Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Да се јавам на рецепција!
    Не славам Валентајн!
    Според мене глупости, безвезе трошење на пари.
    Јас можам секој ден да си го направам да ми биде Валентајн. Не треба да го чекам 14ти. :D
     
  2. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Злобен си злооооооооооообен :worried:
     
  3. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    И јас би се сложила со вас, а и во контекс на темава најдов еден интересен статус
    ,, кој е тој свети валентајн бе шутраци едни. шо не слават американците Крстовден !? ,, :)
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.213
    Допаѓања:
    139.820
    Понекогаш се прашувам која сум.
    И да отворам лична карта, пак не ми е јасно. На слика некоја си девојка или жена, што да е, со фатена коса, а јас косата никогаш не ја носам фатена.

    Денес пак се прашав.
    На Мугер Фугер беше проклето добро, а мислите мои беа окупирани со прашањето дали можеби е редно време да си признаам дека има некоја фаза во животов која сепак сум ја пропуштила.

    Може некој си мисли дека да, сум пропуштила затоа што се омажив на 23.
    Не.
    Туку поради тоа што почнав да работам на 21, две работни места, со цело работно време. Е тоа беше нагло созревање и откажување од многу нешта.

    Понекогаш се случува да заборавам што имам дома.
    А денес ме потсети со едноставен муабет.
    Боже, јас сум среќна жена.

    Среќна жена и мајка на две малолетни деца што ужива да оди по свирки и концерти. И што полудува од среќа кога ќе слушне електрични гитари и бубњеви. Полна со енергија, во први борбени редови.
     
    На Trnche, moonlight-girl.55, ph.orhideja и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Ми фали Betty Boop25 :doh:
     
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Има нешто полошо од пубертет, се вика втор пубертет, и доаѓа на 25 години, особено ако раскинеш долга врска и си женско. Колку што жена може да биде глупава толку маж не може да биде паметен, само тоа ќе кажам.
    Не дека треба сите да се пензионираат после 25та, ама треба да бидат способни да сфатат дека не може веќе да се лудува и журка како на 16, не за друго, туку не личи на годините, а и особено оди на живци на другите околу тебе. Исто така, со 25 веќе не можеш да правиш луди работи од љубов (оние тинејџ драма), од причина што, не ти доликува на годините, и до сега требало да сфатиш дека ако станува збор за љубов, нема потреба од луди работи.

    Што знам, тој што си игра со оган секогаш се гори, и си ги заслужува и раните, а богами и лузните. А некои изгореници оставаат и тоа какви лузни.
    Се што е за памет е добро, на некој начин, макар и чуден. Најверојатно ако сите учевме од туѓи грешки, светов ќе беше премногу идеален и досаден...и ќе беа искоренети до сега, ко лепра.
    Јас искрено, многу се надевам дека ќе научам од овие грешки што некој друг ги прави наместо мене, никогаш не би сакала да се најдам во олку глупаво издание.
     
    На marama, CIA, Ilusionist и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Офф еве го 1 дојдело..Море 1 и пол е..И јас сеуште неможем око да склопам..Незнам деновиве или јас сум сменета многу или со тие околу мене е проблемот..Сите се прават паметни и дофрлаат за се и сешто, а они кутрите не си го погледнале својот живот..Тоа е..Такви сме ние Македонците..Нема нема закачеш му тенекиите на некој и ајде нека тропаат по него..
     
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    17.174
    Да ви се пофалам. Ми пиша Марио Лопез на фејсбук. Научил да зборува македонски и се потпишал како Маријан. Но го познав по сликите, а мислеше дека ќе се прикрие. ;)
     
    На CharmedGirl, Glossy-girl и Greeen им се допаѓа ова.
  9. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Пишувајќи за моето детство, се навратив на сите болни спомени. Моите рани, трауми.
    Сега како повоздрасна, сфаќам. Јас само сум барала заштита, искрена прегратка.
    Немав детство. Онака сосем сама, со моето имагинарно другарче, само со него си играв. Благодарение на опшеството.
    Јас знаам како е да си отфрлан од средината, онака стуткан, да не те канат на родендени, да немаш кого да повикаш на роденден.
    Во цело детство само еден роденден паметам, тогаш беа дојдени децата од населбата, и само тоа. Толку.
    И сега кога ќе ме прашаат зошто си толку арогантна, што да им одговорам?
    Да си кажам за детството? За имагинарните пријатели, за мојата кутра мајка која правеше се да го смени тоа. Што да си кажам сама на себе?
    Длабоко во себе знаам дека тоа е основата на мојата сериозност. Тоа што не ги пуштам луѓето до себе е поради тоа што не знаам како и да ги пуштам. Како по ѓаволите да се однесувам?
    Затоа кога ќе имам некој покрај себе го стискам силно, се плашам да не бидам повторно сама.
    Доволно време поминав сама со себе, сакам да биде покрај мене, онака потпора да ми биде. Да имам кај кого да отидам кога ќе згрешам, кога ќе ме повредат, кога ќе нема кој да ми даде рака кога ќе паднам.
    Да ме љуби како и до сега. Онака со допир да прави се да помине.
    Животе те молам, не ми го земај и него.
    Доста е самотија
     
    На Hopeful, Chica.Loca, CharmedGirl и 27 други им се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК се е математика во животов, приметувам кај другите....Што направија луѓето од себе си? Роботи ли? Секој пат различна песна, мислејки дека е само она во кое тие веруваат, а како другите не приметуваат? За некои, емоциите станале апстракција, а за други се уште приоритет во животот, ама тие да се и ретки, дури ќе ги снема веќе.Се што си прават на себе си, само создаваат одбивност во очите на другите.Така, се губи човечноста, полека.
     
    На LittleFairy, stylishh и blond им се допаѓа ова.
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Некаде го прочитав или слушнав ама за мене претставува целосна вистина.
    If you find a job that you love doing, you will never work a day in your life !

    Првата работна недела ми помина одлично, си ја сакам ептен многу работата, малку бев загрижена за тоа како малиот ќе се вклопи во градинка ама немало потреба за грижа, главна фаца им е таму, сите го сакат а си има и една мала обожавателка, не се одвојува од малиот и кога го земам плаче сиротата по него......Срцекршачка има конкуренција :rofl:
    Единствената негативна работа ми е станувањето за прва смена, станувам во 4 сабајле за да имам барем саат време да се однамќорам за да во 6 кога ми почнува смената сум колку толку нормална особа :D

    А да ме видеше некој колку и се радував на платата ќе си помислеше дека немам видено пари со години :lol: ама има разлика од тие што ми ги дава државата и мм нормално и од сопствени пари заработени :)
    Четврток како ден пак си има значение......it`s pay day again :lol:

    Мм и малиот ме откачија, отидоа денот да го поминат на море, да рибарат, целиот машки клан на мм а на женски им е забранет пристап на бродот, се додека некоја од нас снашките не роди женско :D
    Многу ми е слатко детето во јакничката за спасување само за штипкање е :inlove: па колку се прави важен дека ќе ловел риби, нааааааааааааааа толкава ќе фател :D
    Со приказните за тоа колкава риба ќе фати веќе е рибар :rofl:

    Кога веќе ме откачи моето дете ќе одам да си ги гњавам малку внуците, поинтересно е тоа од чистење :rofl:
     
    На Hipster, CharmedGirl, NoellePage и 40 други им се допаѓа ова.
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Дали со годините си доаѓа зрелоста или животот не става пред милион искушенија, за да ја опипа дебелината на нашите живци? Сега се чудам, како сум можела да замижам пред некои работи, да толерирам постапки на некои луѓе, иако сум била свесна дека не се правилни? Дојдов до констатација, дека секогаш предност сум давала на туѓите чувства, а моите сум ги занемарувала, од страв да не ги повредам тие луѓе, а никогаш не сум размислила, зошто едноставно тие луѓе, некогаш не ги земале в предвид моите чувства и не се запрашале барем еднаш, дали мене ме повредуваат со своите потези? И почнав да ги бришам, еден по еден, ја чистам листата од лажни пријатели, од оние кои само гледале корист, од оние кои само барале начин за пополнување на слободното време, од оние кои сакале да ме понижат за да се истакнат самите себе си... И не ми е криво, зашто пораснав и сфатив дека мојата доблест да бидам вистински другар, во секоја смисла на зборот, повторно се издигнува над нивните лицемерни скриени намери. Само сега не ми е страв да кажам што мислам...И кога ќе се спротивставиш на она што некогаш било сосема природно да се случува, веднаш ти даваат карактеристика на кучка. Можеби подобро да мислат дека сум кучка, отколку да бидат убедени дека сум овца.
    Денот осамна без сонце, но душава ми ја грее помислата дека убави нешта ќе се случуваат деновиве. Изненадување на малечката, воопшто нема претстава како ќе изгледа нејзината соба, а да знае дека потрошив две недели на интернет, правејќи комбинации, склопувајќи нацрти, да го изградам нејзиното лилаково царство. Елементите се бели, сепак ја одбрав чистотата на белилото во комбинација со боја на лаванда. Само уште да го одведам мајсторот да земем мерки.
    Денеска пак ќе одам во новиот стан. Иако е празен, сепак ме смирува ширината на тој простор и во него не гледам само голи ѕидови, ја гледам својата иднина, хармонијата на моето семејство, се редат слики на топли зимски денови, слики на пролетниот ветер како се игра со завесите, слики од зраците на летното сонце, дури чувствувам и мириси, на есенскиот дожд, на бадниковата вечера, на пролетните утра и жешките летни ноќи, а можеби ќе слушнам и плач...бебешки плач на нов живот кој уште не е на повидок, но јас не престанувам да се надевам, затоа детската соба и ќе има два кревета...
     
    На ilipili, Lilit, baby-star и 22 други им се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.950
    Допаѓања:
    123.537
    Koга неможам да спијам,седам во кујна.Ја затворам вратата и седнувам до прозор.Тој знае дека нешто не е во ред,кога ќе ја слушне вратата затворена.Некогаш знае само да ме гушне и да седи до мене,некогаш ќе ми направи цеден сок и кафе,некогаш ќе ме тормози да му кажам што е,иако секогаш знае,ама најверојатно му е тешко да ме гледа таква,па знам дека сака да му кажам,за да ми биде полесно.
    Некогаш,да не мислам ,фаќам нешто да направам.Како утрово,решив да го почнам со блашко :wasntme:
    Синоќа,толку мисли ми се измешаа во глава,што незнам како не ми експлодира.Многупати си ветив дека некои работи нема да дозволам викендот да ми го заземат,ама џабе.Да исполнам барем пола од ветувањата што си ги давам,ќе бидам подобро.
    И незнам како,ама се случи да веќе се ми е сеедно.
    Доаѓаат тешки денови,а мене пак ми е сеедно. :^) Сакам само се да заврши и да почнам од почеток.Баш сношти си размислував како животот ми е една мешаница.Нонстоп нешто се случува,никогаш нема период да е се лагано и мирно,а јас за жал не можам да го спречам тоа.

    Mирисот на цимет,кој ме смирува,се шири низ станот.Знак дека тортата е готова ^_^
    Има ли поубаво утро ,од утрото кога ќе го почнеш со парче торта :mm:
    Уште тој да не мораше да оди на работа ,ќе беше совршено :D
     
    На ilipili, Moira, CoverGirl10 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    СДК..

    [​IMG]

    :lol: :*
     
  15. elenamkmk

    elenamkmk Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    13
    СДК дека вчера ја видов на факултет додека одеше имав пеперутки во стомакот исто како првиот момент.леле а 25 год имам
     
    На aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК дека боли болката од операциа :( :( :( :( :( ме убива
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    42.999
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека очајно ми треба тој во мене...имам една таква желба...некако поради сплет на околности никако да дојдеме заедно до кревет, а кога не се случува подолго време многу сум напната мајке ми :D Јас сериозно неможам да сфатам како некои од моите познајнички така млади и заљубени немаат желба за плескање и не го прават тоа со месеци и ми се плаче за нив.

    Него друго се навраќам на темава едно 200 пати да кажам нешто и некако се губам во просторот и така замолчував последниве недела дена...
    Смотанка сум си малку, си дојдов специјално за на очен и заболекар и гес ват?Ја заборавив книшката во станот и така фино лепо бев денес зошто мораа да ми ја пратат дури касно вчера ама докторот не ми бил дежурен и така фино лепо ќе си бидам со болка уште некој недела.Смотана, смотана сум си за такви ствари.

    Завршив официјално и со трети семестар...положеноп туто комплето и покачен просек.Мхм :emo:
    Кога се запишав на факс си дадов задача сама на себе да не заглавувам со години, да не влечам некој предмет со години...знам дека веројатно ќе се деси да заглавам со нешто, сфатив дека уствари тоа е да се биде студент...ама засега исчистив се и горда сум некако.

    И се фатив повторно за четките и боите...имам и некоја порачка па се надевам на некој денар да си го купам палтенцето од Зара што толку е намалено, а толку топло за наредните зими...

    Надвор блесаво време...знаев, знаев дека ќе падне снег само што ќе тргнеме на факс и ме изреволтира да ви кажам.
    Него сакам неделава да ја поминам со него да дојде на гости и да се гушкаме во ладните ноќи и имам желба за некој секси настап за негови очи...има да смислам нешто па мајка Јана.

    И то.Се одјавувам.Убав викенд.
     
    На Moira, bittersweet, crazylady и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Растеме, се менуваме ко калеидоскопски глетки, чувствата се претвораат во лаленца, та зумбули, кактуси, важно цветаат. И летаат. Но, преку нив си го чуваме срцето. Ден за водолијата. Индиго деца и чуда на деценијата. Жижици и меана Јоле, боемски до колена! Добив комплимент вчера дека кога ќе остарам ќе бидам милфица за алтернативци 8) :D Коктели во микс, Long Island не е за кратко пиење, а богами и цигарињата не се за да ги упражњавам само во петок навечер ко некоја недоквакана средношколка! Ама, убост. Кога си со луѓе што ги сакаш, се’ е убаво. Дури и тупите вицови за цајкани и слично. Хип хоп и магла во кола. Баничка после полноќ и заклетва женска ем другарска = Што и да биде, Ние остануваме едно! Во манир на филм, на нереалност, а така вистински. На Сај и купивме шал да ја топли на север, во Салун мирисаше на непран чорап и избегавме со брзина на светлината, испивме се’ што можеше да се испие, отворивме теми на сегашни, бивши, можни и секакви луѓе што сме ги поминале низ филтер и ни дојде горко на душа - Ќе дојдат и нови времиња. Мораме да им ставаме малку шеќер, насмев, за да издржиме. Да, кога имаш другарства што се носат на рамо со вселената, ништо не е тешко.
    Ниедна промена, ниедна состојба.
    Имаш кој да те крене кога си паднал.
    Имаш кој да те критикува кога си се занесол.
    Имаш.

    И доволно е.

    Водолијо, да си ми среќна секогаш! :* Денов е за песна!
     
    На Johny, Springy, I.love.your.lips и 9 други им се допаѓа ова.
  19. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    СДК дека се напнав има да ослабам до летото има газела да станам !!! Аман веќе :D
     
  20. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Само што станав.И убаво се наспав.Откако станав како нова сум после тоа вчера што се случи.
    Да ме видеше некој од надвор ке помислеше дека сум луда кога се дерев на една другарка во влез,ама неможев да издржам,пукнав.И ставив крај на тоа другарство.

    Сега,кога станав мајка ми ја барам низ цел стан.Брат ми ми кажа дека е на работа.Мене не ми се веруваше мислев дека ме завркафа.После неполна минута мајка ми ми се јави од работа и ми кажа дека е прва.Почнав да се смеам како луда.Среќна сум што мајка ми ке си дојде во 3 (до 2 е,ама додека дојде и треба цел саат |( ),наместо во 11 вечер.

    Вчера откако убаво си плачев и плачев вечерта ми текна дека сакам да неучам хемија.Во вторник правам тест,а имам 3.Затоа татко ми ми викна наставничка да ми објасни и мислам полесно ке ми биде.

    Сега,прво ке се истуширам како што си е редот,а потоа во маркет.Денес на менито ми е се палачинки.А брат ми ги јаде само моите,бидејки најмногу му се допагаат :) и после долго време повторно ке направам.

    Па,слободно повелете на гости :) .
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.