Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ништо од работата, нормално Швеѓани имаат предност, ги пцујам цело сабајле оти ме прашаа се што не е поврзано со заштита на средина, туку како на ГРИНПИС ќе му направиш и донесеш пари. Потврда дека перат пари. Едина светла работа деновиве ми беше Ноелка и сонцето нејзино, какво англече. Испраќам нови апликации, пробуваш да си го присобереш умот. Ме примија на СФИ почнувам со курсот по шведски денес, му се умилкувам на ПХД студент да ми дозволи да гледам како работи со микориза за да научам плус. Далеку од се. И на крај пак присобери си ги мислите и ајде пак од почеток. Единствена светла работа е 68 кила. Единствен успех периодов. Минус 7 кила.

    Имајте убав ден и љубете.
     
    На NoellePage, mims-89, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Зошто не можат некои луѓе едноставно да си ја држат устата затворена? Да се плашиш што да разговараш со нив кога ќе дојдеш во муабет. |(
    Да грицка нешто и да те понуди, а да ја одбиеш, по 2-3 дена слушаш муабет за тебе: На диета е, ништо не јаде, сигурно дека се ближи лето.
    Да и речиш дека си била на шишање, одма муабет: Била на шишање, ам косата и беше изгорена, само се пегла.
    Ако и кажеш дека си била да се прошеташ: Само скита по цел ден, наместо да земе да работи нешто.

    Да не знаеш да се смееш или да плачиш. Како само им е толку интерено да озборуваат!? И ај, вреди да се замараш со таквите и да ги исправуваш приказните? Или ако речеш некому: Не кажувај! - значи да не кажува, а не да и каже само на најдобрите 5-6 другарки. Се уверив дека само и од шопрајшкакоси можат да ти извадат цела приказна |(

    Уствари тоа ти се креативни луѓе! Талентирани, не може секој да измислува вакви занимливи приказни :!:

    Watch your own business |(
     
    На Chica.Loca, kravce, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Знаете колку сум лута? На самата себе... Затоа што сиот овој потенцијал во мене за физика го запоставувам на рачун на мрзата. Се каам,затоа што имав шанса а не ја искористив.Лута сум си.
    Надвор од тоа, да ви честитам Валентајн,да ви посакам искрена,вечна љубов.. :)

    Љубовта,според Џон Ленон е вечна. Ладерлеф мислел дека првата воздишка на љубовта,е последната воздишка на мудроста.А,ако ме прашате мене,љубовта е таинствена,дава чувство на возвишеност.Љубов е копнеж кој не исполнува.Љубовта е нашата движечка сила,чиишто закони неможе да ги открие ниту еден научник.Љубовта е идеал кон кој се стреми секоја личност.Никогаш не се откажувајте од неа,затоа што таа доаѓа кај оние кои веруваат.Сеуште не сум способна да зборим за љубовта,но знам дека таа постои во сите нас,и сите ние ја чувствуваме.Убаво е кога љубовта е возвратена,кога на светот постоите само вие и вашата љубов.Љубовта ја носи најголемата среќа во животот,но знае да донесе и тага.Како што некогаш кажал Стојан Тарапуза: "Љубовта не се учи,може само да ни се случи!"
    Имајте убав ден,сакајте,љубете безусловно и искрено, и бидете сакани. :inlove:
     
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Мајка ми веднаш да дојде да си ја земе тортата што и ја спремав. Знаете сакав да и испорачаат букет до дома и на картичката да пишува дека и го подаруваат татко ми и брадосаниот, но букетот беше прескап. И еве испадна само торта направена со многу љубов, а прелиена со рум :D.

    Магнетот за нас двајца испадна токму таков каков што и очекував. Можело тоа текстот да го направат малку поразигран ама и вака е добар. Ми се допаѓа. Абе уживам кога гледам дом во кој има многу рамки со слики од домаќините. Ама да се разбереме, не онакви слики какви што вадат во УСА, каде што насликаните стојат толку здрвено како бездушни да се.

    Си ја скратив косата и освежена ми е. Сега сум како пеперутка. Скоро секогаш кога сум дома на главата си ставам онакви детски венчиња. Од тие со големи машнички. И секогаш се некои зафркнати baby бои. Абе бликам од некоја слаткишка убавина кога си ги носам. Додека не искачам во јавност со нив добра сум.
    Имајте убав ден. Можете да скокате, да се дерете од милост, да играте lap dance, да правите што ви душичката сака. Само да е со позитивни вибрации.
     
    На kravce, bittersweet, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    За целата ситуација Витомир,те молам немој да збориш.Не му е првпат за тој што збориш да навредува,и кога не си бил почесто кога навредувал подобро да ќутиш.Знам и за кој и што збориш,секогаш се согласував со тебе ама сега нема.Не го знаеш ти него доволно добро,или пак несакаш да го знаеш?Не секогаш е таков,ама претерува по некогаш и тоа не го кажаа од чиста мира,туку со право го кажаа зашто не е првпат да начекаат да навредува некој.И ја ке кажам,немој молим те да го браниш во сите ситуации.И јас сум го бранела кога било без причина,ама сега е доволно голема причината.Неможе туку така нарече некоја “опната женска’’ што не ни ја познава доволно.
    Толку сакав да кажам.
     
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Честитките за денешниов ден се преместени во темата kafe-muabeti/cestitki-t2206/
    Ако сакате да честитате ќе ве замолам да го направите тоа таму :)
     
    На LittleFairy и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.247
    Јас себе си не можам да се сочувам,не па дечко. Вчера на прав пат, се сплеткав во рачка од ТАШНА и се убив,се рснав како зрела крушка, бааааам,ете толку сум глупа...двете колена ми се изгребани и ЏИГЕР модри,левото зошто од лева страна ми е срцето дека денов,дури и потечено е.
    Ех сеа нека прашаат,шо правеше за празникот. Па како да ти кажам,колената ми се направени ПАРЧЕ,па сега ти види...и сите ќе бидат ууууу :o :inlove: .
    Одете у три лепе вие со бонбоњерите,срцата, јетрите, чоколадите и све тоа. Јас иам љубов за секој ден!!!
    Ве молам коа му печете колачи гледајте да бидат во исти форми и ставете повеќе од розе прехранбената боја забите да му се обојат повеќе, да биде на раб на тровање од бојата!
    И ќе пијам пиво.
     
    На Hipster, Name, 2036 и 31 други им се допаѓа ова.
  8. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Ај ете да ги наречам хејтери така се викале денес. Има бре си слават Валентајн што еве секоја година ми доаѓаат баба ми и дедо ми стрина ми и чичко ми на овој ден и што сега да им речам не доаѓајте не сме католици?? Христијани сме а и вие сте што се глупирате. Ете некој сака да си слави што е вљубен, па мечиња ова она остај ги нека им биде. Па и јас сум заљубена ама не сакам, не го славам Св. Трифун е нели? Би се напила една чаша винце ама ете ни тоа не ми се пие обичен ден за мене. Сега не викам дека сите празници за мене се обични ама па кога можам секој друг ден да си ја славам љубовта и да купувам подароци мора ли баш денес? Во принцип јас и љубовта секој ден си славиме нали :D Ете сите пишале па ај и јас имајте убава вечер :hai:
     
  9. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Го знаете чувството кога плачеш од среќа и изненадување? ^_^
    Многу убав ден, многу.
    И, не го знаев оваа "јас". Не знаев дека има такво нешто кое би ми пробудило солзи радосници..
    Но како велат,
    за се има прв пат.

    :l:
    Делам љубов! Навистина. :sun:
     
    На Katerinceee и Moschino им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=O_kFevKifug
    така да си знаете. Права евтинуша сум!!!

    Си земав слободни денови, ради болештињево.... И, одма цајкани сто се јавија, као, наводно(!) засеќирани за моја добробит.
    Плиз. :D
    Јас озбилно верувам (жими се!), верувам дека има добри луѓе на светов.
    Ал“ овие, не ти се од тие!
    Као ќе правам макарони болоњезе по мое си и печени -згора на се’. Жеља на лепојкава моја шефот на куќата, најљубимката од домашните миленици. :D
    Она ќе стави вода у тенџере и ќе ги направи макароните , ја сосот. Јеа, ахам. Напунила најголемо тенџере со вода до врв, чиниш три пакетчиња ќе ставам не едно.Врие тенџерето, не станува одмара пред ТВ (она па ми е на одмор, па реши да нит чисти, нит готви нит од кревет се мрда. Одмор ќе си терала.. и еве ја. Недела цела - така тера :D ) Ок, станав, без нервози ...се воздржав.
    Ипак, редно е да си одмори ко што вика „пензионерски“ коски.
    Не се изнервирав ни кога видов вегета нема, а ја прашав претходно пред да одам во продавница :D не се изнервирав ни кога видов на крај откога ги сварив макароните дека заборавила сол да стави и уште ми се кикоти ко недоквакано :D не се изнервирав и за ред други пропратни ствари врзани со неа денеска...оти сакав да ја носам де на вечера ...сакав да ми биде валентајн :D амаааа, оно, нема шанси ради кивавиците што ме фаќаат и траат цел час, пропратно со солзи од сите дупчиња на главата :tmi: па болки во гради, па пцуење....
    ...не се изнервирав ни што мачката ми се моткаше околу нозе ноооон стоп, што викаше ко збрлавена мјау-мјау-мјаааууууу--мјау, што ми се прткаше,трткаше и неколку пати и ме сопна.
    И, оти не се изнервирав во нити еден од моментиве, вклучително и други ствари од почеток на денот, оти јас фино си бев расположена од сабајле, љубовно дури, романтично...мада без љубави у животецот... јас се разнебитив.
    Фино лепо зовриена вода со макарони (несолени!) исцедив на рука. Благодариме.
    Поука биљбиљи мои пишпириковски... издерете си се’ кога ви иде. Ма и кога не ви иде, издерете си се!
    И такој. Одам да се туширам после ќе вежбаме аеробик. Ќе се разлепшуеме.
    Ха - ха!
     
    На marama, kravce, Moira и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе едноставно не можат да разберат дека секој има право на свој вкус, ставови, мислења и свој стил и начин на живот. Никако да се ослободат од предрасудите. Па нели е навистина глупаво да исмејуваш и да осудуваш некого поради тоа што слуша специфичен стил на музика, или затоа што има некои други „чудни“ (според некого) интереси? :^) Јас немам некои специфични интереси, но имам една таква ситуација во класот и многу ми е глупаво. Навистина не можам да поднесам предрасуди и исмејување. :!:
    Епа ми тргна со филозофирањето :D

    Надвор од филозофиите, моментално си правам еден фантастичен музички колаж :party: И тоа се си иде по ред - прво нешто chill :smirk: , па малце романска електроника за развеселување :sun: , и како шлаг на тортата, најубавото - нешто италијанско, за летање во облаци... :inlove:

    И да, честит празник на сите, без разлика кој го славите - св. Трифун или Валентајн :* :f:

    And that would be all, folks :hai:
     
    На Katerinceee, Chimera и Miss666 им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Седам и се смеам како, како не знам што. :rofl:

    Се наоѓам во една, ама да пукнеш од смеа ситуација. Да ми кажеше некој пред една недела дека ова ќе го правев неделава, ќе му се изнасмеев и тогаш. Се смеев додека чистев, додека се возев во лифт, додека бев во продавница, мислам дека и ако легнам да спијам ќе се смеам.

    :rofl:

    Убаво е да се смееме, нели.

    Знам, чудна сум ви, знам, знам, и јас не знам што ми е, ама наскоро ќе дознаам и ќе ве обавестам.
    :wasntme:
     
    На Lella, sweet-cherry, marama и 34 други им се допаѓа ова.
  13. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ете, повторно ја гледам таа загриженост на нејзиното лице. Колку се плаши од безизлез!
    Со што ли сега да ја расположам? Прегратка? - Не, не ми успеа.
    Ми се превраќа се` во стомак кога ја гледам ваква.

    Teшко е да знаеш дека не си способен за нешто. Како јас во моментот.
    Не сум способна да ја расположам и да ја насмеам.
    А јас , се смеам цел ден од душа и си славам и си пијам и се веселам. А, таа дома во темница седи и бара да остане сама, да размислува...и неуморно да бара решенија на проблемите кои ја мачат. Не сака да ја гледам таква, затоа и се затвора толку.

    Бидејќи знае дека таа ми е најслаба точка.
    Бидејќи знае колку ми значи и колку нејзината болка ме изнемоштува и депримира.
    Мамо, ако има уште нешто што треба да го направам за тебе...ќе го направам. Само дај да ја видам таа насмевка...
     
    На kravce, anabel-a, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.965
    [​IMG]

    Колку е самоо со чувства, со силни емоции, ме остави без зборови и почнаа солзи на очи да ми доаѓаат. Многу ги сакам ваквите луѓе и долгите љубови. Љубовта е нешто најсилно на свет, а ова ми е дел од силината. Колку само сакам да читам вакви работи, да се восхитувам.. My love for you is eternal.. :l:
     
    На Name, tessi, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    дехурства, дежурства аман веке :@
    и наместо да седам внатре, да читам книга и да одамарам, јас земав да метам, да средувам во дворот на бараката па дојде еден сопартиец и ми помогна :) речиси 3 часа :!: ама барем малку ми годеше работата бидејки сум во ПМС и сум нервозна, се ми пречи, со сите се карам и деновиве кој ке ми застане на патот има да си го добие :!: без пардон :D
     
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.909
    Допаѓања:
    177.230
    Пол:
    Женски
    Никој не може да ни го вети среќниот крај, ниту крај на тагата, болката, или вечна среќа..тогаш зошто очајнички се обидуваме да изнудиме сигурност...која, реално, во целост никогаш не можеме да ја имаме? Зошто е потребата да се почувствуваш заштитено и сигурно, кога ништо во животот не иде со свилена панделка и авторски права? ..ниту некој може да гарантира за истото.

    Изморена сум од решавање проблеми, од конфликти и носење битни одлуки, на сметка на мојата младост. Никогаш не помислив дека од сега ќе бидам принудена да се соочам со така сериозни животни срања. И преку глава ми е од се, и сакам се да окончам..аааааама..не е тоа така едноставно.

    Одамна се ослободив од небитните спомени. Дел ги класифицирав, а добар дел отидоа директно во корпата за отпадоци. Местото каде тие престојуваа, после нив, остана празно. Празни полици, празни фиоки...огромна празна унија прашина, толку долго време... зошто истовремено немав време да создавам нови.

    Некогаш силно посакувам едно магично стапче кое ќе реши се... или духот од ламбата.... или супермен исто може да заврши работа :wasntme:

    Сањам за некој ексклузивен ресорт на Бали :D ..да си ги спасам живциве, не за друго, ама пусти сништа... секогаш на тоа останува. Ќе морам да се задоволам со ресурсите шо ги имам, а немаат додирна тАчка со Бали и никако не се ексклузивни... брз туш да ме врати во реалноста. Ако ништо друго, концертите под туш никој не може да ми ги одземе 8) :D :D
     
    На marama, kravce, Moira и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Цел ден имам чувство дека е петок. Излегувам час затоа.

    А имам и чувство на вина, ме гризе совеста поради мојата мрзеливост.
    Иако тестовите ни се најавени три недели пред датумот, неможам да се подготвам психички да земам книга, да се задлабочам, да проучам, да прашам нешто нејасно.
    Се тешам дека имам уште многу време, или како што кажа некоја феминка пред мене, си ги тестирам способностите дали можам да научам се за два дена.
    А каков одмор е тоа, кога постојано ти се провлекува чусвството на вина, додека јадеш и гледаш телевизија, додека читаш слободна литература наместо да учиш за тестот?
    Сфаќам дека не сум човек од збор. После секој тест си ветувам дека за наредниот континуирано ќе учам ама ете...мрзеливоста и искушението за менталните способности постојано ме следат.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... пица и пиво за Трифун.
    Нека ни е честит.
    Ставив 2 човечулчиња со срце меѓу нив на статус на фб.
    Тоа е мојот скромен придонес кон туѓиот празник. :D

    Се бакнуваме по виртуелни улички и јадеме во пластични чинии, за да не ни се собере многу за миење садови.
    Знам дека се две толку глупави нешта, занемарливи, ама за момент ме прават така тажна... не знам зошто.
     
    На bittersweet, Doozy, Springy и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Ми требаше вакво нешто. Ми требаше некој да ме освести и да ме спушти на земја. Како врела шлаканица и ладни чувства.Ако не, ќе си летав мислејќи дека е добро. Можеби е подобро вака. Нека, уште ќе си чекам јас подобри денови.

    И официјално :!: не ми оди на ниту едно поле во животот :clap: . Подвижна катастрофа!
     
  20. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Добро бе луѓе, абе вие свесни сте што правите?!? Осамна денот, заедно со сликите на фејсбук од вашите поклони, срциња, мечиња и други нешта заедно со пораки од типот "Te сакам срце, мече, муце, лигле....најмногу". Абе дај оладете малку ! Што е работата со ова? Сакате да покажете дека имате најдобар дечко/женска на цел свет? Сакате другите околу вас да ви љубоморат?!? Искрено, не ви го сфаќам филмот. И да знаете, не правите никого љубоморен, само покажувате колку сте патетични. И јас имам дечко, но не значи дека сите мора да знаат што правам и што добивам јас од него. Малку приватност алоо ! И така.. среќен празник на сите, без разлика што славите. И памет в глава. :)
     
    На Markusa2, CharmedGirl, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.