Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    18.048
    Колку лош почеток на неделава.
    Сликата не можев цела ноќ да си ја извадам од глава. Ниту јадев, ниту спиев. Немам волја за ништо.
    Сега имам страв, недефиниран страв од нештата што ме опкружуваат.
    Мрчам цело утро. Него го нема, дури сабота треба да чекам..

    Не ми се иде во школо... Знам дека механички се ќе одвива и денес.
    Лошо, лошо, мноогу лошо... :worried:
     
  2. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Сексипил... или го имаш или го немаш, со минич до газ и деколте до папак не се создава! :)
     
  3. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Мама ме знае колку и да се караме и да си викаме една на друга пак се смируваме како и да не било. Тато, е кога тато ќе ми каже: Спел ако треба некоја интервенција кажи тука сум тогаш ме погодува во срце како со стрела иако тоа не го покажувам јас ги сакам иако сум малку оддалечена од нив во последно време тоа не значи ништо ги сакам со сето мое срце и се би дала за нив како и тие за мене.
     
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Петка, петка, петка, петка историја.
    Јухууу.
     
    На marama, Glossy-girl, Doozy и 11 други им се допаѓа ова.
  5. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Страв ми е дека ќе ги загубам оние личности кои многу ми значат :doh:
     
  6. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Се сеќавате кога ви кажував за маченцето дека не се врати дома и дека мислевме дека е отровено?
    - Епа не е.. :wasntme: . Тоа отишло на скриено место, си родило мачиња и седело со нив.
    Денес се врати, душичкаа, многу сум среќна! :inlove:
     
    На Katerinceee, Hopeful, sweet-cherry и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.965
    СДК дека многу сум вредна. На љубовта и спремам колачи :D т.е сега мислам со кој рецепт да ги исполнам калапчињата, земав во форма на срце, па кога ќе бидат готови само да не заборавам да ги сликнам да ви ги покажам. Планирам да ги пребојам во розево. Купив дигитална рамка за слики и плус колачиве. Сметам дека имам совршен подарок за Валентин :$
    Е вака да ми изгледаат, срцкасти :D
     

    Прикачени фајлови:

    • images (5).jpg
      images (5).jpg
      Големина на фајлот:
      13,9 KB
      Прегледи:
      245
    На marama и IJAE им се допаѓа ова.
  8. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Незнам која форумџика имаше напишано за чичко Драги,бездомникот со кучињата.
    Летото цело време поминуваше од кај моето патче,ама буквално секој ден,знам дека тогаш со него имаше 9 кучиња :) .Си зборевме кога поминуваше седевме со другарка во двор.И ни раскажа како се вика секое од кученцата,и така секој ден доаѓаше со нови приказни,кои некојпат беа толку тажни,па и солзи на очи ни доаѓаа...Кога поминуваше никојпат не му дававме пари,но :!: собиравме!Да,да собиравме со другарка ми и собравме од по 40-50 денари секоја, секој ден и околу 240 денари .И на крај дојде еден ден,ги спакувавме во кутија со колачиња и му ги дадовме.За прв пат го видовме насмеан. :) :wasntme: И колачињата одма тргна да ги дели со кучињата,и му рековме да почека,зашто јас имав вреќа со кучешка храна дека го чував Рики мој :) и земав во една кеса му наполнив цела и му ја дадов.Му се сеќавам на насмеаната фаца,од тогаш не сум го видела,толку мил,добар човек,секојпат ни раскажуваше по нешто,што се случило тој ден.Ептен ми е мило што прочитав нешто за него,дека е жив дека сеуште оди со кучињата по улиците.И ме потсетивте дека се вика Драги.Не ми текнуваше на името :) .
    Може некој ке помисли дека лажам,измислувам,се правам незнам што,ама кој верува - верува , кој не негово право.А да,се сетив дека имаше едно бело куче Белко го викаше :wasntme: :)
     
    На Glossy-girl, tweety26, sweet-cherry и 15 други им се допаѓа ова.
  9. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Знаете што е иронија?Ова ми е втора година како активно учествувам во организирањето на Валентајн кај нас, а не верувам во љубов.Уживам во украсите, срцињата, балоните, радоста и еуфоријата.А сепак, не мислам дека постои вистинска љубов.Не знам дали е тоа заради тоа што не сум ја почувствувала вистински, или не сум ја добила вистински.Знам само дека ова ќе биде уште еден 14 февруари што никој нема да ми го направи посебен...
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Само јас ли имам чувство ко некој со сила да се обидува да не` направи „тмурни“ и „нерасположени“, те да не` дотолчи?

    ..............................
    Зошто бре Грев или шприцер има една сценографија - темна, сива коцка и сив ѕид? Кога мутирала во тоа???
    Зошто Женидба е сиромашна на „ведри“ моменти? Не ми е прв пат да ја гледам, ама ова, жими мајка, нема врска со она што го имам читано и гледано! Зошто толку пцуење, дерење, агресивни напади?? Па јас излегувам стресирана и измачена од таму, КАДЕ Е КОМЕДИЈАТА во сето тоа??
    Зошто Скајфол е таков идиотски направен - сив, црн, во темнина, темни облеки, тешки лица, лоши изрази?
    (измеѓу другите) Серија Walking dead....Боже, па доста ми беше само трејлерот што го гледав.
    (не)музика што ни го труе мозокот...
    Престанете да ме убедувате дека е најдобра кога, штом не ми буди убави чувства кон себе и животот - НЕ Е.
    ..............................

    Јас сум непоправлив оптимист, кај мене нема црно дури и кога е мрак, па ова не сакам да го гледам и одбивам да сум дел од овој карневал. Или Ве молам, дајте ми и на мене од тоа белото, па може ќе ги видам и јас Вашите бои.
    До тогаш - игнорирам се` што е „културно“ и „воздигнувачко“, ќе си тлеам јас во мојот свет на шарени ѕидови, па макар и само бели биле...имам јас голема фантазија :f:

    Ако ништо друго, барем жабата ми е зелена :D
     
    На marama, bittersweet, tweety26 и 19 други им се допаѓа ова.
  11. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Сакам да кажам дека брат ми планира да ме убие :lol:
    Направил пудинг со бисквити и ми го сервира во чинивче ... и умрев од благо, а Бога ми и од ваков третман од него :lol: :D можеби претерал со шеќерот ама ја инстант дијабет фатив.
    Батушко бе :inlove: ќе ме умре :D

    А да, спиев 13 саати :!:
    [​IMG]
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не се прават паметни, само си го бранат ставот, а кој не го бива за тоа, нека не навредува туку нека си поработи на себе штом вака му пречи. ;)

    Мое мислење.
     
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Леле Џоел,како ме потсети! Омилена ми беше!

    Јас ништо не правам,ќе пијам кафе,кој сака нема ме дружи :coffee:

    Ќе се редактирам :) Размисли со кафето...
    Вчера цел ден имав чувство дека земјотрес ќе има,цело време ко да ме дрмаше нешто и татко ми ми вика: Абе да не имаше некој земјотрес,ко да имаше нешто или јас така си мислам,од вчера ми се чини така... и јас викам: Па и мене цело време така ми е,ко да имало нешто, и ми вели : Да не сме ние ко баба Ванѓа,да осеќаме... И денес луѓе читам на фб во 12ч. имало земјотрес кај Охрид :D Кое изненадување ми беше :o И значи стварно,ко животинчињата сме,тие обично осеќаат предвреме :D

    И уште нешто,цело време на радиово Не пропуштајте,викенд во Банско,зимовање во Австрија , за само НЕВЕРОЈАТНИ 6000 денари бла бла |( Мислам,луѓево некогаш за леб немаат,а тие туку рекламираат и па уште не пропуштајте...Абе рекламирајте попусти на храна,не вакви работи! И кажувајте нормални инаформации! Или овие Вип ко ќе рекламираат бесплатно телефон,зборувај за 0 денари,бла,бла (но само при договор од 2 години,во кој што ќе ве искинат од пари |( ) Преврти се наопаку! Да,ќе ми се превртат очите и ќе барам да потседнам,ко ќе ми стигни после сметката за телефон :swear: Затоа повеќе јас на договори,не!
    И така.Знам како е да немаш некогаш ништо дома,затоа ме нервираат вакви глупости по цел ден по радиото. И се лутам што богатите само се богатат,а сиромашните уште повеќе запаѓаат. А остај тоа,па ни за младите нема работа,затоа се помести и границата за стапување во брак.Од што ќе плаќаш сметки,да си го изградиш домот или па со што ќе гледаш едно мало цуце што бара доста повеќе од само едни пелени? Епа затоа ќе се трудиме уште повеќе и таков ќе ни е животот. СЕ мачиме,па се надевам и да се исплати,ај што се вакви работите вакви се,ексик :worried:
     
    На Hopeful, Lepaaa, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Таман кога ке помислам дека сум срекна и дека се е во ред, пак излезе нешто..Проблем за проблем.. Незнам дали некогаш ке се реши се и се ке биде во ред.. ;(
     
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.521
    Пол:
    Женски
    Бесна сум на машкиот род!!!
    Како е можно во тесна уличка да се заинати и да не сака да се помрдне на страна,а ти си приморана да се враќаш во рикверц едно 500 метри.И притоа толку сочно пцуеш,што и јас самата се засрамуваш.
    Како е можно во ред пред шалтер да те пререди ,и при тоа да се прави мутав.
    Како е можно комшијата уште во 7 сабајле да ти се тутне без да звони,тропа,да бара цигари.
    Како е можно друг комшија со воздушна пушка ,да брка мачки низ дворот.
    Какo e можно поштарот сам да се повикува на кафе.
    Со маж ми зборувам 2 дена,можно е.
    Сето тоа јас би по кратка постапка [​IMG]
     
    На AIT, kravce, Neytiri и 25 други им се допаѓа ова.
  16. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.965
    Како и LittleFairy , морам да кажам дека сум дел од групата за заштита на животните и кога имам можност, а најчесто сум дел, донирам.
    Дознав неодамна за жената Даниела, која чувала дома над 50 кучиња, ги вдомува, храни, негува , чува и има гооооолема потреба од хуманитарна помош. Ваквите работи ме трогнуваат и морам да кажам дека симнувам капа на ваквите луѓе. Инаку сум од оние кои не се премногу чувствителни но кога станува збор за животни т.е кучиња, би направила се и би ги земала сите дома. Баш тоа и го чувствувам за кучињата во Вардариште, не би посакала никоја од вас да види што таму всушност се случува, која е реалноста а не она што ние го замислуваме. Тоа го увидив неодамна кога отидов да спасам едно кутре, кое погрешно беше носено таму.
    Доколку некој сака случајно да донира слободно да ми пише лп. Ова сакав да го изнапишам, чисто да го кажам, да ми излезе од душата. Сакам да се знае за ваквите луѓе. Тие тоа го заслужуваат!!!!!!
    :bow:
     
    На LittleFairy, blond, tweety26 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК човек треба секогаш да се соочува со проблемите, препреките во животот, не да бега од нив, човек благодарение на нив го зајакнува својот карактер.Се додека човек бега од нив, тие ќе го следат каде и да се.А колку повеќе се соочува со нив, толку повеќе ги решава и истите ги снемува.

    А ^_^ вечер Борџии ќе ги гледам ^_^ :wasntme: ( здосадив со нив, ама посилно е од мене :rofl: :wasntme: ) :emo:
     
    На LittleFairy, Hopeful, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Одам да си ги истресам проблемите во некоја дупка и да заборавам на реалноста. Ме чека тежок период, или напорен можеби подобро го опишува, а најмногу од се не сакам да разочарам нечии очекувања, кои, за жал или за среќа, ги има многу.
    Некогаш, довербата е меч со две острици, некогаш животот е меч со две острици, некогаш мечот е тап...

    Јас ќе одам на психотерапија, а под психотерапија мислам на шопинг, а под шопинг мислам на попусти, а ако нема ништо мислам на шетање излози, па вие како сакате. Може нема да ме опушти ко психотерапија, или да ми ги реши ко психотерапија, ама да бидеме реални ни психотерапија мене не ми ги решава проблемиве, а цената им е иста...евентуално мозокот ќе ми се пренасочи во друга насока, на пример замор, кревет, серија, спиење.
    Мило ми е што пмс-от месецов не ми се поклопи со попустиве бидејќи ќе мораше да јадам :D
     
    На marama, Noemi, Moira и 7 други им се допаѓа ова.
  19. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    It's really funny how people hate being in a situation they caused themselves. If you hate drama, don't cause it. Simple as that sorry it's the truth.
     
    На bittersweet, AwesomeGirl и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.702
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Женски
    оооо колку сакам да отерам се у пм и да не се замарам за никој и за ништо и никој да не ме замара мене ...таман да се средам малку психички ама нема е ј...бига тоа е
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.