Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.325
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    Си го сакам аватарот :lol: многу ми е убав :inlove:
     
  2. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Сакам да кажам зошто се мора да е толку тргнато по ѓаволите...........пријател кој си го сакал, почитувал, сметал за брат да ти закачи нож во грб, од некој што не си очекувал да те предаде, зошто луѓето станаа толку злобни што добиваат за возврат од тоа што повредуваат,газат и уништуваат се што е среќно и добро пред себе ЗОШТО????
     
  3. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Се заљубив! :inlove:
    Али...
    Во Ed Sheeran.
    Не сум напалена тинејџерка по него, ама човеков има толкава харизма, па тоа не е можно.
    Си правам маратон со неговите песни.
    И луѓенца, среќна сум! ^_^
    Фала му на Бога, се врати мирот дома.

    И убаво е кога другар и ќе ти го наполни вратот со снег. :wasntme:
    Надвор снег, мене сонце ме грее! :sun: Ви праќам среќа! :f: Имајте убав ден.

    But I'd rather stay on the sooooooofa! :music:
    http://www.youtube.com/watch?v=BXH-CwvhPfw
     
    На bluegirl7, Someonespecial и pamelche им се допаѓа ова.
  4. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Конечно еден од испитите успешно положен ајде уште малку останаа
     
  5. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Денес сакам да кажам дека најдоброто од мене го добиле тие што не ме запознале убаво. Тие што не ми се доближиле премногу.

    После тоа, секогаш ги разочарувам.

    Сакам и да кажам дека денот започнат со топло домашно лепче наполнето со сиренце кое се стопило внатре не може да биде лош ден. Нели не може?

    Листајќи ја темава, се повеќе се чувствувам вака

    http://4.bp.blogspot.com/_Eul9eW9gNTk/S ... G_2893.JPG

    Низ кал и глупости со надеж дека ќе наидам на некое бисерче што ќе ме насмее, расположи, научи нешто ново, ќе пренесе некаква емоција...ама не. Ретко и тешко.

    Денес калта се исплати со стипендијата на Кенди, извојуваната лична побуда на тоа збунето суштество Мис Ричи и исповедта на anabel-a. Сите ми пренесовте нешто позитивно, а од постот на Анабела се замислив, се вратив во некој мој таков период...

    Денес вие, утре некој друг ќе ме натера да помислам да да влечкањето низ кал се исплаќа. Макар за еден краток момент на насмевка.

    Сакам да кажам не сум фан на бебиња бе. Не сум. Цуци муци, и дур да видиш ги наполнило пелените и на сите во собата веѓите им паднале од реата. Ама еве сум јас 8)

    И тука мајка ми ми ја лепи во фаца со А што мислиш бе ти, тоа твоето на ванила да не мирисаше? :D :tmi:

    [​IMG]
     
    На Miss.Ricci, tessie, CharmedGirl и 21 други им се допаѓа ова.
  6. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Во собава се разлева мирис на пукнато велигденско јајце,што стоело 2-3 години.
    Случајно падна од еден рафт дирек на плочките во кујната.
    Ужас !
    Како и да е лоша е идеата да се чуваат велигденски јајца за спомен..
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Преку глава ми е од квази-филозофи на кои му раскинал дечкото после една недела врска и веќе се сметаат за компетентни мислители па можат да ми солат памет и да ми го откриваат значењето на животот со неповрзани глупости кои ги слушале по филмчиња.
    [​IMG]
     
    На CharmedGirl, SparkyAngel, CoverGirl10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Kупувањево ствари за носење ми е буквално терапија. Не, не го викам тоа за да испадне ко фраза некоја од фејсбук или твитер, туку во секоја смисла на зборот ме усреќува. Ме усреќуваат стварите што си ги купив минатата недела, двата пара чизми високи и до глужд што си ги купив денес, ме усреќува да си го надополнувам плакарот. Не знам како звучи, ама ептен се радувам на секое купено стварче ко дете на играчка. Како и да е, треба да почнам да учам деновиве толку од слободата, искачањата кога сакам каде сакам до колку сакам, од следнава недела веќе почнувам да воведувам распоред и ред. Онака као тајм тејбл, ју ноу... или па чисто за мене а ту-ду лист и да штиклирам, чекирам...
    Не напишав, пошо ми се форматираше компјутеров и немав македонска поддршка, ама еве сеа прилика да кажам кооооооооолку ме болат сите коски и мускули ваљда од времево и главата. Ги осеќам како ми вијат, ко да ми вибрираат бррррррррррррр, аман. Ај идам да глеам тв и да се опуштам :call:
     
    На moonlight-girl.55 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Денот ми започна рано, а денеска не сум на работа. Лежев подолго време во креветот, си фантазирав со отворени очи, си правев екскурзи на моето мозоче, допирав со умот во длабочината на моето срце, преиспитував некои одлуки, барав нови начини за донесување битни решенија, ја гледав убавата паметна главичка на М... потоната в сон и чувствував некаква внатрешна еуфорија без причина.
    Прередував алишта, ги подредував по боја, големина и прилика за носење :) Многупати ми се има случено кога брзам, да извадам се од плакарот и потоа во огромен куп да збуткам се во него.Не прашувајте за наредното отварање, хаос невиден, се паѓа врз мене и денеска му дојде редот да биде под конец.
    Се видов со драги луѓе, со кои се немам видено подолго време, што од брзината на живеењето, што поради работните и домашните обврски, што поради неодговорност. Дружењата се сведуваат на случајно видување „уз пролаз“, разменување општо-познат муабет од три реда: Како си? Што има ново? Кога ќе пиеме кафе?, а и двете страни се свесни дека договорот за кафе е повеќе реда ради и дека нема да се случи во догледно време.
    М... виде кокичиња во комшискиот двор, ми раскажуваше приказна што ја учеле во градинка за доаѓањето на пролетта, зборуваше возбудено, брзо и живо. А да знаеше само тоа умно главче, колку јас со нетрпение сум во исчекување на пролетта...да оживеам повторно...
     
    На blond, bittersweet, tweety26 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Колку е глупаво чувството кога во продавница ќе видиш дека не си земал доволно пари да платиш или си ги заборавил парите. :tmi:
    Или уште полошо,ќе отидеш со некого да се сретнеш за нешто да му дадеш/вратиш и тој предмет ќе го заборавиш. :clap:
    Овие работи само мене можат да ми се случат. :nod:
     
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Зошто сум разочарана ? !
    Ми треба прегратка , ми треба да се засолнам во нечива прегратка некој да ми каже дека се ќе биде во ред . Макар и што знам дека не може се да биде совршено ... Моментално се чувствувам дека сум од друга планета гледам не верувам луѓево во што се претвораат ? ! Човековите вредности се одамна поместени , а мене се помалку работи ме радуваат . Порано успесите макар оние ситните ми носеа адреналин , возбуда насмевка и воздишка . Сега не умеам да се радувам заборавив ...
    Не си го ценам ни успехот , тоа ми е најжал криво ми е за мене . Како емоциите да ми заледуваат и тоа буквално во секоја смисла на зборот . Помалку сочуствувам , помалку сакам да ги разбирам , помалку ги сакам . Од толкава лицемерност веќе не знаеш кај да се завртиш и која страна да ја фатиш . Разговарав со еден пријател кој го знам долги години , секогаш сум била во добар пријателски однос . Разговаравме до кај е ,што прави во Животов за идните планови . Започнаваме тема за заедничките пријатели т.е познаници поточно . Со тие што ми згрешиле нејќам ни во добро ни во лошо да бидам ги шкртам и продолжувам . Му кажав дека немам никаков контакт дека безсрамно ги одминувам без да се трудам да се правам дека не сум ги видела . Истите тие на него му згрешија 556845 пати повеќе . Ми кажа Венди сега сум многу поблизок , сега имам здраво со нив . И јас :o како тоа кога толку ти погрешија , јас не планирам ни да трепнам покрај нив ми кажа
    -Во Животот не знаеш кој ќе ти потреба , немој така да функционираш треба сите да ги чуваш и да се лигавиш ако треба .

    Останав запрепастена е мал збор , се разочарав тотално . Не можев да не се запрашам .А тој е со мене ми прави муабет зошто ме сака и почитува ко човек или заради корист и помислата дека некогаш ќе му затребам во Животот ? ! ?
    Поразително , бедно и жално народе ... И после зошто сум разочарана зошто не знам на кого веќе да верувам за кого да се борам , кого да задржам . Кој вреди , а кој глуми .
     
    На CharmedGirl, tweety26, Angy.g и 10 други им се допаѓа ова.
  12. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Значи јас и брат ми сме зависници од благо. Можно ли е постојано да се бара и да се јаде чоколада :D И после ќе си велам во огледало: Крајно време е да почнеш со диета и утре ќе видам чоколадо и ќе си речам ма каква диета ќе јадам :tmi: Тоа е ...

    [​IMG]
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Според последниот направен тест(на кафепауза мислам беше) дознав дека размислувам како маж. :D
    Тестови ќе правам кога си немам попаметна работа.
    Оти и денес добро поминав, му викам на брат ми сакаш ли да те частам да ти земам некое убаво јадење ама веќе јадел... епа ок, си пројдов од зелен пазар и си се почастив ташна, епа сега нема него да го молам :D Туку финито, денес заокружив со скрипти, маркери, и остали такви сра*а и сега се фрлам на уживанција до понеделник оти почнува нали новиот семестар глупав, ама како да ви кажам многу ми е гајле сега јас сум на распуст :D
    И това, на западу ништа ново, освен една нова симпатија за плакнење очи.
    Сабајле накиснав како маче и по дифолт кога стигнав на факултет преврна, цел ден одев со шишките извиткани и раштракани на сите страни... срам не срам морав така да завршувам обврски. :emo:
    Според првичните планови ова ќе биде убав викенд, па надежно е Марфи љубави да не замеша некој прст, оти еден негов прст е доволен за да се направи голема каша ]:)
    Ајјјјт чаоска, имајте убава вечер
    :hai: 8)
     
    На Sexybaby86, bittersweet, Monna.Monna и 18 други им се допаѓа ова.
  14. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Личност која првпат ја сретнав во животот,послем само два реда муабет успеа да ми го разубави денот .

    На повидок ново искрено пријателство ,кое рака на срце е ретко на денешницава, хм :?: ?!

    Кокиче си :f: ејјј ,миличко кокиче кое од под ладниот снег се пробива на виделина да го огрее макар и само еден мал срамежлив зрак сонце ,доволно е зар не ,доволно да ни ги стопли срцата и да ни влее надеж... :sun:

    ;)
    :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    • ,,.JPG
      ,,.JPG
      Големина на фајлот:
      17,2 KB
      Прегледи:
      422
    На Trnche и Yowannty им се допаѓа ова.
  15. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Кога некоја анорексична кокошка ми се жали дека е дебела, ми иде да ја фатам за коса и да и ја искорнам.. |( Под итно доживотна робија за таквите гуски и сите нивни роднини до трето колено.. амин :|
     
    На CharmedGirl, sweet-cherry, blond и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... една од моите полоши особини е што, кога ќе го замразам човека, со никаква постапка не може да ми се замили и да ми се прилепи за срцето. :worried:
    Засекогаш е впишан на црната листа, и тоа е тоа, може после да ми донира и бубрег и да се нуди да ми заврши најголема услуга, џабе е, јас останувам на ставот дека го мразам, и не ме тангира никаква вест врзана за него. Ниту оние трагичните и тажните вести не предизвикуваат емпатија кај мене, зашто јас сум на чисто - те мразам, и ако ти се случува нешто лошо, твој проблем, ниту сакам да ти помогнам, ниту те мислам, ниту те сожалувам.

    Секако, овој личен феномен си има и обратнопропорционален ефект: кога некого го сакам, ќе дадам и делче од душата за него. Ги чувам најмилите и најсаканите и им прогледувам низ прсти и маани, и дури и кога ме разочаруваат, повторно ги прилепувам до срцето, зашто кога веќе еднаш се пикнале таму, тешко дека ќе го пронајдат излезот.
     
    На CharmedGirl, femina90, antonina и 26 други им се допаѓа ова.
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    17.174
    Господе слушни ги молитвите на ова чедо.
    [​IMG]
    Амин!

    Него да кажам дека ќе пукнам од досада! Немам што да правам, немам со кој да правам. Да испаднам сакам, ама да се шеткам на ветерчето, само шо не зависи од мене |-)
    Сега ќе си псовисам дома!
     
    На Chimera и prettyliar им се допаѓа ова.
  18. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Се скарав со една па со друга другарка...И не ми е криво.Не се единствени. :) Имам и други другарки.Со единствен човек што не се скарав е еден другар од оделение.Излеговме и се прошетавме.Па подобро со другар да излезам отколку со другарка.Машките се подобри другари.Од искуство.А сега има да уживам.Дефинитивно.Ке читам книга.Таа е мојот пријател што никогаш не ме напушта.А сите други нека идат по ѓаволите.Сите. :)
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Ми пишува мајка ми на фејсбук „Стана мачко? Сакаш пишешки прсти за вечера?“
    Фала на социјалниве мрежи, више не мора да се дереме низ дома. :bow:
     
    На blond, anichka94, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    хахах и кај мене е исто,нема веќе викање дома,само што моите немаат фб,па телефонски збориме.
    Еве јас на вип ке се заблагодарам :lol:
     
    На machka1 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.