Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Топол дом, топло какао со црно чоколадо и миризлива свеќа. Добар стари рок на репертоар.
    Зошто?
    Затоа што едноставно ми се може.
    Одамна сфатив, груба е реалноста. Мислиш се` ти оди под конец, а ти не си почнал ни од 0.
    Мислиш среќен си, а ти уствари си живееш у некој измислен свет, каде се' е розево, каде никој не разочарува, не повредува. Како робот си со испран мозок и ем си свесен за тоа ем не си признаваш.
    Мислиш правиш некого среќен, а тој да ти бил уште еден машки примерок кој ќе те натера да пцуеш се' зошто си створено женско и немаш појма како би му вратила без да ги погазиш своите принципи.
    Се грижиш, ќе те заебат.
    Не ти е гајле .. се лажеш самиот.
    Толку имам голема празнина у градиве што незнам ни каде припаѓам, ни која сум.
    Ми треба разговор, ама кога и М изгуби волја за се` , а таа ми беше мојата светлина и мојата надеж, тогаш... ..
    И пази, само малку љубов ми треба околу мене. А тоа не сум јас! Јас бев тврдиот камен и јас бев таа која велеше: Машко е ма, зарем за нив вреди ?!!!
    Е каде ми е тој памет сега ? Можеби нив не ги толку повредиле како мене, можеби јас претерувам, но.. доста ми е. Доста ми е на крај јас да останувам д грл уит д броукен харт, па тоа не сум јас!
    Неќам да ја имам таа етикета, зарем на чело ми пишува да му се сневиди?
    И какаото ми се олади додека пишував и се мислев дали да идам Испрати. Неќам да ширам негативна енергија, ама штом без да сакам на моите блиски им го правам тоа, овде бар можам анонимно искрено да се искажам.
    Забегав.
    Ај.
    :coffee:
    http://www.youtube.com/watch?v=IyawdmDZQoo
     
    На L-enna и anichka94 им се допаѓа ова.
  2. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека е време да го загреам столчето.
     
  3. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    За сите оние што обожаваат чоколада..А се жалат дека имаат вишок на килограми.. (тука спаѓам јас :lol: )
    Сепак ЧОКОЛАДАТА МИ Е ВТОРА ЉУБОВ..(а прва ми е музиката ;) ) Трета умм нема :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  4. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Леле мајка ми :o и нејзините изненадувања.Сега сватив што била работата,а јас само колку и бев лута :D ,а и сеуште и се правам дека сум и лута.Јас сакам изненадувања,ама неможам да чекам додека да дознаам,а за ова воопшто не знаев дека е изненадување. :)
     
  5. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Осеќам таква потреба да се затворам во собава, нит да излезам нит да ми влезе некој барем едно два-три саата. Да ми се смират живциве малку... :emo:
     
  6. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Имењачке пушти си и некое музиче, балади по можност или класничо, одма ќе се смириш :) Позз
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Оваа вечер,оваа вечер секој мисли на некој
    -со тага
    - некој со омраза
    - некој со желба за одмазда
    - некој со сожалување
    - некој со копнеж
    - некој со мир во душата
    - некој со каење
    -некој со бес
    -некој се прашува дали е заборавен
    -некој со љубов
    -некој со немир
    -некој со солзи во очите и така дo бескрај во нашите длабоки мисли ДА
    Oваа вечер секој мисли на некој...
     
    На Heleny, Angy.g, martinuska и 4 други им се допаѓа ова.
  8. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Што е ова сите на некој мислат а јас на себе мислам :lol:
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... Јухууу, само нека продолжат деновиве вака ... ^_^ Позитивна енергија конечно на видик ... позитивни случувања. Позитивни луѓе ... конечно си ја запознав и снајката ... И ко да сме биле другарки претходно. :D Без стегање, без срам, без глума, опуштено и спонтано си разменивме зборови и комплименти. :$ Тоа е таа, вистинската. :) Мислам дека ќе бидеме блиски и ќе можам секогаш да се ослонам на неа, а и она на мене.

    Me finally happy. :angel:
     
    На moonlight-girl.55, anuskaNESTLE, Johny и 29 други им се допаѓа ова.
  10. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Пред околу една година моите целосно ја имаа изгубено довербата во мене. Среќна сум што ја направив вистинската одлука и пак е како што беше порано.
    Многу ги повредив и ветувам дека нема да ми се случи така веќе. Си ги сфатив грешките, само лошо е што не ги сфатив навреме.
    Сега дома е многу порелаксирано, веќе нема гледања попреко и караници. Тешко ми е само кога ќе си помислам дека јас бев причината за се што се случуваше.

    Изразот на лицето на татко ми кога пеејќи излегов од купатило денес е бесценет.
    Конечно има насмевка на неговото лице. Среќен е што не плачам веќе секој ден. Сега знам дека не само јас сум поминувала низ пекол.
    И ми навираат солзи. Бидејќи го повредив многу. Но, иако е среќен се плаши дека пак ќе ми се случи истото. Hема. Овој пат е различно и сфатив многу нешта за кои претходно не бев свесна.

    Веќе не смеам да си дозволам такво нешто. Јас сум неговата среќичка. :nod: :l:
     
    На Cataleya, Ingvild, Angy.g и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Не сум излегла денес ич. Никаде. И знаете што...супер ми е. 8)
    Вчера беше преубав ден. Излегов со моите во град, да го исполниме планираното изненадување со татко ми. Г-ѓата мајка има нов костим кој преубаво и стои и нова кошула со пепито дезен, а не знае дека тоа одело скоро ќе го сефтоса на вечерата која татко ми ќе ја приреди за одбележувањето на 35 год од заедничкиот брак. :D Браво за татко ми и неговата идеа :clap: Неможам да дочекам да дојде денот, нивниот ден, 35години во брак. :wasntme: :)

    Неделава брзо ми завши. Не мислам на неделава како на ден, туку седмицава.
    Оди ваму, оди таму...интервју ваму, уверение таму, очно прегледи и ... поминале деновите.

    Жалам што неуспеав да појдам кај една колешка, но неможев заради проблеми со очите кои се надевам дека ќе ги разбере и нема да ми забележи и покрај тоа што бевме договорени. Уз пат, ич не ми е жал за остриот муабет кој го имав со друга колешка...си заслужи и не ми е гајле што и да биде понатака.

    Се радувам и за неколку работни прилики што ми се отвараат. Поточно сега ѕиркаат низ клучалката на вратата, али се надевам дека во скоро ќе се фатам за кваката и ќе влезам во рабнотното место (звучам како некоја баба кога ќе рече “влезе во работа...“ :lol: ). Ми требаат кошулчиња и чевличиња (да не речам штилки), панталони, ташни ... уствари плата ми треба бре! : DDD

    Драго ми е што “драгиот“ ми се јави, и драго ми е што го откачив! Ова колку да видиш дека неможеш со мене онака како ти што мислиш. До душа ако сакаше повеќе од една недела да го играш ладниот дел од играта, немој да очекуваш дека кај мене ќе го најдеш топлиот. ;)

    И сега, the last but not the least, морам да кажам дека некои форумџики, оние со кои почесто комуницирам, ги ценам многу, како луѓе, и покрај тоа што не се знаеме лично, како личности кои одвојуваат време за да ме сослушаат но и да се искажат, да бидат чуени. Виртуелно на некој начин стануваат дел од мене и мислам на нив.
    Ова го кажувам конкретно за илипили и ева11 :* You :rock: girls!!! :*
    Пронајдов некои парчиња дома кои или ќе завршат во ѓубре, или ќе живеат уште еден мачкин живот. Штета што не сум многу креативна и иновативна па морам да барам на интернет Do it yourself tutorials и да соберам алатки за работа. Се надевам дека ќе искористам нешто од нив и ќе се пофалам во темата Направи сам.

    Сега можам конечно да ја изледам на раат серијата, да се избањам и да си легнам.
    Илиии....можеби вечер да одам на журката со женските на чат, vol.2 : D
    Имајте сите убава неделна вечер : *
     
    На AIT и LaBella им се допаѓа ова.
  12. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    8.431
  13. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Аман со Валентин, а м а н. Цел фејсбук ми плива од лигави статуси од тип: сите ние што за Св. Валентин сами ке јадеме чоколадо, сите што сами ке гледаме филм, сите што никој не не` сака, на кого да му купам подарок на себе или на мене.. блаблалблаблалбалбгектбухкгѕгкгак. ДОСТА.
    Знаете дека не сте интересни? И знаете ли колку ни е гајле на нас што немате дечко/девојка за Св. Валентин? :fubar: Не е крај на свет. Немам ни јас, но свесна сум дека некој на 8ми март нема мајка, некој нема татко.. Како ли тие да се чувствуваат? Зошто едноставно не сте среќни со тоа што го имате? Верувам дека н 13,14 години не ви е ни потребен дечко/девојка, но потребни се лајкови од кои живеете. |(
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.259
    Се надевам дека особата што ми го обила фејсбукот е посреќна за многу откако ми прочитала се во инбокс...
     
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    ;( ;(
    Ова е вистинска приказна за едно осумгодишно девојче кое знаело дека љубовта може да биде чудесна.

    Нејзиниот мал брат можел да умре поради тумор на мозокот. Родителите биле сиромашни, но го заложиле сиот имот и направиле се што можат за да го спасат. Една вечер таткото и рекол на расплаканата мајка: “Не може повеќе вака ,драга. Мислам дека дојдовме до крајот, него може да го спаси само чудо.“
    Девојчето се слушало скриено во аголот од собата. Истрчала во својата соба, ја скршила касичката, и тивко истрчала до најблиската аптека. Стрпливо чекала, и кога дошла на ред, се качила на прсти пред аптекарот и му ги дала ситните пари.
    - “Што сакаше душичке?“
    - “Тоа е за мојот брат, господине, многу е болен. Дојдов да купам чудо.“
    - “Не те разбрав најдобро“, рече аптекарот.
    - “Се вика Андреј, има нешто што му расте на главата, тато вика дека е готово,д ека само чудо може да го спаси. Јас многу го сакам својот брат, затоа ги донесов сите пари за да купам чудо.“
    Аптекарот тажно се насмеал и одговорил:“Но ние не продаваме чуда.“
    - “Ако нема доволно пари, можам уште да побарам уште. Колку чини едно чудо?“
    Во аптеката се затекнал еден висок човек со сериозно лице, кој со интерес го следел разговорот. Високиот човек и пријде и ја праша:
    -“Зошто плачеш, малечка? Што се случило?“
    - “Аптекарот не сака да ми продаде чудо и не сака да ми каже колку чини. Тоа е за мојот брат Aндреј, кој е многу болен. Мама вика дека мора на операција, а тато вика дека тоа не можеме да го платиме, и само чудо може да го спаси Андреј. Затоа донесов се што имам.“
    - “Колку имаш?“,
    -“Долар и единаесет центи.....Но знете,можам да побарам уште пари...“
    Човекот се насмеа,
    - “Мислам дека нема да биде потребно. Чудото за твојот брат чини баш долар и единаесет центи!“
    Со едната рака ги собрал ситните пари, а со другата нежно го земал девојчето за рака.
    - “Одведи ме во својата куќа.“ рече тој.
    -“Би сакал да го видам твојот брат, и да разговарам со татко ти и мајка ти. Може ќе успееме да го пронајдеме чудото што им треба.“
    Отмениот висок човек и девојчето ја напуштија аптеката држејќи се за рака.

    Тој човек бил професор Карлтон Армстронг, еден од најпознатите светски неврохирурзи. Го оперисал малиот Андреј, кој за неколку недели целосно оздравел.
    - “Оваа операција е вистинско чудо.“ рекла мајката.
    - “Се прашувам само колку би чинела..?“

    Девојчето само се насмеало, не велејќи ништо,знаела дека чудото чинело долар и единаесет центи.

    Секако љубовта и верата на сестричката се пресметани во цената.
     
    На sweetyy1, Elichka, sweet-cherry и 14 други им се допаѓа ова.
  16. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    мислиш дека си незаменлив,епа не бе душо,ни единствен,мислиш неможам без тебе,епа да знаеш не те ни сакам,не сум те ни сакала,никогаш нема да сакам никој колку што си се сакам себе си,ајде осудувај ме викај ми курво,таква си,секој ден со нов,мислиш дека ме боли? повеќе не! Имуна сум на тебе и на останатите околу мене.Вие ме направивте таква,неразумна,брблива,избрзлива.нема да се сменам,не сакам да се сменам.ништо повеќе нема да ме повреди,јас ќе повредувам.си ветувам,си верувам.а ти неиживеан провинцијалецу,фани со го мајчето за плетениот сељачки елек..нацртајте си море и удавете се.за ништо не жалам,неам почит.се каам за се што сум доживеала со тебе,за изгубените пријатели,месеци,години.требаше да дадам шанса на друг,со кој ке бев среќна.а зошто те избрав тебе бе ѓубре едно зоштоооооооо? дете сум била но сега си го откри лиценценто,и отровниот јазик.не заслужуваш да бидеш сакан.ти си олицетворение на ѓаволот.требало да те крстат ЛУЦИФЕР.ке ти го расипам животот,ке те убивам тивко,полека,нема да знаеш што те снашло.ти ми го направи тоа.ме закопа,полу-жива.не ме слушна за последен пат,не ми дозволи,наместо бакнеж добив жесток шамар.сега,се вратив за одмазда.кога ке ти земат се што имаш само тоа ти преостанува. ке страдаш ко шо страдав јас.последно што ке слушнеш ке биде моето смеење,ке те докрајчи тоа што ке бидам среќна !
     
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Црно Лашко :beer: во Ракија Бар. Неделата повторно доби на значење. :D
    И како што рекол големиот Хомер Симпсон:

    http://www.youtube.com/watch?v=hUVwR0rw5fk
    :D :D :D
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Зошто служат најдобрите пријателки/пријатели? Само за болка. Ми беше се го сакав повеќе и од брат и сега се лути за глупости...ја сакав ..ни сестра не сакав толку... а таа моите проблеми ги сфаќаше како шега. Добро има ли на земјата барем еден кој ќе ме разбере? И после те прашуваат зошто не ми веруваш, зошто не ми кажеш. Епа ако се изгориш од огнот нема пак раката да ја ставаш во него. Едноставно се чуствувам како шупливо дрво. Сакам да се повлечам во себе а неможам. Сега имам нова цел... па да видиме дали пак ќе ја направам истата грешка.
     
    На lovely91, martinuska, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Ете така ненадејно се заљубиввв :$ :inlove:
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.213
    Допаѓања:
    139.820
    Ми се фарба, и тоа ни мање ни више, црвена. А добри 15 години не сум била црвена. Рандом белите влакна уште на прсти (на една рака :D ) ми се бројат, па кога ќе начекам некое, му пресудувам од корен. И да знаете дека не болат ич, кој има, слободно нек си ги корне :D

    Туку друго сакав да кажам. Желба за промена на боја на коса е желба за промена, генерално.
    И не требаше да ми дојде желба за фарбање, да си признаам дека е така. Пак ме фати некоја монотонија, а за промени очигледно никако да соберам сила.

    Дури и возбудливите работи веќе рутински се случуваат. И оние непријатните.
    Таа секој петок вечер ми се јавува расплакана и ми кажува дека и е тешко, тека тој не ја третира како што треба. Во сабота во очај ја барам цел ден и не ми крева слушалка, за во недела да ми се јави и ми направи некој бош муабет, како ништо да не било. И се така. И секое јавување јас се трудам да и помогнам некако, да најдам начин да се разреши ситуацијата, ама џабе, кога тоа не допира до неа. Тоа ми сосема несфатливо од две причини: прво затоа што не можам да сфатам како може да не сака да ја реши, или да не најде сила да ја реши. Второ, затоа што кога имам проблем, или некој близок има, сакам да го решам. Јас ако не мислам да решам нешто, не би ни отворила муабет, со никој. Празни муабети не ми се јака страна, признавам.

    Моите ќе одат, а ќе се вратат дури по 5 месеци. Ќе ми недостасуваат и плус ќе морам некако да се преорганизирам. Нема да е лесно, ама време е да ги преземам сите работи во свои раце и да не се потпирам на ничија помош, како сите нормални луѓе.

    И покрај желбата, не се фарбам. Ова ми се последни година - две во кои ќе можам да си ја носам мојата природна боја на коса. А си ја сакам. Иако има некој пепеласт тон и нема особен сјај, си ја сакам затоа што е моја.

    Исто како татковината. Ја сакам мојата татковина затоа што е моја,така пишува во учебникот по запознавање на околината за трето одделение. Ги учи децата да ги сакаат нивните работи, без разлика какви се. Слично како другарот Тито што викаше порано - Туѓе неќемо, своје недамо (не ми текнува дали негација во српски се пишува заедно или одделно со глагол). Имаше и еден таков споменик на Вис кон крајот на 80-те години од 20-тиот век.

    Ама се расприкажав, се гледа дека сум од постарата генерација.

    Добра ноќ жени, и нека ни е со лесно новата работна недела.
     
    На Elichka, teddybear, Moira и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.