Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Се зависи како ги гледаме работите во животот ...
    Јас на пример ја гледам чашата полуполна ,додека некои полупразна .

    Реалноста знае страшно да боли ,но повеќе или помалку одлучуваме сами .
     
    На Hopeful, Chimera и Gordana10 им се допаѓа ова.
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Нема ништо поболно од тоа да ви ги скинат крилјата ....
     
    На hrcace и Springy им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    177.238
    Пол:
    Женски
    Последниве месеци... ептем често шопингувам, ма неее... не викам дека ми здосади во никој случај тоа, нели.. :wasntme: сакам да кажам, вчера исто така шопингував и потрошив така..мааааалце поише пари од шо требаше, па за накај дома психички се спремав за лекцијата од мајка ми шо следи после таквите мои забави. Арно ама, ова.. менопаузава обратнопропорционално делува кај неа, за моја среќа наравно :D и се свиде еден од џемперчињата шо ги земав, па сеа да идам да и купам и на неа :) ако де..се додека дава пари нема лошо во тоа :)

    Друго, ми се јави баба ми. Таа дека така малкуцка стара е, скоро 80, да ми е жива и здрава до 100че (иако таа нон стоп вика дека сака да умре, и ми врши психичка тортура со тоа) последниве години има проблем со говорот, одредени зборчиња не може да ги изговори правилно, ама убедена е дека правилно е така како таа шо ги изговара, и недај боже да пробаш да ја исправиш, одма се жали кај мајка ми, а неа нејќете да ја слушате, па ако ја разбереш добро, ако не, ќе се праиш дека ја разбираш. Ми вика, да сум идела да сум и го однесела лендерот. Лендер ?!? Хммм ?! :^) Џе си мамо сеа??? И викам бабо, знаеш дека блендерот се расипа пред 2 години.. вика каков блендер, лен-де-рот да ми го донесеш и бити! И сеа шо ја да и однесам?? Се оправавме така некои пола саат и таман мислев се откажа, таа да ти свртела кај мајка ми, која во моментов е на работа, и која ја чита као селски буквар, и ете ја ми се јавува и ми вика да и го однесеш на баба ти рендето!! РЕНДЕТО викам??? Аааааааааа :D И се јавувам и викам бабо ич да не се секираш ти го носам лендерот одма :) ни фала ни бутур туку уште крива сум шо не сум ја сфатила од прва. Нит се тера нит се води.
    Ова ме потсети на прошлиот пат коа беше кај нас. Глеавме некој си филм на ТВ и две машки се бацнаа во уста и таа се врти накај мене и вика.. туууууу ја ако поживам уште малце којзнае уште шо ќе дочекам да видам. :D :D Туку да не ме чека, одам ја... таман пред да ја почнам диетава да соберам некоја калорија плус..нели кај баба идам :D
     
    На Moira, kravce, Lepaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Пекол, жив пекол ми се последниве два дена.
    Немам сила ни да објаснувам што и ако беше, само ќе кажам:
    Почивај во мир дедо, на подобро место си таму горе. ;(
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Понекогаш се чувствувам ко да одам по жица со широко кренати раце.
    За да балансирам, да ги ставам во рамнотежа сите нешта во животецов.
    И да, понекогаш е и претешко, зашто се уморувам. И снемувам здив.
    И се плашам дека ако го нарушам тој некаков „совршен“ ред, ќе паднам удолу и ќе се повредам.
    А понекогаш треба и да се проба, нели !?
    Толку се плашам да излезам од черупката во која чмаам и се плашам, дека поради тоа ќе патам уште повеќе.
    Ќе морам да се соочам.
    Со стравот.
    Патем, не е грешно - секој има слаба страна.
    И страв, од нешто...
     
    На marama, kravce, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  6. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Јас немам баба, имам супер бабичка !
    Прееска прашав: има нешто благо? - "Нема ништо" ми кажа... ете ја по некое време ми тропа на врата и ме вика да сум каснела нешто благо, кога што да видам - ми направила палачинки, жал и било дека немало ништо..

    Или па може има профил на фемина и прочитала во темата "Што ви се јаде во моментов" :^) :D

    Ах бе бабче, што би јас без тебе? :l:
     
    На marama, crazylady, Monna.Monna и 21 други им се допаѓа ова.
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Денеска сестра ми ми рече дека цел живот ме ранат само кфлести работи. Кога сум била малечка многу сум ги сакала тие Чоколино, Медолино, Фрутолино, а после сокчињата во теглички од Fructal и омилен ми бил тој од моркови. :^) Сега ми купила од оние Милка ресаните од малина, и црн Lion од Nestle, а да не беше таа јас немаше да ја знам убавината на Галеб од Пионир. :)
    Кога сум била малечка, сестра ми не ме фрлила преку терасата, ама утре или задутре ќе биде. :lol:
    Се чудам како ме поднесува. Кога сум прва смена, се будам пред неа и и одам во креветот, и го откривам лицето и почнувам да ја тормозам. Ајде иштенцеее! Стани бе иште! Ајде бе ѓубре! Па ако сум расположена ќе ја има честа да биде разбудена од мојот крескав глас на Underneath your clothes од Shakira. Ја гушкам, ја цункувам и ако се разбуди влегувам во нејзините ќебиња и се гушкаме и смееме додека не ни останат само 15 минути за да се спремиме, јас за школо, таа за работа. А во случај да не се разбуди, палам струја, и ги откривам стапалата и и ги соблекувам чорапите. Е чекај да видиш. :devil:
    И тогаш пак одам да ја гушкам и да се галеничам. :)
    Сега кога сум втора смена, баш се чудев што да измислам за да ја нервирам. И ми текна, вечер кога највеќе и се спие ќе и се тупнам во креветот и ќе и правам стомакоболешки-смешки. Зар има поубаво нешто? :angel:
    Уште не ме одродила преку оглас, добро е. :D

    Деновиве ми запнала со л'скави штикли. Го манјачи секој излог, ама овде нема л'скави.
    Да имам доволно пари, сите л'скави штикли на светов би ти ги купила! Би те одвела во Дубаи, Њујорк, Кина, џингарлака Турција, џингарлака Египет, секаде. :nod:
    Секаде депонијо моја! Те сакам! :hug: :l:
     
    На marama, Monna.Monna, blond и 2 други им се допаѓа ова.
  8. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Ме иритираат линчсти кои упорно ми трубат: слаба си, дома те ранат ли тебе,страчка, исушена, види си ги нозете.
    Што да видам. Имам нозе да. Што им фали. 90 проценти од фармерките ми се залепени, и сега треба да ги оставам зашто ми ги прават нозете потенки? Прашајте ме дали е лесно да се здебелам? Отворете ја темата за здебелување, и видете ги маките. Требаат 3 до 4 месеци за да заличиш на човек. Да јадеш како ненаситен, а истовремено да се извисочиш како топола. И што потоа. Ништо. Пак од почеток.
    Ќе дојде ред на други фармерки. На половината се точни, на нозете не. Или обратно.

    Луѓе верувајте ич ама баш ич не е лесно. Ако сите мислите Ха лесно е за се здебелиш, тешко е да оставиш некое килце. Се е тешко, нема ништо лесно.
    И да, да сум на нивно место, никогаш ама баш никогаш не би рекла таков нешто. Зашто боли. Многу боли...
     
    На marama, Monna.Monna, kravce и 17 други им се допаѓа ова.
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Ах тие златни раце на фризерката моја, ах ахххх!
    Кое најдобро чувство е кога после фарбање, следува миењето на косата, со шампони, маски, масажа... за мене омилениот дел од целиот процес на фарбање!
    И тоа обично трае едно 10 минути, ох ох, уште првиот пат кога отидов кај неа, и кажав, јас се хипнотизирам и максимално уживам кога некој ми ја фаќа косата, не сфаќај грешка, ама додека ми ја миеш косата, не ми зборувај, нема да те слушам, ќе мижам и ќе патувам на некое магично место! :D
    Се изнасмеа таа, знае што будала сум, ама оваа будала обожава некој да и ја фаќа косата, да ја масира и чешка! Како мало гуде сум, бишенце.

    И уште една работа што ме хипнотизира е возењето.
    Додека некој друг ме возе, не е битно дали е кола, такси, автобус од Неготино до Скопје и обратно, или да верувајте, ЈСП автобусите, низ Скопје.
    Не дај Боже да седнам у една од бројките у кои се возам, еееее тогаш дури ни пензионер не ми е рамен, остај тоа шо може сум спиела едно 12 часа, не бре, јас можам да дремнам т.е затворам очи на неколку сеунди па пак отворам, не баш буквално да дремам и рчам, да си се навалам на прозорот, или онака главата да ја пуштам во опуштена состојба! Е сега, се у граница на нормала, ама возењето страшно ме хипнотизира, како и фаќањето на коса.
     
    На Moira, blond, kravce и 15 други им се допаѓа ова.
  10. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Имам другарка со истиот проблем како тебе и знам како е. Јаде многу, ама успеа само стомаче да добие.
    Не дозволувај да те повредат, речи има каква сум-таква сум, што те тебе интересира. :)
    Зошто се замараш ако се чувствуваш убаво во твојата кожа? Та неможе сите да бидеме исти. Небива тие совршени се. |(
    Еве јас сум со нормална тежина па пак не можам саглам фармерки да најдам. Во нозете широки-во газот таман. И сега, да се растажуваш ли треба? Стесни си ги фармерките таму каде што е потребно според формите на твоето тело. :)
     
    На T.e.d.d.y му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Кога на шалтер ти кажат дека ти фали уште еден документ </3
    [​IMG]
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Многу млади луѓе во нашата ни мила државичка не работат,вклучувајќи ме тука и мене.Веќе ми е доста од тапкањето по рамо дека утре почнуваш,од лажните ветувања,од јавувањето на секој можен оглас,осигурувањето на половина работно време и максималната плата од 6000 денари.Абе тие шо работат за толку ,а имаат фамилии како достигнуваат да платат сметки,да купат јадење,да се облечат??? Ама џабе јас и многу други си дробам тука ко ни за лек нема промена,нив ич не им чуе.Веќе збудалев дома,не дека не излегувам но да барам 100 денари на излегување бидејќи ми е страм повеќе да земам од моите што на мои 26 години седам и буквално безделничам.Никој не ме осудува,не е до мене,но јас способна,млада и здрава дома буквално венеам и чмаам и доста ми е од тоа глупо чувство кога сте во некој безизлез и се чувствувам толку лошо и бескорисно што ми доаѓа да излезам и да работам било што :worried: . Како што кажа денес и Дивајн, ние младите чекаме работа,да ни се наредат сите коцки па потоа да основаме наше семејство,да влеземе во светата институција -брак.А кога ќе се наредат сите коцки,кога ќе наполниме 50 години и нема да сме плодни,кога нема да ни се слуша за брак,а камоли да влеземе во него?И после ќе ми велат,уште не си се мажила??? Па што чекате,дур сте млади да се земите.Абе луѓе ќе се земиме ајде,во ред ама од што ќе живееме? ОД воздух,вода,а можеби и од љубов м |( ?Кај нас ајде тој работи колку толку некаква сигурна работа ама има многу парови каде што ни едниот ни другиот немаат приходи,сакаат да имаат дечиња но не се осмелуваат бидејќи не знат како ќе го гледат. :doh: Згрозена сум од тоа до какво дереџе дојдовме,да не правиш семејство поради тоа што не знаеш дали ќе успееш да бидеш добар родител.
    Веќе се гушам од се што ме опкружува,а не можам да променам ништо,немоќна сум,но ако не направам нешто целосно ќе се изгубам во целото тоа сивило.
     
    На marama, Monna.Monna, Moira и 24 други им се допаѓа ова.
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    По цел ден и по цела ноќ умирам без тебе ......Ми недостигаш :inlove:
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Понекогаш посакувам да кренам раце од сѐ, да си изнајмам едно RV, да го преуредам за секојдневно живеење и да почнам да патувам по светот заработувајќи од продавање на украси кои сама рачно ќе ги изработувам.
     
    На marama, crazylady, Moira и 20 други им се допаѓа ова.
  15. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    СДК... Рекламата за кафетин колд макс како и да се вика... треба да ја забранат! По одвратна реклама немам видено! :puke:
     
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Денес се засрамив од себе. Да можев да си ја лупнам од негде главата ќе си ја лупнев.
    Одејќи накај автобуска тука у населба видов убави патики и одма и вртам на мајка ми да ја прашам дали ќе ми даде пари да си ги купам, и ми вика немам сега почекај нели на факултет сега плаќавме, брат ми часови ќе вози, и јас и реков само добро ама бев малкуцка лута како може цела година не сум купила патики еееееј и она пак ми вика чекај.
    И одам накај факултет така нерасположена, јез да не и покажав на мајка ми дека бев лута ептен ми падна тешко после, некој нема ништо, а јас се налутив како мало детенце бре. Не знам што ми стана ама добро животот веднаш ме врати во реалноста зошто така одејќи видов еден човек бос и стуткан на бетонот кај хотел бристол. Ми се скрши срцето, плус се почувствував толку идиотски, толку неблагодарно не можам ни да објаснам. Постоив малку, дали двајца од 20 луѓе што поминаа му фрлија некоја железна паричка, почнаа солзи да ми течат, се вратив до рекорд, чекав топла пица, му купив две парчиња, му ја однесов и му дадов 50 денари. Барем еден ден тоа ќе го држи. Место да пијам сок денес на факултет помогнав некому, се парчеше нешто во мене кога го видов дека прво си ги топли рацете со пицата а не ја јаде веднаш.
    Сега дојдов дома, земав од татко ми чевли и тоа убави чевли му собрав, некој пар чорапи, ракавици и еден пар панталони и утре ќе му ги однесам. Пак ќе му купам нешто за јадење, сакам и чај да му однесам, ама не знам како тоа би го извела.
    На некој навистина му е потребна голема помош, и од повеќе луѓе по малку колку толку барем да не мрзнат тие луѓе, зошто додека јас лежам дома под меко кебенце и седам по кратки ракави на минус степени некој сега седи на бетон и воопшто не ни има друг избор, а нема ниту на кој да се пожали.
    Е тоа е, живот, понекогаш ѕирка сонце, а понекогаш во темнината не наѕираат ниту благи зраци светлина.
     
    На lunicka, I.love.your.lips, marama и 44 други им се допаѓа ова.
  17. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Последен од нашата дружба. Од утре веќе ќе те нема, далеку ќе бидеш. Знаеш, многу ќе ми недостигаш, премногу. А и кој друг освен тебе? И онака беше единствениот, вистинскиот. Така ти е тоа... ги губиме работите кои највеќе вредат. Може за да сфатиме дека уште повеќе вределе одошто сме мислеле, ги губиме оти не сме ги ценеле доволно. Еве уште сега ми недостигаш, а не успеавме ни да се испратиме како што е редот. Ќе се вратиш после некое време, тоа сигурно. Ама сигурно нема да бидеш истиот, а колку ќе останеш? И повторно ќе заминеш и повторно ќе ме боли. И така секој пат помалку ќе боли се додека не си станеме како странци, обични познаници. Убаво ни беше кога правевме улавштини, се смеевме, кога ме тешеше. Ама сето тоа ќе остане минато и никогаш повеќе нема да биде како што беше порано. Никогаш!
    Тоа е... ќе дојде и некој друг на твое место, може и повеќе од пријател ќе ми биде, ама ти ќе останеш единствениот. Секогаш ќе те помнам како дружето од горната улица. Ќе ми недостигаат долгите прошетки и разговорите, утешните зборови и твоите глупости. Утре си заминуваш. Уште сега ми недостигаш и знам дека вечер повторно ќе липтам цело време присеќавајки се на спомените. Да знам што сум изгубила!
    Ми фалиш друже. Проклето ќе ми фалиш! Знам дека еден ден ќе те заборавам, ама никој нема да биде како тебе. И дај боже еден ден повторно да ме потсетиш што сум изгубила, за повторно да бидеме тоа што сме сега.
    Среќен пат друже! Нека бидеш посреќен таму каде што одиш. И ич да не ти фалиме, оти тешко ќе ти биде, а нема да можеш да се вратиш. Верувај, така полесно е. ;(
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ми фали времето кога единствена преокупација ми беше да не ми се појави крст на чипичанот...
     
    На tweety26 и Greeen им се допаѓа ова.
  19. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Бууу! [​IMG]
    Тука сум, тука..
    Малку го запоставив форумов, ама оправдано.
    Имав премногу обврски поради кои немав многу слободно време.
    Еве ме сега.. [​IMG]

    Ви имав кажано дека учествувам на сите можни наградни игри што ги начекувам на интернет?
    Да, да.. :$ :tmi: :lol:
    Книги, влезници за во кино, театар и што ли уште не.
    Имаше еден период, штом добиев гратис влезници за во кино, обавезно ќе ми излезеше нешто па немав прилика да ги искористам.
    :!: Денеска КООООООНЕЧНО бев во кино!
    Наочарчиња на очи, пуканки во раце, љубениот покрај мене и 3D филмче за прв пат во животов.
    Милина! :wasntme:
     
    На marama, Noemi, Moira и 15 други им се допаѓа ова.
  20. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    СДК се чудам како е можно некои личности да се толку неписмени и прости? А демек се најучени и знаат најмногу на цел свет. Па нормално дека имаме ваква држава кога тие еден ден ќе дојдат на власт. Вие СТВЕ Македонци??
    Тој не се ИЗБРИЧАЛ! Не знаев дека и во Прилеп се зборува вака..можеби допрва од нови учебници по македонски јазик ќе учиме, никогаш не се знае ;)
    Oд кога types се чита тјубс ???
    I DON'T WANT TO LIVE ON THIS PLANET ANYMORE!!!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.