Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    tessie дај олади малку ,јас овде мислам дека никого не навредив .Секој си има право на мислење и свој став,но не треба работите толку да се земаат на срце и не по цена само и само да се има последниот збор и да се биде секогаш во право .Сите сме овде да примаме ако можеме и да дадеме совети.Јас знам која сум и што сум ,како и сите девојќи на форумот .Сите знаеме за што не бидува и свесни сме за нашите недостатоци .Само лошо е кога некој мисли дека ги знае сите правила на животот.Затоа и пишав
    дека треба малку да се релаксираме ,овде сме за дружба а не да се докажуваме што сме и кој сме.Сите знаеме да си ќи браниме ставовите ,единствено нешто на кој треба да работиме е тврдоглавоста ;) .Се разбира ова е мое мислење ,на кој му смета може слободно да го игнорира
     
    На vitomir и AwesomeGirl им се допаѓа ова.
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Кога ќе отворам српски блог и ќе видам коментар од Македонка која врска нема од српскиот јазик да пишува на него, ми се темни. Ве разбираат побогу.
     
    На Cacy, Hipster, Divinebutterfly и 10 други им се допаѓа ова.
  3. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Бог да чува ненормални луѓе.Ама што и јас сакам да бидат нормални во овој абнормален свет.Зошто се сите такви гнасички расипанки :^) Гледаат да ти се мешаат сегде курац.Не не не не не , не се издржува повеќе...
    [​IMG]
     
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Da odem u pizdu materinu, i tamo bi' bila kriva za sve |(
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ...во главата ми зуе This girl is on fire, како некој саундтрак.
    Фацката ми е ѓаволешка, ]:) со мини ореол над главичката, :angel: бидејќи навреме завршив сѐ, иако свесно започнав (пре)многу доцна.
    Не знам зошто, ама сакам да си ги растегнувам границите, и потоа да видам со колкави можности располагам, и дали ќе можам да ја завршам задачата во невозможно краток рок. :D
    Така си правев и во средно, си трупав лекции и лекции, само за да видам дали можам да ги научам сите 15 во една вечер. На пример. :D
    И нема никаква врска со неагилност или непланирање, зашто обожавам да кројам планови.

    И завршив, 100 страници за нецели 2 дена, со куп работни обврски.
    Иако лекторирање е тупаџиска и сувопарна работа, морам да признаам дека донекаде ме исполнува, тоа воведување на ред помеѓу буквите и правописните знаци, осмислување на речениците, и целата таа визуелна естетика при подредување на табели.
    Сега некој ќе си помисли дека е екстра возбудливо, малтене во Гугл работам, :D ама да ви кажам во Гугл го немаат тој луксуз да брцкаат флипс во крем-сир после добро завршена работа, како награда. ;)
    Веројатно кавијар им даваат на умните деца.

    Патем, да не испадне реклама, ама... ако ви треба лектор... :?:
    (РЕКЛАМА Е, РЕКЛАМА!!!)
    :D
     
    На JuLleE, Agrona, Annie.mk1 и 23 други им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... имам чувство, мислам дека конечно полека коцките ќе почнат една по една да си заземаат свое место ... или барем еден дел од нив, оние одговорните за финансии. Деновиве ќе инвестирам во сопствената иднина. Сепак, живееме од ден за ден такви времиња не надвасаа, ама мора да се мисли за оние подоцни, потешки денови. Оваа идеја ја имав, ја имале и моите и денес конечно падна договор. Само да дочекаме убави и сигурни времиња. Да сме живи и здрави!
     
    На marama, Peppermint, AnaKarenina и 18 други им се допаѓа ова.
  7. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Виното вечер има некој посебен вкус!! Ке пијам и нема да размислувам за ништо !!! Ке уживам...тоа ретко ми се случува во последно време..
     
  8. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк пријатни ми се пеперуткиве во стомакот.



    :nod: :nod: :sun:


    Си создадов денеска пак среќа.
    Се прашувам можеби пак се вљубувам ? :?: :wasntme:
     
    На marama, crazylady, AnaKarenina и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    :inlove: :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На marama, Neytiri, Lepaaa и 6 други им се допаѓа ова.
  10. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Сакам да кажам дека денов ми помина скоро добро...упс ! И го заборавив роденденот на баба :?: :| Сакам да кажам дека крајно време е да станам од компјутеров и да правам нешто покорисно ама ајде....стани да те видам !

    Не дека ми фатиле удолница работите...само сакам така да биде...

    Сакам да кажам дека има многу личности кои не го заслужуваат ни моето ни ничие друго присуство околу нив....таква малограѓанштина постои просто да не ти се верува ! :devil: :devil: Ќе те извади од такт некој што кај не го познаваш доволно, кај ти се прави паметен како тој знае што е најдобро секогаш и за секого...ма молим те !

    Простотија народ има...и после зошто имало миграции ? Ете затоа
     
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    20 страни музичко лекции, хах! Па не ги учам сите бе. За неќна незнаев ми пиша 1, сега ги учев само новите десетина лекции, другите неможам бе.
    И така.
    Ево ви песна.
    https://www.youtube.com/watch?v=iQ89o4rVfkk
     
  12. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Моментот кога комшијата до тебе што живее кива и ти на фејсбук му пишуваш на здравје :D

    Веќе две недели чекам резултати по еден предмет да видам дали сум положила, што се вика уште малку и колоквиумите ќе дојдат, а јас си чекам резултати од испитот. Ако ќе си чекам, барем вака не сум разочарана, зошто незнам дали сум положила или не.
    И за две недели ќе се сликам за апсолвентско табло пораснав и јас :P :D
     
    На marama, Annie.mk1, Elichka и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Фрчат статуси на фејсбук за четот дека не работел :rofl: :rofl:
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Ми се разнежнува душава кога слушам италијанска музика :angel: несвест, величенствено :angel: :music:
    Шо е убо ко паметот не е тука :D
     
    На Annie.mk1, Someonespecial, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  15. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    [​IMG]

    не можам да дочекам да дојде лето :D
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Признавам не сум љубоморна,и признавам навистина дека навистина не сакам да се споредувам ,ама :!:
    Моментот кога за твоја бивша колешка ќе дознаеш дека во животот успеала само со една работа.
    Го легнала директорот,управниците,шефовите,колегите...одењето на планина е секоенеделно задоволство,летувања,да не спомнувам ,секојдневни задоволства од типот добра храна,гардероба ,парфеми,чевли на кои и Кери би и позавидела...
    ...И тогаш се прашувам дали јас тоа на оваа мојава џабе и ги перам гаќите...[​IMG]
    Ви спомнав ли дека ме дрма пмс...[​IMG]
     
    На stetoskop, marama, julie77 и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Уште 35 дена :) доаѓа пролет :)
    И мирисот на липите на Ленинова....Го обожавам тој мирис....ме потсеќа на детството.
    Аххх, кога ќе го почувствувам тој мирис, ми играат пеперутки во стомакот....ме прави среќна и опуштена.
    Уште само 35 дена и сонцето ќе почне да ме милува додека го пијам утринското кафе на мојата улица.
     
    На Allthatglitters21, sweet-cherry, Moira и 11 други им се допаѓа ова.
  18. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека денес сите ми ја бендисаа тортата што ја правеве
     
    На srcekrsacka и Katerinceee им се допаѓа ова.
  19. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Златно правило: Никогаш не прашувај студент како му е на факултет, а уште помалку па и да ти покажува оцени во индекс!

    Ако му оди добро сам ќе се пофали.


    :) :hai:
     
    На marama, Allthatglitters21, MandyLane и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Два дена сум во Скопје а се случија повеќе работи отколку во цел јануари.
    :tmi:

    Седнувам и почнувам да пишувам, ама од што сум толку изгубена моментално, од не знам какви причини, само пишувам и бришам, пишувам и бришам... Гледам да сум зафатена, да одам на сите предавања, да испаднам во секоја можна прилика и да бидам некаде, спијам минимално, барем за мене 5 часа сон се ништо... Станувам и излегувам, веднаш, било што да се прави, само да не бидам дома. Кога седам дома, нешто ме тишти, не знам што.

    Некако, многу се разочарав... Мислам, фино ми е, стварно, нема причина за разочарување, налет и стипендии и глупости, него онака, си лебдам со мислите. Наидов на една тврдина, која врти сучи, никако да се отвори, барем не пред мене. А колку се труди, мајко моја, ама на колку погрешен и несигурен и детски начин се труди околу мене. Ако ме добие, ќе ме сака како никој на планетава што не сакал претходно. :(

    Искрено ми е жал, пробувам да сум љубезна и срдечна и да дадам шанса, но тој се затвора, несигурен е, најверојатно го заплашувам со целиот мој свет... Свет на многу луѓе, многу галамење, многу смеи, многу испаѓања, шминки, алишта, телефони, контакти, брз свет, успешен свет... Со задоволство ќе го примам и се обидувам да го притиснам, ама жими мене, повторно чувството на слагалица и небо - притискаш, притискаш и притискаш, уверена си дека тоа е тоа, таму е, сите се сини и сите се исти, мора да е тоа делче таму, и оп, наеднаш... тоа да ти биде на другиот крај.

    Можам да го замислам колку сум безосетна на моменти, којзнае колку пати го имам направено да се чувствува грдо без да знам, но, зошто, зошто, зошто едноставно не ми каже за сето тоа и не ми помогне барем малку во намерата да го доживеам како поблизок. Не сакам кога ме идеализира, ме мисли за некоја која има совршен живот и не сака да ги меша неговите бучканици со моите, според него, непостоечки проблеми, ама.... ама ми иде да го истепам на моменти. :doh: Знам дека изгледам од страна како некој кој за ништо не му е гајле, ама дип даун, многу дип, многу сум блиску до тоа да престанам да го притискам делчето да се склопи со останатите делови на слагалицата.

    На крајот на денот, ај дид мај бест. :tmi:

    И само што го напишав сето ова, спремна да се откажам од се' и од сите и да го отерам, дувна толку силен ветер што прозорците, кои жими мене, можам да се заколнам дека добро ги затворив, се отворија. Цело време зборувам за отворање на неотворливи работи и гледај сега. Ај мајката. :D Ме наежи коинциденцијата, или можеби не? :)
     
    На antonina, Artemission, marama и 31 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.