Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Не ни се доволни турските серии на секој канал, сега ќе имаме и квиз за нив!
    Аман веќе!
    Ние нормални квизови немаме, да научиме нешто, тие за сериите почнаа да прават...

    МРТ ми е омилен канал сега, дефинитивно! Ем почнаа убави серии, ем постојано имаат нешто едукативно!
     
    На Monna.Monna, sparklie, Moira и 11 други им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.530
    Пол:
    Женски
    И така...одиш дури студениот февруарски ветар ти го гори лицето.И не е само ветрот тој кој те гори,туку и луѓето.Кога приметиш дека некој намерно и очигледно те избегнува ,а не знаеш зошто.Е тогаш нешто те тера да мислиш на себе,да се преиспитуваш а всушност сакаш да побегнеш, од се и од сите...
    И посакуваш да се најдеш на некоја улица со калдрма,зашто броењето на коцките може да те смири,подобро од било кој седатив....
    ... сдк и дури се трудиш да бидеш добар пријател,да помогнеш,да се оттргнеш од оговарање,некако секогаш ќе си го извлечеш подебелиот крај...и по некое непишано правило секогаш тие што најмногу се оговарале меѓу себе стануваат најдобри пријатели,и во овој случај имаш две опции,да се прибереш покрај нив,или да се оддалечиш од сите и да живееш свој живот.И да ви кажам ретко кој останува свој.Свој на своето.
    Ма ,подобро да одам да гледам тв [​IMG]
     
    На moonlight-girl.55, marama, Moira и 11 други им се допаѓа ова.
  3. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Боли ,кога одредени луѓе толку многу ти недостигаат , што мислиш мислата и желбата за нив ти остава модри траги по телото.
    А солзите паѓаат како Нијагарините водопади .
     
    На kravce, antonina, Hipica и 8 други им се допаѓа ова.
  4. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум среќна и тоа многу многуууу. :angel:
     
    На Someonespecial и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ај нека ме чека ова пред врата некој ден. Не мора да е за Валентајн, и утре вторнички да ми го пратите ќе го прифатам :D
    [​IMG]

    Инаку деновиве некако горчливи, тешки, ама што да се прави мора да се оди понатаму.
    Другаркиве од факултет сите се во ужасен период, дури можам да речам дека моментално ми е најдобра состојбата у животецов и покрај тоа што ми е се грдо. Едната поминува низ тешко раскинување на ептен сериозна врска... ама ептен, и ужасно раскинување. Не онака не одат работите па да се прекине, туку со многу лоши постапки. А како да и помогнеш... таа ти раскажува, ти плачеш со неа, да и речам вака си викам нема смисла, може јас утре обратно ќе постапам, да ја гушнеш се руши уште повеќе, абе налет веќе. Се надевам дека е доволно што знае дека има некој на кој може деноноќно да се потпре.
    Другата сега влегува во пубертет изгледа па прави глупости од кои не знам како планира да се извади, а не можам со инка да и турам во главата...
    Третата ја маваат зимски депресии, се изолира од светот и нема допирање до неа. И хаос.
    Многу ми е жал кога сум немоќна и кога не знам што да сторам. Не знам како би им помогнала нив, страв ми е јас за себе да не ја изгубам силата и да не скршнам пак од патов. Не сакам и не смеам.
    Ме плаши што ќе биде негова наредна постапка, се плашам да не ме скрши се плашам дека оклопот не ми е доволно силен...
    Со другарка ми почнавме да си пишуваме предолги мејлови, се си раскажуваме и тоа ни е новиот начин на комуникација. Не е нај нај ама кога те делат километри и километри грабај што можеш.
    И така врти сучи тоа ти е живот, вечер ќе се преспие утре се е биде подобро. Жими се таа ми стана омилена реченица кога ми е тешко- утре ќе биде подобро, мора.
    :)
     
    На moonlight-girl.55, Moira, lunicka и 27 други им се допаѓа ова.
  6. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Денеска денот ми е малер..Уште од сабајле нозете ме болат и веке ветив дека нема да вежбам толку!! После кога одев на балет почна да ме трчка едно куче и на болка и на се заборавив и кога му ја фатив..толку брзо во животот никогаш не сум трчала.. :lol: :rofl: после отидов на балет и играјки сум му мавнала еден шамар на едно девојче шо стоеше од страна :rofl: :$ потоа одејки си од балет му дурив на еден човек лакто по фаца па и се бунам одозгоре кај се бута во мене :tmi: :rofl: И конечно нешто убаво да ми се случе..Влегов во такси и оној таксистот убав преубав :inlove: и 2 реда муабет напраивме..Леле толку симпатиај ми е :lol: оној таксистот :wasntme:и ме однесе до дома и чао пријатно..И еве имам домашно да пишам а јас не се замарам..Леле јас улица ке чистам ако продолжам вака :rofl:
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Ова го немам видено.За еден ден-четири годишни времиња.Наутро врнеше снег.После дуваше ветер,па сонце и на крајот заврна и дожд.Да не знаеш како да се облечеш.

    Немам сили за учење.Нон стоп ми се спие и само ми се спие.Професорите не ги ни слушам што зборуваат.Не ме ни интересира до кај сме,што се случува, сеуште не сфаќам дека почнуваат со тестови и испрашувања.Па прфесори не разбирате ли нас?Па мислам дека потешка година од втора немам поминато.Сите сме без сили,измморени.Секој професор си го бара и натрупуваат тестови едно по едно.Па имајте разбирање :fubar: .Не мора да ги барате сите ситници од нас. Нема да ни биде се потребно за понатаму.Само слушаме Учете тоа мора да го знаете Беровското школо е секогаш во првите и мора да остане.Учете,учете,учетее
     
  8. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Деновиве ја средував мојата скромна домашна библиотека и тоа ме наведе да размислам која ми е последната прочитана книга. Ме запрепасти фактот дека ако ја исклучам стручната литература, послената прочитана книга ми е од летоска и тоа тешка чик... Во меѓувреме, неколку книги почнав, но не ги довршив...ми беа празни, сиви, како нешто веќе прочитано, познато.
    Јас, која од детството особено во раната младост чувствував безгранична страст кон читањето и книгите. И сега ја чувствувам возбудата, тој занес, опиеност. И сега го чувствувам мирисот на пожолтените страници, трепетот и исчекувањето додека одев кон библиотека по нова книга, ликот на библиотекарката. Нова книга - нова животна тајна. На лето, на гости кај моите баба и дедо, се разбира не се делев од книгите и се однесував тотално асоцијално, а моите тетки предвидуваа дека најверојатно нема да се омажам. Со книга заспивав, и со неа се будев.

    Што се смени? Првото оправдување кое обично си го давам е немање време. Но, ако размислам дека дневно минувам барем еден час на компјутер блеејќи во најразлични блогови почнувајки од кулинарство па до мода, ова оправдување воопшто не држи. Нови технологии, инстант информации... Делумно го наоѓам проблемот и во самите книги. Лоши преводи, книги за тираж кои се пишуваат по теркот на некој моментален бестселер...
    Или виновник е професијата која емоционално ме исцрпува како сведок на тажни животни судбини. А онаа патетична фраза - живот пише романе, станува толку вистинита.

    И ако се фатам за некоја книга, најверојатно ќе биде нешто шарено, духовито, забавно, ептен чик-целосна спротивност на суровово секојдневие.
     
    На Annath, Hipster, marama и 29 други им се допаѓа ова.
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Пред околу една година ова време, на почетокот на март, си направив мартинка. Бев свежо сингл и си замислив една глупава желба - Д да ми биде дечко :wasntme: Од сите желби на светот, јас го замислив тоа. Но ајде, и онака не верувам во исполнување желби од мартинки, само сакам да носам мартинки :D
    Во тој период требаше да одиме на кафе заедно, но јас бев зафатена, потоа беше тој, и тоа кафе никогаш не се случи. Се познаваме со години и никогаш не сме испиле кафе заедно.

    И кој би рекол дека семестаров ќе работиме на проект заедно и ќе имаме состаноци три пати неделно? :D Штета што во меѓувреме престана да ми се допаѓа. А уште ја немам извадено мартинката, се држи на едно конче и сите ме прашуваат зошто ја носам, а јас мудро си молчам. Што да речам, ми недостасува некој да му праќам гифови од маченца и слатки видеа :lol:

    Оваа 2013, исклучувајќи го тоа што два пати се разболев за еден месец, и не почна толку лошо: положив за возачка, добив стипендија, сега сум дел од организацијата на еден проект...:)
     
    На marama, Monna.Monna, Moira и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сакав да пишам многу изревотлиран пост, ама нема...
    Ве сакам сите, ама нема ќар од седење на форумов, ама баш никаков. Надвор е прекрасно, убаво е, ладно е, замрзнато и сите се небитни од овој момент на даље...
    Понекогаш само писателот знае што сакал да каже... R.I.P
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Нека е среќен роденденот на брат ми!Те сакам :*
     
    На kravce, Katerinceee, Elennaa и 5 други им се допаѓа ова.
  12. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    После цела година вакуум ,пак вакуум.
     
  13. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Понекогаш се чуствувам како никој да не ме сака и да не е заинтересиран за мене...
    И ова сега што го пишувам го пишувам со големо трпение...воопшто не сакам да навредам некого, но многу често се чуствувам осамено...како да сум сама на овој свет...
    Но, сепак никој не може да ме растажи...од сега само со крента глава ке одам, и пред никого нема да се наведнувам!
     
    На Adi888 и GirlLove им се допаѓа ова.
  14. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    :@

    [​IMG]
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.953
    Допаѓања:
    15.948
    Пол:
    Женски
    Јарец рул:I play with you,not you with me.

    Step by step ќе дојде и моето време за акција,само психички да се подобрам..поминаа 3 години со анкс и депресија..истрошување на погрешна личност -време,енергија и пари за кои неми е ич дгалје,само нервите истрошени на 22 години и се разбира паднатите испити,напорите,исмевањата на некои колешки здаради мачните 6ки кои ги добивав и неодењето на факс заради психичките проблеми,починаа баба ми и тетка ми 2те најпозитивни личности во мојот живот..Мислам дека треба да почне и мојот филм...
     
  16. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Лелеее што им е на децава бе од мое школо?Абе сите се ненормални бе срам за светов се бе.Брзаат да се испое*ат сега,боже после 18 години ќе умрат и ќе неможат офф :@
     
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Еве ја и Ади, одамна ви нема пишано тука.
    За мене почна и вториот семестар, секој ден успана одам на факултет, и никако не можам да се навикнам да се вратам на истата нормала како и првиот семестар, ми треба многу одмор, релаксација, но не ноќе не можам да спијам, цел ден ми оди во спиење по автобусите,и легнувам на првиот кревет шо ќе го најдам дома слободен :yawn:
    Не сум исполнета, ама стварно не сум, мојте ги гледам секој ден се нервират, аплицират за секаква работа, се надевам дека ќе му се насмевни среќата и нив, доста беше веќе да патиме од секакви ситници и глупости, преку глава ми е од неправилности, од непочитување и сл.
    Ми фали другарка ми, ми фали времето ко бевме неразделни, ми фали времето кога си ги кажувавме сите тајни, а сега јас ништо не знам, буквално таја го смена однесувањето скроз кон мене, не сакам да бидам наметлива, си има дечко, ама пак можи да оддели 1 сат време да се видиме, досега разговарав со мајка ми и едноставно плачев, Да плачев оти стварно ми е многу тешко а не можам се да вратам на нормала.
    Дечко и ме блокирал на фб, а појма немам зошто, осеќав до толку дека ме нејќи, а причината не ја гледам па уште да ме блокира на фб, очигледно дека тој ја има сменето, али како и да е пак ќе поќутам, оти пак нема да бидам во право :|
    Дечко ми ја побара мајка да и кажи за изминатото време, дека имал проблеми и не можел да си дојди, му рече дека за еден месец ќе си дојди и дека ќе дојди да се запознат :)
    И Како да не го сакаш, и како да не му верваш? :inlove:

    Имајте убава вечер && убав ден утре. :l:
     
    На Elennaa, kravce, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    СДК кога ќе си ја слушнеш внука ти како ти гуга на телефон. Бесценето :sun:
     
    На marama, Foreveryoungiwannabe, Lepaaa и 16 други им се допаѓа ова.
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Сакам да мислам дека се ова е само сон,дека ќе се разбудам и таа повторно ќе биде покрај нас.Неможам,се гушам.Тешко ми е да прифатам.
    Денес цел ден не ме побара на телефон,знам дека тоа веќе нема да го направи.
    Утре кога ќе сакам да и се доверам за моето скршено срце или за мојата среќна љубов,таа нема да биде тука за да ме ислуша,нема ни да ми даде совет.
    Затворена сум многу.Со никој не ми се зборува.Денес телефонот звонеше 100пати,тешко ми е да зборувам со луѓето,тешко ми е да прифатам.Многу.
    Денес ме побара нејзиниот човек.Нејзината најголема љубов,со која баш овој период не беа заедно.Што да правам?Како ли јас него да му бидам рамо за плачење,кога сум послаба од кога било?
    Мора да е ова сон.Неможам..Ах што ми направи господе.
    [​IMG]

    Се извинувам поради моите постви кои се беда,кои се очај и кои знам дека не сакате да ги читате.Ама само овде можам да извадам нешто од себе,и пак да не прозборам.
     
    На green.eyes, ludoto19, Artemission и 30 други им се допаѓа ова.
  20. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    си купив нови патикии :inlove: :inlove: :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На drugarka, Ingvild, sweat2 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.