Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Денов ми започна со 2 жолти јаболчиња и со јутарња фискултура. После тоа чистење, раскревање, средување на алиштата, диеталски ручек... 8)

    Ма како ми тргна, мислев партали ќе направам, ќе измислам топла вода... Ама останав само на тоа. Почнав да решавам математика домашно, застанав после 8мата решена задача. Почнав да учам географија, ми донесоа Свет. Не оти имаше нешто интересно, ами нели кога учиш и парламентот на мтв3, ти е интересен. И сега уште мајка ми направи сутлијаш, џабе цел ден се стегав. Ма браво, партали направив. Значи денот, дефинитивно не се познава по утрото. Л'жги без опашки. :D

    Со ова л'жги без опашки, си се потсетив кога бев мала. Бегав од кафе, како од хорор филм. Си се умислував, дека ќе ми порасне опаш, дрвен нос, трета нога и големи уши. :D

    И сега, кога го дочитав Светов, сфатив дека цело време сум седела на мокар пешкир. Затоа гледам од негде мене како ладно ми иде, ко промаја... ете од каде. Браво, бе. :D

    Ништо, математиката ми останува за утре. Го чекам тој ден, кога ќе ја пререшам цела домашна, без грешка и ќе и речам: Ма, јас сум за тебе Кока Кола, бе! Што е е.ам ќе те сечам... овај... решам. :D И она тука ќе ми врати: Лажеш к... Не лажам, жими тебе, цела те пререшив. :D

    А кога сум кај сутлијашот... Многу е чудно бе, сутлијаШ. Закон за мравки, жими све.
    Па уште мајка ми не го ставила во чинивчиња, јас почнав да сркам. Сега јазикот не си го чувстувам, рапав ми е цел. Нит ориз осетив, нит ништо. Еми лаком г.з што да праиш. :D
     
    На CharmedGirl, Markusa2, tweety26 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Обично кога ќе дојдам на темава сакам опширно нашироко да си се изнапишам, ама сега ќе бидам кратка и јасна - значи се работи за „ниски цени“ синдром :D и спортот „ влези си во секој дуќан, пријатно ќе си се изненадиш“. Не сум го практикувала, ама добар спорт бил. Ист модел , по различни цени,е не, ќе ти го купам 1900 кога го најдов истото за 1380, молим пријатно :D
     
  3. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Ситуација со нафурана кремка со повеќе шопинзи позади неа отколку зборчиња во вокабуларот како почнува после само неколку минути од запознавањето да ти објаснува зошто одбрала мак. паралелка на факултет, а не анг...

    Од оние што обожаваат да зборуваат за себе и своите дешавки. Познато, нели?

    "Ја се спремав за тестовите и полагањата, ама сваќаш тешко е дека ленгвиџот не ми е нејтивен...и затоа студирам на Македонски...."

    Who are you trying to impress, bitch?

    Ама да ви кажам, јас излегов поголем бич од неа во ситуацијата бидејќи така си измолчев. А сакав да ја уништам на лице место...

    Ама не, на женска ти братучетка е, измолчи си. Сеуште жалам.
     
    На Chica.Loca, CharmedGirl, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Самото заминување е повеќе од KRAJ...
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Што ти се вика стратегиски менаџмент?
    Сестра ми ми ја средува собата, ми ја пишува семинарската, мајка ми ми ги пере алиштата.. а јас уживам. :D
    ЗНачи толку добар менаџер сум, што сум ги организирала и координирала, до тој степен, за мене ништо да не остане.

    Ќе биде нешто и од мене. :D
     
    На CharmedGirl, Moira, Lemonade и 7 други им се допаѓа ова.
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Одмаздата боли. Обострано.
    Кај оној на кому се одмаздува(те) и оној кој е одмазден.

    Одмаздата тлее како голем облак над сите глави под него.
    Се постила врз сите и мислиш дека сите страдаат колку тебе за истата работа, дека сите плачат колку тебе, дека сите сте во истите г*мна, дека сите исто ве боли, дека сите манијакално се тресат од фрагменти, за на крај да се претопи само во едно тело, во една клетка, во една мисла што како зараза се шири во крвта и те остава без здив, запрепастен, изгубен во себе..
    За на крај да се претопиш во градот кој го мразиш,
    за на крај да се претопиш во мразот кој го градиш.

    И да, одмаздата боли. Обострано.
    Некому поради празни телесни плодници, ископани од тлото на телото на една жена без утроба за род, а некому поради бремето што во себе го носи како иднина, како никулец.
    Одмаздата сјае во очите на двете страни.
    На ист начин.
    Со исти солзи.
    Со различна вина.

    Внимавајте кому се одмаздувате.

    http://www.youtube.com/watch?v=BrZTNhW44-o
     
    На Moira, L-enna, karenin и 2 други им се допаѓа ова.
  7. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Денови со тешка динамика, добитни поени со висок број.
    Денови среќни и брзи, ноќи со нервоза, тешко дишење и прашина.
    Мрза тешка ме фати, само садови мијам, прст не мрдам ништо друго да средам ни раскренам, толку нетипично за мене, а гласам како поим за перфекционизам, чистота до максимУм.
    А зошто...
    Знам јас зошто.
    Пренапорни денови, премалку сон, нервози, исчекување, длабоко дишење, тешко голтање.
    Срцето ми скокаше овие неколку ноќи, се исплашив, се запитав што може да е.
    Голтам, нема вкус, нема мирис. Крајникот скока и писка, бара доктор - денес се видоа, си доби терапија.
    Тој... нема неколку дена, платата му замина.
    Тато пушта, пушта, ама и осет мора да се има.
    Ја силував трансакционата.
    Видов, невидов, со последните денари фатив превоз накај дома.
    Дома...како дома :)
    Од убаво, најубаво.
    Мирис на среќа и мир.
    Спокој како никаде на ни едно друго место, o Боже душата само тука ми мирува и сонот не ми бега!

    И да имаш пари не е лесно, жими се! И да имаш бизнис не е лесно, не е лесно да си сам свој газда, ич!
    Кога гледам како тато се разболува заради други гнаси кои не ценат ништи туѓо, а им се дало шанса и прилика еднаш во животот што се вика, за плата што е сон за секој Македонец, па и да ти се серат на цело тоа, кај се видело и чуло, освен само тука, кај Македончето, пусти да сме, пустиииии!
    Сами ќе се изедеме, ќе се испокрадеме на се што можеме, и ќе газиме и газиме додека џебот не пукне...а ако пука душата и се зголемува маката на човекот кој те рани, тебе, семеството твое и другите околу тебе!
    Пусти и црни да сте, проколнувам и пцујам, никогаш доста и никогаш крај на проблеми, никако да не си во оваа пуста земја...

    Уживав и неколку дена и ноќи во Маврово. Ако кажам дека се релаксирав и дека душата ми стивна, ќе лажам.
    Бев таму, дишев чист воздух, имав долги прошетки, малку скијање, легнував во нормално време и станував рано, наспана.
    Јајца и чаеви за појадок, скари и салати за ручек.
    Вечерата задолжително беше проследена со домашно црвено винце и помалку обилен оброк.

    Сексот не ми е јака тема овие денови и баш заради тоа мислам дека сите ми се криви и дека се нешто ми фали.
    Дури и бојата на коса ја сменив, целосно фризурата ја сменив, и не бе, не и не, не е тоа тоа.
    Јас и тој нонстоп бевме ваму таму на пат тргнати, тој кога е уморен, тракторот не работи, џабе сакаш нејќиш :(
    Џабе молиш пустиш. Дури и џабе заканите ми беа.
    Се почуствував како да го силувам психички па си реков, нека го, он ќе бара после, ама јас знаев дека во Скопје ќе немам време, така да, се така испадна, и на крај си го доби, т.е никој не го доби, ама тоа и беше поентата!
    Е не, ќе се бркаме сега за едно задоволство набрзинка бар можеше, ама уморен бил чоекот, иди бе у пм! Нема уморен за таа работа, нема!
    И да читаат деца од 15 години, гајле ми е, учете се да вашиот маж функционира и уморен, инаку бетер симптоми од ПМС ќе ве снајдат, како мене овие денови... :|

    И така јас одам да се давам во серии и сокче од портокал, свежо исцедено, дури пола кило си направив.
    Кога нема секс, ќе се преливам, пренајадувам и презадоволувам со се друго околу мене.
    Страшна работа ме снајде, денес ми дојде, а утре си одам во Скопје, значи невремето и бурата ќе траат уште минимум три дена кај мене, Господ нека ми е на помош, а истото му го препорачувам и на него, амин.
    Се надевам ќе преживееме.

    Само што ми текна дека постојат порната. Последниве неколку месеци, буквално ги заборавив, а редовно си ги гледав, и не, нема ништо срамно ни жално во тоа, не се крстете. Ај чао.
     
    На Moira, bittersweet, tweety26 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Понекогаш се чувствувам како најголем малер. Не во смисла да губам нешто, да ме прскаат автомобили во секој дождлив ден или пак дека ми украле ташна, туку чувствувам дека делувам малерозно во нечие присуство.
    Семејството за мене е најсветото нешто, па кога ќе се собереме преку викенд сите на купче, тогаш можам да кажам дека се чувствувам целосно.. Гледам како малите успеваат да измамат крива црта на лицата на постарите, гледам како секој се чувствува сигурно, сакано, посебно.. И тогаш сите ме прашуваат што не е во ред со мене, дали сум тажна или пак се соочувам со некаков проблем.. А јас не сакам да ја уништувам атмосферата зашто не сакам да го уништам моментот, се што допирам рушам толку лесно, како кула од карти, само сакам да уживам до моментот и да набљудувам.. Внимателно да го перцепирам секое насмеано лице, за да се присетам како е за момент да се биде среќен, исполнет. Да се присетам во моментите кога некој е тажен и кога сакам да го осудам за неговата ситуација, да се присетам во моментите на нервоза и гнев, во моментите на болка и тага.. Сакам секој лик добро да го анализирам, таков да остане во мојот ум и со секоја нова средба повторно да ја обојам веќе избледената слика..
    Затоа што сакам да ги помнам убавите моменти, тагата и нервозата е почеста од толку кратката среќа...

    Денес имав мала прошетка со една стара другарка, па низ град имаше некакви постери во смисла: Избери го она што ти треба, и доле исечкани: почит, љубов, поддршка, разбирање, сила, доверба... Толку многу ме израдува, што ми дојде да плачам.. Избрав љубов.. Ни треба љубов !
     
    На tweety26, CoverGirl10, honorthyself и 3 други им се допаѓа ова.
  9. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Денеска официјално изгубив уште една другарка. Неможам да се дружам со такви луѓе. Нека бидам хејтер ама неможам. Не знам што ќе беше во ист град да бевме. Ќе требаше да се преселам. Живци ќе скинев.
    Не, ти не си ми другарка штом веднаш трчаше да му кажеш на него, и штом не ме почитуваш и третираш како другарка. Немам намера да те слушам како ми се дереш.

    Во последно време, многу луѓе пробуваат да ми наредуваат, да ми ги кажуваат своите желби во врска со мене и очекуваат да се правдам или веднаш да трчам како куче на секоја нивна наредба.
    Не знам дали е до мене проблемот, се прашувам дали сум нормална или сите околу мене се ненормални, и дали е толку чудно што не сакам да се правдам на некој за секоја моја постапка, што сакам да се дружам со повеќе луѓе, што правам според желбата на мојот ќеф и никој друг.
    Не, јас не се инаетам, јас си стојам на желбата кога не сакам да одам "некаде" со "некои фаци" за да се рече дека сум излегла од дома. И не можам да разберам, што е толку страшно што една сабота вечер ќе си седам дома? И јас, заради тоа сум била жална? И, сум си западнала во некој мој филм и чудна сум викаш? Заради тоа што не сакам во кола да се качам со непознат? :fubar:
    Немало една сабота да излезам и одма сум заостаната, неизживеана. Па ти спиј на чаршијата ако сакаш! Што те интересира за мене?
    Те жалам тебе, како прво карактерот прост, а потоа празнината во твојата глава. А, и да не е празнина-нема логика и не знае да размислува нештото во твојата глава, што во никој случај не можам да го наречам мозок.
     
    На Chica.Loca му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Обожавам додека чистам прашина да гледам порно, оти никогаш не ни стигнувам да исчистам. Башка се тешам дека има нешто мор дрти од мојата соба. :rofl:

    Големите мисли од малиот мозок.


    Фул спид ми работи мозоков за глупи нешта, не можам за уште некој ден да издржам да си го насочам мозоков кон науката, веќе и тој нема сили.
    Кардио вежби и три реда. Така функционирам сред сесија. Се трујам со коефин, а сепак психичкиот умор стално ме совладува во 3 саат по полноќ. И тогаш се тешам дека 2 саати сон се подобри од целодневна тортура мозга без една минута склопување на очи.

    Гоу дранк, ју ар хоум! :drunk:
     
    На Moira, bittersweet, tweety26 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    8.431
    И така цел викенд го поминав дома, а имам премногу вишок на енергија, но за жал нема каде да ја потрошам. :(
    Значи заборавив што значи зборот журка, буквално нема луѓе со кои да излезиш.
    Смачено ми е од луѓево и од нивните глупи размислувања.
    После 9 години сфатив дека со погрешни луѓе се дружам....
    Се гушам во монотонијава, сакам да сменам нешто ама не можам.
    Се е против мене .


    I wanna dance and love again......... :D
    http://www.youtube.com/watch?v=UEOYB3tN-Co
     
    На tweety26, CoverGirl10, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Буквално грдо започнат ден вчера ... Грдо сабајле. Сликата пред мене само стои од неа легната на плочки у вц ... :|
    Сакав само да си замине денов што побрзо се надевав потсвесно на добар завршен ден, ама тешко.
    Ми се спие а страв ми е да си легнам да затворам очи ми се враќа цела сцена ...
    И онака дремам пред пц не правејќи ништо само слушајќи го дождот како како ги мие прозорците и само си мислам кога би имал таква моќ и сите лоши спомени и слики да избрише ...

    Си имам пак некои бубачки у мозок...

    Сакам само да престане, аман доста беше мислам, преморена сум психички . Па не е фер . ;(
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  13. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Јас сум ви луѓе катастрофа на две нозе! :|
    Толку работи ветувам дека ќе ги направам, а без притисок од страна сум како коњ без узди.
    Не знам каде одам, ниту што правам.
    Самоконтрола - сведена на минумум. Не зборувам за тоа дека сум ја прекршила диетата - овој пат сум цврсто убедена да не ја прекршувам и да вежбам. Не ни бројам денови - сигурно поминаа повеќе од две недели и добро ми оди...
    Сепак, се запишав на бесплатен онлајн курс и едвај два пати го отворив, решив дека ќе прочитам најмалку 3 книги дури да тргнам на факултет, еве уште една недела имам и сум на почеток на втората, исто дека ќе пишувам повеќе поезија - не се случи, есеи - исто не се случи...
    Нема deadline, нема притисок, нема резултати. Тоа е тоа.
     
    На francais и Ann.94 им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Секој нож во грб, зајакнување на личноста.
    А, и да, знам како е да се биде жив мртовец, од искуство, за кое сум убедена дека не е баш пријатно чувство.Се знам? Па што ако? Не е за другите, па за истото да биде од нечив интерес.
    Ништо повеќе не ме изненадува.
    И го сакам вакво времево, некогаш, никакво, да врне, да истура ако треба со денови....
     
    На tweety26, esperansa777, karenin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    СДК едвај чекам да земам плата и да си нарачам карта за Roger Waters The wall во Белград. YEAH! 8)
     
    На blaa и ljubam им се допаѓа ова.
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Моментално до мене имам ароматична свеќа која би требало да го сузбие чадот од цигари. Не сум во некој филм со свеќите, ретко си ги палам, ама оваа тука одамна ми седи и викам ајде да ја сефтосам.
    ... Се думам колку само некој може да се дрзне во твојата сопствена колипка да ти тропа и чука непоканет. И да се обиде да те ремети и да сака да ти брцне во ребра. А да, јас немора да прашувам што правиш ти. Те читам како буквар. Толку си проѕирна и смрдлива што дури и од далеку ти ја чувствувам твојата болна опсесија. И знам дека ме знаеш и ме следиш. И јас упорно намерно откривам нешто плус за да се осигуриш дека сум тоа јас. А и да се осигуриш дека знам што сакаш да направиш ти.

    Тажно е дека - Неретко најгенијалните идеи се попречени од најболните умови. Но ќе додадам и дека, понекогаш генијалците кои навистина заслужуваат си го наоѓаат своето вистинито место.

    Убав ден, добри луѓе, научив сосема случајно дека навистина правилно сум проценила некоја личност и нималку не ми е тешко тоа што ја оттргнав од мојата близина.
     
    На Moira, lunicka, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Некои луѓе не требале да бидат родени,кога се што прават е лошо,лошо за нив!
     
  18. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    УУффф само колку злобни,завидливи,љубоморни,дволични луѓе има на светов,на секој чекор се...со лопата да ги ринеш.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... вечер исполнета со ѕвонлива смеа. Устата ме заболе од смеење и врескање. Ми требаше вакво опуштање и релаксација. После оваа работна недела, на која чинам самиот Ѓавол акнал печат кога се договарале задолженијата, се` се заврши глатко и фино.
    Утре ја заокружувам со ќебапчиња и марула со многу младо кромитче.

    Туку, друго ми беше зборот, дојдов наменски во темава одма после град, не ми беше муабетот за марули и ѓаволи.

    Девојчиња, ама вулгарно се облекувате. :worried:
    Да не ми извините, ко тешки простачки изгледате. :puke: Знам дека воспитувањето налага да не се оценуваат луѓе според надворешниот изглед, ама вие сте одвратни.
    Наместо да се натпреварувате која ќе облече пократок допичњак, искористете го мозокот за активност која не опфаќа опсесија со лепард принт, надградба на нокти и екстензии за коса, или кукумјавчење околу некој дебил, кој не знае мрсул да си забрише сам, без мама и тато.
    Ние се прибираме дома, ноќта штотуку започна за дамите со ремени, помешани за здолништа.
    :D
     
    На drugarka, ludoto19, bittersweet и 33 други им се допаѓа ова.
  20. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    My heart on hibernation again! Faksot i familjata na prvo mesto!
     
    На EleMental и Katerinceee им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.