три пред тоа февруари стандардно го сакам,ама се нешто вакво ми се случува.

    Изборите не ми се лоши. Несреќа е и да имаш среќа у љубов увек. Стварно никад не сум патела за/од љубов и секогаш требало да бидам помеѓу красни нешта кои ме правеле несреќна зошто треба уопште да бирам нешто. А јасно е дека нема засекогаш да имам бескрајно многу среќа во изборите...и на крајот јас ќе бидам избрана...

    Гоу хоум фебруари,ју ар дранк... бат ај лав ју вери,вери мач. Што се тиче љубав, животе, те молам не ми ги исполнувај сите желби,мајке ти, утре ќе ми го донесеш Рајан Гослинг нема да знам како да се понашам и ќе го одбијам и ќе ми биде криво.

    Најсериозно, ви давам малку од мојата среќа,гзларска што ме прави несреќна зошто ми е одвишак. А и кој дебил се жали од вишак љубов,интрига и страстови,врагови,освен мене? Ај зашлапајте ми некоја... ве молам. |(
     
    На Trnche, ocila, Angy.g и 2 други им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    "All you have to do in life is to party hard and look better than the bitch next to you!" Многу посилувана фраза од Госип Грлс и Секс енд д сити ...
    Прво- неможеш да се забавуваш лудо ако цело време мислиш дека изгледаш подобро од девојката до тебе, а второ не е возможно да изгледаш подобро од личност која не се пали на вакви генијални цитати.
    И што е најтрагично не е толку страшно да се восхитуваш на цитат од Парис Хилтон кога сега постојат и султанките, и они кажуваат многу мудрости, исто и Осман...
    Добрата страна е што сега сакајќи секој да се направи паметен и начитан ќе биде приморан да прогугла за да најде некој цитат и сакал нејќел ќе мора да прочита неколку за да си го најде идеалниот кој би го споделил па така колку толку ќе прочита и нешто паметно можда од Фројд или Оскар да се надеваме и на подобро.

    Мразам бунди и никогаш нема да облечам бунда. Може и лично Версаче да ја шие никогаш не би ја ставила на себе. За мене тоа секогаш ќе делува кич и невкусно без разлика каква е и како е искомбинирана. Одвратно изгледа, како да си животно, а не човек. Како дивјак кој убил мечка за да не му студи. Разбирам шубари, додатоци од крзно (вештачко) ама бунда човече??? До толку ти е ладно и неможе да те згрее обична монтка? Мислиш модерни дека се? Мислиш во Сибир дека си?
    Убедливо најкич ми се оние кратките бундички со некој зебра-леопард принт, а посебно се ежам од белите бунди. Ме потсеќаат на кутро одерено поларно мече :( Невеста со бело бундиче болеро напред што се врзуе у панделка:puke: Облечки капутче де, 100 пати боље ќе изгледа.
    Најгрдо стојат на пониски девојки, а должината на бундата да е до земја, гледаш само огромна крзнена топка како се движи накај тебе. Нема нафурана теткица што нема бунда и не ја шета во јсп. Не озбилно, во Скопјево има премногу бунди, апел до Анима Мунди да преземеме нешто, иако повеќето се од вештачко крзно подеднакво се ружни како и оние од природно.
    Фала многу, пријатно.
     
    На CoverGirl10, LilBaby, sweet-cherry и 29 други им се допаѓа ова.
  9. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Времето се заникаде...Секој ден се менуваат годишните времиња.Вчера беше пролет,денес есен а после неколку часа и зима.Што ли се случува веќе...Денот е премногу глупав.Цел ден врне.Кога требаше да си одам од училиште како за инает на мене почна да истура.Додека да си отидам станав лом.Не се знае веќе кое годишно време е
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    малер е кога ќе ти се расипе звукот на пцто за време на турска серија ;)
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не дека не сум свесна какво е нашево денешно образование, ама денес се запрепастив какви доктори на науки не само што предаваат на универзитетите, туку и наводно се доволно компетентни за да оценуваат нечиј докторски труд.
    Присуствував на одбраната, и иако темата што се разработуваше не е поврзана со мојата професија, мене ме заинтересира, бидејќи се работи за тема која е многу интересна и допрва ќе се истражува.
    Прво, добив впечаток дека господата кои седеа во фотелјите воопшто не ја следеа презентацијата, а критиките што на крајот ги дадоа беа толку скудни, што останав со подзината уста.
    Јас, што ниту го имав прочитано целиот тој труд од 420 страни, ниту пак сум запознаена толку многу со тематиката, можев да дадам подлабока анализа, притоа изразувајќи се на многу повисоко ниво од нив. Да си доктор на науки на нашиов (според некои истражувања) најдобар универзитет, а да имаш толку сиромашен речник и да не знаеш да дадеш конструктивна критика на докторски труд од твојата област, е навистина жалосно. Истите тие професори се „експертите“ кои даваат стручни мислења за некој проблем во државава и истите тие се автори на книги од кои учат денешните студенти.
    На крајот сакав да поставам и прашање за проблем кој е поврзан со темата, а случајно го имам прочитано некаде, ама добив чувство дека сите сакаат што побрзо да заврши одбраната и да си одат дома.

    Ова се вакви периоди кога си одам замислена кон дома, со жална музика во позадина, поставувајќи си некои прашања од типот: Дали вреди да трошам толку време, пари и нерви за да го надоградам моето знаење во рамките на македонкото образование?
     
    На bittersweet, tweety26, teddybear и 20 други им се допаѓа ова.
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    17.174
    Љубоморна сум била шо моите врснички носеле штикли, тесни кратки фустани, носеле од глава до пети марки а ја не сум можела, и затоа сум превртувала очи на секоја женска шо носе штикли повисоки од нејзините години.
    Дајте наставничке, оладете. Не ми се обративте на мене лично, но знам дека за мене мислевте, оти претходно ми зборувавте како сум била мелахолична со моите фејсбук статуси.
    Фала, чао.
     
    На sweet-cherry, ludoto19, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ова мене ми се случи пред некое време, само што го отворив паричникот видов дека има лична карта, картичка од банка и други лични предмети па каде што живее девојката ја барав цел ден да и го вратам ама не можев да ја најдам , отидов во полиција и го пријавив-скоро пишав на фемина за ова и искрено се надевам дека и го врачиле душичка таа :doh:
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  14. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Епа веке претераа, зошто сите сакаат проблем само да ти направат, да се скараш со другарка ти, да неможеш на раат животот да го живееш! Башка тоа деца шо се вика 16 години а толку омраза во нив. Само чекаат да реметат некој, да извадат проблем кај што го нема. Ужааас!!!
     
  15. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Колку е убаво чувството кога ќе те известат дека има уште еден член на вашето семејно дрво....Неописливо.....Епа да ви се пофалам , ми се роди прва братучетка :clap: .Овие денови ги поминав во трчканици као јас да сум родила :lol: .Мекици се разносуваат салфети , тањирчиња , шарени работи.... :inlove: .Стомаков мислам дека ќе ми испука од толку мекици ама ако...да е секој ден вака...ехеххехе.......Ако ако и во мекиците има некоја добра работа, колку пари си собрав.... изгледа ке си се подновам со телефон 8) .Па згора на овие трчканици па и прокети од Црвен Крст имаме , од школо ослободени цела недела :mm: милини.....Како и да е , едвај чекам да ја видам братучедката :inlove:
     
    На Monna.Monna, Umbrella22, Angy.g и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Добро бе, ај да е +50 степени надвор па кога ќе влезеш во автобус да ти мириса на испотени мишки, ама зимно време?! Ај некако ќе сфатам лето да е, жешко, се потат сите, до некаде разбирливо, ама сабајле на толку ладно да смрди автобусон на 10 дена неискапени? И тоа девојка до мене стои, абе смрди корне :puke: се клацка лево десно за да им направи простор на тие што се симнуваат, леле луѓе у кома мислев дека ќе паднам. Не сакам да судам, може некои проблеми си имало девојчето, ама до толку бе?! Плус девојче.. незнам, страшно! :!:
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.084
    Пол:
    Женски
    Седиме заедно и гледаме филмче. И го прашувам:
    -Кога би бил животно, кое би бил?
    -Мммм, тигар! Ти?
    Јас се мислам, се мислам, си викам можеби би била антилопа...
    А он уште пред да одговорам:
    -Ти би била делфин дефинитивно, би уживала во вода.
    Ме знае подобро од самата себе што се знам. Алармантно.
     
    На tweety26, anuskaNESTLE, teddybear и 15 други им се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... е сакам вакви денови, кога сум цело време во движење и со луѓе ... Значи ме враќа во живот, ми дава волја и надеж. Туку надеж имам и за вечерва, држете ми среќа ... ако конечно нешто добијам ќе кажам дека не сум малерозна дефинитивно. Ризикувам и очекувам ... за прв пат финансиски. :wasntme: :wasntme:
    Лелее ако се умножи ве частам. (смајлиштоситриерачиња)
     
    На Libera, bittersweet, tweety26 и 26 други им се допаѓа ова.
  19. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Порано постоеја споменари,а денес....аск.фм :x
     
    На pamelche и hrcace им се допаѓа ова.
  20. nirvanaholic

    nirvanaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    147
    ... :)
    [​IMG]
     
    На rhapsodia, DeMelo, Angy.g и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.