[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Оф бе Мартин Лутер ме изнамачи бе. Ако те сонувам вечер само, ќе видиш ти :devil: .. Иначе да не има тука некоја феминка што пишува есеј за чоеков?? Она конкурсот од Американ Колеџ. Мислам дека колку што се изначитав вечерва за него, толку за мене незнам |( али ај, помина. Уствари ќе видиме, може и да не ваља, е тогаш дури незнам.. :D
     
  2. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Глумам дека сум добро, а не сум... Патам од внатре и сум ранета, иако знам дека ќе помини, како и се` друго.
    После дождот секогаш изгрева сонце, зарем не? :(
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам,кога ги терав Барби и Кен да имаат секс ко мала, секогаш тоа беше во доги стајл пошо рахитичнава Барби нејќеше нозе да рашири.
    Ех, времиња..
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ...компот од курви, everywhere.
     
    На Chica.Loca, Lemonade, kate21 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.484
    И така, во слободново време, се изначитав секакви глупости по форумов. Од претходно ја знаев плиткоста на еден човечки ум но ја дознав новата повеќецифрена длабочина! Сфатив дека пре(нема поголем „латив“ од суперлативот)многу недостасува неформалното образование на мнооогу теми кои дел од нив дури не припаѓаат ни под „табу“.
    Ах слободно но изгледа никогаш нема да биде прежалено време...

    But for the sake of my brain cells:

    [​IMG]
     
    На barbie28 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    По не знам кој пат ми кажуваат дека шегите ми биле навредливи. По не знам кој пат не ми е гајле.
    :wasntme:
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  7. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.484
    ^ Вистината е наменета да боли ако не ги бива за ништо, а се горе во облаци (а хуморот е најголемата вистина)!

    Читањево на одредени мислења по форумов мислам дека сите ќе ги направи такви во хуморот :D
     
  8. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Незнам зошто,но мајка ми секогаш се лути кога во недела не сме сите на број за ручек.
    Кај нас тоа е златно правило
    Недела-мора бројот на членови да е исполнет.
    Шеги,по некое дофрлување,од типот Еј па нели беше на диета,зошто земаш лебче?
    Еј не мислиш дека тие доста ?
    А некогаш абе, не заебавај земи касни си,што ти носи душата.
    Витка си,немаш ни Д од дебела.
    Кога ќе размислам која среќа е ....некој и тоа го немаат..
    А ние постојано се жалиме,како господ премногу ни зема,а премалку ни дава..
    Молете се секоја вечер,затоа што тој ве буди секое утро !
     
    На Lemonade, Yowannty, Foreveryoungiwannabe и 4 други им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.875
    Допаѓања:
    101.872
    Пол:
    Женски
    Уморна сум...
    Од неспиење од грижи,од болки во желудникот предизвикани од грижи,од растреперено срце од грижи.
    Не сакам да мразам не сакам,сакам да ми стане сеедно,да бидам рамнодушна.Ни кафево не ми е вкусно,ниту сонот од 2 часа ме окрепи..ништо не е како што треба да е...
    ...или можеби премногу барам...зар има некоја која мирно би спиела се дури не го слушне вртењето на клучот во бравата...ако има таква ,кажете ,радо би се трампила за да добијам мир кој толку ми треба...
    Ма би напишала оглас во весници кој би гласел некако вака.Се бара половна недела без грижи и нервози.
    Се бара несебичен пријател нека е и дотраен на чие рамо можам да заспијам.Се бара човек кој нема да ми ги разнесува срцето на милион делови.
    ...Сериозно размислувам за развод...
    ...или оваа мое размислување повторно ќе потоне во секојдневноста....најверојатно ќе е така ,се знам себе си.Не сум храбра,немам м... за ништо,плашлива сум и неодлучна...
    Животот тече,кој не го стигне останува сам,рекол Максим Горки.
    А јас се чувствувам осамена на некоја станица,далечна,на која слабо има патници.Само огромен полукружен простор над мене,и стар куфер со спомени до мене....
    Каде сега да одам???Во кој воз да се качам???
     
    На NoellePage, Johny, Moira и 33 други им се допаѓа ова.
  10. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    Сентиментална сум до крај!

    Па добро, можно е кај рандом особа во разминување, да го осетам парфемот кој сум го користела пред 3-4 години и инстантно да се вратам назад на клупата, далеку од секоја перцепција на случајните туристи?

    Имаше некоја влажна свежина во воздухот, а јас ненормално се потев, што од нервоза што од врелиот мирис на море...

    Разговорот течеше мазно, тој неуморно се обидуваше да ми ја долови легендата за сирената која на полноќ се капела во блесокот на младата месечина, но користеше некои локални фрази, па едвај се разбравме. :D

    Ене го истото тоа шишенце со неколку капки парфем внатре стои заборавено на мојата полица. Страв ми е да го помириснам капачето... :x
    До него е и големата школка...

    [​IMG]
     
    На Moira, NoellePage, Elichka и 13 други им се допаѓа ова.
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Се шекнувам и збрлавувам.

    За помалку од три недели ќе бидам домче, со мачката, најверојатно со неделното кафе на мајка ми после неделен шопинг на Буњаковец. Или на ручек кај баба ми. Готово, сакам дома. Маана ми е тоа, кога знам дека нешто е блиску а сепак далеку не можам да се соземам. Барам совет од оние искусните кои живеат во странство како ги пребродуваат овие денови.

    Учам, демек учам, немам концентрација. Ни еспресо, ни турско, ни чај не помага. Преку прозор се ѕиркаме со едно мало комшиче, свири на флејта срцката. Ќе ми фалат овие мини концерт, кои ги слушам само јас.

    Ох денови ли се денови, аргатски маки големи. Ајде, ајде, ајде.
     
    На Lemonade, Shelea, Buttterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  12. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Неможам да те прегрнам ,да ти кажам колку те сакам..
    Ќе дојдам на гробишта денес.Ќе ти донесам колаче,ќе ти запалам свеќа.
    Ќе ја милувам сликата на гроб,и ќе ја бакнам.
    Те сакам ,премногу.
    Среќен Роденден Татко..


    http://www.youtube.com/watch?v=Gv_AclzFzAk
     
    На Antigonna, bittersweet, butterfly33 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Многу сум смирена денес и многу ми е убаво. Го учам тоа што го сакам и се поврзано со тоа со мерак го правам.

    Да ви кажам почнавме со татко ми заедно кафе да си пиеме,порано негодуваше околу моето пиење кафе,нели дека лоша навика,лоша барем во количините во кои јас го пијам,ама сега некако се потсмири па вари еднаш он еднаш јас и си пиеме и си муабетиме.
    Ми вика дека сум многу строга и дека премногу барам од луѓето и фала богу што не пројавувам желба да бидам наставник/професор,зошто тешко на децата. :D И во право е,вложувам премногу во се што сум се нафатила да го сработам и ако некој друг не вложи исто толку се вадам од кожа. И затоа така фино по милионити пат се нафатив да сработам и туѓа задача. :tmi:

    Вчера имав убава вечер,веројатно затоа сум добро расположена денес. Бев на театар,претставата беше феноменална,глумците одлични како и секогаш. На крајот ме изреволтира публиката,кога заврши претставата сите како мисири седат,ниту еден не станува за да одаде почит на глумците што 2 часа се труделе да те внесат во некој туѓ свет и да ти пренесат некаква порака.
    Мислам дека треба уште во основно почесто да ги носат децата на културни манифестации и да ги научат на ред и однесување.

    А,да и ако пишува партер десно,не е ок да влезеш од партер лево и да станеш цел ред од луѓе на сред претстава за да дојдеш до твоето седиште што е на почетокот од десниот партер. |(

    Како и да е. Јас си поминав убаво. И да ви кажам се по среќна сум со одлуката да се разделам од него.

    Имајте убав ден. :*
     
    На bittersweet, Springy, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Си станувам сабајле и така нерасонета и одам до прозорецот и само гледам сонце, убаво време. Го отварам прозорецот и ја подавам главата и почна да дува топол ветер и да ми ја разлетува косата. И се завртувам и гледам доручекот готов, јајца на око сечен леб и сок од јаболко на масата + роза и весник. Си седнувам на столот и почнувам да доручкувам. После доручокот одам накај бањата, се соблекувам и почнувам да се туширам. Се туширам и излегувам од бањата. Си ја сушам косата и ја гледам облеката на креветот. Ја зимам и пополека се облекувам. Седнувам на компијутерот и така ми поминува цел ден..
    /Сега во реалноста/
    Станувам сабајле и одам накај прозорецот гледам снег насегде. Го отварам прозорецот и ја подавам главата а тоа ладно бричи. Одам накај кујната гледам нема ништо направено за јадење, па почнав да правам. Почнав да сецкам домат си го пресеков прстот, па трчање дома по завој куката в воздух ја дигнав. Станува мајка ми и ми збори да сум закутела сите спиеле, а мене тоа ме боли копа. Ништо оставив доручекот отидов до бањата таман се соблеков гледам нема топла вода.Ништо и ота го оставив па седнувам на компијутерот со 2 кебиња замотана дека ја расипав греалицата и така по цел ден.. Ете вака поминува еден мој ден..
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Денес имав неделна авантура!
    Изгледа пишано ми е денеска да бегам од кучиња.
    Се шетавме и кога видовме едно куче колку нас големо....и тој човекот ни се смее вика „да ви го продадам за чоколадо јас ќе го изедам чоколадото„ ...а јас „а нас ќе не изеде кучето„.... :D
    И ги сретнавме едно десет пати.... :D :D :D
    А и кажав еде :!: ка ќе бегаме од кучиња пошто и кога да отидеме накај ридот тоа ни се случува.... :D :D :D
    Времето надвор мислеш пролет ее Април месец а не зима.... :D :D
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Успеа еден кошмар да ме извади од памет и цел ден да бидам збрлавена и исплашена.Невозможно е колку соновите имаат значење врз мене.

    ..Денес,недела ден на учење.Цел ден на учење |( .Таа пуста географија што воопшто не ја сакам и не ме интересира како се викаат градовите и селата во Африка,доволно ми е да ги знам сите за во Европа.Ама кога човек ке научи нешто секогаш му останува во главата и затоа се што сум научила географија до сега фала богу се знам и никогаш нема да го заборавам. :)
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.110
    Допаѓања:
    46.390
    Пол:
    Женски
    Нема да го пропуштам концертот на Бон Џови овојпат па што сака нека е.
     
    На blaa и pamelche им се допаѓа ова.
  18. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Значи кога ќе прочитам како на луѓе им се гадело од Валентајн и како тоа им било извештачено и не знам што, стварно ми е жал. Искрено мене ми се свиѓа ова, ми се свиѓа што луѓето сакаат барем еден посебен ден во годината кога сите ќе си ја празнуваат својата љубов, еден ден кога улиците, кафичите, рестораните вријат од заљубени парови. Еден ден кога се ти е слатко и романтично. Секако тука се појавуваат опасните хејтери, кои овој ден особено се гордеат со тоа што се сингл и они слават св. Трифун (да не ме сватите погрешно немам ништо против тие што слават св. Трифун) и тука иде славното начукување, за „инат“ на сите што слават Валентајн. :rock:

    Океј, секој може да има свој став за одредени работи.. Ама смирете страсти малце, не знам од каде толкава антипатија према ова. Демек многу било амерички, па се е денеска амерички, и стилот, а полека полека и начинот на живеење личи на америчкиот, па тогаш зошто баш Валентајн да ви смета? Како тоа да е единственото туѓо нешто кај нас?! Се друго е баш оригинално, и само наше, ние не дај боже да имаме ископирано нешто од некој, и сега од сите тие ископирани ствари на кои целата нација им се диви баш празникот на заљубените и среќните ви смета најмногу.

    Епа јас не го мразам празников, уствари го обожавам, ја сакам онаа слатка еуфорија кога си размислуваш што да му купиш на дечкото, кога сегде излозите се украсени со црвени срциња, мечиња, чоколадца :$ Зарем не е едноставно прекрасно кога знаеш дека 50% од луѓето околу тебе се исто толку среќни и заљубени колку и ти. Единствениот ден кога, барем 50% од луѓето ќе мислат само на љубов, среќа и убави нешта, а не е секој ден таков :!:

    Епа си го сакам Валентијан и ќе си го славам, и цел ден ќе бидам насмеана и весела и среќна, и ќе се држам за рака со дечко ми и ќе се љубиме пред цел свет, и ќе му купам подарок, и ќе одиме на вечера и на викенд и ќе правиме луди работи, ќе уживаме, нема баш тој ден да мислам дали е нешто искомерцијализирано или извештачено и нема да ме нервираат сите среќни и заљубени парови, нема да ми бидат лигави. Ќе бидам среќна и ќе уживам во денот бидејки не е секој ден ваков, ова ќе биде само наш ден за уживање :inlove:


    Нејсе, сабајле не ме израдува времето, се беше забелено, 5цм снег :!: Епа на снегов најголем хејтер сум му. Иако имам нова метличка за чистење кола, татко ми бил вреден па ги исчистил и испрал колите, е баш ме израдува :wasntme: Дечко ми ме кара зошто сум се жалела на снегот кога само неколку саати врнел и сега ќе се стопи а јас си се смешкам, си пијам кафенце и убаво ми е. Боже го сакам животов :inlove: :wasntme:
     
    На Elichka, hrcace, MandyLane и 3 други им се допаѓа ова.
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Хахахаха
    Абе кај се чуло и видело у мој живот за збор “препрека“ ? :?:

    Не бре не постои такво нешто за мене. Се што сакам да направам секад си наоѓам начини . И нема Не може збор за мене ! Не постои тоа у мој речник !

    Се што се сака се може да си знаете ...

    И се надевам сонцето мое ке ужива во 5те мин што вчера не успеав да му ги подарам :) :?:
     
    На Chica.Loca, bittersweet, CoverGirl10 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Колку убав ден.Сончев,без ветар,мислиш дека е пролет,а не зима.Февруари,кога би требало да е ладно,се случува спротивното.Но,како и да е,одличен ден за прошетки.
    Ама еве јас си учам,пишувам домашни,место да сум надвор.Ама нема врска, вчера бев излезена.И навистина денес ми се учи.Секогаш кога има повеќе домашни,со задоволство ги пишувам и учам.Всушност,многу сакам да пишувам.Голем обожавател сум на краснопис и на пенкала и сакам секој потег во пишувањето да биде совршен и уреден. :wasntme: :)
    И така денес не сум мрзлива и собата ќе си исчистам и може нешто ќе сменам,бидејќи не можам да живеам монотоно,се да биде исто.А во собата во која поминувам многу време треба да има промени.
    Вие имајте убав ден и уживајте во сонцето. :) :* И немојте постојано во СДК да пишувате тажни постови,развеселете се малку! ]:) :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.