Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... си имам заштитни механизми, зашто знам дека само на тој начин ќе ги преживеам ужасиите кои ми ги нуди денот, и сета глупавост која се сервира на тацна, а другите ја сркаат со голема лажица.
    Па и репете си бараат.
    Како је лепо бити глуп.

    Еве на пример, ова песниче денес го слушнав во автобус и ми измами насмевка. :)
    Понатаму, во текот на пеколниот работен ден, ја слушнав уште еднаш на радио и ми дојде како свеж туш сред запурничав летен ден.
    Толку убаво се почувствував, ми се идеше да рипнам од столче и да денсам ко Хју Грант. :dance:
    http://www.youtube.com/watch?v=TRdml1iGwns

    И тогаш Бог рече: А кога ти е лошо, и чувствуваш неопишан бес и гнев, посети го фризерот чедо, и смени ја бојата на косата.
    И бидна.

    :D
     
    На mims-89, bittersweet, tweety26 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Доколку утре, на тој важен ден го победам стравот, ќе биде човек од мене верувајте ми!
    И онака работам на самодовербата која неодамна ја продадов...
     
    На sweet-cherry, tweety26, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  3. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    И ова наставничка го рекла??? :x Леле сите се отидени |(
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Денов ќе го паметам... и те како. :D

    Демек нови автобуски линии, вамте-тамте... поминувале од кај мене. И ај, дека стандард менувам 2 автобуси, некако ми се потрефи оваа новава линија, ја видов на автобуска. :rofl: И онака ме мрзеше, да ја чекам оваа што порано си ја чекав, си се качив во "новава". [​IMG] Како што беше празна, ми се погоди, како ќец на десетка. Јас дури си испланирав, за друг пат, кога ќе имам исто олку часови, да си ја чекам, истава. :D

    И така, си оди по стандард станициве. И се наближува накај домата моја, си станав и си застанав до вратата, затоа што не знаев, која е новата автобуска станица. И си стоев... и си стоев... помина едната станица. :^) Ај си викам, големо чудо, една станица, пешки. И пак си стоев... и си стоев... и си стоев... :^) Поминува уште една станица, а да го прашам шоферот незгодно ми беше. И пак си стоев... си стоев... И едно време, гледам луѓе се насобрале. А, си викам: Конечно овој ќе отвори врата. ^_^

    И да. Отвори врата после 3 станици... :!: Арно ама, чадор немам. Видов, не видов, си ја земав јакната, си ја ставив преку глава. Башка, чоровинките ми беа на лекар, се скршило нешто и бев во школо, без чоровинки. :geek: А сестра ми, купила нова маскара и ај демек да ја пробам. Не знам како баш денес така се погоди, јас шминка ставам на мене, еднаш во 3 месеци. :makeup: И баш се погоди денес тој ден, кога немам чоровинки, коишто ми служат како кишобран на очиве... Станав ѓоа вампир. Очите размачкани, во црно, со јакна преку глава, патиките ги облеков гланц испрани, ги направив... партали. :bandit:

    И така изнервирана, изодев 2 станици пешки и и се јавив на мајка ми, да и се жалам. И ми вика:
    - Сакаш татко ти да те пречека? - Не бе, не, не мора. [​IMG] - Абе еве го, почна да облака патики. - Епа добро ај, јас сум тука, ќе останам тука, он дур да дојде.
    И јас така весела... Барам место под стреа. И гледам поубаво место, за да ме види татко ми. Да не ја врти многу колата, туку да биде на видно место, да не вози низ тесни улички. [​IMG]

    Така малку си подремав... И едно време му го слушнав гласот. Мислам нормално, мора он да направи муабет и со тие што ги знае и со тие што не ги знае. [​IMG] Дека ги немав чоровинките на мене, не приметив... Ама кога се доближи, го гледам, со 2 чадори во рака. Доаѓа и ми вика: - Земи еден чадор. - Абе, ти пешки идеше? - Да. [​IMG] Мислам сеа... Јас толку време, се мислев каде да застанам, за одма да влезам во кола, он ми вика, пешки дека дошол. [​IMG]

    Ај, добро... Кога, отворам чадорот... 3 жици искочиле, отишле јабана. [​IMG] И така, си се изнашлапав во се' и сешто. Како што градат цело време нешто, испошуткав се' што видов пред мене. Патиките лом... Влегов дома, ко божем сум одела низ 7 планини, 7 реки, езера, планини... Косава метла ми станала од дождот. [​IMG] Добро ај, помина и тоа. Влегувам дома, гледам газиран сок, жут. Занесена си ставив во чаша, ја наведнав, се напив... Кога тоа, цеден лимон да ти било. Ми се згрози. [​IMG]
    Сакам да кажам дека, немам ништо паметно да кажам.
     
    На Libera, sweet-star, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  5. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Јас имам талент за памтење родендени.Еднаш ако некој ми каже што е во хороскоп ќе го запомтам.Во средно цел клас го знаев што е во хороскоп. :D Кога се ближи нечиј роденден само потсетувам-Знаеш кој има роденден?И не само на поблиски луѓе и на подалечни роднини.
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк после денешниот положен испит, задоволната насмевка на татко ми,прошетката со мајка ми, и цел час вежбање се чувствувам како нова.

    Утре пак од почеток, друг испит, малку трема, надеж, па журкање и ќе можам да здивнам малку.

    Имајте убава вечер отидов јас на учење ;)
     
    На marama, kravce, Lepaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Само што го прочитав ова на фејсбук :o :o :x :x
    Ми го расипа денот значи. Незнам каков глупак може да го објави ова освен некој малоумен што нема два грама мозок, ама ајде ќе се воздржам од некои коментари.
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.299
    Убаво ми е на душата.
    Чуствувам толку силна љубов, хармонија, успех...

    Без разлика за што и да почнам да пишувам ќе испадне фалење :rofl:

    Отиов да поуживам Марфи додека не ме зафркнал.
     
    На bittersweet, Ingvild, kate21 и 28 други им се допаѓа ова.
  9. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски

    Јас мислам дека е на место кажано. Се потресуваат за дечко/девојка за св Валентин кој е некој си празник на љубовта, на заљубените. Оние кои се заљубени секој ден си слават, оние кои немаат со кој, ке најдат има илјадници момчиња/девојки но една е мајка. :)
     
    На sweet-cherry, bittersweet, marama и 17 други им се допаѓа ова.
  10. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Противете се колку сакате ама вашиот живот се менува за секогаш! Да ова се однесува на мене и ме погоди во болна точка. Промената уште не се случила ама ја гледам како се ближи и размислувам како ќе ја прифатам. Дали ќе бидам среќна? Кога растеш и те чуваат под стаклено ѕвоно после некое време некако тешко е да излезеш во светот и да не знаеш што те очекува. Како да знам кога е време да пораснам, кога во душата сум дете? Како да бидам одговорна за друг кога за мене сакам некој да се грижи? И како да прифатам една голема промена во мојот живот што не смеам да ја одбијам, а толку ме плаши?
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  11. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Денеска си станувам во 5 и одам да се туширам..
    И така си тргнав на работа , откако стигнав таму си соблекувам палтото и имав чуден осеќај..
    Се фаќам и бев заборавила да си го облечам градникот..
    Ова ми се случува прв пат.. Цел ден се осеќав чудно и глупо немам големи гради па се надевам дека никој не приметил..
    Кога си дојдов видев дека си стои на машината за перење..
     
    На SnowWhite91 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Се спремав да му пишам пола саат и на крај му пишав: "драво"...
    Ќе се фрлам од МТВ.
     
    На mims-89, tweety26, kate21 и 26 други им се допаѓа ова.
  13. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Го положив, го положив, го положиииив... ајде уште ситно до крајот :dance:
     
    На sweet-cherry, tweety26, Glossy-girl и 13 други им се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    17.174
    Дадата и објавува на помалата сестра на ѕид на фесбук: Со добар мачор, секој месец ти е февруари. Дадата е 15, а помалата 14 години.
    И мајка им лајкче им ставила 8)

    Него, ми текна пред некој ден на голем одмор идам до една трафика блиску до школото, и има едеен продавач ама ептен интересен. Цуци ми е. И му викам ’шо праеш бе цуци’ и он вика ’еве бејби, се мачам’, а оти отвараше една кутија му викам ’оти бе, шо ти е’ и вика ’па февруари бе, нели е месец на мачењето‘. Луѓе, сум умрела од смеа. Вака глупо изгледа, знам, ама да го слушневте ќе се згазевте. :D

    (кој муабет памело црна :fubar: )

    Нишо не кажувам!
     
    На feminium, kravce, CuteEva и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Прекрасна вечерна прошетка после толку многу смеење. Мислам стомачни си направив од толку многу смеење :rofl: Од кога не си имам така убаво поминато негде... Сакам пак и пак! Ама нема.
    И прекрасен, пријатен муабет си направив со другарчето. Се заборавивме, мили боже... како сум можела. И така ми беше единствено другарче ( во права смисла на зборот). А и погледот беше прекрасен! Магла имаше паднато и светлината од светилките по улиците ги прекршуваа зраците од дрвјата. Прекрасно! Неможам да ви опишам колку беше пренајубаво. А и другарчето исто така. Прекрасно дете, незнам како можевме вака да се заборавиме :x
    За жал ќе си оди, ќе се сели, иако има можност да остане до крајот на летово со нас. Ама тоа е, неможе сам со баба му да седи. А ќе ми фали, проклето ќе ми фали! ;(
    Камо да не мораше сега да оди. Да останеше уште овие неколку месеци. Знам ќе дојде летото, ама нема да биде тоа тоа. Ќе ми фалат неговите совети, неговата утеха, неговите шеги, се ќе ми фали. Да можев да сменам нешто и да го задржам, ама ете ја немам таа сила. Зошто баш сега? И зошто баш сега дознав какво богатство сум имала? Така е, кога ги губиме работите, ги дознаваме нивните вредности.
    Проклето ќе ми фалиш друже! Ќе ми недостига секој ден изминат со тебе, секога школска глупост, се! Камо да останеше, ама ќе одиш...Не оти сакаш, ами оти мораш.
    Единствен си со кого се разбирам како што е редот, единствен кој знае да ме утеши и да ги најде вистинските зборови за утеха, оној кој знае вистински да ме насмее. Тоа е друже мој, проклето ќе ми недостигаш. Еве уште денес ми недостигаш! И проклет нека биде денот кога ми кажа дека ќе одиш и кога останав занемена, без збор, со солзи в очите! Проклет нека е денот и проклета нека е далечината која ќе не спречи повторно да се смееме, повторно да правиме глупости и повторно да ме утешиш како што знаеш ти, тогаш кога е најпотребно! Прокета нека е разделбата и далечината, проклета! ;(
     
    На LittleFairy и pamelche им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.911
    Допаѓања:
    177.256
    Пол:
    Женски
    Ден..со гости... тетката е дефинитивно најубавиот подарок во животот.. сите тетки шо ги иам ги сакам ептемски многу :) И со сите е истиот муабет... се збори за минатото, животот, иднината.. се споделуваат спомени, совети... заедно плачеме, заедно се смееме... не знам што би без нив...ах...
    ***

    Не сум била на свадба не памтам од кога... сигурно некои 12-13 години... додуша не сум ни тип на чоек шо сака такви ствари.. секогаш ме растажуваат... Во август сум на свадба кај 1ва братучедка.. автоматски јас сум главна таму (така таа ми вика) 8) :rofl: е сеа муабетот ми е, меркам една диета на форумов "УН Диета" веќе некое време.. и никако да ја почнам :| а треба да симнам некое килце, добро, требаше да биде некое, ама сеа после празнициве можда веќе е некое више :$ валда деновиве ќе има некаков прогрес на тоа поле..барем се надевам :D а и како сум тргнала вероватно ќе си останам сингл, сва среќа за тоа ама ич глава не ме боли... е сеа, проблем ми е, шо на свадбата ќе биде и еден бивши мој со женската, за кој немам ама баш никакви чувства... ама ја сакам да симнам некое килце бре.. ме разбирате нели? :) Има време до август.. :D
    Го отупев сеа.. ама сфатете...не сум јас, пи ем ес е! :worried: башка ми касни.. ме пукаат хормони.. и ми се јаде мушмули :$
     
    На EvitaPeron и pamelche им се допаѓа ова.
  17. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    СДК, не дека не уживам моментално после цела чинија шпагети со болоњезе сос и цедено сокче од портокалче 8) , ама поспокојна би била кога би ги знаела резултатите од испитот што го полагав во понеделникот.
    Мислев, ќе полагам, си одам дома, се средувам цела со депилаторчето (читај тракторчето :D )- фрц-фрц, ноктите, веѓите, мустаќите кои ги пуштав во чест на роденденот на Гоце Делчев :D , па со книгата пред мене, Гијом Мисо, да се потсетам на романтиката, за да бидам спремна за викендов да го маѓепсам мојот А. со изразите ( :puke: :D )...но, јас се до напнав, чекајќи!

    Утре е тој ден!
    Ден од кој ми зависи, да не речам, ама ќе речам - година од животот, зошто го полагав по трет пат, па ако (не дај Боже) паднам, го презапишувам, а тоа резултира со година дремење, без диплома, работа, без свои пари.
    Понатаму, утре е ден кој несакам да биде снежен, за да си бидам мирна во главава, зошто одам кај него, па несакам да се мислам да не заглавам негде низ снегот.

    Ден кој незнам како ќе ми почне, ама затоа знам како ќе ми заврши.
    Му реков, “Ако паднам, не идам!“ И несакам, зошто ни крив ни должен- ќе си го јаде, си се знам јас, а зошто тој? -Затоа што тој ќе е пред мене, цело време!

    Ама знаете што? Мене повеќето ме познаваат како личност која е позитивна, не толку насмеана, но сепак со убави мисли кои и сега во наредниве 12 до 24 часа ќе си ги практикувам и ќе “привлекувам над 33 поени“ на испитов. :D


    Друго што сакав да кажам е дека, на моменти помислувам Вале Гулабица дека ја имаме на форумов! ;) :D :D :D
     
    На mims-89, tweety26, anuskaNESTLE и 15 други им се допаѓа ова.
  18. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    и како секој изминат ден од оваа недела и овој ден помина со гости..И за утре се повторно најавени ама жал ми е што ке ги разочарам ама петок е :Р нема да ме најдат дома :) Денов ми беше прекрасен во школо, незнам од каде ми дојдоја сите тие глупости да ги изнакажам на кои сите се смеевме. А да игравме и брза географија, незнам колку години не сум играла, се присетив на детството..Ах..колку само прекрасни денови беа тоа..и ако продолжам има уште мн за кажување..и уште нешто :) срцкото ми иде утре, се надевам денот ќе ми биде уште подобар од овие..
     
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Среќата е во малите работи !

    Абе ќе си полетам ! :nod: :rofl:
     
    На TheCandy880 и julie77 им се допаѓа ова.
  20. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам или ја излегов од колосек или остали..... дечко 1ва година средно а девојка 4та година средно..љубов..... :x
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.