Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Утре вторто интервју за работа, цревава ми се превртуваат, читам се за нив, за да не бидам дебил кој нема врска за што се борат и како функционираат.
    Од општеството разочарна, ама денес си седнав и си реков Ирено разбуди се, се правиш сама, биди бар малку горда на себе.
    Утре идам на гости кај наша Ноелка, има да и го изгњавам бебушо нејзин. Ми треба умно друштво како нејзе.
    На твитержените не знаете што станале, земав се такво што следев избришав, оти мене ми се смачи кога читам константно гениталии на Т.Л, вулгарзими, дрскости и моми со набилдани муда, ако имаш недоразбирање со некој, тука е клано бааам да ја одбрани.. подетски не може, ми фали твитер кога беше инфомативно место, и ќе видеше и прочиташе убавини, а сега, мерење пениси. Не знам, се надевам период е ќе им помине.
    Гледав емисија за девојчиња жртви од социјални мрежи. Ќе стане позачестено оти се измрдаа нормите, се зголеми асоцијалноста во нормалниот живот, сега си социјален само на мрежи, се се случува таму.
    А потоа изгледав и документарец, швеѓанки се преправаат дека се муслиманки и одат по џамии, во различни градови и кажуваат дека се тепани, малтретирани и дека не смеат да пријават во полиција. И на секој маж што беше во џамијата одговорот му беше: никако да одиш во полиција, ти си негова жена и мораш да трпиш и да го љубиш. Мора да остане меѓу вас. Другата му вика ама тој донесе неколку жени, зар има право и во Шведска така. И нормално дека да, колку е поинаква сликата за одредени работи во животот, ние ги гледаме само оние што ни се прикажани.
    Денес реков: тргнете завесите, надвор се случува реалност, која иако е сурова ама треба да сме спремни да се соочиме со нејзе.

    Туку се заеазив со Фринџ, за три дена трета сезона почнав. Ме изремети идејата за паралелен универзум.
     
    На Monna.Monna, Shelea, Peppermint и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.213
    Допаѓања:
    139.820
    Растат децата.
    Ќерка ми прв пат ми кажа дека е тажна. Нејзината најдобра другарка од септември ќе се префрли во друго училиште. Ќе немала со кого да се дружи. Сите други женски сакале да си играат игри со ликовите од турски серии.
    Ми побара и неа да ја префрлам во другото училиште, кое патем речено е приватно. Се обидов да и објаснам дека секој треба да си оди по својот пат, кон својата цел, и дека на тој пат ќе се среќаваме и разделуваме со многу драги луѓе. И дека не секој може да си приушти приватно училиште. И дека не мора секогаш да платиш за да добиеш нешто. Некои работи се бесплатни и зависат од нас самите и она што ние ќе го вложиме.

    Просто се изнервирав дека толку емотивно реагира, а точно знам како и е, затоа што и мојата најдобра другарка на истата возраст се премести во друго училиште. Само во мојот случај веќе никогаш не ја видов, а ќерка ми ќе се гледа со другарка и, затоа што мајка и ми е пријателка.

    Тешко е кога со некој кој ти значи ќе ви се раздвојат патиштата, особено првите пати. Но тоа не значи дека не треба човек во било каква врска да влезе со отворено срце.

    Ако цената да не бидам повредена е само површно да чувствувам и да не дозволувам да допрат чувствата до мене, благодарам, ама не сум спремна да ја платам.
     
    На glosipgirl, marama, Monna.Monna и 35 други им се допаѓа ова.
  3. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    И она кога ја гледаш мајка нерасположена неколку дена и искрено ја прашуваш зошто и таа ја отвара душата пред тебе...никогаш се немаше случено до сега.
    Се повеќе мислам дека растам и зреам како личност и се чувствувам исполнето но во исто време исплашено и со доза на параноја за што ме чека понатаму. Се чувствувам неподготвено за горчината која се подготвува и ме демне како облак...
    Одлучив целата енергија и сивилото да го преточам во фотографијата и да престанам да се замарам за "пријатели".
    Денес тој збор е само безначајна именка. Видов,осетив,си ја скапав главата.
    Можеби требаше да научам од некој трет кој ги има конците на глава од иста причина но,шта је ту је.


    Се на се,
    среќен сум и покрај тоа што не смеам да бидам.
    Немам многу но се чувствувам како светот да ми е на дофат.
    Сонувам. Со отворени очи...
    http://www.youtube.com/watch?v=UAOxCqSxRD0
     

    Прикачени фајлови:

    На marama, Peppermint, Foreveryoungiwannabe и 21 други им се допаѓа ова.
  4. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    да да :nod:
     

    Прикачени фајлови:

    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Од некои работи сум изненаџена и увреџена :o :tmi: незнам како да реагирам :D знам дека пред некој ден реков ништо не ме изненадува, амааа....таков е животот, таман едно ќе помислиш, трето се случува...

    И, оние животни во циркузине, прочитав еден лав ли беше, нешто беше, го нападнал својот дресер, незнам дал останал жив, ами нормално што очекуваа тие, дека цел живот ќе прават животните така ко што нив им текнало? :fubar: Па и што има тука интересно да се гледа, како некој мачи животни? Па подобро да нема циркузи, отколку да гледа човек како ги мачат животните, главечки да одат |(
    Ех да, луѓето сакаат се да имаат под контрола, па затоа нека не очекуваат некој лав да не ги бакне, зш да не, доказ на љубов е тоа :wasntme:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.257
    Ме убива својата индиферентност кон нешта и одредени луѓе периодов... сакам да попиздам малце,да плачам малце, да се смеам од стомак...шодае.
    Ако може пар чизми на штикла, карти за на кино/театар и убава вечера со него да ме избави од ова у мене. И многу работи под точка разно.
    Ама парот чизми. Ако може уште утре. Денес чевличките што ги сакав плачејќи ми рекоа нема 37ца... ги погледав 40ката и за прв пат посакав да имам ноџиште! Уствари нејќам,убаво живеам со своето ноџуле кое некад го собира и во 36ка.
    Период на индиферентност кон нешта увек ми оди уз многу обувки како недубока активност по која следат нови фази на зрелост и разбирања на луѓето. Која иронија.
    А имам многу динамичен период,морам да признаам. Сакам малце да забавам,ама се ми се чини дека ова е темпото со кое ќе морам да си го трчам животот. Може па индиференоста е мој механизам на отпор према нештата кои може да ми зададат стрес....хммм...
    И ако може веќе да добијам,зошто следно што ќе направам ќе биде ѕверски. Ќе отидам да си уловам слон и сама ќе си го изедам!!!
    Комедијата од мојот дом...болниот мачор го галиме на смени за да преде интензивно за побрзо да закрепне. Прееска после три дена глад касна пилешко мевце и бевме среќни. Ние сме една луда фамилија... а мајка ми се некако некои вакви ситуации ги поврзува со внуци. Внуци,не,во наредни 7 години,фала,чао,пријатно,дајмидајадам.

    Ах и гледам албум од детски роденден и си замислувам како ја нурнувам главата во тортата и јадам како да не сум видела,ја растурам фигурата,а децава...рикаат. Жал ми е дечиња,тетка Лилит е во пмс... ;(
     
    На Bubbi, Trnche, anabel-a и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Деновиве над глава имам милион прашалници, а со секој изминат момент се зголемуваат. Ги замислувам зелени. Чувство како кога одиш на линијата од тротоарот, се обидувам да балансирам, ако западнам на било која страна ќе се изгорам. Толку многу планови однапред осудени на пропаст познавајќи се себеси и својата среќа со однапред планирани работи, огромни ризици од кои исходот ќе биде или џа или бу, рај или катастрофа. Кој ризикува тој добива, нели?
    Само не знам како ќе излезам на крај од кашава во која сум, бидејќи погрешниот исход може да ме чини прескапо, може да повреди една личност, чија доверба не сакам да ја изгубам, а спротивно на се тоа, да добијам друга личност без која не дишам и жал ми е заради тоа.

    Денови на стари пријатели, кои колку што може да ти биде мило што ги гледаш толку може и да ти го задржат здивот со проклетата грутка во грло. Еден од моите зелени прашалници го следи прашањето зошто кога ја видов, иако од прилично далеку, една стара другарка, и не сум сигурна колку таа не ме виде ама сум прилично сигурна дека не ме позна баш, зошто не викнав да се поздравам и да ја гушнам, да и кажам дека не сум ја заборавила? Друг прашалник е заради енигматичниот како повикан момент, бидејќи неколку дена претходно ми дојде во мисла истата таа другарка, и се фатив во мисла како се обвинувам зошто се оддалечивме. За пријателство се потребни двајца, го знам тоа, ама ете, некогаш, ми недостига. А живееме замислете преку 2 улици...ама големи, со големи згради, со многу луѓе, странци. Некогаш нешто толку мало како Скопје или обично маало, може да те проголта. Во секој случај, интересно беше што интуитивно ја повикав средбата.

    И беа денови на стари пријатели, бидејќи се сретнав со уште една стара екипа, кога сосема случајно го слушнав моето име од познат глас. Не знам колку ми беше мило што ги видов со оглед на прилично ладниот однос кој го одржуваме, и многу далечен, ама ми дојде убаво на душата, се видов со стари пријатели. И во тој половина час си ги прераскажавме животите. Еве не сега, повторно стари и далечни пријатели, бидејќи некои средби едноставно се случуваат ама не се случуваат, барем не доволно силно за да остават впечаток што ќе те натера да ги повториш. Повторно, далечината си го прави своето, посебно онаа не-физичката.

    Денеска, како дел од армијата што не знае дека сум шпион, убаво беше. Не можев да одолеам на моите мисли кои одлетуваа кон едни слатки а забранети зборови, додека слушав други кои бараа да бидат слушнати. Ме печеше чувство на вина, ама и тоа беше слатко. Грешам јас, овој пат свесно, иако имам друг избор, сакам да си играм со погрешниот. А знам дека повлекува невини жртви, бидејќи во такви моменти малку фали да скршнеш од патот, трошка мотивација.
    Време е да легнам, прашалнициве веќе ќе почнат очиве да ми ги покриваат, екранов нема да можам да го видам.
     
    На Peppermint, Moira, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Втора смена значи можност да станеш наспиена :)
    Мм ми спремил доручек и залепил пост-ит на тањирот:
    Looking pale babe, please eat everything, don`t need to worry about you more than I already do :*
    Не ми требаат денови како Св Валентајн да ми искажува љубов, тоа го прави секој ден :inlove:
    А и пост-ит е нашиот начин на комуницирање кога сакаме да си го разубавиме денот кога нема да можиме да се видиме, ем убаво на душичката ти е кога ќе прочиташ што е напишано, ем нема да заборавиме да пишуваме :D

    После тоа стигнува другиот маж во мојот живот, спремен со торбицата за во градинка и прашува:
    Деца?
    Нема денес деца со мама ќе седиш, ме погледна налутено, фрли торбицата и се врати во соба, циркузи ми е детето, издржа 10-тина минути ама гладен беше па иако љут мораше да се врати во кујна :D
    Му фали изгледа на ромеово мое обожавателката :lol: ќе си се дружи денес со братучедите и после со татко му, ќе си ја виде женската тек другата недела :D
     
    На Moschino, marama, Adi888 и 43 други им се допаѓа ова.
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк дека дека пред 10 години се заљубив во една поема од Лермонтов и ја запишав да не ја заборавам.

    синоќа си ја најдов тетратката стара повеќе од 12 години, пожолтена без корици но сеуште ги содржи оние мудрости што сум ги собирала низ текот на годините. и таму беше таа мојата поема ја прочитав стопати како да сум пронајдила скриено богатство, како да си го гледав одразот на душава во огледало.

    И тажно и здодевно

    и тажно и здодевно! кому да подадеш рака во часот на душевно бреме ?
    зар желби? ... што залудно се вечно да сакаш , а времето мине , најдоброто време...
     
    На eli25, Mishela, Divinebutterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.298
    И денес се издигав од ниедно време. До испитиве ќе да е, мир не ми даваат.

    А не дека фанав книга да учам, здравје кога ќе се вратиме :tmi: .
    Си направив капучино и чекам и он да стане, договорени сме да шетнеме по околниве градови и да купиме некои материјали кои му се потребни.
    Он си спие...наредено му е. А кому не би со мене :rofl:


    А јас го гледам и уште од сабајле ми се врти една песна :
    Све је моје твоје...само реци не питај за цену :rofl: :rofl: :rofl:

    Боже боже и јас си се чудам на паметов.
    Од толку многу изведувачи кои создаваат не само песна, туку уметност, мене ми текнало на тој стих.
    А не знам ни од кого е, :^)
    Уметноста и талентот у секој случај не верувам да имаат вмешано прсти при изведбата.
    ПЛС год само да не е Аца Лукас.
    Зарем он совршено да долови еден вака убав момент :rofl:

    Отидов на ју-туб да проверам и почнувам да досаѓам да го будам малиов.
    Доста му беше.
     
    На marama, bittersweet, Peppermint и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Многу често знам да се најдам на право место во лошо време. Или пак обратно.
    Некогаш се чудам на моите пречувства, и се нервирам што незнам да ги следам и протолкувам. Па тие се посилни стануваат, и јас без да осетам тие владеат со мене и ме водат.

    За синоќешнава случка може да кажам дека бев во право време, на право место. Сосем случајно, дури неверојатно. Но, нешто ме испрати таму...

    Само да кажам дека во 2 часот по полноќ бев сведок на едно свирепо насилство. Од страна на двајца мажи врз една девојка.

    Неможам да си ја тргнам случката од пред очи. Ниту спиев, ниту јадев, ниту пиев. Ниту пак учев (како што планирав)

    Толку сум потресена, што срцето уште неможе да ми се смири и мислам или ќе ми излета од гради, или ќе престане да ми чука наеднаш. Татко ми како некој психолог е до мене, цела вечер ми зборуваше да ме смири...и човекот остана без сон и вознемирен.

    Неможам да гледам неправда, многу ме боли.
    Како сакате наречете ме, но јас неможам да се приберам. Страв ми е да заспијам, да затворам очи.
    Можеби затоа што уште сум под силни импресии од случката, можеби не сум толку храбра, а можеби ме погоди и тоа што и јас сум жена...исто како таа девојка.

    Никој не заслужува од никого да биде ни физички ниту пак психички малтертиран.
    Кој е пак еден дечко, за тоа да и го прави?? Никаквец!
    Абе ми се оди да мавам на тој неранимајко и болесник со цела сила.
    Да ми излезе некаде нервозава...која ми врие во крвта...

    Неможам да верувам дека ова беше реалност. Неможам...
    Немам зборови за да опишам како гадно се чувствувам. Оваа случка мислам и мене ме обележа.
    Никогаш не сум била сведок на вакво насилство.
    Ова не е здраво!
    Јас неможев да спијам оваа вечер, а сигурна сум и наредните неколку вечери...

    Што им се случува на луѓето, се хранат само со туѓа болка... :x
     
    На marama, kravce, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Rna

    Rna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    63
    Станав во 6 за на школо.И ме болеше стомакот и не ојдов.И наместо да спијам јас дремев на фејзбук , и така ми помина грдо.Иначе да кажам од кога почнавме со второто полугодие малце ја запоставив фемина.Ајде сега ке видиме да најдиме некое чаре за да си седиме поке на фемина , наместо на фејзбук ке седам на фемина.Знам дека имам некои грешки , извинете. :P
    Поздрав :*
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно треба поретко да го посетувам форумов, а можеби и сосема да го напуштам.
    Сега кристално јасно гледам зошто толку добри форумџики со толку квалитетни мислења од кои може нешто да се научи го направија тоа.

    Ај навреди се изнаслушав доста, ама капак и врв и дно на се' е некој да ти се заканува. :D Да ти се заканува на форум човече! Страшно... :D Ете ви го, се повлекувам од вашата територија, ставете си знаменце на секоја тема. :D Пријатно засега.
     
    На pamelche, anabel-a, AIT и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.325
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    денов ЈОК, не го бива :!:
     
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк некои тука лажно обвинуваат со цел некој ни крив ни должен да го банираат,а некој може да трпи секакви навреди и потао да се корегираат и сега да попуваат како они се невини жртви,ај молим те немој да лажеш.
     
  16. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    Стресен живот дојде ,некако сите напнати,сите паметни ,сите сакаат да го имат последниот збор .Релаксирајте се 8) малку луѓе ,не избрзувајте за да не се каете.
     
  17. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    еден опак момак и песнава у позадина ...
    и да си умрам не жалам :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=_ARCuTlg-Y8

    није ми добро у несвест ми се пада :tmi:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Пазете се, иде Џони...вооружен е и тоа. Да не се каете после :D
     
  19. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Малите нешта ме прават среќна , ти ме правиш среќна , кученцава ме прават среќна , фемина ме прави среќна.Пресреќна сум.
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Чуден некој период ме фатил.На моменти се однесувам како тинејџер,на моменти ко баба :^) никако да ја најдам средината.Вчера во тој тинејџерскиот филм ни две ни три чешлајќи ја косата ми текна да ја скратам.И така импулсивно ги грабнав ножиците и на два пати ја скратив :o Исеков едно добри 10 сантиметри.Не дека ми е сега лоша ,дури и убаво сум ја скратила ,ама па што ѓавол ме натера на вакво нешто :x Доцна попладнето се јави бабата.Почна да ме боли глава,па да ми се врти ,па стомак да ме боли и до вечерта си офкав и си се туфкав по куќа,држејќи се де за чело де за стомак,па едно време и за грб :sweat: Сабајлево мислам дека се разбудив добра и досега добро ми оди како 30 и нешто годишна ,но денов е долг па ќе видиме како ќе продолжи и заврши.
     
    На marama, bittersweet, NoellePage и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.