Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Само да не си женско женско. Бидејќи ако си, тие другите женски ќе те имаат на пик. Ќе те сметаат за таква пречка па дури и да живеете во различни градови, па иако и тебе ич не те боли ни едно трепче за тоа што тие прават во животот.
    Искрено немам големо искуство. Но тоа што го имам се неколку разочарувања и после неколку од нив баталив да верувам дека жена со жена некогаш може да се гледаат чисто без ни грам завидливост. Освен кога се во прашање релациите баба, мајка и ќерка.
    Еве еден мизерен пример. Моја блиска откако убаво ме обработи пред некоја година и ме испраша се за мене и мојот живот, се обиде тоа да го искористи. Всушност во неврзан муабет и кажав како некој тип ми понудил работна позиција некогаш и како на тој тип јас некогаш сум му се направила на три ипол. И после само некоја недела да слушнам дека таа златничката се распрашувала за типот и дури конкурирала во таа фирма за работа. Wtf!!! Колку само се смеев. Колку само ме изненади личноста која го направи тоа. Знаете типот кој мене ми понуди работа беше некои 10 година постар. Јас ни на крај не сакав да си имам никаква работа со него. Ама таа. Пропаст!
    Истата личност во мој стан му се пушташе на мојот дечко. Ужас. На мојот му идеше да ја фати и исфрли преку прозор. Но јас, ајде од некоја култура и почит кон нејзините, не го дозволив тоа.
    И знаете што, многу ми е мило што видов што катиљ жена е. И сигурна сум дека таа ќе продолжи да ме оцрнува и да сака да ми го расипува животчето. Али шта чеш бре од такви.
    Друга е приказната помеѓу маж со маж. И ме исфрла од колсек тоа што ние не се држиме така цврсто како што мажите можат и прават.

    Ја претерав, сеа е сигурна дека сум таа. :D
     
    На srcekrsacka, lunicka, Hopeful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    СДК колку некои луѓе се затворени, во душата, колку се цврсти и ладни како камен.
    Можеби имаат причини за тоа, можеби стравуваат од нешто.
    Но, ако сакаш да ги почувствуваш вибрациите на животот мораш да бидеш со отворено срце и отворен ум.

    И, така сега си имам една задача. Да стопам нечие срце. Ледот да го претворам во вода.
    Бидејќи знам како е да несакаш да чувствуваш ништо и да се правиш дека си рамнодушен кон се`...а уствари едвај чекаш да излезеш од тие четири ѕида во кои си ги заробил емоциите и да викнеш на цел глас.
    Баш, затоа што знам какво е чувството и колку е погрешен тој пристап кон животот, сакам никој да не го прави истото.

    Ќе го стоплам со разговор, ќе му ја ослободам душата само со еден поглед, а на мојата насмевка нема да можи да се воздржи а да не врати со иста мера. А, со тоа ќе го скрши ледот, и ќе ја погледне светлата реалност.

    Тој беше тој кој мене ме врати од погрешен пат, од погрешно размислување и постапки со кои би си наштетила самата на себе...
    Сега јас сум на ред да се покажам и да се оддолжам за се` што тој направи за мене.

    Не секогаш треба некои луѓе да ви бидат константни пријатели, за да бидат наречени вистински!
    Некогаш околностите налагаат да сте далеку, но доволно блиску за да си помогнете кога сте си потребни....

    И, така...тука ќе ја завршам вечерта...со песнава, посветена на личноста од постот...

    http://www.youtube.com/watch?v=sJrfMCQz5wE
     
    На EleMental, ilipili, Marjan007 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    One more Valentine's day alone. :(
     
    На srcekrsacka и Oleeenka им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК животот ќе го научи човек на се, ако тој знае да извлече некаков заклучок од она кое животот му го презентира.Оние луѓе со алтруизам во себе си, колку и да отстапуваат од тоа, знаат дека ќе се одалечат од себе си до толку што веројатно не би си го препознале својот карактер, душа, па затоа живеат со истиот.Алтруизмот, не е нешто што другите луѓе сакаат, дефинитивно.Бараат нешто што ниту може да дадат, ако дадат, даваат со страв, резерва, но само тогаш кога тие сметаат дека ним им е тоа потребно, не затоа што сакаат.Можеби и со некакви задни намери, игри од кои сметаат дека ќе имаат корист, но тоа и не им е баш најдобро, секако дека нивно право е како ќе го живеат својот живот, но барем да немаат за што да се жалат.Но, незнаат да ценат, не се благодарни.Човек треба да внимава какви луѓе има во својот живот, не кога ќе ги снема, дури тогаш да си утврдува себе си, дека тие му биле важни, ги сакал итн., кога ќе ги снема доцна е веќе.Нема назад.Сите тие работи кои ги напоменав претходно, се забележуваат, па макар и човек сефте запознал некој.Никогаш не бидете препрека некому, бидејки тој некој колку и да е спречен, кога - тогаш ќе го реализира она за кое се борел, нешто што ќе биде трн во око и немир во душа на оној кој бил нечива препрека.Бидејки човек не може да направи да бидат работите онакви какви што тој сака, се додека е со злобна намера.Човек денес може да биде богат, а утре сиромав.Незнае, а ниту е свесен за тоа.Џабе им се сите книги на светов, ако тоа не се разбере и не е јасно.Се што им прави човек на другите, си прави себе си.
    А се што имаме во животов, едно најсигурно, се емоциите, се друго е со споредна улога.Колку само го остваруваме, доживуваме, сме се соживеале со она кои ни е нам важно или пак блиско, тоа е чудо, мајстори.Но сепак треба да се внимава, да не се зема се при срце.Интересната мисла, дека мирот се наоѓа во нашата глава, е потполно точна, а би додала и не само мирот, хармонијата, туку и хаосот.
    Таков е животот, сакал човек или не, ќе осознае, се во свое време.
     
    На Someonespecial, Ilusionist, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  5. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Гледам почнува Addams Family и си велам „ќе го гледам“ и така токмејќи се, се' што изгледав е најавната и одјавната шТица |(
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Како поминува времето ми доаѓа да побегнам од се...

    Да ги оставам клучевите од минатото,сите знаци и сеќавања,да завртам грб и да си заминам по прашливиот пат како скитник.

    Без лична карта ,пасош,идентитет,да се будам било каде во пустинските метрополи покрај некој или сама,да ги отфрлам соништата,а потоа будна да не посакувам ништо,да ја обиколам кружницата на светот,бесцелно.

    Да удирам со тупаница по сите огледала во кои се огледуваат убавината,смислата на животот.

    И секогаш и во се да имаш јасен ум и заледено срце без компас,за да не можеш со ништо и со никого да се врзеш.Да одиш што подалеку,од себе ,од сите.

    Чудно чувство за денот на вљубените нели?
     
    На NoellePage, vendiii, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  7. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    добро утро најмили мои,

    денес се чуствувам одлично после толку долго време, денес си пијам кафе во кревет спремајќи се за преминување на крајната линија.

    денес си се чудам на расположението, наместо да сум напната, нервозна и загрижена јас сум среќна, да среќна сум што што ќе поминам неколку саати во кревет недопрена од сите секојдневни проблеми, што ќе си го полагам последниот испит и што планирам да си го видам најмалото најмилото ми внуче.

    имајте прекрасен ден и немојте рано да се опиете :*
     
    На AIT, ilipili, Trendafilka и 5 други им се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не можам да поберувам колку се злобни лугето :x
    во сениорите има една жена 40 годишна фина, културна ама очигледно има пречки во развојот а правник со положен правосуден испит е :!: и на моменти знае да постави глупаво прашање, или да почне да вика никој ни да ја праша што ти е , што те мачи, да и објасни со кого во ким е, кои се задачите, и сл.
    како вчера-и стигнало флаер во сандаче од опозицијата па прашуваше дали да го искине, кога почнаа лугево да се смеат ко незнам што да се случило :swear: сакав јас да им го поставам тоа прашање пред се дали е културно така да изреагираат , а пред се човечки :fubar: ама ај да не предизвикувам скандали, оти сепак партиски состанок беше :!:
    го гледам ова и се прашувам што луге сме или саможивни зверови во човечка форма :worried:

    и ја видов девојката преку пријатели што се знаеме т.е. учев Англиски како мала во нивното училиште со момчето што се запознавме на последниот концерт на ДНК и иако тој ме избриша од пријатели јас фино, културно се поздравив со него-ме нарече дури и срцка :D и со неа инаку и таа е личност со пречки во развојот само што нејзините имаат финансии и и дозволуваат се што ке посака-најверојатно да го ублажат незадоволството што таа не е како сите други :doh:
     
  9. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    сдк....денеска сум сателит!фала мн пријатно! :*
     
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    It is a truth, not quite universally acknowledged, that a woman in pms, must be a hungry woman.

    Но, моментот кога пмс-от започнува 2 недели порано, можеби сепак станува збор за некое проширување на желудникот :^) Кога сме кај жени, отсекогаш сум ја мразела онаа песна Girl, you'll be a woman soon |( Кога жената престанува да биде девојка? Со првата менструација, со годините, со мажачката, со што? Или физичките облини го дефинираат називот на женскиот пол? Со што се замарам :|

    Се радувам затоа што спремивме преубаво изненадување на неа. Ја сакам најмногу и верувам дека ќе се изненади и ќе биде пресреќна. Понекогаш и малите идеи, сосема обични, а сепак неочекувани, зборуваат многу за љубовта. Слушајте ги луѓето, помеѓу зборовите ќе им ги пронајдете малите искрени желби. :)

    “The only way to get smarter is by playing a smarter opponent.”
    Секој еден треба да има личност во опкружувањето што ќе го мотивира да го извади најдоброто од себе...ако самите не сме доволно свесни за тоа.

    Музика, музика, музика секогаш
    http://www.youtube.com/watch?v=0IlPlKBXRHE
     
    На Someonespecial, anuskaNESTLE, imelda и 17 други им се допаѓа ова.
  11. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Јас за денот на вљубените </3
    [​IMG]
     
    На H.VAGA, AwesomeGirl, Feuerwerk и 2 други им се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Љубов[​IMG] отиде мм задоволен на работа :P
    Вино[​IMG] нема пиење вино додека сум во поинаква состојба :lol:

    Иако сум далекууууу од романтична му спремив изненадување на сопругот, повеќе е како заебанција ама има и доза на романтичност :?:

    Вечер нема да спијам дома дека 3-та смена а тоа не се случило оддамна па ми дојде некоја инспирација да му спремам изненадување за мм а плус као му го уважувам неговиот празник исто како он што ги уважува моите празници.

    Додека спиеше малиот направив неколку слики од себе, не гола ама секси :$ ги ставив во дигиталната рамка со музиче само за секс и ќе го оставам од неговата страна на креветот со порака:
    Just a little reminder of what your missing in your bed tonight ]:) а од мојата страна на креветот ќе му оставам кутија палома :rofl:

    Реакциите ги очекувам околу 12.30 кога ќе можам да го вклучам мобилниот :)

    Отидов јас да се спремам за на работа а на сите ви посакувам многу љубов и разумна доза на винце :D не само денес туку секој ден :* :hug:

    [​IMG]
     
    На Hipster, NoellePage, Noemi и 41 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.297
    Ако ви се јави пријател и ве праша дали може да преспие кај вас, речете само да.

    Без разлика дали е малку подалечен и не ти е во топ 3 бест френдс, без разлика дали е во подоцните часови и ненадејно.....само речете да.

    Не прашувајте зошто, не го прашувајте колку долго, не прашувајте ништо.

    Знаете ли колку жени и девојки се жртви на физичко или вербално насилство од страна на своите сопрузи но и дечковци со кои делат стан.
    Ценето го фактот што одкако собрала храброст и му се спростивставила, помислила на вас како личност на која може да се обрати за помош. Фактот дека овој пат она е таа што испаднала од станот и го оставила позади себе да мисли каде ли е, наместо тивко да плаче и да пати додека он се изживјава над нејзе.
    Нема да и биде гајле дали станот е целосно исчистен или дали имате нешто зготвено.
    Понудите еден кревет каде ќе може мирно да заспие и разговор заедно со топол напиток, тоа е доволно.


    Утрово добив еден таков повик на благодарност за една слична услуга која ја направив за една пријателка.
    Се исполнив со мир и спокој дека има најдено мир во животот.
     
    На Chica.Loca, Sanniii, mims-89 и 43 други им се допаѓа ова.
  14. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    3.480
    Отварам во „Што јадете во моментов“ и гледам koritsaki заборавила да пише :o .
    Добро бе, кога ќе престанете да пишувате коментари само да ви се собираат? :^)
    Еднаш ќе пишам, ама секој ден ?
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Веќе почна фејсбук да се полни со слики и статуси за Св. Валентин. -.-
    Ќе издржиме денеска...и уште една недела минимум со слики од романтичните вечери и сл.
    Не сум сингл но Трифун rules :rock:
    Ви посакувам убав ден на сите без разлика што и да славите :*
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Никогаш не сум била поиндиферентна од сега. Мислам, мени је све равноооо.. :drunk:
    Малце почнува да ме загрижува и тоа што ништо веќе не ме загрижува :?: :D.
    Моменти на блага летаргија, кои ги преискористувам.. Не ќе да е на арно.

    До пред некое време и те како само дигав џева околу диети, исхрана, мевце плус околу струкчето, стомаче, ноџе, бутче... Деновиве ми е и прилично сеедно а изедам јаболко за доручек, а четврт крцкав и топол пица бурек со јогурт. Па уште ако е од местото каде што секогаш ти го погодуваат, абе ќе си умрам млада, дебела и среќна :!:. Не викам дека состојбава ќе трае за век навек, знам дека следната недела понеделнички пак ќе почнам да дигам галама како ми е смачено од диети, и како ми иде да ја фрлам низ балкон вагата, и што ти знам јас, ама ... Живот, што да правиш - и на нас диеталците не ни е воопшто лесно, и нека дојде уште некој нека ми рече ноншалантно Ај бе лесно ти е на тебе ќе се ставиш на диета ќе ослабеш. Ела ти ослаби бе, ела :devil:.

    Голем поборник на моиве диети е мајка ми. :(
    Жената е неуморна што се однесува за готвење. Мислам, и по нас дома се гледа, сите сме во фул издание :rofl:. Ај во лето некако ќе киднеш некаде со лубеницата во рака ќе се сокриеш на тераса додека останатите јадат нешто прженко за ручек, а ти ќе јадеш и јадеш лубеница додека не почувствуваш гадење, ама во зима бе? Како да избегнам топло тавче гравче со крцкаво потпечено лепче или превкусно зелка манџиче со лукче? На тераса е ладно, нема кај да бегам :D.

    [​IMG]

    Немој некој да пробал да ми каже дека не е така, ду нот ивн трај :smoke:
     
    На mims-89, kravce, bittersweet и 35 други им се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.213
    Допаѓања:
    139.819
    Ајде денес да танцуваме против насилството кон жените. Настанот ќе биде организиран на плоштад, во 14.00 часот.

    Еве ја кореографијата за официјалната песна, со детални објаснувања за чекорите.

    http://www.youtube.com/watch?v=mRU1xmBwUeA

    За Македонија има уште една кореографија и искрено не сфатив на крај која ќе се игра:
    http://www.youtube.com/watch?v=XfH6scuoJJo

    Кој може, нека дојде, без разлика дали ги знае чекорите или не. Да бидеме дел од глобалното случување и да пратиме силна порака - дека насилството врз жените не смее да се толерира!
     
    На kravce, bittersweet, imelda и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    СДК кога луѓето имаат светлина во себе, таа ќе свети и надвор од нив, таа светлина можеш да ја видиш и почуствуваш иако не си близу до нив. Така се запознаеме и ние додека чекориме во темнината, без потреба да си ги знаеме лицата еден на друг, без потреба да си ги знаеме имињата.На луѓето им треба некој на кого ќе се потпрат дури и во најтешките моменти. Дали секој од нас има по некој ангел чувар? Дали секој од нас ќе го најде вистинскиот пријател после сите невољи?
    Можеш да го смениш работно место, можеш да го смениш и автомобилот, се менуваат дури и девојките, се менуваат и годините, но едно знам дека пријателите остануваат засекогаш, како што рекол еден мудрец:"friendship is not a game to play, It is not a word to say, It doesn't start on March and ends on May, It is tomorrow, yesterday, today and everyday".
    Можеби во животот ќе тргнам по друг пат, можеби таму ќе најдам подобар живот, љубов, среќа, но знам дека таму никогаш нема да најдам другарка како тебе.
    Па така да го завршам постот со една песна која е посветена на личноста која што го има најголемото срце на целиот свет, која за кратко време ми стана најдобра другарка, која секогаш ќе биди тука за мене и нејзиното пријателство е подарок за мене.......
    http://www.youtube.com/watch?v=-B6vdCf6cr4
     
    На LittleFairy и Ilusionist им се допаѓа ова.
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Татичко нека ти е среќен роденден и ти посакувам се најубаво да си среќен жив и здрав и продолжи со таа позитивност и добрина .,..... те сакам
     
    На Hipica, zhap4e и EleMental им се допаѓа ова.
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ма перфектна ситуација.
    Едната најдобра другарка и се има нас'скано на мојата друга најдобра другарка.

    Супер.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.