Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Илјада зошто и уште толку затоа, така вешто се смотале, та веќе воздивнуваш и ги оставаш за некое ново утро. Како чинииве што се собрале, резултат на несредени мисли. А и на крајот на краиштата, која сум па јас да ги средам, сами нека си се средат, си знаат. Лет ит би, лет ит би, оу јеа да беше толку лесно. А можеби и е, ама кој пусто да проба. Тоа ни во срж, да исправаме и поправаме, виткаме и кршиме, ама сепак она првото повеќе кај нас жените. А ако си мајка, па проработиле некои подлабоки нешта во душичката, не би да ја чепкам таа тематика, ќе се разврзе долга и широка...И да, ако сам не фатиш и исфрлиш на пат, се истресеш, бришеш пот, се тапкаш во знак на ајде биди јак живот иде даље, фаќај тоа патот под нозе и не цмиздри,кој?
    Туку отидов јас, мојава мала-голема ѕверка ја бара мама да си игра. Го гледам, не набљудува вешто, замислувајќи се и тој голем, секој ден учи по нешто,сака да порасне брзо, а се’ уште е толку мал за да му кажам да брза, туку колку може да успори и ужива во секој миг,секој сончев зрак, секое благо ветерче со мирис на море и детство...
     
    На bittersweet, ludoto19, anabel-a и 6 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Кхм, ви ја претставувам...Лихтенштајн
    [​IMG]
    Да, мојата нова дестинација од соништата за живеење :wasntme: Некако реално ми е да одбирам вакви места за живеење, огромни ливади зеленила, толку совршено место за една крава :lol:
    Еден "виц" што го слушнав викендов -Излез од кризата во Македонија...на аеродром Александар Велики. Правец за Лихтенштајн (ако има кај да се слета во земјава :D )
    Имавме еден муабет со мајка ми за стравот од природното и натприродното. Верувам дека луѓето треба повеќе да се плашат од другите луѓе отколку од поимот дух, вампир, демон. Лошото тлее во самите нас, а не во измислените чудовишта кои ги креираме од нашите скриени злобни намери. Па ја прашувам, што е повозможно, додека се шеташ да ти наиде вампир, или човек кој ќе сака да те ограби па и повреди :^) Она вели -не се знае, се е возможно-. :^) :D Мајке, ако имаш некое инфо дека постојат вампири кажи одма, да не го симпатишем само преку тв Клаус :rofl:
    Ама сепак, ретко кој погледнува под кревет да провери дали има крадец...сите бараат чудовишта таму. И отсекогаш ме интересирало зошто, во американските филмови децата се плашат од чудовишта во плакарот. Мислам, не ме интересира стравот, туку зошто речиси секогаш плакарите им се отворени. Кој го чува плакарот дома со отворени врати? :^)
    И така, се будам јас сред ноќ (често ова го правам откако го преместив креветот :worried: ) и мислам на Колин Фирт. Се буди мајка ми, мисли на лоши деца што малтретираат луѓе :D Па така, денес на програмата, ќе и сервирам романтични филмови. За да не ме наречете романтичар, за мене романтиката има поинаков облик. Јас не израснав со бајковити филмови, или тинејџерски романси каде лошите момци секогаш се менуваат за добрите девојки. А сепак, поверојатно е дека ќе го најдете принцот од соништата, отколку дека женкарот ќе престане да биде женкар поради вас. Лекција.
    Убав викенд. Снег само на лажните временски вести.
     
    На LilBaby, Doozy, Sexybaby86 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Колку само ми го разубавија утрово :)
    Ни болест ни ништо нема да дозволам да ми го расипе.
    Свадбата закажана! Едвај чекам да дојде јули :D
    Само тоа ми е во глава: шминка, фризура, фустан чевли... Дури и си испланирав.
    Фустанот ќе ми го шие мајка ми
    Ќе ја фарбам косава црвена
    За шминката ќе се погрижи другрка ми
    уште чевли...
    Како за 5 дена да е, а не за 5 месеци :)
    ....Битно мене убаво си ми е :inlove:
    еднаш се жени братучед ми :D
     
    На Doozy, Angy.g, ludoto19 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Пресреќна сум од 5 испити положени 3 останаа само уште 2 и успешно завршена мисија.
     
    На marama и pamelche им се допаѓа ова.
  5. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Чувствувам потреба да извадам нешто на виделина. Знам дека ми тлее и стојам со прстите на тастатура а тие едвај мрдаат.
    Фрижидерот решетки, сиви лица што се смешкаат на сила и во мене енергија колку да слушам музика чекајќи да помине и овој ден.

    Си ги тргам слушалките, ја погледнувам мајка ми и таа веднаш ми го фаќа погледот.

    Ми текна на една добра мисла што ја слушнав во документарец и ја споделувам:
    Секогаш кога ќе слушнеш за некоја голема вест, почни да ја бараш приказната од која се обидуваат да ти го одвлечат вниманието.

    И веднаш насмевка. Полна, искрена. Ми вели сум бил од ретките, ако не и единствениот што го има во животот со кој може да прави муабет во било кое време, на било која тема и да биде сигурна дека нема да биде залудно. Нема да биде бош потрошено време и секогаш ќе научи нешто.
    Или дури и да не е нешто ново, самото потсетување и вдахнува некоја енергија. Тоа се тие, стимулативни муабети. Алергична е на површност и фасадери.

    Па се смееме за времето кога таа ми беше Гугл. Се ја прашував неа. Од Зошто постојат мравките до Како летаат авионите. Се смеевме и за периодот кога бев 6-7 годинки и зедов тампон од ташната па пред еден куп гости ја прашав за што служи тоа?

    Но помина времето кога таа чекаше со недели да и стигнат книгите од странство. Денес голем дел од тоа знаење е на неколку клика и сега таа учи многу работи од мене.
    Се чувствува претекнато. Претекнато со молскавична брзина, но во никој случај не и е грдо чувството. Баш напротив. Се гордее со тоа.

    Човек може да бира што ќе допре до него. Само убавото, само вистински вредното.
    Денес сетилата ми се исклучени, очите не го гледаат зеленилото и снегот, суви се. Рацете ми се премрзнати но ме грејат повремените напливи на адреналин.

    Таа ми се вртка во мислите. Се бори за мене, знам. Не е тип што се откажува.
    Ми дава на знаење дека и вредам. Сите сакаме да вредиме нешто во нечиј живот.

    Многу работи фалат, но душата ми е полна. Со исчекувања, со надежи. Со нешто топло и убаво.

    http://www.youtube.com/watch?v=7TttjeXZYE8
     
    На moonlight-girl.55, SparkyAngel, La.Reina.Del.Sur и 23 други им се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк како автобуска станица сум едни си одат,други си доаѓаат.
     
  7. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.325
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    времево ме лаже |( ме тера се повеќе да ми недостига пролетта и летотоо :D Летооооо 8) и само лето, па од тоа поубаво нема? нели девојки 8)
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Понекогаш ништо друго не ти е потребно, освен подршка...
     
    На Greeen, srcekrsacka и pamelche им се допаѓа ова.
  9. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Сакам многу работи да кажам,но,имајќи ја во предвид мојата ситуација можеби попаметно би било да си молчам :swear:
    Но,само едно не ми е јасно,зошто дедо Господ не ги штити добрите луѓе од лошите.Зошто дозволува добрите луѓе да страдаат поради неправди кои ги добиваат од лошите луѓе? Зошто дедо Боже не ги заштитиш добрите луѓе од злите?
    Велат после дожд оди сонце,но,над моето семејство како да стои еден огромен,сив облак.Дури застрашувачки. И се прашувам дали некогаш ке живеам спокојно и ке се чувствувам удобно во мојот дом.
    Можеби кога ке имам свој дом,свои деца.Засега сите добрини на овој свет ми изгледаат толку далечни.... :| :hai:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    И денес првиот неоправдан, бидејќи бев многу мирна нели. :emo:
     
  11. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Во животов никогаш претходно не сум била олку изгубена. Не компас, не мапа, ништо не ме спасува.

    Имав јануари како што ни на најголемиот непријател не му посакувам. Survivor.
    Имав јануари како што никогаш не мислев дека ќе имам. Полн со разочарувања од луѓе од кои не си очекувал. И сега, ова е многу нормално за другите луѓе, нели во стилот, луѓето секогаш ќе те разочаруваат, навикни се на тоа, но мене тоа не ми се се случува. Посебно не со жените во мојот живот. Јас имам или барем сум мислела дека имам многу стабилен круг на жени,другарки, околу мене. Apparently, I was wrong.

    И тоа да се заебана од две жени доаѓа во пакет со 800 страни материјал за полагање. Доаѓа во пакет со мешање на бивши, со доаѓање на нови погрешни, доаѓа во пакет со многу грешки.

    И пак сум на местото каде бев пред две години. Само што тогаш станав, а сега што ќе се прави.. ?

    И ... Нели неизбежното ... Заради кое и себеси се мразам кога го спомнувам, но е така.
    Измешани ми се приоритети во мојот живот дека го немам Иван повеќе. Или барем само јас така сакам да си мислам. Ама што знам ... Тој ми беше кочницата која јас очигледно веќе пола година ја немам и затоа направив грешки за кои ќе се каам цел живот.

    Една задача за понеделников. Расчисти си ги приоритетите во твојот живот. Фала ви.
     
    На moonlight-girl.55, Divinebutterfly, Johny и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Кај се оние денови кога не ми беше галје? Каде? Летнаа за да не се вратат. А кога само ке ми текне колку многу сакав да пораснам, да одам на училиште, безгрижно да ја држам симпатијата за рака.. Хаха.. И тоа беа времиња. Сега - темнина, тешка, уште пак и здодевна. Си ја сакам јас темнината, другарки сме, но некогаш дури и најубавата темнина ми се поматува со солзи и.. И толку од нејзината убавина. Ќе помине и ова.. Мора.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    добро е , не сум алергична на глутен :whew:
    ама затоа ме чекаат уште еден куп анализи да видиме што не е во ред со цревата, стомакот, желудникот и :!: си добив задача од докторката да прогоглам на нет за што би можело да биде.
     
  14. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Никогаш не мислев дека животот ќе ми се одвива вака, ама нели нема како ние сакаме како ни е пишано. Моево пишано и забришано. Годинава мислам дека ми тргна на лошо, на мрза, поспаност, без воља. Се што правам ама буквално се е без воља. Како можев до толку да не посакувам да направам нешто и да се помрднам од оваа точка во која стагнирам веќе некое време или се влечам назад. Дали е можно само мојов живот да оди назад? Сите знаат што сакаат да прават утре, сите сакаат да успеат во нешто, да се покажат себеси на некое поле од животот, а јас? Јас што? Само сакам да дремам, се молам себеси да станам да мрднам од фотељата барем да земам да јадам ако ништо друго. Ама ете и тоа е без воља ако некој не ме потсети ќе заборавам да јадам. Толку сум расеана периодов, незнам ни што правам, ни како правам, ни ништо. Мозокот исто како да го немам. Не можам да разберам што се случува околу мене, секад последна ги контам работите. Се испитувам себеси како тоа јас планирам да продолжам понатаму со оваа мрза што ме опседнала, никакви емоции во мене како камен сум. Камен што го оставиле на кауч и не се мрднува од таму. Кога ќе се вратам дома сакам само да лежам, и лежам и вечно да лежам. Во школо е друга приказна станав најбесното девојче во клас, ако продолжам вака сите наставници ќе ме мразат, веќе ви спомнав во претходниот пост и дека си заработив еден неоправдан. А кога ќе ми текне дека важев за кул девојче што секогаш се смешка и дружи со сите и сите и се петки. Овие работи не се сменија истата сум но проблемот е што целата моја енерегија ја трошам на школо, правам глупости кои мислев дека никогаш нема да ги направам, а зошто епа затоа. Книгите ми станаа најодбивното нешто на свет еве ми се спремаат недели со испрашувања и тестови а јас книгите ги фаќам само кога ги ставам во ранец. Побитни ми се забавните моменти со другарите и другарките отколку школото, домот. Денот ми поминува како и на секој нормален одам на школо правам што ми душа сака се враќам дома се претворам во камен кој се џитка на тросед и гледа тв по цели денови. Еве денес се испитувам себеси своите постапки и си мислам не ова вака не иде се ке расипам заради мојата мрза и лудост. Да точно е тинејџерските години такви се ама јас ги преминав сите граници кои ми беа поставени. Сите препреки на патот ги буткам без да размислам на последиците и најлошо од се е што ми е гајле. Како намерно да се буткам во безизлез и пак ми е гајле. Не ова мора да се смени, мора. Вистина е дека ваква повеќе ме сакаат другарите ама и ми викаат дека ке си ги расипам петките и ако вака продолжам, после чао ЈБТ. И цело време си викам мора да го променам ова а јас си седам и си куцкам тука. Јануари помина со забелешки, пола Февруари со неоправдан, ама од денес си ветувам себеси дека ова вака нема да биде. Од сега ќе правам корисни работи за мене, себеси се ставам на прво место, овој камен ќе се распарчи и ќе почне вредно да си ги собира своите делови. Да така ќе биде мора да биде. Оваа точка ќе оди кон патот кон успехот, среќата и вољата. Знам дека ако го направам ова ќе се чуствувам поисполнето а не како камен. Повторно на сцена ќе стапи старата јас и ќе го насочи мојот живот кон вистинската насока. Повторно ќе се гордеам со себеси.
     
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ќе им се жалам на овие што ми пратија техничар да ја погледне пералната. Да си знаат! :!:
    Тоа ли се праќа бре кај ваква одртавена тетка!? :fubar:
    Едно височко, па тенко, па младичко, кревко, па една црна коса, па едни сини очи, ох ох абе долната вилица од под си ја собрав кога го видев пред врата. Се заљубив :$ :$ :$ Сакав да го врзам да не ми избега, да си го чувам дома како милениче, да си го хранам, да си го галам :tmi: ама, е ама, маж ми гарант ќе е алергичен на него :D
     
    На Monna.Monna, AIT, kravce и 20 други им се допаѓа ова.
  16. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Јеееејјј денес се спасивме од тест физика :rock: ни го одложи 8)
     
  17. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Неуспешно се обидувам да го „деактивирам“ сетилото за вкус... |( Чајов колку и да е полесен, само на душмани би го дала :D
     
  18. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Што ке добијам географија ако не 5? 8) Сега мајка ми и татко ми ке дадат по едно стотче :cash: .Така си е договорот. :)
     
  19. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Незнам кога еднаш засекогаш ќе си ја затнам муцката да не кажувам некој работи на луѓе што не треба :| Цело време си викам нема да ја кажам оваа ГОЛЕМА тајна и на крај пак на некој ќе кажам ама ај барем овие 3 не издаваат.Иначе ми се врати старата наставничка по математика,таа строгата а јас како што сум дрво математика незнам што ќе правам.Секој ден се лажам дека ќе почнам со диета и пак ќе купам некое чоколадце.Љубовтаа....оффф тапа е,за Валентајн сама ќе си купам поклон. :D
    Одвај ама одвај чекам да си одам од школово.Тоа ќе ми биде како да си почнувам нов живот,незнам едноставно мразам некој деца од тука толку се катастрофа и безобразни и немам зборови со кој би ги објаснила.
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.981
    Пол:
    Женски
    Ден, како и секој ден.Времето де облачно, де сончево, де снег ќе заврне.Секој ден различна сезона.Ми се смачи де,не ли сфаќа? Друго ми беше муабетот, се радував наредниот петок на екскурзија, сега и неа ја одложиле.Зошто бе? Тие си знаат.Расположение никакво, учење никакво.Се надевам нема да ми намалат некоја оценка во скоро време, додека да се свестам да учам :?:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.