Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Обожавам мирис на ванила :angel: нешто слатко :angel: па која милина :angel:
    А косава, долга :emo: :emo:
    Редно време е да си ја одморам главата од нервози и стресови, од сега натака за некои луѓе не сум тука, ме немат :fubar: аш... :hai: :fubar: :!:
     
    На Allthatglitters21, ilipili, Mrs.Cuper и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    Зарем има поубав пијалок од обична вода :lol: како ми дојде убаво :D
     
  3. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Те мразам медицино! :swear:
    Проклет да е денот кога се запишав!!! :@
     
  4. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Не сакам да учам. Ноу, ноу, ноу. Навистина, ама навистина не ми е гајле за питагорови си теореми и фонетика и биологија и глупости!
    :envy: :envy: :swear:
     
    На Someonespecial и DelRey им се допаѓа ова.
  5. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Веќе месец дена работам со другар(к)и на проект за на натпревар за Наноматеријали кој го организира ТМФ и можам слободно да кажам дека на почетокот и немавме некоја особена желба да работиме на проектот, но како што поминуваше времето така станувавме се посериозни и посериозни за на крај да ги добиеме сите можни поени. И единствени сме во нашето училиште со 100 поени.

    И работата не беше да се пофалам (добро, и да се пофалам :D), туку да кажам колку сум горда пред сè на себе и на своите другар(к)и за тоа што постигнавме олку многу. Сега ни престои уште усната презентација и се надевам дека ќе го освоиме првото место и дека ќе одиме на државен натпревар. :)

    Не знам после колку време се почувствував среќно и убаво. Потребно ми беше ова.
     
    На Princess.S, kate21, Lepaaa и 22 други им се допаѓа ова.
  6. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Три дена болна,омалаксана,затнат нос,грлото ме боле :puke: Колку е лошо да си болен :doh: Не можеш рутинските работи да си ги извршиш. По цел ден спиеш и пиеш лекови,чаеви...
    [​IMG] Вака јас ќе го славам Валентајн.
    Здравиот има милион желби, но болниот една, да оздрави. :!:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Сакам ЛЕТО !!

    [​IMG]
     
    На Glossy-girl и tessie им се допаѓа ова.
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    И по 100 та грешка 100ти пат можеби ќе ми биде простено,се трудам да не грешам тато но и во мојата борба за тоа да го постигнам грешам ;( мн.ми е жал тато TE MOLAM SEKOGAS BIDI POKRAJ MENE I NIKOGAS NE MI JA PUSTAJ RAKATA,без тебе толку сум осамена и тажна твојата рака ми дава топлина, непрестанувај да ми простуваш тато темолам ;( LOVE U
     
    На tweety26, CuteEva, Jagoda123 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.250
    Посериозна во животов не сум била, нема цинизам у постов.

    Ако константно некој ве мрази, поверојатно е дека му давате сериозна причина да ве мрази или едноставно да го иритирате. Да,старото правило е дека секогаш се мразат успешните луѓе или им се завидува,ама некогаш вашето достигнување можеби и навистина е незаслужено ако мнозинството вели така. Си има причини. Некогаш дајте шанса на туѓите размислувања, зошто вашата умисленост со задоволство многумина би го гледале нејзиниот дебакл и паѓање во дното. Никој не е вечен,а работата на себе е константна. Од друга страна на нештата пак претераната зависност од туѓото размислување е тешка искомплексираност,ама тоа е во насока на, не знам што да правам со себе и не знам како да живеам, ти кажи ми? Оставете ја инстант психологијата која најчесто ве води во насока дека треба да мантрате фини зборови за себе и ќе успеете, да не го цените туѓото размислување зошто ќе ве демотивира, дека не е важно туѓото размислување и дека вие сте најпаметни и најубави. За пример земете го Амди Бајрам... дали он навистина е вреден интелектуалец кој до крајот на животот треба да зема пратеничка плата? Ама човекот има високо мислење за себе чии врв го достигнува со израз од типот јас сум Кока Кола и покажување на среден прст пред јавноста... У превод, ако мнозинството ви вика дека сте глупи, грди и неспособни, поверојатно е дека сте такви...сменете се.
    Мудоста лежи да ја најдете оптималната тенка линија која се чувствува по вибрацијата која ви доаѓа од тие кои ви ги кажуваат нештата. Ни премногу да верувате и да се предавате,ни премногу да размислувате дека сте најдоброто нешто кое му се случило на светот,а не памтите кога сте пуштиле сами машина за перење или па пострашно,не ги ни знаете цените на производите по маркетите. Да не речам,мрсулковци. Но има и такви кои нема да ве сакаат од ниту една вистинска причина, искомплексирани копилиња,всушност... ВСУШНОСТ, овие погоре споменатите и овие вториве се една та иста личност, идиотковци кои сметаат дека нема подобар од нив и дека секој подобар е недозволива отстапка на општеството и рандом си го мрази,а кога се однесува до него, не поднесува критика... Ако ме прашувате мене... треба да се плашите од овие луѓе. Многу.

    Од друга страна на нештата... како чиста иронија на погорното... уживам кога ме мрази девојка за која можам да кажам дека е атрактивна,за нас популарна и позната, а не ме ни познава. Поголем комплимент од тоа нема... Мислам бљагодарим! Ни здраво не си имаме разменето, но силом прилике сме во иста ситуација и се сретнуваме... Па тоа ролање очи,па тоа правење фаци, па тоа другарките нејзини ако ми проговорат (а многу се фини,ама на нелицемерен начин,најсериозно),па она нешто ме стрела со поглед. Ми оди во фаца да и речам, ти благодарам и ти си убава. Ја чувствуваш лошотијата која ја пушта како отров во цела просторија...
    И на другата страна, ме фасцинира лагата на луѓето. Мало е Скопје, навистина е за уживање чувството кога те лажат,а ти ја знаеш вистинава. Со икс луѓе не морам да се видам за да им се јавам да ми кажат информација, да ми помогнат, да ме упатат... А икс луѓе пак мислат дека ако сокријат работи од мене дека себе си се гледаат посупериорно. Уште еден комплимент. Прво, не знам зошто мислите дека целам кон истите ствари ко вас? Јас бегам од вас, а зошто ме испитувате што правам со животот секој пат кога ќе ме сретнете и упорно лажете за себе ако од култура одвратам со исто прашање? И второ, БЛАГОДАРАМ што мислите дека доколку би ми кажале за Х нешто би го добила полесно од вас и ме сметате за посилна конкуренција.

    Многу луѓе се во незавидна позиција за да се однесуваат со мене онака како што си дозволуваат. Порано импулсивно враќав, се расправав, како созревам, разбирам дека некогаш е фино да чуваш работи како АС во ракавот. Ми тлее, се уште не сум навикната, мислам дека е навреда на мојата интелигенција, показател дека уште имам за зреење,ама со текот на времето и тоа ќе научам совршено да го употребувам.
    Да се искварам...сериозно би била грозен непријател. Извесни луѓе треба да се среќни што ги толерирам на добрина...ама еве трет пукнат филм, не си поминуваат фино право да ви кажам... Зошто научив да кумулирам факти и да ги плескам во фаца кога најмалку очекуваат... па после ми го бакнуваат задникот,а мене едно незгодно...као у реду е, не те кажувам што фекалија си (да сум учтива), ама чисто да си знаеш во однос на мене,тие финти повеќе не. Јас си работам со свилени ракавици, не си се гнасам со тебе гнидо...
     
    На kate21, antonina, Trnche и 15 други им се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Meet my date in Italy for Valentine's. |(
    Па и Грк е авторот, да не останам покусо.


    Кој го кажал она, броени денови брзо поминуваат да дојде на еден ри-меч со мене ќе го молам. Не иде, бре не иде. Ми треба да помине овој петок и наредниот и да можам да раат, без драмиве што се постојано на репертоар во мојата глава да се одморам. Да зјапам низ прозор 2 саати со кафето и да немам грижа на совест. Да гледам Сан Ремо и да грицкам пуканки.

    Чувствувам дека цел матаболизам и тело ми е пореметено. Ништо мислам не ми функционира правилно. Да ти треба воздухот во Скопје за здравје, тоа го доживувам. Воздухот што го дише мајка ми, другачки и роднини, и бабички во двојка. Педантно си заокружувам денови во тефтерчето и си правам списоци за заостанати поклони, ситни и небитни.

    Само џез и Стив Мартин е лекот за мене деновиве. И плус читав бебуле добил пред скоро време. На 67 години. Е алал да му е.
     

    Прикачени фајлови:

    • CAM00196.jpg
      CAM00196.jpg
      Големина на фајлот:
      214,1 KB
      Прегледи:
      619
    На tweety26, Waka-waka, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.758
    Пол:
    Женски
    Сакам да те видам и гушнам.
    -Ау не, мирисам на кромид, знаеш дека готвев.
    А тоа значи дека помалку треба да бидеш сакана?

    И се видовме, и ме љубеше без проблем. Па и заедно си лапнавме неколку порции лукосан џигер :lol: Љубав!

    Уживаме. Ми објаснува за неговата работа, за огромните машини за кои ама баш појма немам што функција имаат. Па и малецки за кои не знам зошто му се потребни. Ама уживам дур ми објаснува, затоа што тоа не го прави со никој.

    А и тој ужива дур му зборам некои глупости за мојата уска црна хаљина, па за некои ствари кои мене ме интересираат, а за него не би требало да се интересни.

    А се најдовме онака баш на средина, со речиси исти интереси (но, попаметен е признавам, со пошироки интереси), со исти посакувања, гледања на иднината.
    За среќа мојата избувливост ја смирува неговата смиреност, трпение. И додека јас фигуративно кршам чинии, тој ми подава уште толку.
    Па ќе ме гушне и погледне, а јас се топам. Ма не може да постои таков поглед, полн со огромна љубов.

    И дали ако не му подарам ништо за Валентај значи дека не го сакам? :wasntme:
     
    На Foreveryoungiwannabe, Chica.Loca, kate21 и 36 други им се допаѓа ова.
  12. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    И еве го.
    Дојде тој облак кој знаев дека ме демне.
    Како нож ми се зарива во срцето се подлабоко и секој момент се повеќе и повеќе ме боли.
    Самата помисла дека веќе ќе го немам дедо ми да ме гушне ме плаши и ме крши и ми го сопира здивот.

    За него секогаш бев најпаметното внуче. Најначитаното. Онаа кое за зекој божиќ носеше боенка или книга и додека сите трчаа јас седев на неговиот кревет и си читав.
    Упте го памтам тој поглед. Тој поглед полн очекувања дека ќе успеам во животот. И самата помисла на тој поглед кој како дете ми ја грееше душата,сега ме сече како сабја,бидејќи не сум ништо од тој негов идиличен сон за мене. Се плашам да не го изневерам. Тоа е мојот кошмар. Фантомот кој ќе ме следи додека не се докажам.

    Уште го памтам како пред 5 години со смеа и со песна си работеше во гаражата.
    И ќе седнам до него и ќе му ги чистам алатите.
    Уште памтам кога четврток попладне ќе ми стиснеше стотка за да ја початам женската.
    Уште памтам колку пати само ќе ме натераше да ми течат солзи од смеа со неговиот наивен смисол за хумор.
    А најмногу ме боли што периодов се оддалечив од него сосема. Го немам видено со месеци а сега неможам. И ме јаде жив...

    Дедо,те сакам. Најди мир и остани ведар каков што те знам.
    Те сака,
    Јован. И ќе те натерам да се гордееш.
     
    На SparkyAngel, Jagoda123, Foreveryoungiwannabe и 31 други им се допаѓа ова.
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Уз вечера си правеме муабет со мажето, исправаме криви дрини. Едни другари од одаааамна не контактираа оти ставиле понуда на куќа преку две улици, па да се најават, ем да прашаат има ли локални проблеми како кавги за паркинг и ги мислиме кога последен пат ги имаме видено... и јас како од топ, утре каде ќе ме носиш на вечера? :D
    Се збрка пусти човек, не, што, кој, јас, за каква вечера? Па за Валентин бе, таква! Он вика утре е? Викам аха утре. Епа добро вика, ќе си порачаме пица. Мојот романтичар :inlove:

    Додуша Валентин не сме славиле никогаш откога се знаеме, и не е фер да го зајбавам овака, уплав му дадов :$
    Ама го научив да славиме Трифун уште одамна. Татко му, на кој овоа мажето кажало што ни значи празникот, ми има подведено еден ластар лозница, и ми го посади во бавча за јас да не се мачам да копам дупки. Не е тука времето за лозје, нити па јас знам да тоа чувам и кројам, ама зеленее секоја година шума и си ја чувам, а и со еден ластар не се прави ни вино ни комини, ама јас му полевам секоја година винце, за адет да направам, оти ако не се раѓа кај мене барем да се раѓа во Италија и да јас имам анлимитед избор на Пино(т) винце во супермаркет. :drunk:

    И кој може утре да праша за повеќе од неготвење, пица, винце и гушка. На мене ми е повеќе од доволно.
     
    На kate21, AIT, EleMental и 14 други им се допаѓа ова.
  14. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    "My thought is me: that's why I can't stop. I exist because I think… and I can't stop myself from thinking. At this very moment - it's frightful - if I exist, it is because I am horrified at existing. I am the one who pulls myself from the nothingness to which I aspire."
    — Jean-Paul Sartre (Nausea )

    Го мразам македонскиот превод на сите книги.
    Имаме многу површен и ограничен јазик, нема некој природен или рационален тек на зборовите, или ние едноставно не сме запознаени доволно со јазикот кој го зборуваме.
    Како и да е, се што гледам е една голема бездна меѓу оригиналот (или во некои случаи англискиот превод) и македонскиот превод на една книга.
    И таа бездна не може да биде пополнета со никакви зборови, а е толку голема што не може да се прескокне.
    Затоа сме ограничена нација.
    Капацитети на поединци кои често немаат ни диплома за да го работат она што го работат не спречуваат да дојдеме до некои оригинални мисли и знаења.
    Да не зборувам за тоа како доста извонредни дела се уште никој ги нема преведено...
    До душа го имаме интернетот, а знаење јазик не е само потреба, туку неопходност на патот кон развивање на интелектот.
    Сигурно се прашувате што бара таа мисла горе.
    Ништо, онака ја ставив. Бидејќи ја прочитав книгата пред неполна година, а мислата не ми остави никаков впечаток во преводот кој го читав.
    И поради уште една причина - се согласувам со чичко Сартр.
     
    На Moira, tessi, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  15. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    [​IMG]
    ете баш така!
     
    На EleMental и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... никогаш не е доцна за нов почеток ... за нови искуства, нови познанства, нови шанси ... нов пубертетски живот. :wasntme: Животот секогаш одзема и дава. Ваше е дали ќе грабате или чекате.
     
    На kate21, Greeen, teddybear и 5 други им се допаѓа ова.
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Вака така си помина денешниов ден кој беше ептен напорен и тежок :worried: Со душа чекам да поминат и утре и задутре и потоа заслужено си одам кај ханито , да си уживаме во љубовта :inlove:
     
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    22.875
    Пол:
    Женски
    Морам да се пофалам, ги положив првите 2 предмети од сесијата, и тоа со високи оценки, едниот 10, другиот 9! :) Денес одмарав, и од утре пак на испит. Ама убаво ми е кога го гледам факултетот полн со нервозни студенти во исчекување на нивниот ред, на оценката. Ходници полни со адреналин, последно повторување на матријалот, грицкање нокти. Еуфорија која трае цел месец, барем на мојот факултет. Причина плус е и тоа што сите испити ни се усни.
    И така на сред сесија, денес излегов по продавниците со намера да му купам нешто на дечко ми за Валентин. Трифун секако ќе си го прославиме со чашка црвено вино. Ама не најдов ништо, освен оние мечиња со срце во рацете. Ништо не ми падна во очи. Ама мило ми е што нам не ни е потребен некој празник за да си подаруваме. Многу често знаеме да се изненадиме со по некој подарок, ситен, ама многу значаен. :)
    Па девојки, убав помин утре и внимателно со винцето :D
     
    На 1209, ilipili, imelda и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Неможам да се бањам сега |-) :yawn: |-) :yawn:
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Што се случува со светот? Ова ли е тоа што го сакаме? Зошто сите тргнале по материјалното? Дали немаштијата не направи лакоми или лакомоста е причината што немаме? Не сфаќам, жал ми е ама не сфаќам и никогаш нема да сфатам... Никогаш нема да дадам многу пари за убав телефон, подобро ќе отидам некаде на викенд, никогаш нема да се радувам на нешто потрошно, на нешто што за 3-4 месеци ќе му помине "модата". Јас живеам за дружење, за прошетки, за моменти со семејтвото... живеам за градење спомени... така ќе бидам уникат, нели? Секој може да има телефон како мојот, ама никој не може да ги има моите спомени.
    Ме депримира светот... Сите бараат нешто, сите запнале за нешто... Не ми треба ништо, само здравје и среќа и некој за да ја поделам среќата со него... Не сакам ни скапи поклони, не сакам парфем од Нина Ричи за Валентин, сакам нешто што има душа, што ќе го погледнам еден ден и ќе кажам, ова ми е од либето мое и не, не мора да биде за Валентин, подобро да се сети било кој друг ден на мене. Денес ме израдува сестра ми, ме разбуди со една рамка од слика со дечко и. Насмеана од 6ка до 6ка, ми вика види што му купив... Се изнасмеав, ја изгушкав... сепак била мој тип на човек. Јас на дечко ми нема да му купам ништо, и така нема да бидеме заедно утре :) а во сабота ќе го чекам на појадок, подготвен лично од мене :) а тој, ма го знам, ќе ми дојде со една милка :D ќе си се сладиме заедно, ќе си се мазиме и ќе си се сакаме... Има ли подобар подарок од љубовта?
     
    На Monna.Monna, vendiii, EleMental и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.