Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Koга ќе погледнам човеч во очи, кога ќе му се загледам во погледот, тогаш едно сфаќам: после втората светска војна, оттуѓувањето меѓу луѓето е единствено нешто што ги спојува. Системи, ограничувања, закони, работни часови...
     
    На bittersweet, kate21, marama и 16 други им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    :D Крлежи...крлежи everywhere... :D

    Нејсе, сега го пијам првото кафе.Ај откако ќе јадам, ај откако ќе си го испијам антибиотикот, еден саатот ме фати. Осеќам како мали човечиња оро да ми играат у глава.

    Hi, I'm Tessie and I am a coffee addict.

    [​IMG]
     
    На marama, ludoto19, Agrona и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Ја чекам другарка ми на кафе и мозоков ми чури.
    Многу обврски, малку време за реализирање на истите.
    :!: А таман помислив дека малку ќе се релаксирам.

    Ај, отидов јас да варам кафе!
     
  4. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Епа на здравје кафе ! :*
    И јас ја чекам другарками за на кафе
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Аууу и јас ќе ве дружам за кафе :D
    И ќе се спремам,малце на воздух да излезам :) Немој да заврнало! (леле да бев еден магионичар,па да ги растерав облациве :D или па оние од Америка од незнам каде што имаат капсули за растерување ;) )
    РЕшив да не рецкам ништо,ќе си правам ко шо ми одговара.
    Море,новата платформа ја сонував :D рефреширам Фемина и ми излегува нова најава,се сменато и се израдував :D И после се разбудив! Тух,само сон остана,што ми направија :D
    ОДам јас,бидејќи немам време,не е убаво да ме чекаат,а вс ви посакувам убав ден!

    http://www.youtube.com/watch?v=yVA-xTBeHyM
     
    На crazylady, pamelche, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Кооолку брзо ми поминаа часовите денеска.
    Колку брзо помина посетата кај психологот. -Не сум била мирна, отидов да ме советува, ама пак наставничката испадна ’крива’. То Памело!
    Колку брзо помина прво полугодие, толку брзо помина и распустот.
    Еве го, ставаат оценки за прво тримесечије од второ полугодие кое и те како брзо минува.
    Се минува мнооогу брзо. Незнам кај прочитав Године лете као комете, мхм да.
    Ме праша еден школски кога било Валентајн, ја се избацив нека ми даде поклон кога сака, ама не мислел на мене :rofl:.

    Нема врска, идам да јада и да се бањам, после идам за Штип.
    :*
     
    На Elennaa, Divinebutterfly, Adi888 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Осамена сум :doh:
     
  8. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    Е денес сум ги видела сите светци.Стомакот толку ме болеше што си помислив рака да ми пресечеа полесно ќе поминев :worried: .Него да си кажам денес денов многу убав.Една позитивна енергија што имам (иако имав болки :!: )
     
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.806
    Пол:
    Женски
    Брат тебе андроидот не ти чини, слаб е.
    Брат, процесорот не е за игри.
    Еј брат, само 2% батерија имам.
    Брат тапа ти е камерава.
    Не беше толку одамна кога според цртките гледавме колку батерија има. А мојата два мегапиксели камера и телефонот со копчиња се пред истребување очигледно.
    И луѓето станаа андроиди.
     
    На Umbrella22, kravce, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.297
    Грбов ми падна.
    Станав од ниедно време да учам, ама бидејќи концентрацијава не ме држеше долго решив да бидам корисна на друг начин и да удрам една генералка.

    Кога решавам задачи или кога треба нешто со логика да научам саатите во учење ми летаат.
    Но учењено напамет :@ . Плус и дефиниции на други јазици ме уништија, престара сум за тие ствари.

    Туку барем дома си зачистив асално цел спрат, пуштив две машини алишта и спружив, една за садови и распределив .
    Ручеџето сега се крцка...а јас се мислам да зберам сили едно капучино да си направам. Грбов ме вие, легнав и сега не можам да се мрднам.

    И ментално и физички сум уморна за да сврзам некоја паметна реченица, аку лоадинг...

    За еден саат како нова ќе сум :emo:
     
    На Moira, DeMelo, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Доцна започнат ден. Најважно е што е со огомна насмевка на лицето.
    После синоќа си се враќам во школката. Ма не им верувам веќе на некои луѓе. Го имам него, најдобрата пријателка и семејството, доста се.
    Господ нека ги чува нив и нека бидат до мене како што биле од секогаш, тие се се што ми треба.
    Доста е од лажни пријателки, лицемерни личности и луѓе кои те бараат само за да им дадеш прашања или скрипта :) .
    Си се враќам на старо.
    Синоќа сфатив колку сум среќна што имам роднини на иста воздраст. Се забавувавме, пијавме.
    И да, врв на пијанство е кога ќе почнеш на народна песна да си ја замислуваш сопствената свадба :tmi:
    Не е важно тоа де, важно е дека сум среќна.
    Одам да се спремам за на факултет, ме очекуваат две прекрасни предавања. Едвај ги чекам :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.700
    Пол:
    Женски
    Неделава многу бурно ми почна во школо, со 2 теста и 2 неочекувани испрашувања...хорори...Епа тоа ти е, прво полугодие ниеднаш не ме фатија неспремна, и еве сега почнаа да ме пуцаат :D Ама сепак си се снајдов јас, поминав со 4ка и 5 на 4, а и почнав да ги украсувам графите во дневникот за второ полугодие со 5ки од тестови - хемија и математика :clap: И пак ми се потврди дека многу ми помага тоа што за разлика од повеќето соученици секогаш внимателно слушам на час :!:

    Многу ми е криво што секогаш толку се нервирам за школово ама тоа е, таква сум си - премногу чувствителна и одговорна за школските обврски и точка, не можам против себе. И сега ќе се смеете ама морам да ви ја кажам мојата уникатна приказна со математикава :D Искрено, многу чуден однос си имам со предметов...Вежбање задачи пред тест задолжително ми поминува со премор, квалитетни нервози и бидејќи секогаш по неколку од многуте задачи за вежбање ми остануваат неточно решени, многу се плашам и секогаш иако имам вежбано 3-4 саата многу се плашам пред тест. На тестот скоро секогаш ми се паѓа барем една задача што ми испаѓа чудно и за која не сум сигурна дали е точна. И, кога ќе дојде професорицата со прегледани тестови јас се тресам од страв...и на крај пак 5 добивам -тоа се случи и денес, не можев да поверувам едноставно :whew: Дежа ву, дежа ву и пак дежа ву, ама јас никако да сфатам дека џабе се нервирам.

    И сега конечно дојде време за период во кој ќе се оладиме од сите тие стресови :party:
    Одморот што ќе можам да си го дозволам наредниве 3 дена навистина многу ми беше потребен. Многу сакам опуштање, релаксација, без обврски (а кој и не сака, нели) :sun: Ќе си планирам, малце прошетка во природа, релаксација на некоја клупа во парк со блиска другарка.... А засега опуштање на фотелја со колачи, сокче, музиче и читкање Фемина, абе милини 8)

    И да, за крај да споделам со вас едно преслатко видео што го видов предмалку...Маченцево ми го стопли срцето бе, душичка :inlove:

    http://www.youtube.com/watch?v=qIMvntC6pBc

    Убав ден на сите и ариведерчи :*
     
    На Waka-waka, Doozy, CoverGirl10 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    СДК дека денеска ми е најисцрпниот ден до сега...немам ни физички ни психички сила едноставно како да ке се скршам во секој момент...и не ми е тоа како резултат некој да ме повреди или слично туку од внатре ми доага...немам сила ни на училиште да одам...и имам чуство како да ке заспијам и никогаш повеке нема да се разбудам...
     
  14. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас мислам дека вреди на вакво прекрасно време да си дозволиш отсуство од факултет, да си се изнаспиеш квалитетно, гушната и стуткана у него, да си рчите и да си предите после спиење уште еден час...
    Па како смее денот лош да биде?! Ма никако.
    После следува топло горко кафе, па јабучки, и серија, додека он ми пазари зеленчук од пазарчето...Морав да се пофалам.

    И сега, денот продолжува со солзи во очите, од лупење на кромид, потребен за грашок манџата, со гласно пуштено радио во позадина.

    А ако имам среќа и време, мислам дека денес ќе се простам со сексот, па напнатоста ќе ме напушти и конечно телото и душата ќе се совпаднат...
     
    На Lepaaa, kravce, DeMelo и 19 други им се допаѓа ова.
  15. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Можеби не се одвива се онака како што јас сум си замислувала,но овие изненадни случки,средби...се одприлика толку добри колку што сум посакувала да бидат. :)
    Влијаат позитивно на мене,на моето расположение.
    Особено вчерашните случувања,кога наместо на договореното место за состанок јас и другарка ми М си отидовме на сосема друго место и си седевме таму цели два часа :lol: .И не беше било кое место туку дирекно на "право место" сме влегле :D
    Од кога ни кажаа за грешката прво се противевме...ние сме во право нели,ама кога сфативме освен што се изнасмеавме слатко туку и пропаднавме во земја од срам.
    А за да биде срамот уште поголем,дознаа сите што не требаше па дури и тој. :D
    И сега ај да се појавам пред нив...нееее нема да ме видат извесно време. :D
    Добро е што се случи настанов искрено,сега имаме тема за смеење долго време.Домашните веќе ги расположив со моето живописно раскажување. :rofl:
    И ако оваа случка вреди за многу насмевки,тогаш јас сум спремна да го проголтам срамот и на сите да ја раскажувам колку да измамам нечии насмевки. :D
     
    На marama, Sexybaby86, Johny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Нека си врне колку сака, мене сите чакри ми се во боја и тлеам, како мирен оган денес...
    Перев перници, за нови, прочистени сништа. Готвам нудлс, и ја чекам сестра ми да дојде и да си поприкажеме за денов. Мачорот ми доаѓа за пет дена, после 6 месеци одвоеност, не знам што чуда ќе ми излезат од срцево и душава. Се пристрпувам, за да не прекипам. Му спремив подарок, плус уште неколку ситни а битни нешта за по дома, стоплена постела и Дом - тоа би сакал знам...
    Во топлината на својата кожа, сакам да мирувам. Едвај чекам да си влеземе во нашиот свет, секојдневие толку динамично и различно, што просто сакам да впијам дел од случувањата, за да не ги заборавам. Има такви мигови, кога се’ е неважно, само сакаш да љубиш и да тргнеш кон сонцето. И доволно е. Мачкиве плетат клопчиња од еротски филмови. Мириса на студ, но и на верност. Некои луѓе во животов, енергетски ми се предодредени да ги познавам и без да ги запознаам, и многу си негувам тие чудесни пријателства. По чувство, по некоја мисла, импулс. Што и да е. Го забележувам.
    Чајни колачиња стркалани под биро. Правосмукалката откажа послушност, па татко ми на шала вика - трудна е од прашина. Богами, и фалело чистење. Ко и на секое битие. Ти треба да си ја извадиш таа торба прашина, сеќавања, нервози, болки, и да тргнеш со чиста мисла напред.
    И јас пак тропотам компарации, ама тоа ми е... Професионална деформација. Во кујна се вари сутлијаш на тивко, и се мешаат мириси на зачини. Утрово почна со горко кафе и релации татко = ќерка. Слободни и двајцата денес, требаше да месиме кифли, ама друг пат.
    Си требав себеси.
    Него му купив весници и со чадор по дождов открив неколку нови лиценца мачорски по маалово.


    Светот, е толку мало место за големи фантазии. Чудо.

    Го сакам, шарен, во сите чакри, како моиве денес. Светот.
    Се дружиме без нервози денес.
    :angel:
     
    На mims-89, marama, anabel-a и 13 други им се допаѓа ова.
  17. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Како си поминуваат часовиве, кога дојде 5 :x Многу брзо поминува времево, лета :x Да ти е криво и да поспиеш малку
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Аа, тмурен ден. Роси. Мирно е, ми се спие. Утре сум слободна, лесен ден. Па затоа денеска ќе си го искористам денов, потполно. Ќе гледам еден убав, аплифтинг - фил гуд, филм и ќе си уживам. И дури денеска си сватив колку работите се смениле, па убави се промените.

    И така, горе доле мирно денеска. Па и ви посакувам убав остаток на денот.
    Да си леткате, да си уживкате :f:
     
    На tweety26, marama, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    СДК....
    Најсреќен ден ми е денес!!! :wasntme:
    За трет пат во живот станувам тетка! Мојата 29 годишна сестра (наскоро 30 :!: :D ) е бремена!!

    Јууупиии! Толку се радувам!!! :inlove: Уште еден член сега чекаме во фамилија!!! :party: :dance: ^_^ :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Monna.Monna, Lepaaa, Neytiri и 32 други им се допаѓа ова.
  20. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Ептен тажно време , но кога не си со многу обврски и знаеш да си испланираш супер ти е се :lol: Целата сум измачката со розева куварска боја од која му правам колачиња на дечко ми :$
    Само за да ме види човек сум :D
    во меѓувреме честитки Angel-Andriana :)
    Имајте пријатен ден :*
     
    На Angel-Adriana му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.