Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Веќе од мечки, мачки и кучки на фб преку глава! Другарка ми раскина со дечкото пред недела дена, дури и на фб, го „мразеше“ најмногу на светов цела недела, а денес бре заљубени па заљубени, слики фрчат по фб, да не ти се верува!
    Како и да е, сите се бизи, ја дома, флашата до мене, музика до крај! Се мислам дали воопшто да излезам некаде или да си пукнам од дома седење... Изгледа ќе си продолжам дружба со црвеново. Напумпан е денов до максимум. Тазе раскината (дечкото видов дека е веќе излезен, се пофали со статуси и слики... Абе му раскинав јас и одма селска кошула купил - лилјакова! Ужас најголем!), весела не сум нешто посебно, ама ако излезам има да бидам главна у граду. Ако видите пијана девојка што ја носат во раце, ја сум! (се шалам секако :))
     
    На tessi, kravce, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Го изедов фрижидерот. Со се рачка.

    Неподносливо чувство бре. Ми се масти косата, стомакот ми се претвора во трудница, а богами и желбите. Од никаде нигде, ми се припи мохито, па пиво, па почнав да зобам кикирики, па супа од печурки, на крај го отсонував буритото до Вегера, се расплакав на едно старче што продаваше икони среде ГТЦ, избегнав да гледам мали деца со мајки ем замотани шалчиња преку нос, и просто не можам да издржам. Ко издишан а преполн балон емоции. Ленка магистрираше, и честитав и ме покани на торта. И за тоа плачев. Како да ви кажам, сеедно дали е денов љубовен или пијан. Одамна сум јас пијана од љубов. И ме фаќа треска, ко на Елвис Присли.

    6 месеци поминаа ко трепет.
    Ми треба нашиот мирис.


    Тој се пакува, се секира, ќе се чекира. Мене ми го одобрија одморот таман за да си посветам време и живот со него. Планираме Банско на неколку дена, малку спа и тргање мисли и отрови од тело. Баш пред да дојде, мене црвенава ќе ми дојде, па ќе се стрпиме во фискултурните вежби! :lol:
    Сестра ми прави ливчиња со задачи математика, клинците и спремаат некоја кореографија во школо, ме потпрашува постојано нешто, а јас сум како темпиран саат - бомба и ми доаѓа да вриштам, пеам, да брцам со рака во крем бруле, да испасам тон трева, да се фрлам во базен и да гњурам, да се скријам во ќебе и да си молчам и кенкам, и ете.
    Жена. Се бива и не ме бива у ПМС. :@


    Фала на трпение, само би рекла!
     
    На Moira, antonina, anuskaNESTLE и 20 други им се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Со едно око гледам тв,со друго се ѕверам во мониторов [​IMG].А мислата ми е во нешто слатко.Уф бре ,ќе ме умре пмс-ов.И како е можно да немам ништо благо во куќава.Обично имам по некое пластично кутивче тргнато торта или колачи,а прееска ќе се затворев во фрижидерот барајќи и нема,нема бре ништо.Мора син ми да го претресол до гола кожа и тајно изел се.Да се немало некоја шугава крем бананка...а ме мрзи да си направам нешто.Искрено мислев дека маж ми ќе донесе некоја чоколада,ама не |( За цигари мора да се има пари а за благичко нешто, нема.

    Телово темпирана бомба ,некои топлини ме фаќаат,полудувам.

    Полна сум со убиствени нагони,да фатам некого за коса ,да го истресам од гаќи што се вика [​IMG]...вечерва подобро да не излегувам никаде, може да завршам во црна хроника.
     
    На marama, kravce, Moira и 7 други им се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    173.916
    Кај мене пак сосема обратно-полна чинија со баклави со вишни,абе се смеат.А јас пуста ,на диета.Така да луничке фаќај такси и спаси ме и мене и себе.
     
    На kravce, Moira, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Си вадев слики денес, да си додадам нови во албумот.
    Уживам во тоа, секогаш во истото студио во Стара Чаршија, ќе седнам на двоседчето и си чекам, се ѕверам во ѕидот полн слики додека не си ги добијам моите. И секогаш го добивам истото повелете и истата фина насмевка :)
    Овој пат извадив некој слика и од малиот на Доротеа, а пустата и нови ми прати. Ме прерадува!

    Ех, како растат деца... :inlove:
     
    На CoverGirl10, pamelche, Smilly и 2 други им се допаѓа ова.
  6. BubsiBlake

    BubsiBlake Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Ззарем сум единствената тажна на Валентин? Имам прекрасен дечко и сите тие работи ама коа ќе ме фати некоја депресија од дома не ми се излегува а не Валентин да славам... :|
     
  7. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    I don't have a romantic bone in my body!
    Лажам! Риби во хороскоп,не е моја вина.

    Сакам да пијам сама.И не,не е бело вино(моето омилено).Црвено,и проклето е добро!
    Нормално, Синатра во никое време не е лоша идеа.
    Доколку некој ме покани би танцувала.Обожавам да играм!Особено валцер.А не сум посебно добра.
    Би читала и книга на француски,ако имав....
    http://www.youtube.com/watch?v=hlSbSKNk9f0
    Jас сум само една ноншалантна личност,која па некое чудо секоја година е во добро расположение на празников...Трифун.
     
    На mims-89, kravce, BlackSwan5 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Се ми е онака денеска.
    Немам шо да кажам.
    А, имам 2 нови пријателчиња. Не, не на фејсбук.
    Вчера додека ја чекав мајка ми да плати Вип, видов едно куче, само малку го погалив кога почна да ми се качува по нозете. Денес у школскио двор најдов едно друго, го погалив и него, после почна да трча по мене. Срценца.
    http://www.youtube.com/watch?v=hsJPDYWOMdg
     
    На Someonespecial, Jagoda123, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  9. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК сега сфаќам колку е тежок животот.
    Имало навистина за што да се грижиш,а не тоа дека си добил некој бод помалку на испитот,или дека маскарата не ти се погодила..
    Зошто,зошто,зошто ли е вака?
    Некој сака да умре,но не умира,а некој сака да живее ,а се бори за живот.
    Не,не е животот праведен,во никој случај.
    Оздрави те молам побрзо и врати се дома.Те молам,ми недостасуваш.
    Насекаде го слушам твојот глас,насекаде те чуствувам,празно е без тебе,верувај ми,празно е... ;(
    Колку само е тажно и тмурно,што ли ќе правиме сите?Без тебе?
    Зарем не мислиш на нас?Како ќе издржам без тебе толку време..
    Те молам,имаш доволно сила,собери храброст и оздрави,врати се сите ќе те чекаме,заедно,пак,сите на едно место...
    На сите ни недостигаш,врати се побрзо..
    Сакам да дојдам,но неможам,не ме пуштааат.
    Врати се...
    Те сакаме сите.
    Извинете ако ви ја пренесов мојата меланхоличност,но морав некому да кажам,без разлика дали читал или не..
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК дека денес се на се беше супер ден за мене. Супер вечер си седиме со моите они си пијат винце јас сокче си гледаме фудбал поубаво неможе да биде :rofl: :)
     
  11. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Потажна не можам да бидам.
    Не сфаќам, што им грешам толку на луѓево? Зошто ме сметаат за хистерична будала, злобна, не знам каква?
    Значи преголем стрес е веќе ова...
    Не знаете какво е чувството кога најсаканите ви ги кажуваат најлошите работи.
    Да, не ги сакам сите луѓе, не можам да се смешкам на се, повлечена сум, не трпам некои работи, некогаш го хејтам цел свет...ама...

    Најмногу од се сакам со мачката да отидам надвор од државава и никогаш да не се вратам.
     
    На Jagoda123, Trnche, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  12. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Среќен ден денеска.Не дека нешо времево е прекрасно ама така некако посебен ми беше.Сега сета посипена од бакнежи си легнувам , воедно им го честитам празникот на сите имајте пријатна вечер. :*
    [​IMG]
     
  13. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    А ја се заљубила :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]
    Таков шарм... :x
     
    На Jule.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам ми го упропастија денов :devil: неможам да си верувам..
    поЧна да ме полудуват ови луге..
    леле само колку се Чудни,како сенка и горги во приказната.
    јас направи несто не така и после исто тоа така го направиле како јас :devil: ма фук ју :devil:
    и остави се тоа денов за никаде ми отиде а имав убав план...нисто..
    и сега да си легнам али незнам дали ке заспијам,бидејки така нервоза имама :devil: уухх неможам усте да верувам со какви луге живеам :x
     
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Да.
     

    Прикачени фајлови:

    На Moira и Hopeful им се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    8.569
    Цел ден не свесно ролам со очите, кога се приметив незгодно ми стана.
    По принцип сум многу толерантно, воспитано и културно суштество. Да де. . .
    Ама! НЕ е љубов да ти купи ружа од тезгата во близина додека чекате автобус.
    Не е здрав сексуален живот да облечеш јака долна облека по повод празникот и да се исчукате како за последно.
    Да дишете забрзано секој ден пред да се видите, да подарите нешто што слушате дека партнерот го посакува во моментот или одамна. Да исполните желба, без повод.
    Да внесете свежина во врската, да жртвувате мал дел од вашето време за да приготвите нешто.

    Вечера на планина во сред работна седмица е љубов. Купување семки од посебна продавница за Македонија- Данска е љубов. Покажување вистинско лице е љубов. Критиките се љубов. Искреноста е љубов.
    Знаете, многу поубаво ќе си поминете низ животот ако се фокусирате на реалните работи што ве исполнуваат. Мислам, кој го исполнува плишано мече и парфем повеќе од пица во кревет со чаша вино?
    Или чоколадо и чипс и мини турнир во табла.
    Филмовите се филмови со причина. Изнасиленото купување букети и картички и чекање на тие посебни денови, перчење као види што и земав на мојана. Не.
    A толку е жално што за некои девојки ова е единствениот ден кога добиваат цвеќе.

    И љубов е енергијата меѓу вас, кога не ја емитирате на околните 100луѓе. Зошто зборовите ја убиваат магијата на моментите.
     
    На sweet-cherry, Mini-Mouse, Markusa2 и 18 други им се допаѓа ова.
  17. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Си добив и јас подарок, од бабето што си ги дружам често, ми даде цеќе мало со ливчиња во вид на срце, сега да си го пресадам само во нова саксија, има да се полеваме со љубов. Си добив и непланирана гушка, и честитка со крам. Ете ти. Мала светлост во ова сивило.
     
    На sweet-cherry, Jagoda123, NoellePage и 8 други им се допаѓа ова.
  19. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Заспа до мене, не можеше очите да ги додржи отворени. Му кажав да си оди, да не се мачи... ама не, ми кажа дека сакал да си го дочека роденденот со мене :)
    Уф како ќе го разбудам за неколку минутки, да не знае каде му е главата од бакнежи и гушкање!
     
    На Jagoda123, kravce, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Во денешно време, за да те почитуваат и сакаат луѓево изгледа треба да им правиш лице, да им се лижиш и да ги тапкаш по рамо, а зад нивниот грб да ги оговараш и исмејуваш.
    Од секојдневниве примери што ги гледам, изгледа вака треба да биде.

    Ако си нормален, искрен, спонтан, ако се однесуваш како што треба т.е. ако си бидеш онаков како што навистина си, ако им мислиш најдобро и правиш нешто за нив, а притоа не се истакнуваш себе си во преден план, тогаш или не им чиниш и не им обрнуваш внимание или си намќор. Тогаш се однесуваат како да им смета твоето присуство, на секој разговор со тебе се однесуваат како одвај да чекаат да заврши, па некогаш и ќе ти превртат очи или ќе те погледнат накриво; многу често те игнорираат и се однесуваат како да не постоиш, па упорно зборуваат со другите (со кои сте во исто друштво) и упорно им се обраќаат само ним, а тебе не те ни погледнуваат, а камо ли да ти се обратат.

    Жално. Жално е што луѓево паѓаат на ласкања и извештаченост и што дозволуваат да се залажуваат себе си со тоа што веруваат во дволични лижачи и нивните зборови, па си мислат - еј колку се супер овие, еј колку ме сакаат, еј ми мислат добро, а всушност се’ е е една обична фарса. Притоа ги занемаруваат искрените луѓе што навистина ги сакаат и им мислат добро.

    Сметајте ме за намќор, мили мои дотични личности, не ме сакајте, немам ни потреба од тоа, но отворете си ги очите за тие околу вас што ги величате. Цело време се подбиваат со вас и кога-тогаш ќе ви го забодат ножот в грб и вам.
     
    На Allthatglitters21, tessi, Moira и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.