Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Тоа е, некој на фб, некој тука. Најди ја разликата :emo:
     
    На MandyLane, Hipster и Mishela им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Папата се откажуел, нејкел да биде папа, и одма дедо Боже поздрав му праќат „ седи тука и не се занесувај“ :D :wasntme: знам дека громови, светкавици не се исклучок ова време, ама пак ко ќе помисли човек дека ко наводно бурата во Америка била вештачки предизвикана, нишо чудно и ова.Та и Нострадамус го вмешаа, па...не го оставија чоекот на мира :D :wasntme:
    Чуден е светов, уште почудни работи се дешаваат :geek:
    И така....убаво е човек од трагедија да прави комедија, иначе ако е се трагедија, дека е крајот :geek:
    Нели? :geek:
     
    На Moira, kravce и blond им се допаѓа ова.
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Во мисли ми е пролетта. Слабо и слатко сонце, мало ветре и нови пупки. Мирис на живот. Мисли дека никогаш не би ме повредил. Правење на минијатурна грешка која скапо ја плати/плаќа. Незнаење што е тоа од љубов да простиш за љубов. Глупирање дека му раскинувам. Ме стиска силно до него. Ме снима како му пејам. Ме насмевнува. Први работи доживеани со него. Цвеќиња околу нас. Живот. И сега, сега незнам колку сум среќна. Незнам само како ми дојде? Од каде? Како се споивме токму таа вечер? И јас сум тука, а ти до мене, посилни од секогаш.

    Убава е пролетта. Убава е брадата која остаре поради мене. Што можам да му дадам освен налудничавост? Дали заслужил вечен неспокој?
     
    На marama, Moira, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Дека тета ќе ми фали :( .Нема повеќе шопинг заедно , гледање од тие досадните турски серии заедно , шеткање , глупирање , смеење до касно навечер , пеглање , нервирање на баба ми .Што ти требаше да си одиш на 1 месец.Пролетта нема да ја дочекам со тебе , а тоа се случувало секоја година.Додека јас сум алергична на полен ти уживаш во него и одиме на прошетки секојдневно.Ах мила , толку ќе ми фалиш.. :|
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.417
    Допаѓања:
    114.622
    Пол:
    Женски
    Седум години поминаа одкако не сме заедно.. животот не однесе на различни страни, но сепак пред да заспијам те спомнувам. Други влегоа во мојот живот, но никој не се задржа како тебе, никој не остави трага. Сега гледам дека си успеал. Дека си ги остварил соништата, и дека мојата жртва се исплатеше. Се гордеам со тебе, среќна сум. Иако не ја делам со тебе твојата радоста, иако можеби друга сега ти се радува како некогаш јас, сепак сум среќна за тебе.
     
    На antonina, Doozy, marama и 8 други им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Не се однесуваше на тебе, туку на мислењето. :) Aко си се препознала, жал ми е, за препознавање не одговарам. :) И според наведеното, не знам баш кој треба да олади и кој сака зборот да му е последен. Ако толку ти пречам, игнорирај ме. Тоа што ти го викаш тврдоглавост, јас го викам доследност, но ете, ти го почитувам мислењето и покрај навредите, за разлика од тебе. Се' додека ги почитувам правилата и не навредувам, кој збор сакам ќе биде мојот, ти не си таа што ќе го одреди тоа. Сепак секое мислење овде е тема на дискусија, некогаш ќе биде реплицирано, ништо лично, ако тоа ти пречи, мислам форум е ова, така функционираат работите. И јас сум релаксирана, ти си таа што се нервира. Поздрав :*

    Едит
    Eве за да покажам добра воља ќе се повлечам од дискусијава и ќе ти дозволам да го имаш последниот збор кој наводно мене ми е толку важен.
    Честитки :)
    [​IMG]
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не за џабе се рекло денот по утрото се познава :!:
    тоа важеше за вчера-од како тргнав од дома, приметив дека чудни погледи од страна на лугето па ај се средив малку да не изгледам нападно а тој ме виде така со бушава коса-знам дека му се допага, сам се издава :D и кога ја собрав косата, по погледот приметив дека се разочара ама баба рога стајл не ми е баш хехехе
    изгледаше толку жално како некое гревче а мене како што ме дал Господ жалослива одма солзи на лицето се појавија и од ладното плус ;( а дополнителна болка ми зададе раскажувањето на здравствените проблеми на лекари кои ме прегледуваа во ИЦТЦ-дерматолог и офталмолог се пријавив за волонтер инаку е Француска фирма и има претставништва ширум светот па здравје за студија за која би одговарала би ме повикале и дознав нешто за што мајка ми никогаш не ми кажала а можеби и не знаела-е внатре во окото како гребнатинка уште пред 14 години ама не е видливо со голо око.Се во брзање, во трчање за да попладнето ми се јави претседателот на УМС ако можеш да дојдеш порано да помогнеш за настанот , и набрзина каснав нешто и трк до АРМ и пак хостеса бев ама овој пат имавме обезбедено кошули и марами-добра комбинација треба да ја исперам и вратам во Општински и баш кога требаше да се пресоблечам приметив дека имаше личност во другата просторија за миг се најде пред врата ама немаше што да види, се беше покриено :D и нормално ко божем не видел аха да сигурно
    видов личност со која не сум се видела 10 години ама веднаш ме позна и знаеше како се викам-син на еден професор од средно и за прв пат јас да се запознаам со некој :$ раце ми се тресеа, нозе ми се сечеа, срцето ми чукаше :doh: и ми светна дека излегуваше со една девојка од мојот клас ама кога ми рече најди ме на ф.б. стварно е убав, згоден ама после ми текна што била работата лажна надеж, знам дека изгледав смешно ама важно се обидов да не ми е криво
    се видовме со луге што ги познавам, и со многумина од нив не сум се видела со години :)и со претседателката на кимот за на крај кога требаше да си ги приберам парталчињата, еден згоден тип ни отклучи и девојкиве набрзина сакоата, палтата на нив, и јас сама со него-наместо да ми рече ке излезам да се пресоблечеш :fubar: да се немало осет, пардон си земав се што е мое и да ме нема-можеби очекуваше пред него да се соблекувам, незнам, а капак на се беше кога другар на моја другарка а и другар му е на тој за кој што пишувам ми предложи да сме оделе на кафе-добро е што не експлодирав во моментот :D инаку ке беше што ке беше :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Утрово ми почна некако меланхолично.
    Незнам,можеби сум метеопат,дека вака е тмурно можеби незнам но незнам,многу ме мрзи,дури да станам не сакам... ;(
    А колку ми е напорен денов.
    Туку од ова се настинав јас,денес топло утре ладно,сакам лето,сакам и сакам,ова ми е олеснително,кога ќе споделам со некој дека едвај чекам лето да дојде.. :*
    Пријатен ден,на сите.
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Пиши-бриши, колку пати само почнав да пишувам и во истиот миг се премислувам и го бришам тоа што сум го пишала.
    Не сакам да чкртнам пост која за мене нема значење, сакам секој мој пост оставен во темава нешто да ми значи, да ме потсетува на нештото само со едно читање.
    Тоа подолу ќе биде веќе видено, ама така најмногу инспирација ми доаѓа кога сакам да пишам нешто, а не знам како да го составам тоа што сакам да го кажам...
    И покрај сите тешкотии низ кои поминав и оние кои следат научив дека треба да се биде упорен и никогаш да не се откажеш.
    Надвор врне, јас ја отворив вратата од тераса за да излуфтирам за да влезе свеж воздух, дождот се' исчисти по улиците, ама не може да ја исчисти злобата што се крие длабоко во некои луѓе.
    Сакам кога ќе станам порано и ќе го почнам денот како денес полека, ќе го вдишам утрото со полни гради и ќе уживам во утринската тишина, врнежлива утрина.
    Почна и вториот семестар, не можам да се пофалам со распоредот, ама не можам ни да се пожалам, мислам дека имам време за се ако убаво си го организирам времето.
    Интуицијата никогаш не ме излажала.
    Раѓање-зборов ме асоцира на живот, на нов почеток, на табула раса која треба да се испише....
    А колку само сакам една работа да беше поинаква.
    Центарот на градот-место каде што има многу луѓе секогаш кога ќе поминеш, место каде се продаваат костени, крофни, пуканки и книги.
    И кога ти е најтешко-насмевни се, ќе ти помине. ;)
    Још увек сањам, сонувам за подобро утре, сонувам за многу работи, јас сум сонувач.
    Ако ти значам нешто дај ми некој знак, нешто повеќе од погледот зошто тој не ми значи ништо, со поглед не можеме да се гушнеме, нели?
     
    На Elichka, Angy.g, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Здраво :hai: Јас сум кравче, и пак сум гладна.
    Не стигнав да ги направам замислените лазањи, мафини, солени торти и колачи. Сакам некое парченце лосос, печено со маслиново масло, рузмарин и лимон. Дојдов до некој степен каде повеќе ме возбудува помислата на марула салата, отколку на сендвич од 7мица. Мојов желудник однапред ми праќа сигнали како ќе се чувствува после оброкот, па...
    Што зборам бре |( :D
    Тмурно време, работа до доцна, недостаток на идеи за подароци...а јас ги анализирам луѓето околу мене. Колку многу разочарани, а ниту еден разочарувач (нов збор ова). Речиси секогаш другите луѓе ќе се менуваат, а ние, толку добри, како земјата да прекинува да се врти под нас. Пффф. Обостран процес. Или можеби ни е полесно да обвинуваме други, отколку да прифатиме дека сме згрешиле и ние нешто некогаш :^)
    И смачено ми е од пцуењето на шоферите. Успорил малце одма пцуј му све по дома |( Дали мојот праг на толеранција е висок, или другите потполно го изгубиле? Мајка ми е најдобра кога вози. Секогаш внимателна и никогаш не прекинува да зборува. Мислам дека тоа ја опушта :D

    Сакав и сеуште сакам да бидам мајстор. Сакам да поправам работи. Не софтверски, туку баш да завратам ракави и да отштрафувам и сецкам жици и лепам лимчиња и такви ствари. И го правам тоа, мислам отштрафувам, ама кога ќе ја отворам проблематиката само бледо ја гледам :D И сакам да научам да чачкам по коли, демек поправам. За секој случај. Првата лекција што ја побарав од татко ми за колата. Иако ја заборавив веќе. И да менувам гума, за ако некогаш ми се дупне на напуштен пат, да не стопирам манијаци :angel:

    Толку, го испив кафето :hai:
     
    На Artemission, bittersweet, marama и 25 други им се допаѓа ова.
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк времево е само за спиење,иако не сакам дожд а ниту пак снег,ама понекогаш е убаво што е вака тмурно,сега да ми е тука мојата понежна половина,па под кебенце гушнати мммм милина. :D
     
    На xoxo..gossip-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.250
    Вакви утра се створени за во двојка. Он да ти кува кава, ти да џмиеш на лап топ и да ми те гушне од позади. Ама се што ќе ме гушне денес е...десетка со кромид од Дестан и пиво,во попладневните часови. Сакам да кажам,тоа ми е целиот напор за фаќање на дечко за Валентајн.
    Сонував како носам боја бејби блу плиш тренерки и крокс на нозе...и одам на пазар... чувството беше...срамно. Жива среќа боса бев у кроксот,боље него ли со шарени или па не дај боже бели чорапи.

    Што се однесува до мене може некој да ми уплати еден викенд у некое спа у Финска,ама прости, никој не ме праша дали сакам!!!
    Мда!
     
    На bittersweet, kate21, AwesomeGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  13. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Секогаш носам нож со мене...
    случајно некој дане извади торта.
    :mm:
     
    На AwesomeGirl и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  14. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Луѓето денес се караат и очи си копаат а истите утре се насмеани и гушнати.

    Кога им е тешко бараат пријател, но кога им е убаво попрво би го потрошиле времето со тие што им свртеле грб.

    Во екстремни случаеви, ќе те обвинат и дека се обидуваш да ги скараш.

    Нема ништо лошо во тоа да оставиш некого на цедило. Апсолутно ништо. Впрочем, тоа гледај го како заштита, како инвестиција во себе.

    Знаеш кој си ти, нели? Ти, најважниот човек во твојот живот.
     
    На Oxymoron, martinuska, Someonespecial и 29 други им се допаѓа ова.
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    :) :)
     

    Прикачени фајлови:

    На EleMental и Katerinceee им се допаѓа ова.
  16. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    СДК IRON MAIDEN на 31 факинг јули со концерт во ЗАГРЕБ!!!! И погодете кој ќе оди :hai:
     
    На blaa, JoxyTheFreak, Artemission и 10 други им се допаѓа ова.
  17. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Зошто секогаш мора нешто да ми го расипе расположението?
    Таман ми помина меланхолочноста и утринскиот мамурлак пак еве се најде убиец на среќата..
     
  18. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Почнала еуфоријата низ градов за Валентин гледам..насекаде срциња , заљубени луѓе , купуваат подароци , се шетаат а јас дремам на училиште. :o
    Не дека не сум заљубена и јас ама ај што ќе правиш мора да седеш овде и да слушаш предавања |(
    Вчера го скоцкав поклонот..рамка 2 срциња на различни страни со наши 2 слики & некои јаки слики од нет за Валентајн.
    Сега ќе му спремам колачи во форма на срце :$ да си апне тој милиот :D
    И доволно е мислам за овој Валентајн до другиот здравје Боже пак :P
     
  19. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    Ситничари и критичари надвор од мојот живот!!!Прифаќам критики и многу сум самокритична,ама кога некој ти бара во јајцето влакно уф неможам .Ама им го знам лекот јас ,затоа ги игнорирам :D .Абе ќе се самозапалт,живи ќе се изедат зошто тие се гладни за дискусија, за кавга.А денес прекрасен ден ,прекрасно расположена ,се договоривме со пријателка ми да идеме на кафенце.Милини на душа така сами одамна не сме биле .Ај да не замарам многу и да одам ,а за гореспоменатите ич окото не ми трепнува :D ,или лажам малку левата патека ме боли :lol:
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    177.235
    Пол:
    Женски
    Силно светнаЛ ден !! Цела ноќ истури, сеа сонце бе 8) Времево е во ПМС гарант :)

    Give Me Coffee And No One Gets Hurt !!!
     

    Прикачени фајлови:

    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.