Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    :hai: Убава недела! Утро започнато со портокал и чај на тераса со лажното Фебруарско сонце.
    Денес таков е денот.Ручек на шпорет , куп училишни предмети, проекти.
    Маски, пилинзи, депилации...Недела на евтина струја. :lol:
    Вечер традиционално ке го испиеме првото средношколско кафе со школкиските.Сите кефој. :lol:
    Добар е класот јас сите ги сакам , можеби не сум блиска со сите но се немам замерено за помош, подршка сите сме тука се сакаме се познаваме ке си помогниме.
    И претерана блискост не е океј. ;)
    Инаку денојве сум кеф на векот.Килата полека си се намалуваат ,тесните блузички ми се омилен дел од гардеробата( нели немам сега 3 реда стомак :$ :lol: ), со кеф одам на шопинг иако мал ме исполнува кога ке влезам во помали броеви.За 10тина дена сум и на роденден кај најдобрата другарка и спремам многу убаво изненадување ..многу си ја сакам :inlove: :* Не планирам да чекам последен момент и не планирам да ги молам сите да одиме да купиме еден поклон.Ке дадам повеќе пари ич нема да ми е криво, бидејки заслужува. :!:

    Имајте убава Недела :*
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Конечно! Картата за Бијонси во моја рака :rock:

    Е така мадам Бијонси you and I will soon meet :D

    АААААААА ке се мрднам едвај чекам... :inlove:
     
    На butterfly33, sweet-cherry, Yowannty и 11 други им се допаѓа ова.
  3. ivvy86

    ivvy86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    Денов полош неможе да биде... Надвор сонце пука, ја си седам дома со куп скрипти за учење, со затнат нос, со чајчиња и љубоморна сум им на сите што шетаат надвор сеа :(
     
    На Inna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    8.431
    Kаде ќе настапува и кога ?
     
  5. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Значи стварно неможам да ја препознаам мајка ми.Ако она прави ручек било само за неа :o |( .Нека си го јаде немам никаков проблем,ама незнам како може преку ноќ да се смени.Го направи тоа јадење што знае дека најмногу го сакам и само она ке ручала.Е стварно неможам да ја разберам,никогаш не била таква.Нека си прави што сака и нека си јаде не ми е гајле,нема за неа да се нервирам. :)
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.485
    Допаѓања:
    251.158
    Каде ќе е? Во Белград ли?
    Јас ништо не знам.
     
  7. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Ужасно се осеќам, ми треба прератка...
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога треба да се разбудам рано наутро, го навивам алармот од едниот телефон во точното време кога треба да станам, а алармот на другиот го навивам за 3 минути подоцна.
    Никогаш не стискам на snooze, затоа што сум убедена дека ќе станам на време. Ама ете, некогаш заради преголема замореност, ќе ги склопам очите и ќе си речам: Само малку да се расонам...
    Во тие 3 минути сладок полусон, ми се случуваат најубавите соништа и секогаш ги добивам најдобрите идеи за нешто да направам или напишам. Во тие моменти, потсвеста ми дава одговори на прашањата и дилемите кои ме мачат, па не ретко се случува да донесам одлуки кои се производ на тој три минутен сон.
    Животов ме става сред крстопат и ми нуди неколку опции од кои треба да изберам. Отсекогаш сум знаела да бидам крајно неодлучна кога е во прашање избор од кој ми зависи иднината, ама овојпат ќе оставам да ме води интуицијата, која никогаш не ме излажала.

    Патем, и оваа недела ни поминува без семејниот ручек.
    Ама затоа ме чека друштвено кафе.
    Денов е премногу убав за човек да седи меѓу четири ѕида :sun:
     
    На anuskaNESTLE, bittersweet, Artemission и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Сај оди за sLOVEnia.

    Мене, ми се плаче малку, ама прикривам. Знам како е кога испраќаш некого, и грчот во лицето се претвора во насмев, мал, доволен само да прикрие едночудо емоции што немаат артикулирана форма, боја... Едноставно те носат.

    Вчера, тамбураши на увце. По милионити пат запеав со очи затворени и го спомнав дедо ми. Би се гордеел со која ревносност ги запеав Калино моме и Ја излези Ѓурѓо. Има еден срцев такт што секогаш ме боли кога пеам - а тоа е споменот на моите претци. Во музика ги претворам. Си спомнувам, кревам чаша, насмевките се лепат за коцките мраз, ноќта застудува, а ние четири страни на светот, наздравуваме во име на Љубовта, ерата на водолијата и сонцето што допрва ќе огрева постела.
    Деновиве сум во некое зачудувачко прочистувачко чувство. Како во матка на мајка, како во сопствената сигурност. Рано е за ПМС, изгледа се должи на брановите електрицитет што со драгиве луѓе си ги пренесуваме.
    Рози, бело вино и чипкани гаќички. Пеење "Оооо, штом се сака, сакаааааа" со децибелажа = бламажа во ВЦ и тапа болка во стапалата од играње. Ми пишал вчера дека сака да одиме до крајот на светот. Јас му вратив - веќе тргнавме.

    Има секакви луѓе и приказни.
    Мојава е можеби грст емоции и ништо повеќе. И помалку.
    Среќна сум што дишам, љубам. Што ги имам нив, што го имам Него.
    Денов, заоѓа во бои на виножито, во мирисот на штрудлата и моите шарени шалови испозалегнати на радијатори.

    Животов, краток е за олку Љубов.
    Ветувам уште еден. Од почетокот, до крајот на светот!
     
    На Johny, kate21, Trendafilka и 10 други им се допаѓа ова.
  10. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Неможам да опишам колку ми е досадно,ваква сум цел ден! :yawn:
     

    Прикачени фајлови:

    На AwesomeGirl и Doozy им се допаѓа ова.
  11. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Денес се разбудив со огромна самодоверба.Не очекував вакво нешто,барем не во блиска иднина.Сепак мислев дека ќе треба многу да поработам на тоа.
    Но,ете за некое чудо се будам насмеана,среќна и покрај многу проблеми...едноставно со поинаков поглед кон светот.
    Денес проблемите ги игнорирам и не ми значат ништо,денес се сакам сама себеси,ги сакам сите (добро сега не баш сите :lol: )
    И имам некое чувство дека од денес се ќе тргне на подобро.Дека плановите ќе се реализираат и дека среќата полека ми стигнува на прагот.
    Ахх убаво е чувствово,нека остане долго присутно. :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, AnaKarenina, ana-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  12. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Луѓе, јас спакував куферите и чекам да дојде време за воз.
    Ми заврши болувањето земено на своја рака, да .... :(

    Нема да можам да ве читам овие денови, може и недели, али ќе ми фалат вашите постови. :)
    Ме развеселуваат, ме растажуваат, ми враќаат спомени, ми вадат емоции ...

    Никогаш не сум замолила да ми држите среќа, али за утре ве молам! Навистина ќе ми треба. :(
    Уште од сега цревата ми се превртуваат кога ќе ми текне и ми се врти паметот.
    И страв и срам ме фаќа ... It`s a date! :tmi:

    Останете ми поздравени. :*
     
    На Moira, sweet-cherry, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.298
    Ги отворив очите и првата мисла што ми помина низ глава беше: Што им е на луѓево |(

    Се прашувам до нив е или до мене.
    Поседувањето на таков ментален склоп и способност да си се веселиш на ваков начин без да се самодекларирааш како будала не е мала ствар.
    Они си се преправиле, играат, пејат...а јас поторно и повторно се прашувам како им е дојдено до тоа.

    Туку да се вратам на првата мисла.
    Се разбудив оти се ечеше. Гласна музика од камиони во движење и огромни звучници ставени по тротоари.
    Сваќам дека е по повод карневалот утре, ама мораше ли бре од сабајле да почнат со нивните подготовки баш на мојата улица, недела е сепак.

    Се спремавме на брзаница и да не нема од дома, не држеше надежта дека кога ќе се вратиме ќе начекаме мирна тивка улица.
    А градот полн, игла ти се чини нема каде да фрлиш, стотици луѓе преправени се движат низ улиците. Малиов мој малку пипав на гужви па одма фанавме споредни сокачиња и да не нема на кеј.
    Прекрасен ден со многу сонце и спокојна прошетка. Отсекогаш сум сакала да живеам покрај вода. Душевно се хранам кога ќе ги погледнам тие огромни мостови и бродови кои пловат под нив.

    Кејот е најубавиот дел од овој град.
    Голем број на прекрасни хотели и една огромна кула ѕиркаат од едната страна, а од другата е стариот град. Сум минела саати седејќи и гледајќи во хоризонтот.
    Сум пречекала и испратиле стотици бродови кои случајно пловеле низ тие води.

    Сега посакувам море.
    Замислувам уште поголеми бродови и поактивен воден сообраќај од овој на оваа сепак огромна и прекрасна река.
    Само здравје, еден ден ќе биде и тоа.
    Никогаш не престанувам да сонувам и никогаш не престанувам да се борам и надевам.

    Апнавме по една пица стоејќи и продолживме накај дома.
    А тука што да видиш, пуно. Бетер одколку во центарот.
    На тротоарите преполно со народ. Печат хотдог, крофни, продаваат топло вино и пиво.
    Децата спремни со празни кеси.

    Тогаш сватив дека денес низ мојата улица ќе мине предкарневалскиот параван за деца.
    Тука има една традиција на која и се радуваат и мали и стари.

    На огромни накитени камиони се наоѓаат лица кои се преправени со маски и возат низ градот. Создаваат колона од неколку километри а меѓу нив преправени пешаци кои танцуваат или маршираат.
    Од секој од предходно споменатите камиони фрлаат бонбони, чипс, пуканки, играчки...и најразлични ситници. А луѓето стојат по тротоарите со кеси и се обидуваат да фатат дел од работите.

    Здогледав многу костими, иновативни и забавни. За многумина беше и шансата да ги извадат своите физички атрибути на виделина и на/ненамерно да глумат проститутки и манијаци.

    Жалосно за младината.
    А на старите господ им го зел ушурот :tmi:

    50/60 годишни кондоми, бубамари, рок звезди...
    14/15 годишни порно звезди.

    Денови во кои понашањето како будала е окарактеризирано како нормално.

    Да не бидам до толку хејтер и јас сум одела на карневаливе.
    Еднаш бев пожарникар :rofl: . си ставив шлем на глава и од тие елеците за спасување, па со нив и јас си стоев со кесенцето во рака. Да ја испробам традицијата, на непробано да не коментирам.

    Неколку пати и без костим присуствував на парадите кога минеа камионите, фаќав делче од забавата.
    Фино е, се додека карневалот не е изговор за да се опиеш и да ја прикажеш својата манијакална природа без ограничување.

    Се стиши кај на маало.
    Затнатово носе е единствениот причинител на несакана бучава.

    Толку од мене
    :hug:
     
    На Moira, teddybear, lunicka и 8 други им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.758
    Пол:
    Женски
    Повторно ме фаќа период на рамнодушност, кога ми е сеедно баш се што се случува, кога се затворам во својот оклоп и ништо не може да ме допре.
    Се навикнав да функционирам така, па преку глава ми е од минута среќа, а цел ден тага и напнатост.
    Понекогаш некои моменти не се издржуваат, посакуваш да заспиеш и да спиеш со денови и тогаш ти стигнува порака од Него и си мислиш па добро барем со него сум среќна, не мора да спијам.
    Сакам и да спакувам куфери, но и за тие ќе ми биде преречено, не се купени со мои пари.
    Од умор синоќа наместо да се љубам со него сум му заспала на рамо. Не се мрднал за да не ме разбуди, а кога се подрасонив и сфатив дека сум заспала се засрамив. А Тој среќен и задоволен затоа што толку многу сум се опуштила покрај него па сум потонала во сон.
    Се што дома ми се случува негативно влијае на мојот однос кон него. А Тој сеуште ме трпи, само се прашувам до кога. Знаете никој не е должен да ги трпи вашите нервози, проблеми, па и да му се истурате. Полека разговара со мене, знае како да ми пријде за да го разберам како што треба и да не збеснам затоа што ме советува за мој проблем за кој него не треба ама баш ич уво да го боли.
    Во Нашето царство ми е најубаво, најспокојна сум се до неколку телефонски повици кои те враќаат во суровата реалност и не ти дозволуваат да уживаш.
    И денес ми беше во план да зготвам ручек, но за кого? И што ќе ми е ручек кој ќе се јаде во напната атмосфера, во тишина и поглед кој негодува и прекорува?
    Си го земав кремот до мене, некако во последно време храната ми е најголемо задоволство. Вкусовите ме носат во некој убав свет, полн со задоволства.
     
    На Chica.Loca, Lining, Moira и 15 други им се допаѓа ова.
  15. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    значи штом се спомне пари на сите очите 16 им играат
    пред некое време една познаничка ме запозна со еден тип,така постар има околу 30 секако можда и повеке така малце келав на челото и на прв поглед не ми се допадна и типката што не запозна почна на другарками на фб да и пишува оти ја не се вклучувам на другарка ми да сме излезеле со него оти многу сум му се допагала,и и викам абе не ми се допага,а она е да старков е малце,и некако случајно дознав дека човекот има пари ама сеедно ми е бидејки отсекогаш ми било важно дли ке ми се допадне ма ако сака и милионер нека е ако не ми се допага џабе и коа и реков на другарка ми дека е богат и светнаа очите и закуте и пред неколку дена ми вика јас бев на кафе со тој што те свига и таа што ве запозна и ептен чудно ми падна бидејки обично ептен е тешка за такви работи и јас кога ја молам несака и многу е манаџика ама штом се спомнаа пари очите 14ка и станаа,и гледам нешто почна и муабет со него ова она,ех разочарувачки како на некои само парите им се битни па каков е и што е не е битно
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Не, кога нема ништо во животов, нема, ама кога иде, се' наеднаш иде. :tmi: И неуспешни резултати од стипендија, и приговори, и интервјуа со потенцијални шефици, и морам да се доведам во ред со исхрана и очекувам други мали и големи развртници и се' што може да се случи, се случува. Знаев дека февруари ќе биде жив и измешан, ама немав ни најмала идеја дека се ќе се случува во една недела.

    Скроз сум дезориентирана деновиве, како да знаев дека нешто се кува и се крчка, и оп-оп, тука е, пред мене. :!:

    Се' е хаос околу мене, сите фиоки, шкафови, треба да се спремам, да се пакувам и морам да заклучам дека какви ти се шифоњерите, таков ти е животов. Мојот моментално е еден голем куп, изваден и истурен и јас треба полека да почнам да го редам и средувам. Блуза по блуза, фустан по фустан, фармерки по фармерки, ќе ги диплам и средувам.... дел по дел, како што планирам и јас да се средам еднаш за секогаш, да го мавнам мрзливиот јануари зад мене, затоа што сакала или не, речиси и половина февруари помина.

    Време е да се соочиме со тоа што носи животот. Лимони, лимонада. Немам што да изгубам, можам само да добијам, така да... Хир ај кам, хир ај гоу. :hai:
     
    На moonlight-girl.55, Elennaa, Sanniii и 22 други им се допаѓа ова.
  17. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Зошто? Зошто? Зошто? ... Штом помислиш дека ќе здивнеш и еден миг од срце ќе се насмееш, животот те фаќа за грло и низ аглите ти ги цеди горките болови. Кога би биле мерливи ....
     
  18. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    И така си помина и овој викенд.. Колку брзо си лета времево :).
    Конечно сега да седнам на раат на компјутер да читнам нешто, да проверам што има како има.
    Обожавам кога во недела сите сме дома, сестрами доаѓаат на ручек, смеа, муабет, хармонија....
    Кафе-муабет со тато, договори за иднина... Ууууу сепак ја сакам Неделава.
    Многу убаво ми почна денов, со муабет со него, луѓе јас едноставно го обожавам. Само тој може да ме насмее онака најискрено. :inlove:
    Се надевам дека секоја од вас убаво си го помина викендов.
    Кога ќе се опуштиш, стравот го снемува, а љубовта расте.
    Гушки!!! :hug: :hug: :hug:
     
    На tweety26 и Nika666 им се допаѓа ова.
  19. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Жива сум. Само уште да ја откријам причината зошто.
     
    На anuskaNESTLE, Neytiri, liliput22 и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    177.242
    Пол:
    Женски
    Најтешко е кога после најголемите срања си издржал, си премолчел и си ја голтал кнедлата како апче за глава.. и откако се тоа се собирало и собирало и собирало и собирало и собирало и собирало и собирало... и кога веќе нема каде... ќе експлодираш за најмала ситница... иако кристално јасно ти е дека всушност нема логика од мува да праиш слон... веќе не можеш да се исконтролираш... и наплаќаш за се шо претходно си собирал во себе само за да избегнеш конфликт... ах мој животеее... зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано...нели? ]:)


    И да, од едно кафуле во друго...недела ми е така организирана..цел ден негдека ван. :) Сонцево, го сакам, ама само во зима. Преку лето бегам од сонце како вампир од лук, крст и света вода :D
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.