Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Баба ми отсекогаш била ДрамаКвин,така и си замина овој пат,на сите начини се обиде да не предупреди, соништа,мали инцидентни паѓања на предмети и многу болка во воздухот, но она што му се случи на татко ми дефинитивно беше најголемо предупредување, 5 ребренца, но не на скара, скршени. Многу е тешко да го гледаш сопствениот татко како плаче, во болка, во очај, во агонија, од болките што го удираат во гради, од жал за смртта на сопствената мајка и од мака што не успеа да ја испрати до вечното почивалиште. Почивај во мир бабичке, утрово без тебе во семејниот дом е пусто и тажно, биди со својата мајка засекогаш успокоена, толку многу ти недостигаше. Татко побргу оздрави, и покрај целата мака што ја имам видено од тебе ме боли глетката на овој огромен маж во кревет беспошен.
     
    На sweet-cherry, tweety26, creshicka и 4 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ма тешко дека чита, ама речиси сигурна сум дека ме знае кај сум и што сум :D
    Таа ја купив, пустата :tmi: цело време мислите во мозоков ми течат на старо-англиски (или како и да се вика од тоа доба) :tmi:
     
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Сакам да кажам дека денес сум многу среќна...па редно време беше нели? :lol:
     
    На tweety26, Lepaaa, kate21 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.213
    Допаѓања:
    139.819
    Кога сме кај лубрикантот...
    Пред 10-тина години, требаше да увезам лубрикант на работа, и требаше да го поминам низ една процедура на царина. Тоа го правевме за се што увезувавме, па процедурата си течеше без проблем, ама за волја на вистината тогаш во Македонија немаше лубриканти во продажба, се наоѓаа само ако некој оди во странство, или ако некоја од невладините увезеше за некоја кампања.
    Едно утро, добивам повик од теткицата која ни ги работеше предметите, и ме прашува „А што се лубриканти?“ :D Можете да замислите колку се испобунив, особено што муабетот беше на нерасонето :D
    И почнав нешто да вртам... па ммм.... аааа...па тоа е како онаа течноста што ја ставаат кога одиш на преглед на ехо, само спакувана е во помали кесички, за една употреба :rofl:
    За моја среќа, теткицата беше среќна со одоговорот, и немаше повеќе прашања :D
     
    На tweety26, gavolica4, antonina и 8 други им се допаѓа ова.
  5. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Утрово како и секое... Кафе, цигарче, читкање новости по нетов.
    Подоцна сум на интервју за пракса, работна позиција нема, туку во фирмава ќе треба да им ги средувам ситните работи, како и купување доручек ваљда. Им треба помошник, ама нема назив на раб позиција, освен би можело да биде трчач за без пари. Чекам да дојде саатот и да одам да се разберам, да објаснам што е пракса а што работа. Ц ц ц се само за да не платат бе, не ми се верува.
     
  6. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Вчера се разбудив со роза и картичка на перницата до мене. Пишува "ајде погоди кој те сака најмногу?" Многу ме израдува. Воопшто не очекував. Ни најмалку. И таман кога мислиш завршил со изненадувањата, гледам љубовна порака на мобилен. Па на фејсбук. Па сликал балон во форма на срце и ми го праќа во инбокс.Па уште една слатка порака на мобилен. За вечерта снимил љубовен филм (one day), love songs за после филмот. Јас спремив многу милка срценца, и кога увидовме дека само вино ќе ни фали,донесе едно шише украдено од колекцијата на другар му :lol: , бидејќи беше прекасно за да се купи алкохол.
    Срцето да ти се стопи. Никогаш никој не го правел ова за мене.
    Многу убава ноќ. Си ветивме дека почесто ќе си организираме вакви ноќи :inlove:
     
    На bittersweet, tweety26, Doozy и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Пак истите разочарувања.
    Сакам да верувам на глупави лаги, убаво ми е додека некој ме лаже, некој одреден, знае како да лаже, и јас свесно си верувам. Што е љубов ако нема некоја мазохистичка будала...
    Ветувања од типот ќе пијам после колоквиумска, а уствари после колоквиум само кревет гледаш, епа ете такви сме, глупави. А никој не е поглупав од свесно глупав, никој не е глупав како мене.
    И ме заморуваат тривијални работи, во тривијална околина што се замара со тривијални работи. Не сакам да прифатам дека не сум дете и дека имам одговорности, а како што сите околу мене растат се повеќе ме убедуваат и се повеќе се оддалечувам. Некој ги лаже дека имаат избор во животов, а всушност сите однапред шематски одредени. Мене мајка ми од мала ме учеше да бидам различна, дури од забавиште. Можеби клетва е, сега многу форсирам уникати, и напорно е.
     
    На LaraSolare, tweety26, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
  8. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    сеќавање на стари рани......
     
    На m.i.s му/ѝ се допаѓа ова.
  9. izgubena5555

    izgubena5555 Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    Едно научив: Никому не му е повеќе гајле за твојата среќа од самиот ти!
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Еве уште едно прекрасно утро стрина ми порано ме разбуди околу 10 ми го донесе братчед ми да го чувам а тој има само 1,5 и се знае како е со мало дете смеењ ,играње итн сега душичката заспа а дада му пие веќе второ кафе .
     
  11. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Денес сум некако среќна без посебна причина.Немам поим зошто.
    Можеби дека е петок ? Или дека имам интересни планови за утре ? Незнам зошто...

    Сега пред малку се вратив од школо,па сега си слушам музиче и си одмарам.И некако цело време ми текнува нешто интересно и си се смеам.Лудо дете :rofl:

    Ама секогаш на вакви денови има нешто што ќе ти го расипе цел ден :!: . Да се надеваме дека денес ќе нема ...:)
    И така ви викам.

    Еве ви едно песниче малку да се расположите (и насмеете :lol: ),а повозрасните на форумов да ги вратам малку во времето :)

    http://www.youtube.com/watch?v=vvOU1VfpTEg

    Ве гушка Sweet Child O'Yours. :lol: :hug:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ја знам Даниела :D
    Сум била и во Вардариште,имаше последен пат кога бев едно кученце малецко,пред умирање беше, е в еве бев пред недела дена го немаше. ;( Само да пораснам,ако не чувам 100 кучиња еве ме!Штета што сега немам услови,и неможам,баба ми е алергична на кучиња .. :(
    И да,имам и донирано многу пати,и исто мило ми е што и ти помагаш :bow: ех кога сите луѓе би биле такви... :( ама не се,што гнаси постојат несакам да пишувам и да се нервирам.Браво за тебе... :bow: :clap: :hug:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Како што гледам и времево надвор се радува по повод моето langsam aber sicher опоравување. Уживанции!
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не ми се верува што се случи :x
    да не задоцнам на интервју отидов со такси до таму, засрека имав пари резерва во мене да кога дојдов на ред таа што го спроведуваше се обиде да ме обесхабри кажувајки колку би ми била платата вклучувајки хранарина и превоз ама не и успеа :!: ако треба ке се жртвувам :nod: неможам да ја гледам мајка ми кутричка како незнае веке од каде да најде пари за да се преживее ;( од една плата штеди штеди не се заштедува :worried:
    а овие шалабајзериве од клинички се да ги фатиш и да ги здробиш :!:
    за да ти направат анализи треба докторот да ти напишел лабораториски упат па трчај барај го докторот кога прегледува, ама што да правам подобро така отколку на приватно колзнае колку илјадарки би ме чинело :doh: и решив малку да си го разведрам сама денов-купувајки си книга интересна за читање и сезона на попусти е така да :)
     
  15. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Сдк кој е слободен за разговор во порака за совет мн ми е потребно нека ми пише. :)
     
  16. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    сдк....си добив поклон од ѓубрето мое!
     
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Знам дека сум препознаена на форумов, не дека некој муабет конкректно дошол до мене, ама свеста ми работи, не мора некој јасно да ми каже. Па 20.000 сме, ќе се чудам ако испадне спротивното.

    Дали сега ќе се затворам во соба и ќе го изведам она слоу моушн лизгање/триење од вратата? Не. :D
    Дали ќе се откажам од форумов? Дупло не.
    Дали ќе плачам оти си пишувам/в што ми доаѓа на памет? Пиши ушто едно не.


    Ќе пишувам овде уште долго време, не ради инат за повеќе да дознаат која сум и што осеќам. Задоволството си е мое, јас одлучувам што ќе излезе позади овој ник нејм. И многу работи не сум пишала, барем онаа ептен интимна страна од мене ќе си ја задржам.

    Најарно ми е да не ми се кажува дека знаат која сум, можеби и јас знам кои сте на форумов па ниту ќе го споделам тоа со вас, ниту тоа што сте го пишале овде ќе го кажам на Петко и Станко.
    Самите сме си одговорни, секогаш ќе постои барем еден што те познал. Доволно се разголуваме.
     
    На bittersweet, Hipster, sweet-cherry и 19 други им се допаѓа ова.
  18. sara333

    sara333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Зошто ова по стоти пат ми се случува? Зошто секогаш луѓето на кои им верувам секогаш на крај ми бодат нож во грб?Знам дека на никому не треба да му се верува бидејќи скоро секој ти мисли лошо и секој е дволичен ама никако да разберам. :(
     
  19. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Офф денеска конечно останав сама после една бурна недела..И колку било убаво кога ке седнеш сама и ке размислиш, за се и сешто..:) Тоа од одамна ми фалеше :)
     
    На gavolica4 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    Посакувам само едно, секогаш да се однесував вака кон неа, како денес.... :) Ех коа ке ми текне, се гордеам сам со себеси :D :hug: :|
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.