Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Значи сакам да бидам ладнокрвна. Само тоа. Ништо да не допира до мене, СЕ ладнокрвно да поднесувам и цинично се насмевнувам.
    Преку глава ми е да бидам проклет емотивец кои за секунда се расплакува и веднаш повредува.
     
    На moonlight-girl.55, girl-miri и HplsRomantic им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Јас и настинката.. си чмаеме.
    Се чувствуваме и се чувствуваме, абе... саде чувства сме, дури ќе отрпнеме од чувствување.
    Досадно е да си настинат.
    Дај друга некоја болест.
    (Не мислам за озбилно.)

    Вчера една убава, една грда вест. Баш она - венчавка и погреб. Ебате.
    Се’ така ми се врзуваат некако у последно време. Токму да разцепиш тоа фацата , да извиеш уста во насмевка, ете ти. Ти свиснува надолу ради нешто си друго.
    Треба да творам..имам потреба, ама немам хартија,немам пенкало, немам нити машина за куцање, нити прсти. Имам само мисли и мисли и мисли и чувства и нечувства.
    Празен е овој свет.
    Тоа е проблемот.
    Чат-пат ќе налеташ на некого и ќе се разберете, ама поголем дел од времето само ќе воздивнуваш и ќе климаш со глава дур зјапаш низ пенџер среде муабетење. Како се вика тоа, дијалог без дијалог... монолог. Ама, кој да сфати.
    Битно е да има кој да ги слушне. Јас, не сум веќе тој некој.
    Тоа е.
    Имам душа само за себе. Не зрачам никого и кон никаде. Бар сега не.
    Си замислив дека сите се среќни. И овците им се на број.
    И си живеат во дворец ...и си имаат градина... и си имаат и кученце и маченце и коза и јаре и прасиња колку филѓан кафенце. Се е розево, џиџанко.
    Имам само мисли и тоа си правам... си летам со нив. Би да летнам и без нив, амааааа... така не бидувало.
    Добив проект - не се израдував. Добив нова работа - не се израдував. Добив покачување - не се израдував. Ебате колкав намќор сум станата. Значи.
    Мразам кога ќе се видам себе си во некого.... кога ќе се прочитам, било каде.
    И, нервозна сум. До ѕвездите е. Ама и до мене. Ма до се е.
    Ми треба музата. Мојата,не друга. Или бар на марс да откријат некој нов животински тип...налик јас. Мојт? Бар толку надеж да се даде на оваа напатена душа :worried: :angel:
    Температура си имам. Не ме слушајте,нит ме читајте. Бладам.
    И,песна не можам да си погодам.Ама тоа не ми е од сега.
     
    На Johny, Markusa2, Peppermint и 23 други им се допаѓа ова.
  3. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Денов демек требаше да ми помине во учење ама слабо некако. Ми помина пред телевизор, сите можни репризи на сериине ги изгледав, ами ни к од книга не видов. |( Ајде демек вечер ќе сум учела, поголема концентрација демек кога сите спијат.. Ајде да видиме дали ќе се исполни. :?: ама така ме мрзи да учам значи... :| мислам океј, секад ме мрзи да учам :lol: ама како така се наканувам да седнам, денес некоја посебна мрза ме фати, од кауч да мрднам ме мрзеше.. :doh: :rofl:
     
    На M.a.r.i.l.y.n му/ѝ се допаѓа ова.
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Разгледував некои материјали од одамна, не ми се верува како лета брзо времево. Во вакви моменти посакувам да постоеше временска машина и да се вратам назад. Тешко веројатно дека и да постоеше ќе можевме да менуваме нешто, барем да можев некаде од страна да гледам некои моменти и да се смешкам.
    Да се потсетам на старите чувства, на тинејџерските лица, старите работи-сега веќе неупотребливи итн.
    А еден ден, здравје, сигурно ќе посакам да се вратам сега во ова време.
    Така наместо само да се биде носталгичен по минатото, треба да се мисли и на сегашноста бидејќи и ова денес наскоро ќе стане минато. За некои работи не треба да ни биде гајле, не треба премногу да се трудиме, туку да и оставиме на спонтаноста, понекогаш да пробаме нешто забрането, нешто нетипично за нас, да има на што да се сеќаваме, бидејќи после некое време, се ќе ни биде слатко и смешно.

    И така, можеби подоцна и ќе се направи временска машина, па можеби во моментов идната Ким е вратена во минатото, т.е сега ме ѕирка од некаде и се смешка :D па ќе ја искористам приликава да ја потсетам на ветувањето што си го даде (пишав пред некој пост), ако го има заборавено да го применува, да не прекинува да го прави она што почнав сега, да престане да се грижи за глупости и да ужива.

    Ако не се случи ништо од ова, ќе си го прочитам постов во иднина, па така нешто слично ќе му дојде :D
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  5. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    скиснав на форумов :rofl:
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.259
    Оваа узбунава на твитерџикиве шо ги хејтале влијателните по форуми и замарањето околу истото е само уште еден смешен факт дека се доживуваат себе си многу сериозно и важно. Ако влијателни е епитет со значење,онда стварно си имаат луѓево јаки комплекси на виша вредност, со назнака на жените кои пак не знаат да прифатат заебанција. Неприфаќање на заебанција = лоши у кревет и пејн ин ди ес у живот.
    Позз
     
    На kate21, blond, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Во последните неколку дена сфаќам дека многуу ми недостига детството од мала се ми недостига па до некој си 21 кога мама беше тука за се,моето детство поминато,прекрасно,кога за ништо не мислев други мислеа кога тато ќе ми дадеше пари за излегување и ќе ми кажеше до 12 дома да си,кога ќе станев од спиење во 12 1 на пладне цела ноќ гледав филмови и раскажував на мама за новата симпатија кога ја терав мама да ми меси кифли во 2 навечер и она кутрата одма без збор,кога врнеше снег си гледавме со мама како врне се радувавме и двете кога и викав мамо не му кажувај на тато за ова те молам кога ме бранеше за се пред тато и секогаш јас бев добра и безгрешна е тоа е мајка местото нејзино никој не го заменува една е затоа да си ја ценете верувајте секој миг поминат со мајката е вреден те сакам секогаш мамо во срцето те носам <3 <3 <3
     
    На Angy.g, pamelche и Soldier им се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Хммм,понекогаш можеби треба само малку поинаку...Just keep on tryin' :)
     

    Прикачени фајлови:

    • New.JPG
      New.JPG
      Големина на фајлот:
      122,4 KB
      Прегледи:
      564
    На Glossy-girl, Annie.mk1, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    "ти не разбираш... а јас не умеам да ти објаснам..."

    Зрачам од гордост! Наеднаш станав нова. Во еден миг,ете така, за оние кои не забележаа, од ништо. Веќе мене не ми е грижа што сакаат да ме провоцираат, не паѓам на провокации. Се откажав од секаков вид шпијунски дејствија, веќе не контролирам никого, не забранувам и не ограничувам. И онака имам некоја чудна моќ, ако нешто лошо се случи информациите веднаш доаѓаат до мене. Ниту прангите раѓаат љубов, ниту робовите љубат .Ете. Слободен си. Сега повели, љуби ме.
    А среќна сум, исполнета...ме исполнуваат тие топли прегратки што сакаат ладни да ми глумат, ама тешко им оди. Ме исполнуваат книгиве,ме исполнуваа пријателите, кафенцето, се. Колку е убаво кога мали работи те прават среќен :rofl: :clap:

    На другата страна на мојот свет...

    ...Тој никогаш не ми кажал дека ме сака, а сепак синоќа му го видов тоа во очи. Токму поради тоа не го погледнав повторно, од страв да не прочита и тој кај мене, да не му е тешко што нашето време помина, да не се понадева..Сега знам СЕ. Знам дека сите знаеа, освен ние двајца. Нас гордоста не исуши, не уништи проклетата. А другите гледаа колку се сакаме..гледаа дека сме среќни...сите осве ние двајца...само ние верувавме дека сме пријатели кои сосем случајно се добри љубовници, без емоции...yeah, right.. :?:
    Му недостигав, знам. И то мене...ете тоа ни од него не можевме да го сокриеме. Ајде, помина. Знае тој дека го сакам среќен, ќе биде трпелив, Бог скапо ќе го награди за таа негова безгранична добрина. И нека не го буни тоа што престанав да се борам - се е исто, само знаев кога треба да се откажам..

    Девојки, никогаш на никого не му ветувајте дека нема да се вљубите во него...
     
    На La.Reina.Del.Sur, Moira, EleMental и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Е поголем демотиватор од татко ми нема :rofl: ми се избаци у соба да ме праша дали сакам да јадам и нормално, му велам: Не бе, не јадам веќе касно, да ослабам сакам :) и ми враќа: ПА ГЛЕДАМ, ТИ ТРЕБА! |( Си се изнасмеа и си затвори врата :rofl:
    Ој бе таму, не ме чепкај :lol:
     
    На Ingvild, mal.ecka, Christina.A и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Кога на свадба ќе ја засвират “Черешна се од корен корнеше, мома се од мајка делеше” </3
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, Camellie, Markusa2 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Не можам да ја разберам потребата на некои мажи кои имаат прекрасни девојки/жени крај себе да се маваат у груди и да се пуваат со муабети за типки од минатото дека летале по нив, дека ги легнале или не знам ти што или пак да ја зборат секоја згодна цура што ќе помине со муабети "што би и направил", а ни за момент не размислуваат како и е на девојката што е крај нив... всушност, не можам да ја разберам неа што дозволува да биде понижена!
     
    На lovely91, Hopeful, swrcii и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Стипендија <3
    Положена 4/4.
    Првата 10ка во индекс ;)
    (слика од индексот)
    (слика од процесот на учење)

    Зошто, о зошто луѓето денес имаат толкава потреба да споделуваат детали од својот живот пред широката јавност? Зошто мене ме интересира дека си добила стипендија, дека си положила, дека имаш 10ка? Зошто сакам да гледам слики од твоите фино наредени тетратки, отворени книги, шарени маркерчиња и лап-топ во позадина? Зошто сакам да гледам слики од твоето кафе или ручек? Погоди што, не сакам! Да, супер за тебе и за твоите успеси, и јас имам 10ки и добив стипендија, па не им го пикам тоа под нос на сите мои пријатели на фејсбук! Да, убаво е да се пофалиш, но да се пофалиш на луѓето на кои тоа навистина ќе им значи, ќе се радуваат за твоите успеси и ќе бидат горди на тебе. Мене, како твоја познаничка или колешка, тоа воопшто не ме засега, напротив, ме иритира.
     
    На EleMental, L-enna, Divinebutterfly и 24 други им се допаѓа ова.
  14. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Labella ужасно се согласувам со тебе. Со мојов уште на почетокот се учевме дека ако тоа тоа тоа и тоа - ке биде тоа тоа тоа и тоа.И точка. Стварно ништо нема прокоментирано за некоја што ке помини на улица,едино за некоја пеачка кога ке паднеме сите на муабет. А не дека сум немала такви мо*ковци. Незнам бре чоек, ама многу ми мава во нервата, и од поголема количина на такви коментарчиња можам без размислување да ставам крај :/ Слаба сум.
     
    На LaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Тотално се разочарав.
    Ми беше драга личност, онака мислев дека е поинаква од другите.
    Ми беше како семејство, ја сметав за сестра. А таа!?
    Ја затвори вратата од нашата соба и се пресели кај комшивките. Причина, сака да сврти нова страница во животот.
    Ја разбирам за страницата, ама каде сме јас и другата цимерка во случајов? Толку моменти, соништа, солзи, среќа поминати заедно, а таа?
    Другата цимерка почнува да работи, така да ја имам собата само за себе.
    Ќе бидам постојано на факултет, а кога ќе се вратам празна соба.
    Јебига живот, едно дава - друго зема.
    Утре е важен ден за милиот мој, го молам Господ се да биде во ред. Сакам да биде среќен, да беше до мене со двете раце ќе го потпишев тоа чудо.
    Јас имам 12 часа предавања и плус не ми се спие, ако не умрам утре, не умирам никогаш. Најсериозно :!:
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Дојдов јас. :hai:
    Битола како Битола, истата што ја паметам од пред 4ри години...еден од најубавите, за мене, градови.

    А со него?! - Со него секогаш најубаво се чувствувам. Заштитено. Сакано. Не мислам на ништо.
    Овие два дена ми поминаа како 2 саати. Си заминав, по незнам кој пат, со насолзени очи. :tmi:
    Тажна сум уште. Ми фали. Многу!

    Сакав автобусот, случајно да си замине, да ме остави. :lol:
    Сум направила и така многу пати, искрено, но сега неможев зошто утре го започнувам наредниот семестар, 8ми по ред и мојот А. ми рече да побрзам, да ги исположам останативе 5/6 испити, да ме барал за жена! : D
    А јас пак, му реков дека ќе бегам кога ќе ми клекне пред мене, со прстенот! :rofl:

    ...лажев- нема да бегам туку едвај чекам да бидам со него 24/7 - цел живот! :l:
     
    На moonlight-girl.55, ilipili, anuskaNESTLE и 23 други им се допаѓа ова.
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Јас сум полна со љубов. Ги љубам двајцата мои, него и 8 месечкото наш. Љубам се околу мене. Нема нема па ќе се сретнам барем со една нова пријатна личност која ќе ме опсипа со љубов.
    Едни од поубавите моменти се кога штотуку запознаени личности ви признаваат дека вредите. Ви кажуваат како во вас гледаат топлина и сјај. Ви кажуваат дека со вашата насмевка сте им го осветлиле барем за малку денот. Убавини! А сето тоа се прави без ни малку потреба од/за корист. Секогаш е добро кога остварувате добра комуникација со некој. Тоа е прифатливо само во услови во кои и двете личности се однесуваат една кон друга на исто ниво. Без разлика дали едната од нив е постара, позрела и поуспешна. Бидејќи таа знае дека помладата личност која стои спроти неа е всушност иднината. И без завист ја почитува и се труди да и помогне.
    Сепак убав е светот. И сепак сееуште имаат праведно срце некои луѓе кои со сопствен труд направиле своја реномирана фирма и се на врвот. И таквите луѓе ми се патоказ кој ме придвижува напред.

    Не дозволувам никакви негативности да допрат до мене. Па колку и да се трудат некои со такви работи.
    Имајте мирен сон, големи луѓе.
     
    На ilipili, Springy, Moira и 2 други им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Цел живот бев дежурен психолог, дежурен професор, дежурен лекар, сексолог, рамо за плачење, судија... И веќе не можам. Се чувствувам растргната, обесхрабрена... Немам сила да се борам, не сакам да зборам со никој, знам дека на крај пак јас ќе бидам слушателот. Очајно, очајно ми треба некој барем еднаш да ме ислуша мене. Ама сфатив... нема некој на кој што можам да му се доверам целосно, на секој можам да кажам делчиња, ама никому се... И пак си доаѓа она моето, тајната не е тајна ако ја знаат двајца... А тешко ми е, околу мене се водаат битки и на крај, јас сум таа што ќе настрада, оној невиниот набљудувач од страна.
    Се ми е толку тешко, толку напорно... Чувствувам дека полека се предавам, ја губам силата... Ох, колку се надевам ова да е само период...
     
    На Doozy, Mishela, lovely91 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Го почувствував и јас тоа, некој кој неизмерно некогаш си го сакал, а денес само е една личност од твоето минато, кое го гледаш со горчина. Зошто, минато?!! Те мразам.
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Се вели дека животот обично ни дава трошки. И некаде прочитав дека среќата всушност не значи се да ти е совршено во животот, затоа што реално тоа е утопистички невозможно.
    Епа кога животот ми дава трошки, јас си ги собирам. На купче, ви текиња? Како чаршавот кога го чистите од трошки пред да ги фрлите, ги собирате на купче. Е - е! Такво купче си направив, и си го чувам.

    Не можам да го опишам срцечукањево од сабајле. Онака, ми гори во градиве, ама сериозно :D
    Ама убаво ми е! Па си се исплашив да си признаам дека ми е убаво ама си реков, абе ќе си признаам, па во случај да не потрае барем знам дека сум се радувала до даска кога било убаво.

    Не сум спиена скоро ич, чуствувам нешто меѓу силен умор и експлодирачка возбуда, значи доџе ми да вриснем и да се катапултирам со олку енергија до Марс и назад исто колку што ми доаѓа да се бапнам во кревет и да отспијам нешто.
    Ова не се пеперутки, сабајлево беа змаеви. После може ќе ги снема ама....небитно.

    Хороскопот ми велеше, водолии, ова е ваш месец. Ако искочи дека е стварно така, ќе си се бубнам што сум водолија :D

    Најсмешно од се е колку сум конфузна и нималку концизна, ама не ми е битно. Сабајлево ни јас дури не се разбирам, само знам дека ми е убаво и сакам да не е пролазно. И сакам да си рипкам ко Штрумфета цел ден :D

    Ајде, чаооооо...и после неделите не чинеле, ахам! Важи!
     
    На Sunchild, Johny, Elichka и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.