Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.238
    Допаѓања:
    157.271
    Нема поубаво од саботно утренце и кафенце...
    Маглива светлина до округло сонценце...жолта светлина низ завеси.
    Пријатноста на нештата се голи рамења и милост зад тебе,ти ја допира косата и си плете приказни за утре. Боси ноџиња и планови за денот.
    Ќе ти рече те сакам до себе, се плашам од тебе, сакам да сме заедно во кујна,сакам да се смееш...станав пареа,па во бел пролетен облак!
    Животов не може да е поубав.
    Само да не ме тиштеше она мое интиутивно срање...кому лошо ќе се случи? :( Се плашам за мајка ми најмногу.

    http://www.youtube.com/watch?v=jRQY6JaGfQY


    Епа да,МДААА!!!
     
    На ocila, teddybear, Springy и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Зошто ли ние луѓето сме суштества кои многу е лесно да ги повредиш?
    Но, сме доста храбри да за се соочиме со таа повреда и да ја победиме.

    Им се восхитувам на луѓето кои после многу падови во животот успеале да се кренат на нозе без да ја изгубат желбата и ентузијазмот кон нештата.
    Читајќи ги последните неколку стани сфаќам дека не само јас имам тешки моменти, проблеми кои навидум изгледаат нерешливи.

    Сите плачиме, сите се радуваме, сите се бориме...но,сакам и сите да знаат искрено да сакаат и да помагаат.
    Ретко наидувам на луѓе со кои би можела отворено и искрено да разговарам, а тоа толку ми треба и ми помага.
    Каде ли заминаа искрените луѓе често се прашував? - Но,фактот е тоа дека ние неможеме да ги видеме бидејќи сконцентрирани сме на тоа повторно да не наидеме на некој кој ќе не повреди. А, нели...од тоа сите бегаме, преку глава ни е.

    Која е таа среќа и сатисфакција кога срцето ти е полно со љубов. Даруваш љубов, примаш љубов, було на кој , било од кој...возбудливо е нели? Чувствувам пеперутки и кога ќе добијам прегратка од татко ми, и кога кучето ќе ми направи здраво и кога папагалчето 15 минути пробува да ме разбуди со неговата песна.
    Незнам како ли живеат оние кои немаат љубов спрема ништо и никого.?

    Па еден цртеж кога го цртам во него внесувам љубов, и кога ќе го видам крајниот резултат, тогаш тој ме исполнува со истата љубов и задоволство.
    Ете најпрост пример, но јас сум таков човек. Се радувам на најмалите нешта. Човек сакајќи секогаш да има повеќе и повеќе заборава колку некои ситници може да ти ја стопат душата како сладолед на сонце.


    И за на крај, да сумирам, јас сум еден заљубеник во се` и сешто. Колку и да ме повредуваш, ја неутрализирам болката со љубов. На тој начин самата се заштитувам од страдање.

    Да, денот е прекрасен. Сонце има, а сонцето мене ми е лек за се`.
    Се чувствувам како сега да сум се родила, многу слободно.
    Ќе го вкусам денешното временце, ќе ме погалат сончевите зраци...еве пак ќе кажам се чувствувам среќна после толку време, незнам зошто, не знам ниту поради што...
    Едноставно душата ми се смее!

    Имајте и вие убав ден исполнет со насмевка :)
     
    На ludoto19, CoverGirl10, Marjan007 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    СДК дека ми недостига летото. Ми недостигаат вечерните летни прошетки па и денските. А во ова зимово неможеш од дома да излезеш.. САКАМ ЛЕТО, ајде лето побрзај !!! :)
     
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Саботно утро. Долгоочекувано, посакувано...

    Го дочекав со страшна болка во грлото и кашлица која не престанува. Пак сум болна. Веќе 5-ти пат во последните два месеца. Нешто дефинитивно не е како што треба со мене. Имунитетот сум го заборавила некаде по пат, или сум го изгубила. Секој ден сум се` послаба, и физички и психички. Килограмиве се топат од мене, и нема ден а да не добијам барем два коментари за тоа колку сум ослабела и без да ме прашаат што ми е со прашален и сожалувачки поглед.

    Речиси и ништо да не ставам во уста, апетит никаков. Јас, најголемиот гурман на свет, веќе ни апетит немам. Не знам што се случува, но почнав да се загрижувам. Време е да направам некои испитувања. Иако генерално подобро се чувствувам вака со помалку килограми и убаво ми е во сопствената кожа, морам да откријам што се случува со мојот имунитет, ако воопшто имам нешто останато од него.

    Од друга страна пак, продолжувам да трчам по сите, гледам да угодам, да помогнам, преземам повеќе обврски отколку што можам да поднесам, за на другите да им биде полесно. А најтрагично е што знам дека тие не би го направиле истото, во многу наврати сум се уверила. И јас пак по нив. Кога ли ќе се освестам? Веројатно никогаш. Таква сум родена и таква ќе си умрам. А на другите нека им служи на чест мојата помош.

    Имам уште многу да кажам, но немам сила ни да пишувам. Телово мое болува, желно за одмор. Ми иде само да спуштам ролетни и да не станам од кревет два дена.
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Дојде и сабота.
    Добро е што има сонце и што не врне,ќе биде денот убав :)
    Цел ден добра музика и добро друштво..
    Има нешто подобро ? :)
     
  7. gavolica4

    gavolica4 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    22
    сдк дека ми е преку глава од овој брацен зивот и дека сум ресена да ставам крај на се,некам да сум веке глупа и изневерена,ми помогнаа форумдиките ама бас многу фала ви.од денес сум нова лицност
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Kолку само може да боли животот. Прашувајќи се зошто го заслужив тоа сфаќам дека нема потреба да го прашувам зошто одговорот лежи во мене, а јас си одговарам дек така требало да биде, баш така со некоја силна причина која сега и не можам баш да ја дознаам. Можеби така се тешам дека така требало да биде, ама ела некој нека објасни зошто тоа морало да се случи кога никој не може да даде објаснување...
    Колку и да сум насмеана или колку и да глумам насмевки, тагата во моите очи мислам дека не може да биде скриена. Не можам да кажам дека го мразам мојов живот, сум имала се што сум посакала, имам најдобри родители кои прават се за нас, прекрасна сестра, дом, топло катче, но тоа не е доволно за да можам да ја тргнам ужасната болка која ме кине одвнатре заради неправдата која "несакајќи" ми е нанесена. Tаа неправда да ја речам ужасно ја плаќам до ден денес и ја трпам, но е дел од мене со кој научив да живеам, а и благодарение на неа јас колку и да сум ранлива три пати сум појака и покрај се знам колку вредам и која е мојата цел во животов кон која чекорам.
    Некогаш не можам да поверувам дека еден ден и таа неправда ќе се " поправи", а јас за тоа морам да се спремам убаво за да можам да го поднесам. Дали ќе биде за 4ри или 5 години не знам, ама знам дека отсега го чувствувам тоа чувство на исполнетост и конечно задоволност од исправената неправда.
    Го знаете она чувство кога солзите само што не излегле, солзите ти се на очи, а ти се правиш јака и дури се обидуваш да се смееш само за да невидат дека ти е тешко и да не ги секираш тие околу тебе или за да избегнеш тешење и тапшање по рамо за кое знаеш дека во моментот не ти треба, туку она што ти треба во тој момент е да се пикнеш под ќебе и да оставиш солзите да течат како река се до последната капка.
    И сфаќам и сведок сум на уште поголеми неправди, ама тоа е животот, насекаде сме опкружени со нив колку и да се болни, колку и да те повредуваат се учиме да живееме со нив и истите да ги надминеме.
    И кога се ќе заврши јас никогаш нема да го заборавам тој период од мојот живот кога сум живеела со неправдата и сум се соочувала со неа во најразлични ситуации.
    Тоа е животот кој покрај се го сакам премногу и му се заблагодарувам што постојам.
    Длабоко неправдата за која зборувам крие во неа цела животна сторија, за која реков дека нема да можам да пишувам.
     
    На Inhume, Glossy-girl, Hopeful и 12 други им се допаѓа ова.
  9. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Сдк.

    Постојат денови кога можам да испијам буре од 3 тони кафеее. Епа ова е еден таков ден.
    Незнам кое кафе ми е по ред, учам,имам 2 испита во Понеделник и уште еден во Вторник.
    Ајде со среќа, се надевам ке ги средам. ;)

    Имајте убав ден девојки, а јас пријатно и се надевам продуктивно учење.
     
  10. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Ајде снегот не уби веке :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На alessandraaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк го знаете она чувство кога околностите,случувањата околу вас се убави има доза на убавина и топлина околу вас но и покрај целата таа топлина и среќа ви недостасува нешто.
    И покрај сите оние убави мигови,нешта што ми се случија во последните неколку дена чувствувам некоја празнина таму во срценцето ми недостасува она љубовно внимание со кое може да си кажам
    "Да,некој мисли на мене во истиот миг кога јас мислам на него. Да, имав прекрасна вечер со некого а знам дека и тој имаше со мене. Да, дланките ни изгледаат совршено кога се една до друга. Да, насмевката ми е поголема покрај неговата. Да, неговата прегратка и воздишка ме прават да се чувствувам како да имам моќ да создавам среќа и да му ја подарувам со секој бакнеж."

    И би му ги кажала сите овие нешта, само да умееше да го покажува она што го крие во себе поради луѓето околу него.

    Е ми недостасува таа негова топлина во срценцето, јас мојата топлина ја чувам себично само за него само неговата горделивост, неговата неискажливост не му дозволува да биде она што навистина е.
    Знам, а и сите околу мене тоа го велат "Не измачувај се, не го заслужува тој твоето љубење,внимание." свесна сум за тоа доволно многу, само разумот и срцето не умеат да прават смирен диалог. Вечно ривалство е помеѓу нив.

    Минатата вечер беше убаво, танцување,пиење,насмевки, :!: и тој на неколку маси подалеку од мојата, блиску а далеку, го чувствував а не беше покрај мене, знам дека ме виде ни се споија погледите но ништо. Ништо, ја уби секоја трошка надеж. Не можев уште еднаш да поминам над мојата гордост, не можев уште едншка да си прегазам над моето ветување што си го дадев сама на себе.

    Се вратив со изморени нозе од играње, си легнав со солзи во очите си ја прегрнав празнината во мене и сум заспала со сите оние мисли што почнуваат на Зошто? како? вака, онака,ќе биде,нема да биде, крај е.


    :|
     
    На Umbrella22, crazylady, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  12. tina-kiki

    tina-kiki Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    1
    Еве и јас сакам да кажам нешто и некому а на кого ако не на вас зошто се чуствувам многу осамено кога сум сама аа кога ке седнам тука и ќе ги читам вашите совети и мислења многу ми е полесно...Живеаам во село одалечено од Ск 30км далеку е многу неможам да искачам никаде аа имам 20 год остај тоа па и родителите ми се малку старомодни дечко несмеаам да фатам веднаш почнуваат со нивните приказни вака било така нечинел за мене ии јас пак сама....на факултет одам па добро ми иде се трудам колку што можам...остај тоа почнав и наочари да носам(аа и да јас сум една од не ептен дебели ама тука некаде можам да се ставам ) ниска сум...никогаш немам самодоверба ааа врз тоа влијаат и некои личности еве на пример татко ми секогаш наоѓа прилика како да ме навреди за тоа како сум носела наочари дека сум седела пред компјутер како сум била дебела глупава и што уште не...а и јас сум човечко суштество сакам да имам некој покрај себе што ќе ме разбира и сваќа сакам да искочам понекогаш да се забавувам како сите млади личности но какооо морав ова да го кажам некому или ќе пукнам одвнатре...
    Ви благодарам на сите кој што ќе го прочитате мојот пост ии кој знае што ќе си помислите за мене но тоа сум јас за жалл :( :( :( :(
     
  13. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Што се случува со малите деца? Која разгаленост, инаетливост и потреба да бидат центар на вниманието. |(
    Се дере на цел глас, не дозволува да направиш два реда муабет, од масата се собира + му истураш цела кутија играчки за на крај да пробуричка, расфрли и пак да почне иста песна. А родителите не смеат рака да кренат на него оти така советувале психолозите, па сега на глава им се качуваат. Аман. :fubar:
    Се сеќавам кога веќе почнав да разбирам, мајками ме седнуваше и ми кажуваше на гости само по едно колаче се зема, да седам до неа и да не фаќам ништо.
    До што се должи оваа промена кај децата незнам, ама дефинитивно многу од нив немаат осетено ќотек по газ- најдобрата лекција за да се научат на ред како треба, барем кај поединци. :!:

    И сега одам да го расчистам хаосот што го направија...
     
    На WhiteSwan, CharmedGirl, Hopeful и 10 други им се допаѓа ова.
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Порано плачев секој ден. Тоа беш пред четири години. Тоа беше константно плачење. Доаѓав дома, останував сама, си пуштав песни од billy idol и рикав од болка. Најтешко ми беше тоа што кај мене болката многу често немаше причина. Таа како да извираше од мене. Од некое мое необјасливо место.
    Онака изгледа по природа сум меланхолист. И да ви кажам тоа ич не е здраво. Илјада хормони си уништив со тоа. Сега нема враќање од тоа што сум. Неможам да избегам и да се скријам дури и да сакам. Имам некоја крутост кон светот која неможам да ја опишам.

    Искрено немам поима кај ги наоѓате тие добри пријатели. И искрено незнам како ви функционира пријателството. Ова го спомнувам бидејќи гледам постојано како најблиски си љубоморат до коска. И ако имате вистински пријател да си го почитувате. И да знаете дека сте нашле големо богатство. Тоа не е само фраза. Туку Навистина да имаш убав (под убав подразбирам убав во душичката) пријател е едно од трите работи за исполнет живот.
    Жал ми е кога човек ќе остане сам без никој. А смешно ми е кога некоја личност ќе раскине со партнерот и бидејќи нема со кој да биде им се наметнува на своите браќа или сестри. Им се наметнува на тоа друштво а до вчера за нив кажувал како биле глупи. И ми пречи кога некоја женска ги бира своите другарки исклучиво по тоа да бидат по неубави од неа. Не коментирам зашто го прави тоа дека се подразбира.
    За вистински да се подигнеме од пепелта и да станеме уште по прекрасен Феникс мораме да чекориме со трпеливи чекори. Мораме да го изодиме патот чесно и сталожено.

    Сега понекогаш ме фаќаат кризи и плачам. А пак дечко ми кога ќе ме фати дека го правам тоа ќе почне да ме малтретира со прашања. И тој прашува и прашува, јас како магарица плачам и му викам да ме остави на мира. Сето тоа се се врти во круг. Свесни сме и двајцата дека сега знаеме зашто плачам. Ама на тоа нема крај. Секој месец мора истата слика да се повтори. За лек, за таа моја проблематика :) незнам дали ќе најдам. Само знам дека срцево ми се кине веќе одамна. И сега може е некаде до пола скршено. И ме боли тоа што не е скршено од љубовта, нели тоа на повеќето на моја возраст им се случува, туку кај мене е скршено од незадоволството, од неправдата и човековата глупост, желбата за превласт, манипулација и моќ.
     
    На Chica.Loca, CharmedGirl, Moira и 5 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.492
    Допаѓања:
    251.201
    Рејн ЗОШТО ми е избришано мислењето во Модни Критики, каде што ги пофалив комбинациите на Боа и Роси?
    Го нема ни мислењето на Јипи со Кикица, а го нема ни на БлекСвон? :^)
    ЗОШТО?
    Какви правила владеат овде сеуште неможам да сфатам.
    Ова не пиши, за ова не коментирај, аман веќе |( .
    Јас пак се утепав од пишување, па и тие неколку постови ми ги бришете.
    И овој ќе биде избришан!
     
    На BlackSwan5, lunicka, Konfetka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.080
    Пол:
    Женски
    Ммм, нели се согласивме дека нема да стојат постови само со фалење каде што нема критика или забелешка? Или во ред е кога стојат за некоја одредена форумџика, а за друга не? Или треба да се бришат само тие со по една реченица, ау леле топ си, а цели параграфи со пофалби да стојат, м?
    И зошто вака јавно демек ме прозиваш, не можеш по лп да прашаш, како што прават другите форумџики? Или на постари членови треба да им се обрне поголемо внимание?
    Навистина не знам. Ајде, усогласете се кои мислења треба да се бришат, на кои форумџики да стојат, а на кои не, па доставете ми листа.
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... како беше песнана ... нананнанана, а ја мамуран ?? :?: Хмм ... Не е важно другото, зборот мамурен некако не ми прави ќејф до негде, ама убаво е кога барем ете повремено го имаш како знак за добро помината вечер, ноќ. :wasntme: Него луѓе се фино, ама Скопје е луксуз град. Јас си знам одамна ама тек сега веќе го доживува врвот. Скопјани вие таму преживувате, не живеете. :|

    Инаку ми се врати желбата за него пак ... осеќам ќе го посетувам почесто. ;)
     
    На Annie.mk1 и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Ќе да напраив глупост. У к*рац ! :(
     
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.492
    Допаѓања:
    251.201
    Рејн ниту сакам ниту барам посебен третман, и никогаш не сум побарала нешто.
    Јас не пишав леле топ си, пишав дека ми се допаѓаат кошулите, дека иако се проѕирни сепак стојат убаво на нив и сл., не се сеќавам баш, ама коментарот не ми се состоеше од два збора.
    И сакам да ги искоментирам ама немам негативна критика и значи неможам така? Подобро сменете го името на темата во негативни критики. Или пак требаше да пишам дека фали прстен за да не ме избриштете.
    Малку поопуштено да е на форумот добро би било.
    Вака не знаеш дали ќе ти стои мислењето или ќе ти биде избришано.
    Правила еден куп, бетер од законите сте.
    Ставајте се на почетна за да знаеме веќе што да пишуваме.
    Форумот е јавен, па затоа и јавно си прашав.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.080
    Пол:
    Женски
    Форумот е јавен, ама си стои во правилата дека не треба да се прашува по темите. Вака јавно кога прашувате мене, значи на мене лично, ми делува ко да барате внимание. Може фино лепо да си прашате по лп, да се разбереме зошто е така и така, ама очигледно е подобро да се крева прашина, и не зборам тука само за тебе. При цела работа што ја имам тука, секогаш одговарам на лп, се навраќам назад на мислења да видам што и како се случило и да дадам одговор. А ако на некој не му се свиѓа тој одговор има каде да се обрати.
    Јас не бришев ништо од темата, ниту поставував правила, така испадна поради тоа што самите членки го бараа тоа, се бунеа зошто има такви мислења, па после тука многу било лабаво, се се оставало, па еве некој како тебе, вели дека било премногу строго, па зошто вака... Ама како и секој пат, така и сега се докажува дека не може на сите да им е погодено.
    Ако имаш уште нешто да ме прашаш, или било кој, го замолувам да го направи тоа по лп.
     
    На Lov3, LittleFairy, Rose96 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.