Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Не сум јас некој голем Америко-фан ама пред да умрам има да отидам барем до Њу Орлеанс, па што сака нека биде. Си ги осеќам тој град како мој, срце ми се топи кога гледам слики или сцени снимени таму. Сакам на еден од тие погреби да отидам, да јадам пржени јужњачки оброци и да дремам на улица пред купче музичари. Најголем број од моите омилени музичари се од таму и едноставно ќе одам и точка. Ма извичник нека биде понеделнички!

    Сфатив дека кога не сакам да направам нешто наоѓам купче изговори. Од најглупави до најкреативни. И се замислувам за момент, дали мораме да правиме работи што не ги сакаме? Реално да, кај мене во глава не. И на дело неделава. Паѓаат од небо парчиња памук и ги впиваат нечистотиите на улица. И така цел ден.

    Топло чоколадо со чили и чисти алишта. Многу ч и многу џез. За понеделник да не биде тмурен.
    http://www.youtube.com/watch?v=ozZc6jKiljY
     
    На kravce, Springy, Libera и 2 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.331
    Допаѓања:
    102.942
    Пол:
    Женски
    Викендче во Лутраки, кој си е умен мужето ќе го носи на викендче :rofl: Некако ми е потребен викендов, го чекам како којзнае што да е. Јужниов сосед е со многу лоша нарав, ама јас некако си ја љубам нивната клима, ме потсеќа на дома тој мирис на топол воздух, многу крем за сончање, аха мене и во зима таму ми мириса на стариот добар БлекУп :lol: Иначе идам на викенд на бања, шта чеш, остаревме, почнавме наместо на шопинг во Солун да идеме на викенд во топли бањи малку позапад од Солун. Но ми ветија, барем Икеа да ја добијам, има да нарамам 2 масичиња од 5 евра па што сака нека биде :lol: Ако успеам да издејствувам и некоја рамка со платно, одма активирам четките :D
    На одење од таму ми ветија и малку мојот дом да си го помирисам, да си ја видам болната бабичка, да му однесам поклонче на татко ми за 57ми роденден, не дека го заслужил, чисто колку да ми помине грижата на совест што поклонот за свекор ми го мислев 2 недели. Мојот мал град е ужасно пуст во овој дел од годината, но ми недостига, што да правам кога многу ми недостига, таква сум јас, романтичарка по душа и голем носталгичар, каков и да е никаков, мал и тмурен, мене ми фали тоа мало градче на југ. Веќе ви имам зборено за него да не се повторувам ;)
     
    На Mrs.Bass, prettyliar, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Дешавкава не знам дали ме мотивира или ме демотивира . :D


    Тој момент кога ќе видиш твоја мисла , изрека како сакаш речи ја пишана на форумов како статус на фејсбук кај девојка што е како да кажам дружељубиво створење што сака да споделува љубов со било кој!Мултиетникум без никакви делби и поделби на било кој основ . Си живее за лајкови и коментари од типот ммм бомба , каква цицка , би ти го ... итн :D Глеам леле Венди бруки кој најде да те цитира :tmi: ај ем филинг лајк Пауло К . Нема ни најмала шанса дека некој ќе поверува дека од неа ама, јас сум позитивно изненадена што ја знае барем опцијата копи пасте . Него мило ми е што пораката ќе ја видат нејзините 5000 пријателчиња и уште толку претплатени . УуУу Јеа 8) :lol:
     
    На Hipica, Springy, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.259
    [​IMG]

    Мојата прекрасна и чудесна земја. По Пиколомини,Бранко. Да си умреш од смеење.
     
    На Hipster, kravce, mims-89 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    На оваа Ријана очајно и треба градник или силикон- упорно сака да покаже нешто што го нема
     
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    177.242
    Пол:
    Женски
    "I always knew looking back on the tears would make me laugh, but I never knew looking back on the laughs would make me cry."

    Скоро година без него. Се форсирам себе си да не мислам на тоа, но, некогаш едноставно..посилно е од мене. Се ближи годината негова, се договараат тетките да дојдат, да и помогнат на мајка ми околу целата таа фрка... последната голема работа...после тоа..веќе ништо нема да биде исто.. се осеќам како ова да е конечното збогум, како до сега да беше тука..верувајте...јас не сакам да замине...а веќе година како го нема...која лага ќе си ја кажувам после на себе си? ..која? ;(
    Веќе година не сум ги погледната семејните албуми, а ги има во толку голем број.. а оние слики во рамките низ дневната иако секој ден ги бришам, очајнички избегнувам да ги гледам.. како се ближи денот, така осеќам дека од срцево ми се цедат последните капки крв... ама сеедно... тоа продолжува да пумпа.. проклети тажни денови...

    Miss u so much...
     

    Прикачени фајлови:

    На Mygirl, kravce, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Само Ванковска, професорка, политичар, колумнист, кога не знае да се справи со тебе во дискусија ќе те блокне, она била реална, и јас бев, јас ги издржав зборовите што ги кажа, таа не ,зошто се однесува како баба тинејџерка, која пишува статуси за да си го потхрани егото, да ја лајкнат и потапшаат по раменце. Сакала пензија ќе и ја дадам, кога знае да кажува упорните и глупите успевале а интелигентните од нив недоаѓале на место. Може тоа се вика снаодливот, способност, труд, трпение, док интелигентниот се удира во гради со знаењето и способноста и чека некоја партија да го вработи. Како професор и јавна личност не смееш да користиш жаргони, и да пишуваш ко уличарка, туку ќе пробаш да оставиш авторитет, и ќе пробаш ако не чини оваа генерација наредната да ја изведеш на прав пат, а не само да плукаш и да се правиш семоќна. Ја може не сум зрела и Мила за нејзе, ама она за мене не е доволно реалана, Нека си живее во закоравеностна на нејзините нервни клеки. Ионака живее во минтатото, ние сме денес и тука.. правиме утре..

    Јас денес добив блок од Билјана Ванковска, зошто кажав дека секој има право да преполага испит кога е на мастер студии, и дека треба да им се овозможи на студентите да пробаат со труд и напор и знаење а бидат некој и нешто, значи на игнор ги ставам приватните факултети, за мене не постојат, ама да се зголеми просекот повеќе ако сакаш да идеш на мастер и да не се дозволувало да се преполагаат испити, абе ајде.. јас можам да зборам за мое иксуство во друга држава каде совршено функционира, но не и за нејзе.. Ама некој се бори за постигне во животов и да стане некој и нешто и ти да не му ја даваш и таа шанса. Па ако ја нема во МКД ја има надвор од нејзе.. сите држави се трудат да си го едуцираат народот да им дадат шанси кај нас брате одземи им го правото на упорните и според нејзе цитирам: понављачи. Демек тое во средно ако биле такви, или паднале на некој испит не се спообни за понатаму да покажат квалитет. Све стана ебивештрина и кога професорка почна да живее за своите колумни и лајкови на фб. што да кажам?
     
    На Bozica1980, Trnche, kravce и 15 други им се допаѓа ова.
  8. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе значи навистина немаат осет.Си доаѓам од школо,седум часови,сакам да се одморам,да каснам нешто,а башка треба за еден сат да излезам,на курс да одам.И ете ти ги на врата,гости од школо.Значи девојчињава ненајавени ми доаѓаат и уште сами ми се нудат да влезат.Ама не,следниот пат вратата пред нос ќе ви ја треснам.Треба да се научите дека не можете на некого туку така во кое било време да му се тупнете дома,ненајавени. |(
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Читнав тоа што ми го даде докторката за домашно, и не ми се верува на очите :x имам некои од симптомите на таа болест попозната како Кронова болест-неспецифичен хронично воспалителен процес на тенкото црево што се карактеризира со стеснување на тенкото црево поради воспаленија, а може да се јави и на дебелото црево и се лекува медикаментозно или хируршки-ова второво ама ич не ми се допага :worried: и како мала се секавам кога ми викаа најблиските-имаш проблеми со стомакот оти си рак во хороскоп, сите ракови имаат проблеми со стомакот :fubar: и затоа морам да ги направам испитувањата на гастро што ми се препорачани па колку сака нека чинат оти не сакате да знаете кои се останатите симптоми :worried: дури и докторката се чудеше како на гастологот што ми правеше гастроскопија и колонаскопија не и текнало дека е можеби тоа што не се во ред моите црева и зошто јас имам проблеми со стомакоти мислам дека нема да издржам уште 10 дена за да прашам на клиника колку би била партиципацијата, туку деновиве ке одам да прашам и искрено состојбата ме загрижува :x :nod:
     
  10. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Дали сам се ја то заЉууубила ?!?!
    :wasntme: :tmi: :$ :tmi: :wasntme: :$ :tmi: :tmi: :$ :$
     
    На anichka94, kate21, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Сдк дека сум многу потресена.Што е ова што се случува во мојата гимназија?!?! Како некоја проклетија да има фрлено.Ајде до вчера протести за тоа што секој ден јадиме ќотек од албанци,а денес мораше ова??!? Како можеше дете од 3ти спрат да падне на цименто,незнам незнам..Дали е живо,ни тоа незнаеме.. А што е најтрагично 20 минути во брза помош да е зафатено , добро што правеле на телефон си раскажувале серии?!?!?! Незнам што се случува :/ Во ШОК сум ;(
     
  12. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.965
    Штом помислиш дека ќе здивнеш и еден миг од срце ќе се насмееш, животот те фаќа за грло и низ аглите ти ги цеди горките болови. Кога би биле мерливи......
    Воедно во мојот поетски час, да знае Иренче дека и пратив среќа за интервјуто во вторник и гушка најсилна.
     
    На srcekrsacka и Gordana10 им се допаѓа ова.
  13. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Епа сите да ми љубоморите, јас ќе си ја имам Љубам на гости и тоа на неколку дена, во еден од најубавите градови во Европа :devil: Радости,радости she made my day :hug:
     
    На Neytiri, Moira, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
  14. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Постојано ми шеташ по мислите, па почнав да се прашувам: Добро бе нели те заболеа нозете веќе? :P
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    СДК...Веќе ми пукна филмот од прекрасната реин...девојкава ја претера
     
  16. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    И сфатив, среќата доаѓа само еднаш во живот...
     
  17. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Никој и ништо нема да успее да ми ја оттргне насмевкава :D Џабе се трудите да ме видите нaмуртена, нема да ви успее ]:)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК страшна работа е нервозата.Изгледа на некои луѓе животот им е маскенбал, константно, па незнам зошто мора истите да одат на таква манифестација.Зарем е таа нешто поразлична од нивната? А изгледа и дека се тотално внесени во својата манифестација со која мислат дека другите луѓе ги „ шармираат“ |( А тоа да ти изгледа се шармираат самите себе си и си аплаудираат на совршената изведба.Китењето со туѓи перја не стои секому.Како не бидат иновативни, па да не мора да се китат со туѓи перја? И само со една минијатурна повреда, може перјата да им паднат, а за тоа не се ни свесни.Ах бре, па и уште ги гледаат другите од птичја преспектива, ако само нека си летаат со паметот тие, кога - тогаш ќе почнат по земја да одат.Не секого можат да излажат.
     
    На srcekrsacka, CoverGirl10 и Katerinceee им се допаѓа ова.
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк денеска насмевката од лицето никој не може да ми ја тргне! :) :)


    Пресреќна, си докажав сама на себе дека можам да успеам да дојдам до саканата цел.

    ^_^ ^_^ :wasntme:
     
    На ceca-1, Moira, kravce и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Денеска сум пресреќна.Иако многу луѓе сакаа да ми ја тргнат насмевката од лицето,за жал не успееа ]:) .
     
    На Umbrella22 и TheCandy880 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.