Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Нит Св. Трифун, нит Валентајн.
    Јас само искористив прилика да го добијам стрипот што го меркав. :D

    [​IMG]

    Ај нека ми е честито. [​IMG]
     
    На Shelea, Trnche, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Мојата драга стрина -мајка ми раскажуваше како во нивното време се правеле забави на кои што немало за јадење и пиење во неограничена мера туку само музиката и хитовите од нивното време кои што станале евергрини.На познатото битолско корзо кога ќе се разминеле со симпатијата си давале ишарет-таа така вели,поглед кој што кажувал се и од кој што извирала вистинската љубов,се договарале недела унапред за следната недела да се видат по половина час.Си пишувале долги љубовни писма,а не смс пораки,закажувале средба преку другарки,а не преку фејсбук.Ах тие долги љубовни писма напишани на бел лист хартија која што никогаш нема да избледне,смс пораката може да се избрише,но писмото и да се загуби вечно ќе остане на тоа парче хартија и тие зборови ќе останат врежани во нашите срца и мисли.
    Утре доаѓа тој,онај на кој му пишувам љубовни писма,всушност тој е единствениот на кој што му имам напишано такво писмо некогаш.Тој мене ми враќа и секогаш ќе ги чувам оние извезани зборови непревземени од некој сајт туку се испишани искрено од срце.Напишав уште едно писмо полно со зборови каде што е испишана нашата љубовна приказна,моите чувства.Знам дека кога ќе го прочита ќе се појави мала солзичка на неговото лице како и секогаш .Тој е од оние мажи кои што не ги кријат солзите и знае некогаш да заплаче од пресилни емоции.За мене тоа е вистински маж,онај кој што знае да ги покаже чувствата и е горд на нив,а не да ги крие и се прави некој мачо тип. Оние мажи кои што секој ден ја искажуваат љубовта кон своите сакани,а не само еден ден во годината се мажи за почит.Сакајте,љубете неизмерно секој ден,тоа е најголемиот подарок од бога,искористете го до максимум :inlove:.
    Ве поздравувам со следнава песна која што е вечен евергрин.Уживајте драги.
    http://www.youtube.com/watch?v=ajCYQL8ouqw
     
    На Serafima, Jagoda123, tessi и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Животот е непредвидлив. Ти приредува изненадувања кога најмалку очекуваш. Пријатни и непријатни.
    Изминативе денови ми се случија многу работи. Воглавно добри. Една од тие работи колку и да беше лоша не ме растревожи многу,бидејќи не дај Боже можеше да биде и полоша. Сепак колку и да речам дека не ме растревожи не сум мирна. Се надевам се ќе се среди и ќе биде се во ред,бидејќи се работи за човечки живот.

    Да преминам на поубавите работи. Деновиве конечно се случи долго очекуваната средба со него која траеше неколку дена и да бидам искрена поголемиот дел од времето ни помина во караници,но добро...не е ни прв,ни последен пат.
    А и веќе не се грижам толку многу.
    Друга работа...Ви се случило ли да се сретнете со личност за која сте биле сигурни дека нема да ја видите уште најмалку 5 месеци и тоа да биде личноста која била вашата прва љубов,со која сте го доживеале првиот бакнеж и личност која,без разлика каде сте и со кој сте секогаш е на посебно место во вашето срце и секоја средба со него ве исполнува и ви го враќа сјајот во очите? Мене ми се случи та. Кога го видов мислев ќе се онесвестам. Толку забрзано срцето никогаш не ми чукало.
    Веројатно тоа беше најубавата работа што ми се случи деновиве. Одамна не сум се почувствувала толку среќно и исполнето. Иако претходните денови бев со дечко ми (ако можам така да го наречам) во ниту еден момент не се почувствувам толку среќна како што бев кога го здогледав, Едноставно има нешто во него што ме исполнува.Нешто што ме прави толку среќна,без притоа ништо да не направи.

    Бај д веј среќни да ви се празнициве,кој како си го слави. Јас искрено ни еден ни друг не прославив,а не ми ми честита некој. Дури се почувствував тажна кога другарка ми доби поклон од дечко и,а јас иако имам некој тој не ми ни честита,не па поклон да ми купи. Шта чеш :/
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека сум пресреќна уште неможам да си ги приберам емоциите и чустават од прекрасната помината романтична вечер со саканиот едноставно целата белескам и ова чуство ќе ме држи цела ноќ
     
  5. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Криво ми е... дечко кој го запознав на еден семинар во Австрија и ме знаеше само една недела, кој никогаш не бил во Македонија, за мојот роденден успеа да испорача цвеќе на моја адреса за мојот роденден, додека мојот дечко незнаеше па ме прашуваше како да ме изненади.
     
    На Springy и anichka94 им се допаѓа ова.
  6. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Денес откако ги завршив обврските предвидени за денешниот ден, отидов до автобуската постројка да го почекам автобусот за накај дома.
    На постројката имаше само една така постара женичка.
    Ја прашав за кај чека и дали поминал автобусот со тој и тој број.
    Се испостави дека и таа чека за истата локација, а дошла неполни 5 минути пред мене.
    Стоевме така еден добар саат време, пошто очигледно автобусот ни беше избегал.
    Задува едно силно ветриште чинам косата цела дигната ми беше.
    Фативме муабет за времето, кавко беше изутринава сончево и топло а какво е сега, а тек какво би можело да биде до вечерва. Жената се мислела дали да облече потенка кошула судејќи според сончевото време, но сепак одбрала да облече подебел џемпер. А јас пак носев текна блузичка и потенка јакна, полу откопчана така што вратот ми беше гол. Кога дувна ветрот жената дури викна по мене, закопчај тоа јакната до горе ќе те пресече ветрот, ќе настинеш.
    Ја послушав, ја закопчав јакната, и си помислив истото и мајками постојано ми го зборува.
    Повремено погледнувавме во насоката од каде што требаше да дојде автобусот и на секој автобус виден од далеку жената ми велеше еве го доаѓа, но кога ќе застанеше гледавме дека не е нашиот.
    Дур ветрот сечеше се наоколу забележав еден старец како споро и изнемоштено се приближува кон посторјката. Да не претерам, ама речиси и да беше парталав. Но она што ми предизвика солзи беше тоа што скоро и да едвај се движеше, а во едната раката носеше најлонска кеса со некои книшки, најверојатно сметки или пак лекарски рецепти, а во другата букет ружи.
    Застана да си го поднамести паричникот и полека се доближи.
    Веќе имаше повеќе насобрани луѓе и по некој заљубен пар.
    Старецот го гледам од страна и си мислам колку само ќе ја израдува жена му
    на ваков ден, иако е во години. Ми се навирија солзи и истовремено ми дојде топло на душата.
    На секое застанување на некој автобус, едвај испреплетувајќи го јазикот, прашуваше некој човек за кај оди автобусот и кој број е, најверојатно и слабо гледаше. Најпосле се качи во соодветниот автобус и си замина. Со букетот црвени ружи како да ја донесе бојата на светот.
    И пак истото сивило блесна наоколу, пак истата монотонија на раздвижениот, запрен град.
     
    На sweet-cherry, anuskaNESTLE, L-enna и 22 други им се допаѓа ова.
  7. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Конечно се е средено. Денес му беше именден на мм па си имавме така повеќе гости ко божем дете е ама ако нека е за убаво.
    лута што не добив ни една ружа кога излегов да земам една другарка од автобуска во колата цел букет на седиште. Го обожавам едноставно..
    Ајде добра нок на сите.
     
    На Hopeful, rakce69, NoellePage и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    А јас, денеска за прв пат останав без зборови ... инаку, презборлеста сум, дури снемувам здив од постојаното брборење - имам и доказ, можете да прашате! :lol:
    И дојдов до заклучок, по којзнае и кој пат, дека ме познава најдобро. Да, тој.
    Болен е и му отидов на визита со компот од цреши, за да импровизираме и да го испоштуваме празников, оној нашиот како што е редот ...
    ***
    И, ми тутна во рака едно дебело и прилично тешко книже, со предупредување дека не било предвидено за овој другиов празник, зашто нели - помина полноќ, со тоа помина и еуфоријата и сè по список ...
    Ми стокмил тефтер.
    Голем, со фини корици и дебел ко Библија, со прилично креативна и ептен неочекувана посвета на првата страница - за да ги запишувам сите мисли кои ми паѓаат на ум, зашто наводно, сум ги имала многу, посебно во последно време. :D
    И да знае(ш) дека ќе пишувам, ќе ги исполнам дури и деловите од внатрешната страна на кориците.
    Од љубов.
    Од сè.
     
    На sweet-cherry, L-enna, Hopeful и 22 други им се допаѓа ова.
  9. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Дефинитивно сум лепак за будали досадни и застарени ергенчина !
    Искрено некогаш многу ми паѓа жал за мене -.-
    Ами да не можиш да се отарасиш од првиот ти комшија во маало ?
    На кој годините му започнуваат со тројка напред,а твоите со кец :^)

    Ќе го блокираш од се можно,ама јас сирота како за малер ќе го начекам пак и пак.
    Па дависе со смислување на одговори од типот каде си бе комшивке цело време,да не се омажи ау мау...
    Оженисе веќе еднаш аман !
    И да ти нацртам дека си досаден,ќе ме натераш да ти обојам !
    И на пуст остров да ме остават со тебе.ќе се обесам на првата гранка.Чао пријатно.
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Ви реков јас дека во февруари, во една недела, значи знаев, знаев, знаев, едноставно знаев, сите мои поголеми проблеми ќе се решат. :D

    Па, како да ви кажам, не дека имам нов озбилен дечко, многу е клише да си фатиш дечко на Валентајн... ама.... ама... Ама имам нешто што оди натаму. :D

    Работава беше како Игор Џамбазов на Бинго - АЈДЕ ДУЗИ, ДАЈ МУ НА ЧОВЕКОТ! Не му дадов ништо, само шанса му дадов де... Мечка страв, мене не страв, ајде бидна и тоа! ]:)

    И знаете што - морам да признаам, убаво ми е на душичката. :$
     
    На Hipster, Sexybaby86, sweet-cherry и 49 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.245
    Лепота мога живота.
    Убоо ми е. Убаи луѓиња имам во животов.Ми ја направија вечерта,ми ја расцутеа душичката. Благодарам што некои ми ги задржа времето, некои ми ги донесе како сродни душичиња.
    Рандом дечко, фин и културен сакаше да ме запроси у кафиЌ. Остај ме бре да си ѕенѕам, утепани ми се коленцата, те нејќум. Ал је старомодно да ти пише број на салфетка? Ју шмек,фуче. Нејќум јас, дечковци си бркам по факултети, читални, по паркови. Me искараа шо им го избркав друштвото. Абе бегајте таму,со кучето по парк ќе ве прошетам одма ќе ви наберам дечковци,шо се секирате јас не знам?
    Дома ме дочекаа 5 нови книги од моите,си ги мирискам. Се помислив ласта да им се џитнам у кревет и да ги изнагушкам,ама жал ме фати...
    План подреден.
    Среќавам мајки на бивши по град и сите ме сакаат. Завчера една,денес друга... :D Момент подвикнување нежно, леле,леле,срдечни прегратки, мене чудно и незгодно... :D
    Рандом лудакуша ме чита тука, ме додава од по другарки на фб,ама ако. Ако не си знаела, фб лесно те води до особата која генерално пројавила интерес,а и мозочево убаво ме служи. Бљагодарим на пажња, одамна утврдивме дека неам убаво мислење за тебе во ниту една подточка... другарка ми ми вика, барем лепота да ја вадеше...ама не,велам ***** не збори така, фрустрации се тешка ствар. Ама више кога го занима девојчето како ми е, убоо ми е сполај ти. Да ми ти е и на тебе за да не ми се секираш да не случајно ми е убаво мене. Ама не сакам бре да ме имаш на ум, не сакам... неубаво ми е да мислам дека ме читаш и те интересирам. Живеј си го животот кафански и не ме смарај со кинеска роба. За тебе сум Моцарт кугла да се изразам ко Амди. Да ми речеш, Лилит имаше право, јас згрешив, ајде да ми опростиш,да размислам, ама да ме додаваш и да мислиш дека ќе прифатам со еден заеднички пријател и тоа МегаФешн? Стварно си поглупа од што мислев... дури жално...
    Пуштајте среќа утре некаде по патот да сфатам дека можам да упецам икс број 10ки и да го живеам животот ко шо треба.
    Добив амајлија шо носела пари. Утре сакам да се разбудам и милион евра под кревет,не ме интересира!!!
    Сакам и ме сакаат. Живот је леп! Ме прашаа зошо сум пишала на фемина дека сакам само да бидам само убава,ми дојде незгодно, да ме разбереа уште дека сум саркастична,ама стварно...дечки, зошто бара од мене животов да работам,да се трудам кога доволно е да му личам? :rofl: Вие реални сте? Се заебавам ненормални едни. :D
    Да се уозбилам,утре ме чекаат сериозни ствари,а е 3 после полноќ. Ми идат пеперутки во стомакот од возбуда за животот. Изгледа си се заљубивме еден во друг, засекогаш. Некад ќе ме заебе, па ќе ме заболи, ама па ќе ми донесе по некој нов и вреден или ќе ми сервира една добра,па кога ќе шутнам, ќе дадам гол дури на Венера!
    Кога ти е убаво дури и во ПМС значи мора да ти е убаво...
     
    На LaraSolare, Ariel, anuskaNESTLE и 11 други им се допаѓа ова.
  12. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    сакам да кажам дека оваа 3 смена на четот оваа вечер се згазивме од смеа само на арно нека е
    денес керка ми најмогу ме израдува во градинка боеле црвено срце од хартија и ми го подари мене и така си бев со кеиф оти нели ова е прв пат она да ми даде нешто од неа изработено веке е големка пораснала
     
    На srcekrsacka, Abeja, joelle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Дека не сум многу заборавена... NOT!
     
  14. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк дека денес ми врни во душата...

    еден писател рекол " ах колку е тажна душата кога е тажна поради љубов''....
     
    На marama, Springy, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Денес денов ми е хавуз. Нека помине времето со брзина на светлината и да дојде 15.00.
    Толку празно се осеќам, попразно здравје. Од сите денови кога сум била без врска расположена, мислам овој ми е врв. Зошто се родив ваква избувлива, инаетлива, злопамтило. На никој не му наштетувам освен себеси. Подоцнежната реакција е смртоносна за мојава душа. И никако да се научам на своите грешки, можеби треба да сфатам дека тоа не ми се грешки туку дел од мене, мојот карактер и дека тоа сум јас која некој ден потполно ќе се самоуништи.
    Доста ми е од овие црни мисли. Ма кои црни мисли, ова се празни мисли, а тоа е уште поопасно.
    Моменти кога не се пронаоѓаш себеси во ништо и мислиш дека ти фали некој знак да те насочи. А таков знак не доаѓа а времето си лета.
    Ми треба слобода, во просторот и во времето. Мало местенце на некое тивко планинско место, каде што ќе запре и времето, за да се пронајдам себеси. Мала колиба само за нас двајца и природата.
    И сега кога спомнав мала колиба, ми текна на една песна, "за богатство никогаш срце не би дала, сакам да ме љубиш в колиба мала", :rofl: офф леле од сабајле ли ќе ми тргне денов. Го уништив она што сакав да го кажам. Ни Моцарт куглата на Амди виа Лилит не ми е рамна.

    Туку сакам да ја поздравам Жоел, знам дека не е темата, но ќе ја поздравам баш тука, зашто во последно време како ја читам, осеќам некоја вознемиреност кај нејзе, нервоза а денес и тага. Па и посакувам повеќе сончеви зраци во душата, кои ќе го победат дождот. :*
     
    На bittersweet, joelle, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Згрешив што не отидов на еден пробен час за јога-ама кога ми кажаа 300 денари :o незнаев дека се плака
    парите ми беа планирани за друго ама до крајов на месецов морам да заштедам пари и да одам :!: уште рано наутро рацете ми се тресат не можам да се смирам-причина непозната а имам една обврска што морам да ја завршам и да бидам смирена и концентрирана и на боди ленгуиџ и на зборовите што ги кажувам оти многу е битен првиот впечаток :!:
    оф леле Господе те молам помогни ми :worried:
     
  17. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Времево е прекрасно , среќно ми е мене .
    Се радувам на животот , на сегашноста , минатото.
    Болна сум од љубов.
    Човекот незнае што да направи веќе за мене.Го обожавам едноставно.Премногу !
    Знае дека читам и дека дома имам цел подрум од книги , дека не ја дигам главата од книгата и ми купил книга.Душа тој !
    Синоќа цела опиена од љубов заспав во прекрасниот мирис на нова книга.Едноставно најдобар. :inlove:
     
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Што да кажам? Ја обожавам мајка ми. Прекрасна е секогаш. Мамо те сакам најмногу!
    Мислам дека брат ми знае дека сум на форумов, па ако ме чита, би го замолила да не ме мести дома да одговарам на незгодни прашања, од типот што е лубрикант :tmi:

    И тоа. Отидов на шопинг, се вратив со Џејн Остин и Шарлот Бронте. Едната читана, ама пусти мерак да ја мирисам хартијата. Викендов сум на некоја забава, па наместо чизмите што требаше да ги купам, книгите ќе ги носам |(
    Имав бурна ноќ, косата ми е ужасно бушава, ама мене ми е убаво. Убав е денов. Чекам и чекам и чекам :geek: Луѓенцааааа, сакајте!
     
    На bittersweet, sweet-cherry, tweety26 и 27 други им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Поздрав до брат ти, ја има целата поддршка од мене :rofl:
    (така ти е кога не си бришеш историја :lol: )

    p.s. Да не си ја купи Гордост и предрасуди ? :P
    p.p.s Мислам дека машкото кое ќе ми го "лајкне" мислењево, ќе биде брат ти :rofl:
     
    На Yipman2 и kravce им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Која моќ ја има комбинацијата добра книга уз добра музика. Особено онаа од она време во кое и те како знаеле шо е музика и како треба да звучи. Доволно е да ја пуштиш во позадина, добра книга која одговара на расположението кое го доловува самата музика и толку ти треба. Секоја прочитана страница веќе станува сцена од филм во којa е обрнато внимание и на најситниот детал во што ретко кој режисер навистина успева/сака да успее. Одзема повеќе време бидејќи читањето оди побавно, за миг подзастануваш уште еднаш да ја доловиш целата таа импресија и продолжуваш понатаму, но и те како е незаменливо искуство кое ем смирува ем обогатува.

    Една книга и внимателно направена плејлиста. Толку чини ова задоволство. Тажно е што повеќето ги имаат и двете, а не знаат правилно да ги искористат.
     
    На tweety26, Hopeful, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.